логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Patot.na.podviznikot59

ЉУБОВТА ИМА СВОИ ЗАКОНИ
Автор: о. Спиридон Скутис

           Многупати бегството не е слабост, туку благослов за тебе и човекољубие кон другиот. Кога нема место за тебе, подобро е да заминеш, за местото да се ослободи. Да го направиме тоа од љубов и со почит, а не од зло, омраза или тврдоглавост. Кога другиот веќе не те сака покрај себе, не прашувај за причините, ако тој не сака да ги открие. Само тргни си тивко — и со насмевка.

На некое место прочитав: „Не се гуши таму каде што нема место за тебе.“ Колку вистина има во тоа!

Не задржувај во себе грди состојби и слики. Задржи го убавото и повлечи се, но продолжи да се молиш — за другиот и за себе. Бог да ги просветли срцата и одлуките.

Замини од љубов, зашто тука веќе нема место за тебе. Може да е тажно, но тоа е вистина што треба да ја прифатиш. Блаженоупокоениот митрополит Павле од Сисанија велеше: „Кога некој ми кажа дека жена му сака да се разведат, му реков да седне и да ѝ го подготви куферот, за да ѝ олесни. На крај, токму тој негов љубовен однос и постапка ја променија, и љубовта повторно процвета.“ Ако грешам, ќе се поправам, ќе се обидам да се преобразам. Но ако не ме сакаш, ќе си заминам.

Кога другиот веќе те извадил од патеката на својот живот, подобро е да си заминеш, зашто тој очекува нешто друго — а тоа сигурно не си ти.

Ако си среќен без мене, нема причина да те притискам или присилувам на нешто.

     „Љубовта е долготрпелива, полна со благост; љубовта не завидува, не се возгордева, не се превознесува, не постапува непристојно, не го бара своето, не се лути, зло не мисли; не се радува на неправдата, туку се радува на вистината; сè издржува, во сè верува, на сè се надева, сè претрпува.“

Ако не умееме да ја култивираме оваа љубов и да станеме две убави цветчиња, ќе се претвориме во два кактуса во врска исполнета со песокот на една широка, бесплодна пустина.

Едно е да се распнеш од љубов кон Христос, а сосема друго — да го распнуваш другиот.

Ќе трпам заради Христос, како избран сад на љубов и сведоштво; но не сакам да трпам како кактус во животот на другиот, ако не можам да станам цвет. А ако другиот е кактус? Ќе го прегрнам — но не можам да го сторам тоа со свои сили без благословот и силата на Господа.

Многупати нашето инсистирање станува клинец во срцето на другиот.

Љубовта со сила не дава плод. Тоа е како да сакаш цвет и да го поплавиш со еден тон вода — ќе изгние. Ако моето присуство ти станува кошмар, подобро да заминам, за моето отсутство да стане твој мир. Нема да инсистирам; не сакам да ме љубиш насила. Ќе бидам трпелив; и ако не ме сакаш — ќе си заминам од љубов. Кога моето присуство е кактус во твојот живот, ќе си заминам — можеби ќе никне цвет. Не е важно кој е виновен. И кој, на крајот, може јасно да го одреди тоа?

Не обидувај се да го смениш мислењето на другиот ако тој не сака. Не можеш да му зборуваш на слепец за сонцето — нема да те разбере. Остави твоето молитвено молчење да стане брана против злобата и омразата на другиот, а потоа претвори ги тие лекции во духовно преобразување.

Многупати бегството е заштита. Во Отечникот се вели: „Бегај и спаси се!“ Бегаш од демоните, зашто има опасност да те вовлечат. Каде што има оган, не се приближувам — можам да станам масло што ќе го разгорува, ако не сум способен да го изгаснам. Една благословена духовна состојба е да немаме доверба во себе. Немам доверба, зашто знам дека сум слаб. Во духовните прашања не глумам храброст, за да не станам марионета на лукавиот; подобро е да бидам слуга на Господа и да црпам сила од Него.

Нема потреба да правиме бука. Сонцето и светлината не создаваат шум — едноставно затоа што не е потребно. На крај, благословени се тивките нешта: молитвеното молчење, погледот, прегратката, светоста. Тие не викаат — нивното присуство се открива тивко. Кај многу светители, молитвата „Господи Исусе Христе, помилуј ме“ се усогласила со ударите на срцето.

Постојат пламен што грее и пламен што гори; сето тоа зависи од изворот. Пламенот Христов преобразува; пламенот на лукавиот изгорува и руши. Христовиот пламен ќе го прегрнам; на другиот нема ни да му се приближам — ќе си заминам. Да внимаваме на пламените!

 

Подготвил С. Стефковски

 01.12.2025

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2135
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2154
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 595
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/05/2026 -сабота

Светиот апостол Симон Зилот; Светите маченици Алфеј, Филаделф и Кирин; Преподобна Исидора Јуродива; Блажената Таиса;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

  Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната...

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован  21 мај / 8 мај 2026

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован 21 мај / 8 мај 2026

Благочестива усто на откровението, на дар сѐ доби, дарум Христос преку тебе сѐ ни предаде,да знаеме и да веруваме, да...

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај  2026

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај 2026

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот, исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная