логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Победата Христова

Печатот кој одозгора го ставаме на просфората ја исповеда победата Христова: Исус Христос - Победува (ИС ХС - НИ КА). Химната која ја пееме, принесувајќи ја просфората, ја прославува победата Христова. Тоа е Победничка Песна. Песна на триумфот и длабока благодарност кон Господ на Силите, кој е “непропадливост која ја победува смртта”.

Свети Максим пишува дека победничката Трисвета песна е пројава на единството на небесниот и земниот свет, бидејќи обата ја пеат. Ангелите, луѓето и материјалната творба, невидливот, умен и тварен свет ја пеат заедничката химна на победа на Богочовекот: Достојно и праведно е. . ., должност е и доликува, на Тебе да ти пееме... на Тебе кого го слават небесата, и небесата над небесата, и сите Сили небесни, сонцето и месечината и целиот ѕвезден хор, земјата, морето и се во нив, Небесниот Ерусалим, празникот на избраните, Црквата на првородените преднапишани на небесата, духовите на Праведниците и Пророците, душите на Мачениците и Апостолите, Ангелите, Архангелите, Престолите, Господствата, Началата, Властите и Силите страшни, Херувимите многуоки и шестокрилите Серафими... не затворајќи ја устата, не престанувајќи да богословствуваат, Победничката песна на величествената слава, со радосен глас пеејќи ја, воскликнувајќи и славословејќи, извикувајќи и говорејќи: Свет, Свет, Свет, Господ Саваот!
Двојно е значењето на Победничката песна на усните на Ангелските Сили, кои пееле околу светиот  Престол, како што пророк Исаија видел во своето видување. Таа истовремено е славословие и пророштво: “Оваа Песна не е само славословие, туку и пророштво за добрата кои ќе и бидат дадени на вселената... Полна е целата земја со славата Негова... Овие зборови биле едно точно пророштво... Кога земјата се наполнила со слава Божја? Кога оваа Песна се излеала од небото на земјата и луѓето почнале да пеат заедно со небесните сили, испраќајќи Му ја на Бога истата мелодија и принесувајќи Му го заедничкото славословие”142.  И на нашите усни постои соодветно значење на Победничката песна. Таа е славословие за победата на Исус Христос, која веќе е остварена, и пророштво за второто и славно доаѓање на Победникот. Таа е благовест за последната пројава на Синот Човечки на која ќе и претходи Крстот, символот на Неговата победа. “Тогаш сите нации и сите народи кои некогаш се појавиле ќе паднат и, немајќи ништо против, ќе се поклонат и ќе настане чудесно согласје на славословието: Преподобните ќе слават - како што секогаш правеле - додека непобожните, нужно, ќе преколнуваат. Тогаш, навистина, сите ќе ја пеат Победничката песна: и победниците и победените”143.
Царството дошло и доаѓа. Како што Победникот е Оној Кој е - Сушт, Кој беше и Кој доаѓа, така и Неговата победа беше, е и ќе биде непоколеблива. Исто така е и непоколеблива и Химната на Неговата победа. Во Небесната Литургија, ни говори свети Максим, околу Бога ќе биде едно постојано движење на Ангелите и луѓето, кои ќе го прославуваат Едното и Триипостасно Божеството144.

***

 Во Литургијата на Царството Ангелските Чинови се појавуваат во ликот на четири животни, однапред и одназад полни со очи; првото животно прилегаше на лав, второто - на теле, третото животно имаше лице како на човек, а четвртото личеше на орел во лет. И четирите животни имаа по шест крилја околу себе, а одвнатре беа полни со очи, и без прекин дење и ноќе воскликнуваа: Свет, свет, свет е Господ Бог Седржителот, Кој беше, Кој е и Кој ќе дојде!145
Четирите многуоки живи суштества кои ги символизираат Ангелските Сили се: царот на дивите животни (лавот), царот на домашните животни (волот), царот на птиците (орелот) и царот на творбата (човекот). Овие четири живи суштества дење и ноќе ја пеат Победничката песна на Господа Седржителот: “Оној кој пее е орелот; оној кој воскликнува - е волот; оној кој извикува - е лавот; и оној кој говори - е човекот”146.
Целокупната творба учествува во прославувањето на Бога.

Народот: Свет, Свет, Свет е Господ, Саваот, полни се небесата и земјата со Твојата слава; Осана во висините, благословен е Кој доаѓа во името Господово; Осана во висините147.

Победничката песна

Литургиската Победничка песна е спој на Трисветата ангелска песна, која пророк Исаија ја слушнал во моментот кога Бог го повикал во пророчко достоинство, и песната со која народот во Светиот Град го дочекал Богочовекот Кој доаѓал на свесно страдање. Пеејќи ја оваа Песна на Светата Литургија ги подражаваме ангелите и, истовремено, народот на Светиот Град. Го фалиме и прославуваме Трисолнечното Владеење, и на Светото Собрание го дочекуваме Царот над царевите Кој доаѓа да биде заклан и предаден на верните за храна148.
Свети Јован Златоуст прави една споредба помеѓу Победничката песна и Победничката химна која Евреите ја пееле кога се ослободиле од Египетското ропство149. Споредбата покажува дека Литургиската победничка песна е “многу посвечена, бидејќи не се потопени Египтјаните, туку демоните. Не е победен фараонот, туку ѓаволот. Не загоспорадило оружјето сетилно, туку е укинато злото... Не излегуваме за земјата ветена, туку се селиме на небото. Не јадеме мана, туку се храниме со Телото на Господарот. Не пиеме вода од карпата, туку крв од Реброто Христово”150.
Сега, небото и земјата се соединиле. Ангелите и луѓето заедно Го прославуваат Господа. Светиот Златоуст, говорејќи за Трисветата песна, не' прашува: “Сте го препознале ли, можеби, овој глас? Наш ли е или можеби Серафимов? И наш и Серафимов, благодарение на Христа кој го срушил ѕидот која го раздвојувала небото од земјата, и меѓу нив донел мир... Пред тоа, секако, само на небесата е пеена оваа Песна. Меѓутоа, кога Господ прифатил да слезе на земјата, ја пренел и оваа мелодија. Тоа е причината поради која Архиерејот, кога стои пред Светата Трпеза, принесувајќи разумна служба . . .  не повикува просто и само на оваа Песна, туку прво ги спомнува Херувимите и Серафимите, а потоа сите ги поттикнува да вознесат глас полн со страв, одвојувајќи ја нашата мисла од земјата со спомнување на оние со кои заедно славиме. Исто како служителот да вика и да му говори на секого од нас. Заедно со Серафимите пееш. Застани заедно со Серафимите, отвори ги со нив заедно крилата, полетај со нив околу Царскиот престол”151.
Во Лимонарот се наведува следниот настан: “Пред варварите да ја освојат Синајската Гора... на денот на Педесетницата, служена е Света Литургија на светиот врв, каде се собрале многу монаси, кога, во моментот кога служителот возгласувал: Победничката Песна на величествената слава Твоја со радосен глас пеејќи Ти  ја, воскликнувајќи, славословејќи, извикувајќи и говорејќи, се слушнал глас на кој сите горе одговориле со гласот свој и страшен звук: Свет, Свет, Свет, Господ Саваот, и.т.н... Овој глас и звук се задржале половина час. Тој глас не го слушнале сите, туку само оние кои имале уши да ја слушнат песната ангелска”152.

Свештеникот: Владико, Човекољупче, со овие блажени сили, и ние извикуваме и изговараме : свет си и пресвет Ти и Твојот Единороден Син и Твојот Свет Дух; Ти си свети и пресвет и великолепна е Твојата слава. Ти, Кој си го возљубил светот така што си го дал и Својот Син Единороден, та секој кој верува во Него да не погине, но да има живот вечен153; Кој, кога дојде и го исполни целото провидение за нас, во ноќта во која беше предаден, повеќе, Самиот Себе се предаде за живот на светот154, зеде леб во своите свети, пречисти и непорочни раце; и откако заблагодари, и го благослови, го прекрши и им даде на своите свети ученици и апостоли, и рече:  Примете, јадете, ова е Моето Тело, кое за вас се прекршува, за простување на гревовите155.
Народот: Амин.
Свештеникот:  По вечерата, исто направи и со чашата, велејќи: Пијте од неа сите, ова е Мојата Крв на Новиот Завет, која за вас и за мнозина се пролева, за простување на гревовите156.
Народот: Амин.

Бог толку го возљуби светот

Величината на Дарот кој Отецот го направил спрема светот се пројавува во големината на Неговата љубов спрема светот. Ти така го возљуби светот Твој, што и Синот Свој Единороден си го дал. Го дал Единородниот Син свој на премалениот свет за повторно да дојде во живот. “Не дека не можел да не спаси на друг начин, туку за да ни ја покаже Својата љубов која надминува се. Не привлекол блиску на Себе со смртта на Единородниот Син Негов. Да имаше нешто повредно од Синот Свој, Тој би го дал тоа за љубов кон нас, за родот човечки да се најде во Негова близина”157.
Светиот Златоуст, толкувајќи ги зборовите Христови - Бог така го засака светот, пишува: “Внимавај, како е вредно да внимаваме на зборот. Така, значи толку, Тој говори, мислејќи на величината на тоа што ќе го каже. Затоа така почнал. Значи, кажи ни блажени Јоване: толку, колку? Кажи ни ја мерата, кажи ни ја величината, научи не на безмерноста: Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син”. “Секое слово има најдлабока смисла. Бидејќи, и: Бог толку, и ова, го возљуби светот, го покажува големиот набој на божествената љубов. Растојанието помеѓу Бога и човекот огромно е и бескрајно. Бидејќи, Бог бесмртниот, беспочетен, бескрајна добрина, ги возљубил оние кои се создадени од земја и прав, кои биле оптоварени со безбројни гревови, кои непрекинато се противеле на божествената волја, кои биле неблагодарни”158.
Христовата жртва е пројава на божествената љубов: Божјата љубов кон нас се покажа во тоа, што Бог Го испрати во светот Својот Единороден Син, за да живееме преку Него. Во тоа се состои љубовта, што не ние Го засакавме Бога, туку Бог нас не возљуби и Го прати Синот Свој, за да ги очисти гревовите наши159.

Што Го даде Својот Единороден Син

Во Светата Литургија ја живееме тајната на крсната Жртва Христова. За време на Светата Литургија “присутен е Господ и се совршува смртта и Неговата страшна Жртва”. “Почестете ја оваа свештена Трпеза со за нас закланиот Христос, со Жртвата која на неа лежи”160.
Веќе на Тајната Вечера Сесветото Тело Господово им се дава на Учениците одделно, а Светата Крв Самиот ја нарекува пролеана. Свети Григориј Ниски ни говори дека Христос со Тајната Вечера, на начин несфатлив за човечкиот ум, ги испреварил настаните на предавството, судот, Крстот. Давајќи им го на Дванаесеторицата светото Тело Негово, “јасно покажал дека Жртвата на Јагнето веќе била свршена”161. Вечерата е таинствена, значи ни ја открила спасоносната Жртва и не посветила со неа.
Свети Никола Кавасила, правејќи осврт на Светата Евхаристија, вели дека “оваа жртва не е изобразување и праобраз на Жртвата, туку Жртва Вистинска”162.
Светата Евхаристија е вистинска Жртва, бидејќи Христос се жртвува и раздава на верните заклан: “И приоѓаш на Жртвата страшна и Света”, ни вели светиот Златоуст. “Христос се наоѓа заклан пред тебе”163.
Голготската и Евхаристиската Жртва се една Жртва, бидејќи Едно е Јагнето. Оваа (Тајна) е образ на онаа (Жртва), а онаа праобраз на оваа. Зашто, Него секогаш Го принесуваме... Зашто е една Жртвата... Друга нема..., туку секогаш Неа ја совршуваме164.

***

Светата Евхаристија е Тајна на крсната смрт Христова. Според тоа, учествувајќи во Евхаристијата, ние ги вкусуваме плодовите на Жртвата (искупителна) Христова.
Со Крстот Христов, пишува светиот Дамаскин, “смртта се укинува... воскресението се дарува... дверите на рајот се отвораат... деца Божји и наследници постанавме”165. Човекот се ослободил од робувањето на ѓаволот и ја воспоставил својата првосоздадена убавина: “Бидејќи, откако Христос се качи на Крстот, и умре и воскресна, се зацари слободата човечка и се воспостави обликот и убавината”166. Човекот и целиот свет се осветени во вечни векови: “Неколку капки крв, повторно го создаваат целиот свет, постануваат како млечен сок за сите луѓе, не спојуваат и не обединуваат во една целина”167.
Евхаристиското Собрание на верните, во единство на љубовта, е плод на крсната Жртва Господова во која блажено учествуваме на Светата Литургија. На светиот Жртвеник го гледаме Коренот од кој израснало дрвото на Животот, а тоа е: Љубовта Божја за човекот. Се прашуваме заедно со свети Никола Кавасила: “Со што би можела да се спореди оваа љубов?... Која мајка би била толку грижлива? Кој татко толку би ги сакал своите деца? Кој од сите добри луѓе, макар на кратко, љубел со таква силна љубов?168”
На Трпезата на Животот го среќаваме грижливиот Отец, а Неговата Љубов е корен и истовремено плод на Крстот.

(Продолжува)

Издавач: Скопска епархија

Библиотека КЛУЧ

Уредник: Презвитер Игор Калпаковски

Еромонах Григориј Светогорец - ТОЛКУВАЊЕ НА СВЕТАТА ЛИТУРГИЈА (III)

Еромонах Григориј Светогорец - ТОЛКУВАЊЕ НА СВЕТАТА ЛИТУРГИЈА (II)

Еромонах Григориј Светогорец - ТОЛКУВАЊЕ НА СВЕТАТА ЛИТУРГИЈА (I)
 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3222
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7716
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная