На 18. март.2009 г.
Радосно да го започнеме сесветото време на воздржување; да засветлиме светлозрачно со светите заповеди на Христа, нашиот Бог, со сјајот на љубовта и блесокот на молитвата, чистотата на светлоста и мажествена крепост. Облечени во одежди на светлина, да поитаме кон тридневното свето Воскресение, кое му засветли на светот со слава на животот вечен.
Утрена, Чист вторник
Поуки од Светите отци: И така, возљубени мои, да го држиме овој пост со ревност и чисто срце, зашто тој е сладок и пријатен за оние кои ги поминуваат свето овие денови. Овој свет пост да го употребиме во борба со ѓаволот, зашто без пост и молитва никој не може да го победи духот на злото. Во овој пост, возљубени мои, да молиме и просиме милост од Себлагиот и Милосрдниот, Кој не го отфрла оној кој пости. Овој пост, возљубени мои, ја отвора небесната врата, зашто нè издига од земјата и не вознесува во висините.
Свети Ефрем Сирин
Молитва:
Отче Небесен, секогаш да ги слушаме зборовите кои ги изговорил Синот Твој, Исус, за радоста наша да би била потполна, длабока и вечна, да видат луѓето дека сме биле со Господа Исуса, творејќи ја Неговата волја. Амин.
Читања од Светото Писмо:
Исаија 1, 19-31; 2, 1-3
Битие 1, 14-23
Соломонови Изреки 1, 20-33
Созерцание: Но кој Мене Ме слуша, ќе живее безопасно и спокојно, не плашејќи се од злото.
Соломонови Изреки 1, 33
Подготви: А.Л.
07.03.2011 г.