логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

На почетокот на Божиќниот пост
(Потсетник за оние кои постат)


Свештеник Тарасиј Борозенец

На почеткот на црковната година, ова е прв многудневен пост и за да го поминеме во полза за духот, душата и телото, важно е да се присетиме за суштината на постотт, за неговите најважни и главни плодови:


Суштина на постот


По својата суштина постот е особено време кое е востановено од Црквата за засилена работ на човекот над своето спасение заради Христа.
Времето на постот се разликува од останатото време на црковната година по својата интензивност и поголемиот обем на аскетска работа над себеси.

Содржина на посотот


Работата нас себеси во време на постот претпотоставува засилен троен духовен, душевен и телесен труд, бидејќи човекот е троен и се состои од дух, душа и тело1.

Како прво, духовниот труд во себе вклучува, длабоко изучување на Божественото Откровение, преку кое Бог му се обраќа на човештвото, а како второ, внимателна молитва, преку која човекот му одговара на Бог, стапувајќи со него во духовно општење, а како трето, регуларно, систематско учество во таинствата на Исповедта и Причеста, кои што благодатно го соединуваат човекот со Христос, а како четврто, вежбање во трезвение или духовно расудување, блаодарение на кое човекот се учи да ги разликува помислите кои приоѓаат на неговиот ум по нивното потекло и по нивните последици, отфрлајќи го лукавите и примајќи ги благите, и како петто, дела на милосрдие, кои во пракса ја јавуваат љубовта кон Бог и ближниот.
Со помош на сите овие начини и средства верникот се отвора за задобивање или стекнување на осветувачката благодат Божја, која преку духот се излива на душата и телото на човекот, правејќи го храм на Духот Свет, давајќи му сила да се спротистави на гревот и да го следи праведниот пат на служење на Бог и ближниот2.
Душевниот труд претпоствуа, од една страна, наситување и исполнување на расудокот со светли и вистински мисли, волјата – со добри желби, емоциите – со чисти и светли чувства, а од друга страна – воздржување на расудокот од лажни и суетни идеи, волјата – од зли и световни желби, емоционалната сфера – од скверни и лукави чувства и впечатоци.
Телесниот или плотскиот труд се изразува во потчинување на телото на душата и духот, кои пак, редум, му се потчинуваат на Бог, со исполнување на Неговата волја. Заради тоа телото се ослабнува, се истенчува и се олеснува со воздржување од храна од животинско потекло, понекогаш со глад, со избегнување на чувствените наслади ( похотта на плотта и очите), аскетски вежби (поклони), со физички труд, со трпеливо поднесување на болестите и страданијата.
Со помош на тие душевно-телесни начини и средства се достигнува ослободување на човекот ос власта на овој свет, од зависностите и приврзаностите кон суетното земно постоење, заради љубовта кон Бог, по зборовите на Евангелието:
                “Не го љубете светот, ниту она што е в светот: кој го љуби светот, во него нема љубов Очева. Оти се што е во светот:   похотта на плотта, похотта на очите и гордост на животот, не е од Отецот, туку од овој свет “(1Ин. 2, 15–16).


На таков начин, за време на постот верните засилено работат на тоа, за да се исцелат себеси според образот и подобието Божјо, востановувајќи ја првосоздадената иерархија на целото човечко суштество, неговите дух, душа и тело, обединети, впоредочени, исполнети и осветени со благодатта Божја3.

Иерархија на постот

Во постот, како и во сето останато време, следува на прво место да се стави духовното, душевното – на второ, а телесното – на трето. Постот – е, пред се, духовен труд, потоа – душевни услиби и најнакрај – телесно воздржување.


Недопустливо е да се сведува постот исклучиво на телесно воздржување, заборавајќи за неговите духовни и душевни делови, да се претпочита телесното воздржание на душевно – духовниот труд. Понискиот, телесен дел на постот секогаш треба да биде потчинет во однос на повискиот – душевниот и духовниот.
Доколку духовно-душевниот дел на постот е неизменлив и задолжителен за сите верни, тогаш телесениот е релационен и варијабилен, бидејќи зависи од возраста, телесното здравје и можностите на човечкиот организам.
Во полна мера, строго според Уставот телесно можат да постат младите и возрасните здрави луѓе. За другите категории на верни во Црквата се предвидени различни мерки на полесен телесен пост, кои зависат од возрасните и медицински особености на луѓето. На пример за луѓето, кои страдаат од тешки болести, кога постои реална загрозеност на нивното здравје, телесното воздржување во храна се заменува. Неговата улога за нив се исполнува со трпеливо поднесување на страданијата и маките.
Затоа, според зборовите на апостолот:
               “Оној кој јаде, да не го осудува оној, кој не јаде; и оној кој не јаде, да не го осудува оној, кој јаде затоа што Бог го прифатил        него. Кој ги разликува деновите, заради Господ ги разликува; и оној кој не ги разликува, заради Господ не ги разликува. Кој јаде, заради Господа јаде, затоа што му благодари на Бог; и кој не јаде, заради Господа не јаде и му благодарни на Бог.” (Рим. 14; 3, 6).

Слобода на постот

Кога постот се сведува исклучиво на телесно воздржание, тогаш тој ја губи својата позитивна содржина, се претвора во збир од забрани, во обично “не треба”, во “брeмиња тешки” (Мф. 23, 4). Кога постот се исполнува како духовно-душевно- телесен подвиг, т.е. кога ја сочувува својата содржинска полнота, тогаш во аголoт на главата се става духовно –душевното “можно”, кое го прави него “духовна пролет”4.

Постот - не е ограничување и неслобода, како што многумина го разбираат, туку простор за познание на Вистината и слободата која произлегува од тоа познание.
             “Тогаш им кажал Исус на евреите кои поверувале во Него: ако останете во словото Мое, тогаш вистина сте Мои ученици и ќе ја познаете вистината и вистината ќе ве ослободи” (Ин. 8, 31–32).
Да, за време на постот се стеснуваат плотта и душата, но тоа се прави само заради тоа, да се даде потполна слобода на духот и на кардиналните сили на душата.


Мотивација на постот


За да биде постот автентичен и спасителен, сета таа духовно – душевно – телесна работа треба да се извршува заради Христа. Тоа значи, дека единствена мотивација на човекот треба да биде желбата да му се угоди на Господ, стремежот да се исполни Неговата волја, решеноста сецело да се уподобиме на Него според начинот на живот5.

Да се пости треба, не за себе, не за кого било друг и што било друго, туку исклучиво заради Господ.

Во спротивен случај имаме работа со замена на постот, со негово фалсифицирње и искривување, кога формално, само однадвор, тој како да се исполнува, а по својата суштина не.


Искривувања на постот

За жал, постот за многумина често се искривува во диета или (не толку често, за некои) – во средство на своевидно “аскетско” самоутврдување и суетољубие. На крајот тој престанува да биде начин на спасение на човекот, пат кој води во Царството Небесно, се претвора во едно од земните суетни работи.
Вистинскиот пост треба да ја исполни функцијата на отстранување на човекот од овој свет, а не да го приврзува човекот кон светскта суета. Последното произлегува, кога ние ги потчинуваме постот на своите земни интереси – чистење на организмот, слабеење, штедење, желба да предизвикаме впечаток кај околината итн.
Во голема мера благодарение на постот христијаните го исполнуват призивот Христов да бидат во светот но, да не бидат од светот. (сп. Ин. 15,19). Имено, постот го восредоточува сето внимание на верниот на тоа, што Светите оци го нарекувале богомислие и богопознание, со други зборови, на стремење кон Царството Божјо.

Плодовите на постот

Кога постот се извршува правилно, тогаш со благодатта Божја кај човекот се искоренува страста на гордоста, суетата, самооправдувањето, осудувањето и своеволието, наместо и кои се вкоренуваат добродетелите на смирението, кротоста, покајанието и послушанието.

Постот е призван да стане за нас време за борба со гревовните навики, време на формирање и утврдување на навиките на праведните.
Тие добродетелни навики и се вистинските, правилни плодови на постот. Ако таквите плодови не се видливи, значи дека, постот испаднал бесполезен за човекот, значи дека додека тој течел се случила некаква сериозна грешка.


Духовна ревизија

Од таа причина, за да може постот да даде спасително – плодотворни резулати, на почеткот секој верник треба да напави духовна ревизија на самиот себе и да и одговори на следните прашања:

  • Во што е суштината на постот?
    • Какви се неговите главни делови?
    • Каков е нивниот редослед и односи?
    • Заради кого и заради што треба да постите?
    • Какви се основните задачи и конечната цел на постот?

Ако праведно и чесно одговориме на овие прашања, ние можеме осознаено, трезвено, одговорно, правилно и плдотворно да го извршиме делото на нашето спасение во текот на постот кој ќе биде за нас радостен пост6.

Иерей Тарасий Борозенец

3 декабря 2024 г.

 

[1] Лука (Војно-Јасенецки), свт. Дух, душа и тело. М.: Образ, 2011.
[2] За целта на нашиот христијански живот, Беседа на преподобниот Серафим Саровски со Н.А. Мотовилов. Киев: Киево-Печерска Успенска лавра, 2013
[3] Григориј Нисски, свт. За устројството на човекот/ Дела. М.: Тип. В. Готье, 1861–1871. Ч. 1. 1861. – С. 76–222.
[4] Антонийј (Блум), Митр. Пост – пролет духовна.
[5] Јоанн Кронштадтски, св. прав. Мојот живот во Христа или минути на духовно трезвение и созерцание, благоговејно чувство, душевно исправување и покој во Бога:
Извадок од дневникот на протоерејот Јован Илич Сергиев Т. 1–2. СПб., 1893.
[6] Николај Србски, свт. Слово за постот.

Превод од руски: М. Б.

Линк: https://pravoslavie.ru/165142.html

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3203
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7680
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

18/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

Свети Сава Осветен; +Преподобен Нектариј Битолски; Преподобните маченици Карејски; Преподобните Карион и Захарија;;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная