Треба да се плашиме од верувањето во соништата. Свети Јован Лествичник вака пишува: „ Постои таков демон кој, штом ќе легнеме да спиеме, доаѓа и пушта врз нас стрели од лукави и нечисти помисли, за да не се наоружаме поради мрзливоста молитвено против него, и да заспиеме со валканите помисли, за потоа да имаме валкани сновиденија“.
Каков ни е животот на јаве, такви соништа обично и сонуваме - добри или лоши.
Постои уште еден зол дух кој се нарекува „претходник“ и кои оние кои станале од сонот веднаш ги пресретнува, и се труди да ги оскверни нашите први мисли. Посветувај Му ги на Господа почетоците на твоите денови, бидејќи на кого најнапред му ги принесеш, со него ќе го поминеш целиот ден.
Не треба да се верува во никакви претчувства, средби, тешки денови и разни знаци и предрасуди, сето тоа е непријателската мрежа која го вовлекува човекот во суеверието.
Според напишаното од свети Јован Златоуст, некои се осмелуваат при гатањето да го призиваат името на Пресвета Богородица и светите угодници и при тоа се прекрстуваат, но од нив треба да се отстраниме.
Исто така, треба да се плашиме од оние кои јуродствуваат, одат боси среде зима, носат тешки вериги, метални капи и сл. Вистинските јуродиви поради Христа, денес многу ретко се среќаваат (како што е светиот Теодосиј Кавкаски), и воглавно станува збор за оние кои што непријателот ги мами и кои другите ги мамат, разобличуваат тајни гревови под дејството на духот на злобата (бидејки тој го знае минатото и иднината) и на слепо ја претскажуваат иднината. Не е потребно да се трудиш да ја дознаеш иднината, бидејки сето она што навистина ни е потребно да го знаеме, сето тоа ни е откриено во Светото Писмо.
Не си дозволувај себеси дење да размислуваш за она кое си го видел на сон: знај дека демоните имаат намера со сновиденијата да го осквернат и будниот човек.
Старец Сава Псково-Печерски
Православие.мк
Православие мк