логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Ilust.zadete2.jpg

Kaко христијански да го поминам денот?

Настојувај да стануваш рано и без посебна потреба немој да спиеш повеќе од 7 часа. Штом се разбудиш, веднаш подигни ја својата мисла кон Бога, прексти се побожно, сеќавајќи се на Распнатиот Господ Исус Христос, Кој на крстот умре заради нашето спасение.
Без одложување стани од креветот, и кога се облекуваш, знај дека се наоѓаш во присуството на Господа Бога и на Ангелот Чувар. Потоа измиј се и веднаш започни со утринските молитви; моли се тивко, внимателно, со најдлабоко смирение, бидејќи на тебе гледа Семожниот. Моли се да ти даде вера, надеж, љубов и благослов за твоите дневни обврски, моли се да ти даде сила, за благодушно да го примиш и поднесеш сето тоа, што Он ќе ти го испрати во тој ден; сите тегоби, тешкотии, неволји, маки и болести на душата и телото, да ги поднесеш со смирение, надеж и љубов спрема Исус Христос. Црврсто биди решен сé да правиш за Господа Бога, сé да примаш од Неговите Татковски Раце. Принеси сé од тебе како жива жртва на Бога. Размислувај вака: Можеби е ова последниот ден од мојот живот – и сé прави така, како уште денеска да треба да застанеш пред Судот Божји, благодарејќи Му на Бога што те зачувал во изминатата ноќ, што сеуште живееш, што не си умрел во гревови. Колку луѓе во текот на ноќта, смртта ги постави пред страшното Господово судилиште.


Заблагодари Му се на Бога што сеуште имаш време и средства да се покаеш. Секое утро размислувај за себе дека само што си започнал и дека сакаш да бидеш христијанин, а дека изминатото време залудно пропаднало. Секое утро барем петнаесетина минути посветувај ги на кратко размислување за верските вистини, особено на тајната за овоплотувањето на Синот Божји, за Неговото второ пришествие, за страшниот суд, маките и рајот. После молитвата и размислувањата, ако времето ти допушта, прочитај го дневното зачало од Апостолот и Евангелието и читај некаква духовна книга, читај сé додека не дојдеш до умиление. После тоа можеш да се позанимаваш со твоите обврски, и сите твои занимации и дела нека бидат во Слава Божја.


Запомни дека Бог насекаде гледа, гледа со што се занимаваш, што правиш, помислуваш и сакаш и Он штедро ќе ти возврати за твоите добри дела. Не почнувај ниту една работа без да се помолиш на Господа Бога.  Она што ние го правиме без молитва, отпосле се покажува како погрешно или штетно. Самиот Господ рече: Без Мене, не можете да направите ништо. Во својата работа секогаш биди весел и мирен, успехот од тоа должи Му го на благословот Божји, и биди задоволен со тоа што си го направил своето дело. Сé она што за тебе е тешко, извршувај го како епитимија за твоите гревови во духот на послушноста и смирението. За време на работата, изговарај кратки молитви, особено Исусовата ( Господе Исусе Христе, помилуј ме мене грешниот ) и замисли си Го Христа, како во знојот на Лицето Свое го јадел Својот леб работејќи со Јосиф. Ако твоите работи се одвиваат успешно, по желбата на твоето срце, тогаш благодари Му на Бога; ако, пак, не, тогаш знај дека Бог тоа го допушта, а Бог сé прави добро. Ако имаш време пред ручекот, размисли, како си го извршил она што си го одлучил утрото, во мигот на твоето благочестиво читање и созерцание. За време на ручекот, замисли Го Отецот Небесен, како ја пружа Раката Своја, да те нахрани.


Никогаш не заборавај да се помолиш пред јадење и за време на тоа, претстави си на себеси како Исус Христос руча со тебе; подај им на сиромасите од твојата маса. После ручекот, сметај се себеси како еден од оние пет илјади, кои чудесно ги нахрани Христос, благодари Му од сé срце и моли Го да не те лиши од Небесната Храна –Своите Божествени зборови и Телото и Крвта Негови. Ако сакаш мирно да живееш, предај Му се сиот на Бога. Сé дотогаш нема да најдеш душевен мир, додека не се смириш во Единиот Бог, љубејќи Го Него Единствениот. Секогаш и во сé сеќавај се на Бога и на Неговата Света љубов кон нас грешните. Во сé настојувај да ја извршуваш Божјата волја и угодувај Му само на Единиот Бог. Не прави ништо против Божјите заповеди; не барај ништо освен Бога, работи и поднесувај сé за Бога.
Не се грижи околу тоа да те почитуваат и сакаат сите луѓе, туку во тоа, како да Му угодиш на Господа Бога, за твојата совест, да не те изобличи во гревовите. Ако сакаш непрестајно да се сеќаваш на Бога, тогаш поднесувај ги незгодите и невољите, како праведно да ти се случиле. Грижливо согледувај се самиот себеси, своите чувства, мисли, покретите на срцето и страстите; ништо не сметај за малку значајно, кога се работи за твоето вечно спасение. Умножувај ги своите молитви, за Господ да те спомне тогаш, кога ти Него ќе Го заборавиш. Во сé нека ти биде Учител Господ Исус Христос; Гледајќи на Него со очите на твојот ум, запрашувај се почесто: Што во овој случај би рекол и направил Господ Исус Христос?
Научи во сé да наоѓаш нешто добро. Биди кроток, тивок, смирен, молчи и поднесувај по примерот на Господ Исус Христос. Он не ти става крст што ти неможеш да го поднесеш; Он Самиот ќе ти помогне да го носиш сопствениот крст. Немој да мислиш дека ќе стекнеш некаква доблест без маки и душевни страдања! Моли Го Бога за благодат за да можеш што подобро да ги извршуваш Неговите најсвети заповеди. А, кога ќе извршиш некаква заповед Божја, тогаш чекај искушение, бидејќи љубовта кон Христа се искушува со совладување на препреките. Дури и на кратко време немој да останеш во мрзливост.


За време на душевните тешкотии и ладната рамнодушност во молитвата и во сите побожни занимации, не го оставај благочестивото дело; Господ Исус Христос, три пати се молел, кога душата Негова беше „прискробна даже до смерти“. Повеќе слушај – помалку зборувај; во многуглаголивоста нема да се спасиш од гревот.
Огради го својот слух, за да не слушаш нешто спротивно за Бога. Не се распрашувај за новостите, тие водат кон духовна расеаност; со волја зборувај за добрите дела.  Избегнувај го и најмалиот грев; кој не се оддалечува од малите гревови, тој сигурно ќе падне во поголеми и потешки. Ако сакаш злите мисли да не те вознемируваат, примај ги со смирение, со понизност на душата и телесните тегоби.Секоја помисла која те одвојува од Бога, особен ужасната плотска помисла, изгони ја од срцето што поскоро, како што јагленот го отсрануваш од облеката, кога случајно ќе падне на неа. Кога ќе дојде таква помисла, моли се усрдно: Господи помилуј! Господи помогни ми! Господи, не ме оставај, избави ме од искушенија! Или слично. Но, не се буни во искушенијата. Надевај се на Бога, ако е Бог со тебе, кој може против тебе? Моли Го Бога да ти земе сé, сé што го поддржува твоето самољубие, па колку и да ти било тешко тоа. Стреми се кон тоа, само за Него Единствениот да живееш и умреш, сиот Нему да Му припаднеш. Кога ќе доживееш некој срам од луѓето, знај дека тоа од Бога е испратено. Ако имаш храна и облека, биди задоволен со примерот на Исус Христос, Кој за нас осиромашил.
Никогаш не се препирај, не се заштитувај многу себеси и извинувај се. Немој ништо да зборуваш против претпоставените и ближните, освен по некоја нужност или должност. Биди искрен и со чисто срце; со љубов примај ги поуките, опомените и укорите од благоразумниот; помислувај дека Христос се наоѓа помеѓу оние, со кои ти разговараш. Цврсто памети дека времето е кратко, дека човекот мора да поднесе сметка за секој празен збор. Кога ќе згрешиш, со смиреност, скрушеност и надеж во Неговата Милост моли Го Бога да ти прости; побрзај да се покаеш пред духовниот отец.


Ако не се покаеш за сторениот грев, многу брзо ќе западнеш во истиот. Погрижи се да правиш добро на секому, секогаш кога можеш, не мислејќи на тоа, дали тебе ќе ти се заблагодарат или не. Радувај се, не тогаш, кога некому ќе му направиш добро, туку кога без злопаметење ќе ја поднесеш навредата од ближниот, особено од оној на кого ти си му направил добро.
За време на вечерата, присети се на последната вечера на Исус Христос и моли Го да те удостои на небесната вечера. Пред да одиш на спиење, испитај ја својата совест, моли се да ти се испрати светлоста за познанието на твоите гревови, покај се и вети Му на Бога дека ќе се поправиш. Потоа, предај се себеси на Бога, како да треба оваа ноќ да се претставиш пред Него. Предај се себеси на Божјата Мајка и Ангелот Хранител, и на оној светител, кого ти го славиш. Претстави си на себеси дека постелата ти е твојот гроб, а покривката, мртовечки покрив. Прекрсти се, целивај го крстот кој го носиш на вратот, и спиј под заштита на Господа Бога, за да не задремеш, и да не заспиеш во смрт. Присети се на она: на сред полноќ би плач; женикот доаѓа....помисли и на онаа последна ноќ, кога Исус Христос се молел на Својот Отец.
Моли се за оние, кои во таа ноќ тешко патат во смртните страдања, за умрените – за да не ги обземе вечен мрак. За време на болеста, пред сé надевај се на Бога, занимавај се почесто со страдањето и смртта Христова, за повеќе да се поткрепи твоето срце. Непрестајно прави молитви, како знаеш и умееш; моли се на Бога да ти ги прости гревовите и да ти подаде трпение за време на болеста. На секој начин воздржувај се од роптање и раздразливост, кои се толку својствени на болеста. Господ Исус Христос, заради нашето спасение, поднел најтешки маки и страдања, а што ние направивме и поднесовме за нашето спасение? Што почесто оди во храмот на богослужба, особено настојувај што почесто да си на литургија. Неделите и празниците посветувај ги на добри дела. Секогаш кога стоиш во црква, замислувај дека ти си во присуството на Бога, Ангелите и светителите. Твоите добри дела да ги обележиш со знакот на крстот.
Што почесто исповедај ги своите гревови, при својот духовник и причестувај се со Светите Тајни. Кон Светата Причест пристапувај со скрушено срце, смерност, со вера, со надеж и љубов. Што почесто размислувај, за страдањата и смртта Христови и моли Го Него со Своето милосрдие, да ги покрие твоите гревови и да те прими во Царството Свое.
Името Исусово, секогаш нека ти биде во устата и во срцето. Секогаш мисли на големата љубов Божја спрема тебе, за да Го засакаш и ти со сето срце свое, цела душа и цела сила своја. Тогаш ќе имаш мирен живот на оваа земја и блажен ќе бидеш на Небесата во сите векови. Благодатта на Господа нашиот Исус Христос нека биде со тебе. Амин.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная