логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Најново од издравачката дејност на братството при   манастирот на св. Атанасиј  Велики, с. Журче,

е книгата

“За молитвата” од Архимандрит Софрониј (Сахаров)....

Во издание на  библиотеката „НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ“ при манастирот на св. Атанасиј Велики, неодамна, излегоа од печат и  две нови книги, и тоа:   ДУШТА ПОСЛЕ СМРТТА од јеромонах Серафим Роуз и ПАТОТ НА ХРИСТИЈАНИНОТ од Арх. Рафаил Карелин.
Во моментов, книгите може да се купат  во манастирот  на  св. Јован Крстител, с. Слепче и во манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче , или на контакт маил:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

 

Korica.Molitva.S.jpg

Молитвата со Исусовото Име е применлива во сите околности

(извадоци)

...

Да се стекне молитвата со Името на Исус – значи да се стекне вечноста. Во најтешките моменти на распаѓање на нашиот физички организам – молитвата “Исусе Христе” станува облека на душата; кога ќе престане активноста на нашиот мозок и кога сите останати молитви ќе станат тешки за паметење и произнесување, тогаш единствено светлината на богопознанието која исходи од Името и која ни станала интимно-позната, ќе остане неотуѓива од нашиот дух. Бидејќи го видовме крајот на нашите отци кои умреа во молитва, силна е нашата надеж дека небесниот мир кој го надминува секој ум и нас засекогаш ќе н# опфати. “Исусе, спаси ме… Исусе Христе, помилуј, спаси… Исусе, спаси ме… Исусе, Боже мој”.

Торжеството – тивко, свето – во спознанието на Бог на љубовта – разбудува во душата длабоко сочувствување со целото човештво. Овој с#-човек е мојата природа, моето тело, мојот живот и љубов. Јас не можам да ја совладам мојата “природа”, не можам да се одделам од моето “тело”, постојано растргнат од непријателството на едни “клетки” против други, кои во суштина сочинуваат единствен организам. Ова големо тело на “с#-човекот” непрестајно се наоѓа во состојба на болно раскинување на неговите делови, со кои ние не можеме да владееме. Болеста изгледа неизлечлива. И тоа е нашата судбина во планот на земјата. Душата до изнемоштеност плаче во молитвата, но спасението не доаѓа поинаку освен кога луѓето сами, во својата слобода, би го засакале тоа спасение. “Љубете ги непријателите свои” – ете во што е исцелението на историскиот живот, и спасението за вечноста. Оној кој ја познал силата на љубовта кон непријателите, Го познал Господ Исус, Кој е распнат за непријателите; таквиот човек однапред го почувствувал и своето воскресение, и Царството на Христос Победителот, (Јован 17, 21-23; 11, 51-52; Ефес. 2, 14-17; 1 Кор. 3, 22 и др.).
“Господи Седржителу, Христе Исусе, помилуј н# нас и Твојот свет”.
Во светот на човечкото духовно постоење само христијанството дарува опит и на нетварната Светлина на Божеството, но и на најцрната темнина на адот. Таквата полнота на познанието се дава исклучиво преку Христос-Бог и Светиот Дух. Во историјата на аскетското дејствие на нашите отци ние гледаме дека ним им било дадено битијно согледување на адскиот мрак. И тоа во таква мера што тие луѓе со исклучителна храброст, децении ридале во своите молитви. Но, кој може да раскажува за тоа? Оваа тајна е сокриена од оние кои немаат живо искуство, и ќе остане сокриена до времето на сеопштиот последен Суд (Матеј 25, 31 и понатаму).
“Господи, Исусе Христе, спаси н#”.
Голем дар е – да се созерцува вечноста во непристапната Светлина на Божеството. Оној кој го вкусил ова блаженство повеќе не тежнее кон стекнување времени вредности. Благодатта на оваа сила не пребива постојано со човекот, и Светлината во душата се намалува. Лишувањето од ТАКВИОТ Бог предизвикува страдање на целото наше суштество – но таквата богооставеност е неопходна за сите нас, за никој да не лежи на ловорики, но да го продолжи своето следење на Господ Кој се искачува на Голгота, на духовен план највисока од сите планини. Колку и да ни изгледа безизгледен таквиот обид, тој сепак го препородува човекот, давајќи му нова сила за восприемање на подобието Христово. 
“Исусе, Спасе наш, спаси ме мене грешниот”.
Кога се молиме во тивко и осамено место, често секакви непотребни мисли натрапливо се насобираат околу нашиот ум, одвлекувајќи му го вниманието од срцето. Молитвата ни изгледа бесплодна затоа што нашиот ум не учествува во призивањето на Исусовото Име, и само устата механички ги повторува зборовите. А кога ќе ја завршиме молитвата, помислите, обично, се оддалечуваат оставајќи н# во спокој. Во оваа непријатна појава, секако, има некаква смисла: со призивањето на Името Божјо ние го приведуваме во движење сето она што е тајно, што се сокрива внатре во нас; молитвата е како сноп светлосни зраци фрлен на темното место во нашиот внатрешен живот, и ни открива какви страсти или приврзаности се гнездат внатре во нас. Во таквите случаи треба засилено да се произнесува Светото име, за покајното чувство да возрасне во душата. 
“Господи, Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот”.
Нашиот дух, нетлен по Божјата замисла за нас, се мачи во затворот на гревовните страсти. Колку е подлабока нашата болка од сознанието за нашата оддалеченост од Бога во силата на гревот, толку е посилен стремежот на нашата душа кон Бога, и таа се моли во голем копнеж, со многу плач, барајќи соединение со Него. А Тој не го презира срцето скрушено, и приоѓа кон нас; и “длабокото” срце на човекот ја осознава својата сродност со Него Кој на “видлив” начин присуствува и дејствува во нас. Од тоа се гледа дека и нашето тело, во за себе својствена форма, го восприема дишењето на Живиот Бог:
“Исусе, Сине на Живиот Бог, помилуј н#”.
Наследството кое ни е оставено од отците: нивното учење и раскажување за Божјите дарови – вклучуваат исто така и укажувања за патиштата кон боговидението, т.е. таа борба која тие ја воделе во својот внатрешен свет против “законот на гревот” (Рим. 7, 23) кој живее во секој од нас, против трагичните последици од првиот голем пад на човекот. Секој кој стапува на полето во многустраната битка за стекнување на светата вечност, ќе се сретне, меѓу останатото, и со неопходноста да се спротивстави на погубните влијанија од светот кој н# опкружува, кој ја отфрла молитвата; најсигурен штит во тоа повторно е:
“Господи, Исусе Христе, помилуј н# нас и Твојот свет”.
Името на Исус Христос за верникот е како висок ѕид на тврдина. На непријателот не му е лесно да се пробие внатре низ тешката железна врата, не му помага ни измама ако нашето внимание не се расејува на надворешни предмети. Молитвата со Неговото Име на душата & дава сила не само да ги совлада штетните надворешни влијанија туку и повеќе од тоа: возможност да се влијае на средината во која живееме; како да излегуваме од внатрешната длабочина на срцето и да општиме со браќата во љубов и мир. Кога се умножуваат мирот и љубовта кои се заповедани од Бога – стануваат извор на огнена молитва за сиот свет. Духот Христов н# изведува во пределите на љубовта, која ја опфаќа сета твар. Во таква состојба, душата со големо чувство се моли:
“Господи, Исусе Христе, Спасителу наш, помилуј н# нас и Твојот свет”.
Бог никогаш не ја присилува волјата на човекот; но ни Тој не е возможно со сила да се натера нешто да направи. Во нашите молитви ние се стремиме да стоиме пред Него во единство и целосност на нашето суштество; пред с# во соединение на умот со срцето. За да го достигнеме ова блажено соединение на двете најважни сили на нашата личност – ние не прибегнуваме кон никакви вештачки средства (на психотехниката); во почетокот ние го навикнуваме умот со внимание да стои во молитвата, како што н# учат отците; односно, внимателно да се произнесува Името на Исус Христос и останатите зборови од молитвата. Сосредоточеното призивање на Божјото Име, со секојдневна усилба да се живее согласно Евангелските заповеди, доведуваат до тоа умот и срцето природно да се слеат во заедничко дејство.  
Во нашиот подвиг ние никогаш не треба да брзаме. Неопходно е да се отфрли идејата: направи максимум во минимален рок. Вековното искуство покажало дека она што е достигнато по пат на психотехника не се задржува трајно; и што е поважно – не се соединува нашиот дух со Духот на Живиот Бог. Пред нас стои прашањето за вечното спасение во најдлабока смисла. За тоа сета наша природа треба да се препороди: од плотска да стане духовна. И кога Господ ќе н# смета за способни да ја примиме Неговата благодат, тогаш без забавување ќе одговори на нашето смирено призивање. Неговото доаѓање понекогаш е толку сеопфатно, што го опфаќа целото битие, и срцето и умот сосема се зафатени само со Него; овој видлив свет отстапува место на реалноста со поинаков поредок, виш. Умот престанува да мисли дискурзивно: тој сиот станува внимание. Срцето доаѓа во состојба која е тешко да се опише: тоа е исполнето со страв, но побожен, живототворен. Нашето дишење притоа станува воздржано: Бог се гледа и внатре и надвор. Тој исполнува с#, и целиот човек: дух – ум, срце – чувство, па дури и телото, слеани живеат само со Бога.
“Господи, Исусе Христе, Боже наш, помилуј н# нас и Твојот свет”.
Јас се дрзнав да зборувам за тоа што монахот обично го чува внатре во себе, како скапоцена тајна, во страв “Исус да не се оддалечи од толпата” (Јован 5, 13). Додека уште живеев во манастир, ми беше дадено тоа за кое зборувам, но со уште поголема сила по моето заминување во пустина. Таму, во осаменоста, го чувствував присуството на Живиот Бог до заборав на светот. Невозможно е адекватно да се опише искуството на Божјите посети. Тие не се повторуваат секогаш во иста форма, туку скоро секогаш доаѓа нешто ново, и со поинаква последователност.
(…)
Нашето раѓање, а потоа и растење на земјата, не е ништо друго освен создавачки процес за времето во кое ја усвојуваме реалноста во мерата која ни е достапна, и во надеж дека спознанието кое овде не е довршено ќе биде доведено до совршенство кога ќе преминеме во другата форма на постоење. Кога во нашето духовно видение сите преживеани искуства ќе се слеат во единствениот центар на нашата личност; кога во нашиот дух, и мрачниот пекол и Нетварната Светлина ќе се соединат како реалности кои сме ги запознале – ние почнуваме да го сфаќаме значењето на Името Исус, односно Спасител. Тој, Кој е беспочетна Светлина, “се понизи Себе земајќи обличје на слуга”, слегувајќи во пеколот да го избави Адам. И ние сега Го повикуваме во молитва:
“Исусе, Сине на Живиот Бог, помилуј не  нас и Твојот свет”.

 

 Издавач : манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3220
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7713
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная