логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


НАПРАВИ ДОБАР ПОЧЕТОК - БОРИ СЕ КОЛКУ ШТО ТЕЛОТО ТИ ДОЗВОЛУВА

1950 г.

 Мил и почитуван мој!
Толку многу треба да се напише како одговор на твоето писмо, но ќе го напишам најважното. Премудроста Божја е многу голема, што и злото го праќа во корист на човекот. Таа мисија ја откриле многу свети отци. Еве во што е суштината. Човекот може да се спаси преку верата и исполнувањето на сите Божји заповеди. Со нивното исполнување се менува душата на човекот, и тој станува „нов“ по образот (ликот) Божји, поточно по ликот на нашиот Спасител Исус Христос. Најосновната карактеристика на новиот човек е токму смирението        („научете се од мене зошто сум кроток и смирен...“), без кое и исполнувањето на сите заповеди, не само што не го приближува човекот кон Бога, туку го прави дури и Негов непријател, зашто ако нема смирение неизбежно има гордост. Точно на таа карактеристика мислам, во која особено е применлива евангелската мисија за сатаната, кога го истеруваат оди надвор, а потоа кога гледа дека домот (човечката душа) е изметен и исчистен, но не насочен (со христолична смерност), зема седум други духови, поголеми од себе и се вселува заедно со останатите во душата; и последната состојба станува полоша од првата. Кај преподобниот Макариј Египетски односот на смирението кон другите добродетели (доблести) се изразува со приказната за раскошната гозба, приредена за царот и богатиот настојник. Но, бидејќи сè било припремено без сол (поточно без смирение), царот наместо да искаже благодарност, се разгневил. Така и за човекот се бескорисни сите добродетели без смирението (без него, во душата ќе влезе гордоста, а со неа седум бесови, т.е. сите страсти). Ако се чува себеси, влегувајќи во постојана борба со гревот, на човекот ќе му стане јасно колку е длабоко искривен и колку човечкото битие е подложено на гордоста. Да се победи секое високо мислење за себе, за својата суета и гордост, е исто како и да се победи самиот грев. А ова покажува дека паѓањето во грев може да биде од помош за човекот во добивање на смирението (ако човекот не осудува никого за своите гревови и ништо друго освен себеси, што е сосема точно). За сè е виновен самиот човек, а околностите и ѓаволот само го потпомагаат гревот и соблазнуваат, но конечната одлука му припаѓа на човекот, затоа тој е во потполност одговорен за себе. Тоа го потврдува и грижата на совест по извршениот грев.
 Борејќи се со гревот кој живее во него и постојано паѓајќи во овие или оние согрешенија, човекот опитно (искуствено), а не теориски ја осознава својата грешност, својата немоќ, и постепено здобива смирение. Секогаш и постојано победуван од гревовите, со длабоко смирено срце и со солзи приоѓа кон Господа, од длабочината на душата ја признава својата гревовност и неможноста сам да го победи гревот и започнува да го моли Господа: „Боже, ако сакаш, можеш да ме очистиш (како што велел лепрозниот), а сам јас ништо не можам да сторам... Господи, научи ме да ја исполнувам волјата Твоја! Господи, изведи ја од темнина душата моја!“ Тука се гледа големото Божјо милосрдие кон паднатиот човек, зошто ако искрено се кае, Господ го заштитува човекот, го отфла гревот од него, ја исцелува раната од неговата душа, нанесена од гревот и овој преку лично искуство свесен е за постоењето на Бога и Неговата промислена грижа за човекот и чувствува дека „Господ е близу до смирените срца“, дека Тој е навистина лекар на нашите души итн и итн.
 На тој начин, нашите паѓања во грев, иако се зло, постануваат примерок на големо искуство! Во тоа е Премудроста Божја, како и во сè, во сè...
 Затоа, мил мој..., не паѓај со духот кога паѓаш во некој грев, но осуди се себеси пред Бога, исповедај Му ги своите прегрешенија, не обвинувај никој друг, смири се, види ја својата немоќ и моли Го Господа да ги изврши Своите свети заповеди во тебе. Но, тоа не значи дека ти сам не треба да не се бориш со сите сили. Треба да се бориш со сета сила, да ги научиш начините на борба опишани кај светите отци и да ги предвидуваш околностите кои помагаат на победата или поразот, како и да го избегнуваш последното а да трчаш кон првото. Најважно е, кога ќе се јават грешни помисли, да не престанеш од сè срце да викаш кон Господа за помош; свесен за неспособноста сам да го победиш гревот. Дури и ако паднеш во грев, па и при извршување на самиот грев, не срами се во мислите да паднеш на колена и да повикаш кон Господа, говорејќи: „Господи, еве гледаш што правам, помилуј ме, помогни ми да се ослободам од власта на ѓаволот“. Плачи во себе пред Господа и почесто повикувај Го, да ти помогне во сè, во целиот живот, зашто е тешко во овој свет да се исполнуваат заповедите Божји. Древните црковни отци плачеле за луѓето од последните времиња, зашто ќе има многу кои ќе страдаат поради своите гревовите.
Постои уште едно моќно средство во борба против секој грев: кога паѓаш во некој голем грев, оди и исповедај се пред духовникот. Ако не е можно веднаш, тогаш тоа направи го кога ќе ти се укаже првата можност, не одолговлекувај за следниот ден или подоцна. Кој веднаш го исповеда гревот, тој докажува дека го мрази гревот, го мрази робувањето на ѓаволот и подготвен е да го претрпи срамот при исповедта, само да се извлече и очисти од гревот и затоа во иднина добива од Господа целосна победа, не подлегнувајќи на победата со високо мислење за себе, ниту пак бива горделив. Посвети внимание на ова! (Мрежите на ѓаволот се насекаде).
 Значи, направи добар почеток: бори се колку што телото ти дозволува! Кога ќе паднеш, не паѓај со духот, туку смирувај се, викај кон Господа, однапред осознавај ги околностите и избегнувај го она што е штетно и опасно, исповедај се без страв пред духовникот, придобиј го смирението, сеќавајќи се на минатите и сегашните гревови и паѓања, и Господ ќе ти помогне да бидеш храбар Христов војник, кој подоцна ќе им помогне и на другите.
 Не се оддавај на мрзеливост... не го оставај своето мало правило. Стави се себеси во правилото и задолжително, макар и еднаш во текот на еден час, да Им се обратиш на Господа и Мајката Божја со молитва за проштевање и помош и ако е можно, прави го тоа почесто.
 Нека ти помогне Господ по молитвите на преподобниот Сергеј и останатите радоњешки чудотворци.

(Продолжува)

 

5y_Aleksandar_Bozinovski.jpg Превод од српски:
Александар Божиноски


Со благослов на Неговото блаженство, Архиепископ охридски и македонски, г. г. Стефан

Наслов на изворникот:
Трпљењем спасавајте душе своје
(духовне поуке хришћанима последних времена)

Превод од српски:
Александар Божиноски

Рецензент:М-р Илија Орачки

Лектура:Елена Малинова

Ликовно и графичко обликување:
Милан Јаковчевски

Печати:„Ирис“ – Струга

Друго:

ПРОЛЕЈ ЈА СВОЈАТА КРВ И ПРИМИ ДУХ" – ОПШТ ЗАКОН ЗА СИТЕ ХРИСТИЈАНИ

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3126
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7599
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/11/2024 - сабота

Св. свештеномаченик Акепсим, епископ Наесонски ; +Св. великомаченик Георгиј – Ѓурѓиц; Преподобен Илија Египетски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Страдалници Господови, блажена  е земјата, која се напои од вашата крв,  и свети се населбите кои ги примија телата ваши. На боиштето...

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная