логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ГЛАВА I

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена

prorok.zaharij1.jpg
А) СОЗДАВАЊЕТО

„Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата. А земјата беше безоблична и празна (tohu bohu — на еврејски), и мракот ја покриваше бездната; Духот Божји лебдеше над водите" (Битие 1,1 —2).
Со овие зборови започнува првата книга на Библијата, која се именува уште и Битие или I книга Мојсеева, чии почетоци водат потекло од учењето на Мојсеја, кој со својата силна личност и дава белег на целата историја на Народот Божји.
Да забележиме дека во овие стихови не се вели како е создаден светот. Еврејскиот народ секогаш го имал чувството на голема оддалеченост која го одделува Создателот од созданието.
Дури во еден понов текст — Втората книга Макавејска, која ја раскажува борбата на верните Евреи против грчките тирани, наследници на Александар — се наоѓа формулирано тврдењето за создавањето на светот од ништо „креатио екс нихило".
Седум браќа беа заробени од царот Антиох и убиени еден по друг, додека нивната мајка ги храбреше и опоменуваше. Кога дојде на ред последниот, таа му рече: „Погледни ги небото и земјата и види се што е во нив, и знај дека Бог ги создал од ништо и дека човечкиот род е создаден на ист начин" (2 Макавејска 7,28).
Ова не потсетува на една реченица што, за време на Литургијата, свештеникот ја и-зговара во големата евхаристичка молитва: „Од непостоење, Ти си не привел во постоење".

Детето: А што имаше во почетокот, во самиот почеток?
Родителот: Ништо, освен Бога; се е создадено од Него; само Он не е создаден зашто Он е Оној што создал се (види Јован 1, 3).
Детето: Не е ли тоа философија?
Родителот: Не, ниту еден философ од старо време не мислел така; Грците ја имале идејата за еден врвен творец — кого тие го викаа „демиург", кој, од првобитниот хаос, го создал редот (космос) што го откриваме во природата, Но тој творец ставил ред во една материја која веќе постоела.
Детето: А Библијата, што ни вели таа?
Родителот: Она што ни го вели таа, човекот не би можел сам да го најде. Самиот Бог така не научил и ни го открил тоа. Таа (Библијата) ни вели дека само со својот творечки Збор Бог им го дал на нештата нивното постоење, нивното битие. Бог рече: „Нека биде светлина", и би светлина. Доволно е Бог да рече за да бидат создадени нештата. Неговиот Збор го создава нивното битие.
Детето: Зошто „Збор" се пишува со голема буква?
Родителот: Затоа што „Збор", односно Слово — Логос — е терминот што го употребува евангелистот свети Јован за да Го означи Единородниот Син Божји (Јован 1,1).
Детето: Бог вели и нештата настануваат, но тие се движат. Растенијата и животните еволуираат. Бог ли ја прави еволуцијата?
Родителот: Духот Божји е Оној што му дава живот на светот. Дух на грчки се вика „пневма" и тоа е зборот што го употребува Новиот завет за да го означи Светиот Дух. Библијата ни вели: Духот Божји лебдеше нзд водите." Една друга книга од Библијата, Повторени закони (32,11), објаснува: „Како птица која лета над гнездото во кое се наоѓаат нејзините мали“, која ги извела и им помага да растат, така и духот Божји им дава живот и растење на нештата.
Детето: Како знаеме дека Бог создал се? Никој не Го видел на дело
Родителот: Да се открие дека некој се создал од празно, од ништо, е појдовната точка на верувањето во Бога. Тоа е почетокот на она што се вика Вера. Затоа посланието до Евреите ни вели: ..Преку верата ние сфаќаме дека светот е создаден со Зборст Божји, така што она што се гледа доаѓа од она што не се гледа" (Евреите 11,3). За да ни ја каже оваа вистина, Библијата ни дава еден расказ достапен на луѓето од сите времиња: за научници, поети, старци, возрасни, па и за мали деца.

Бог ја одвои светлината од темнината...
и би вечер и би утро, ден први.

Бог рече нека има свод..
и би вечер и би утро, ден втори.

Бог рече водите да се соберат на едно место
и нека се покаже суво...
Сувото Бог го нарече земја,
а водата море;
Бог рече земјата нека пушти
зеленило ..треви... дрвја плодоносни,
и така стана.
и Бог виде дека сето тоа е добро.
И би вечер и би утро, ден трети.

Бог рече нека бидат светила на сводот...
големото светило да господари со денот,
а малото светило да господари
со ноќта, и ѕвезди...
Бог виде дека е добро.
И би вечер и би утро, ден четврти.

Бог рече нека врват живи суштества по водата и
птици нека летаат над земјата... итака стана...
Бог виде дека тоа е добро.
Бог ги благослови (рибите и птиците)...
И би вечер и би утро, ден петти.

Бог рече земјата нека пушти од себе
живи суштества: стока, ситни животни,
диви ѕверови... и така стана.
Бог рече: Да создадеме човек по
Нашиот образ и подобие и нека биде господар на рибите,
птиците и сите животни.
Бог го создаде човекот по Својот образ...
маж и жена ги создаде...
Бог виде дека се што беше создал беше мошне добро.
И би вечер, и би утро, ден шести.

... Седмиот ден, се одмори откако создаде се.
Бог го благослови седмиот ден
и го посвети. зашто во тој ден
се одмори од сите дела Свои што ги создаде.
И би вечер, и би утро, ден седми..." (Битие 1,1 - 31; 2,1 —3).

Прекрасна поема со која Бог им дава можност на луѓето од сите возрасти да разберат дека Он е Тој што создал се, и дека се создал со премудрост" (Псалм 103 (104).
Детето: Библијата, значи, кажува дека сонцето е создадено четвртиот ден. А пред тоа твојот текст велеше: ,.И би вечер, и би утро, ден први". Како можело да има прв ден со вечер и утро, кога се уште немало сонце?
Родителот: Ова прашање можело, исто така, да му дојде на ум и на нашиот автор. Очигледно е, значи, дека деновите за кои тој  зборува не се оние што се мерени со изгревањето и со заоѓањето на сонцето; тие не траат дваесет и четири часа како едно вртење на земјата околу самата себе. Се работи за денови, за денови Божји, а не за денови човечки. Затоа свети апостол Петар ќе ни рече: Илјада години за луѓето се како еден ден за Бога" (2 Петрова 3,8).
Детето: Тогаш времето Божјо и времето човечко не се исти?
Родителот: Секако не. Бог не живее во времето, бидејќи Он го создал времето како што го создал и просторот. Бог постои „пред сите векови" и над сите простори. Затоа не можеме да ги споредуваме научните пронајдоци со откровенијата на Библијата, како што сакале понекогаш тоа да го направат некои прости умови, замислувајќи дека авторот на Битието сакал да напише расправа по геологија или палеонтологија.
Детето: Тогаш кој ја кажува вистината: науката или Библијата?
Родителот: Вистината на библиското откровение не е од истата категорија како фрагментарните и релативни вистини што ги проучува науката. Она што го проучува науката се однесува на светот на појавите, светот на времените феномени, мерливи со минути и со метри, кои се одвиваат во времето и во просторот на човекот. Библиското откровение, пак, го прескокнува времето и просторот и оди до Бога Кој ги создал времето, просторот и сето она што го открива науката; Тој ја создал и човековата интелигенција која ја создала и самата наука.
Детето: Тогаш која е вистината што ја откриваме во расказот за создавањето?
Родителот: Човек со вера, откако ќе го проучи библискиот рзсказ, природата ја гледа со ново око. Со восхит тој ја открива во неа убавината на созданието, сјајот на делото на Творецот, кое и самото е одблесок на незамисливата убавина на Творецот. И тогаш, при „залезот на сонцето", „гледајќи ја вечерната светлина" на вечерната богослужба тој го пее заедно со целата Црква псалмот 103/104/.

ПСАЛМ 103[104]

Душо моја, благословувај Го Господа, Господи Боже мој
Ти си бескрајно голем.
Ти си се облекол во слава и велелепност,
Во светлина си обвиткан како во облека,
Небесата ги простираш како шатор,
Твоето високо живеалиште го прекриваш со вода

Ветровите ги правиш весници,
пламените огнени Твои слуги.
Земјата ја поставуваш на нејзините основи,
да не се помрдне во вечни векови.

Од Твоите високи живеалишта ги наводнуваш планините,
земјата ја наситуваш од плодот на Твоите дела.

Колку се големи Твоите дела, Господи,
се си создал со премудрост.

Славата Господова нека биде во вековите;
Господ нека се радува од делата Свои.

Ќе Му пеам на Господа во мојот живот;
ќе Го славам мојот Бог додека живеам.
Нека бидат примени од Него моите зборови;
ќе се радувам во Господа.

Колку се големи Твоите дела, Господи;
Се си создал со премудорст.
Слава на Оца и Сина и Светиот Дух,
сега и секогаш и во вечни векови.
Амин — Алилуја, Алилуја, Алилуја,

Слава Ти, Боже (трипати)
Крај.СлаваТи!

 (Продолжува)

gakon.Goran.A.jpg

 Извор: БОГ Е ЖИВ

 ВЕРОУЧЕНИЕ (КАТИХИЗИС) ЗА СЕМЕЈСТВАТА

Издавач: Преспанско- пелагониска епархија, Битола, 1983

Превод: проф. Јован Таковски

Друго:

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (2)

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (3)


 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3123
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7596
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная