логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Пресвета Троица, Света Троица (грч. Αγία Τριάδα) е Единиот Бог во Три Лица. Православното учење за Света Троица не е само догматски канон или теолошка област за разгледување, туку и основното изрично учење за неискажливата и несфатлива љубов на Трите Ипостаси: Отец, Син и Свет Дух, Кои се творечка сепричина, извир, темел и центар на постоењето на сѐ што постои. Догмата за божеството на Троица е дефиниран на Вториот вселенски собор (Константинопол, 381 година) во првиот член (Отец), од вториот до осмиот член (Син) и во осмиот (Светиот Дух) член на Никео-Цариградскиот Символ на верата.
Содржина
1 Света Троица во Стариот Завет
2 Света Троица во Христијанството
3 Учењето за Света Троица

 Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет
Гостопримство Авраамово

Во Стариот Завет Бог, покрај својата исклучиво монотеистичка појава и објава, Се откривал и како Троица, но не директно и очигледно, туку нејасно, повеќе како сенка и праслика, праобраз на троичноста која на човештвото му се открива со Воплотувањето на втората Ипостас на Пресвета Троица. Тие нејасни сведоштва се запишани во Стариот Завет преку следните праслики:

Советот на Света Троица при создавањето на човекот: „Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме Ние“ (1 Мој 1,26)
Тројното ангелско воздигнување на славата на Света Троица: „Свет, Свет, Свет Господ Саваот“ (Исаија 6,3)
Доаѓањето на троица луѓе кај дабот Мамвре, и Гостопримството Авраамово (1 Мој 18,1-2)
Споменувањето на Логосот Божји во Псалмите (Пс 106/107,20; Пс 118/119,89)
Споменувањето на Духот Божји (Пс 32/33,6; Пс 103/104,30-31; Јов 33,4)

Света Троица во Христијанството

Уште во раната христијанска Црква била вкоренета верата во Божјата троичност, која на апостолите им ја предал Господ Исус Христос, како заповед да одат и да ги подучуваат сите народи, крштевајќи ги „во името на Отецот и Синот и Светиот Дух“ (Мт 28,19). Значи, не станува збор за три бога, туку за три божествени Лица, кои единосуштно и неразделиво ја чинат Света Троица. Лицата, (од IV век, преку Кападокиската богословска школа се нарекуваат ипостаси) помеѓу Себе се разликуваат само по личните својства: Бог-Отецот ниту се раѓа, ниту исходи од некого, туку Тој раѓа; Бог-Синот предвечно се раѓа од Отецот, а Светиот Дух предвечно исходи од Отецот. Голема улога во прецизирањето на догмите за Света Троица имаат светите оци, философи на Православната Црква св. Атанасиј Велики, Кирил Александриски, Григориј Богослов, Василиј Богослов, Максим Исповедник, Јован Дамаскин, Григориј Палама, Симеон Нов Богослов и др.

Токму овие „доктори на учењето на Црквата“ го усвоиле Православното богословско учење за Пресвета Троица, и тоа најчесто како одговор на искривувањата кои се јавувале низ времето. Резимирано, богословието на Црквата од Исток укажува дека Бог е една суштина во три испостаси и една заедничка енергија на трите ипостаси. Суштината (ουσία) и енергијата (ενέργεια) ја сочинуваат Божествената природа (φΰσιζ). Секоја ипостас (ΰπόστασις) има севкупна суштина, каква што ја има и Божеството, и исто така ниту енергијата не се дели на енергија на Отецот, енергија на Синот и на Светиот Дух, туку е заедничка и единствена за сите ипостаси. Помеѓу Света Троица постои меѓуипостасно движење или перихореза (совршено исполнување). „Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“).

Вистината за постоењето на Света Троица не е логична претпоставка која треба да се докаже по пат на логички силогизми. Бог, чија суштина е недостижна за човечкиот разум кој е ограничен, можеме да Го познаеме само онолку колку што Тој Самиот Себе ни Се открива. Токму затоа Православието е Откровение и дејство на Света Троица, изразено преку полнотата на битието, смисолот и целта на постоење.
Учењето за Света Троица

Бог Е Еден во три Лица, една природа, една моќ, едно делување, една заедничка енергија во три ипостаси. Постои истоветност на природа, волја и делување, совршено и витинско во Бога. Трите ипостаси ја имаат истата природа, еднакво и совршено - и за тоа Троица не значи три божества (тритеизам), или три различни божествени природи, туку три лица (ипостаси) Божји. Истата природа ја поседуваат и употребуваат потполно и подеднакво сите Три Лица, но секое на Свој посебен начин.
Бог, или единствената природа, не може да се замисли сама по себе, надвор од ипостасите на Троица. Ниту една од тие ипостаси не се замислува и не се именува без, или надвор од другите две. Свети Григориј Богослов вели дека „монадата“ се движи кон „дијада“ и запира на „тријада“, односно, по зборовите на Свети Григориј Синаит: „Треба со набожност да ги исповедаме нероденоста, роденоста и исходењето, трите лични својства, неподвижни и непроменливи на Лицата на Пресвета Троица: Отецот, како нероден и беспочетен; Синот, како роден и беспочетен; Светио Дух, како исходен од Отецот, испратен преку Синот (како што вели Дамаскин) и совечен.“ Во тоа движење на единството или монадите кон Троица, може да се направат следните разлики:
Отецот и извор на божеството (αρχη), нероден и со ништо непредизвикан, начело на сосуштественоста и непредизвикан почеток на делувањето.
Синот се раѓа од Отецот во вечноста, а преку Светиот Дух прима тело на човек и се јавува во светот. По Вознесувањето, своето присуство во светот го остварува во Светиот Дух
Светиот Дух исходи од Отецот, но во светот е даде, испратен, и се манифестира преку Синот.
Преку единосуштноста се означува и единствената волја и единственото делување на Троица. Тоа не значи дека делува само Една од Ипостасите, туку Трите Ипостаси делуваат единствено, но секоја на Свој сопствен, личностен начин. Едната како Отец, другата како Син, а третата како Дух Божји. Светите отци користат различни формули за да го објаснат Троичното делување:
Свети Кирил Александриски вели дека секој дар доаѓа одозгора, од Отецот, преку Синот, во Духот Свет
Свети Григориј Чудотворец вели дека секое дело почнува од Отецот, проаѓа низ Синот, а се усовршува во Духот.
Свети Григориј Палама го превзема традиционалниот израз: од Отецот, низ Синот, во Светиот Дух.
Делувањето „надвор“ од Бога, односно создавањето, спасението и осветувањето се заедничко дело на Света Троица, но тоа е поделено меѓу Трите Лица: создавањето се припишува на Отецот, Кој сѐ створил со Својата волја, низ Синот во Светиот Дух; искупувањето се припишува на Синот, Кој се овоплотил преку Светиот Дух, бивајќи послушен на Отецот; осветувањето, пак, на Духот, Кој доаѓа од Отецот, на молба на Синот. Во чинот на творење, Отецот е извор, Синот е граница, а Духот е постоење. Според свети Василиј Велики, „постои еден извор на сѐ што постои, кој создава низ Синот и води кон совршенство низ Духот.“ Бог е седржител и промислител на сѐ низ Синот во Духот Свет.
Во внатрешноста на Троица постои меѓуипостасно движење, или „перихореза“, односно апсолутно заедничко и совршено исполнување кое има единствено начело. Трите Ипостаси не се три начела на божествената суштина, но тоа не значи дека природата и делувањето на Синот и Духот се непотполни: Синот е икона на невидливиот Бог (Кол 1,15). Не е возможно да се види иконата на невидливиот Бог без просветувањето од Светиот Дух, по зборовите на Василиј Велики. За Григориј Палама, ипостаста на Светиот Дух има личен разумен карактер, зашто љубовта на Отецот кон Синот, како личен однос, ипостазирана е во Светиот Дух. За свети Григориј Синаит, „Триипостасниот Бог има потполно неизмешана перихореза на Лицата меѓу себе.“
Троичниот догмат бил предмет на првите Вселенски собори, а светотроичната теологија е истенчено дефинирана во истиот период, преку придонесот на кападокиските отци, кои заклучиле дека:
Трите испостаси на Троица имаат заедничка божествена суштина (υοσια)
Природата или естетството (φυσις) е стварност која сочинува битие
Лицето или ипостаста (υποστασις) е субјектот кој ја поседува и личносно ја прима таа природа
Ипостасните идиоми (ιδιοματα) се карактеристики, или лични својства на ипостасите
Тајната на Троица останува недостижна. Многумина се обиделе да дојдат до претстава со која би ги надминале таканаречените логички контрадикции содржани во тврдењето „Еден Бог во три Лица“ или да најдат логички докази за тоа тврдење. На пример, за блажен Августин, решението за потврда на Троица во Бога, не негирајќи го бројното единство, е во набљудување на трите Лица како односи внатре во божествениот живот. Тие Троични односи би одговарале на односите на еден со самиот себе, односно со: сеќавање, дознавање и љубење. Самиот човек кој како единство го познава својот живот, дух и природа, има претстава за идентичноста на суштината и разликата во троичните односи.

 

https://mk.orthodoxwiki.org/%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%A2%D1%80%D0%BE%D0%B8%D1%86%D0%B0

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3209
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7692
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная