логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Rozdestvo2012b2.jpg

ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ

7/- 25 ДЕКЕМВРИ
Евангелистот вака го опишува уделот на пастирите во Божиќните случувања (Лк 2,8 - 20):
А во тој ист крај пастири ноќеваа под ведро небо, чувајќи го своето стадо. И одеднаш Господов ангел им пристапи и Господовата слава ги осветли, па се уплашија многу.
 Ангелот пак им рече: „Не бојте се, зашто, еве, ви најавувам добра вест, голема радост, која ќе биде за сите народи: зашто денес ви се роди Спасител, во Давидовиот град, Кој е Христос Господ.   И ова ви е знак: ќе најдете Младенче повиено, како лежи во јасли!” И одеднаш со ангелот се најде множество небесно воинство, кое Го фалеше Бога, велејќи:
 ”Слава на Бога во висините и на земјата мир, во луѓето добра волја!”
А кога ангелите си отидоа од нив во небото, пастирите си зборуваа еден на друг: „Тогаш, да отидеме до Витлеем и да видиме што се случило таму, за кое ни соопшти Господ!”  И брзајќи дојдоа и ги најдоа: Марија и Јосифа, и Детенцето како лежи во јаслите. А штом видоа, кажаа сè што им беше речено за Детенцето. И сите кои чуја, се восхитуваа на она, што пастирите им го рекоа. Марија ги помнеше сите овие зборови и размислуваше за нив во своето срце.
 И пастирите се вратија, славејќи Го и фалејќи Го Бога, за сè што чуја и видоа, онака како што им беше речено.
Спомен на пастирите нема ниту  во тропар ниту во  кондак, но спомнати се во кондакот на Рождеството.

Ликовната претстава на пастирите  е најчесто во моментите кога ангелите им ја јавуваат веста и нивните погледи се вперени во пештерата осветлена од ѕвездата. Зад нив е пасиштето и стадото. Во рацете имаат вообичаени пастирки стапови, а некој и гранка или парче стебло (бадниково) кое што го носат за да се згрее новороденчето.

Rozdestvo2012b2.jpg

Поклонување на светите мудреци

По промисла Божја за Христовото раѓање, обавестени се учените но одалечени луѓе, кои што во Евангелието и во богослужбениот текст се нарекуваат магови, мудреци и царови.
Нивното поклонување на  новородениот Спасител било во времето помеѓу самото раѓање и четириесетиот ден, но споменот на случувањата  Црквата го празнува на истиот ден кога и Раѓањето.
Според Светите отци, ѕвездата која што мудреците ја следеле се појавила на денот на Благовеста и на мудреците им биле потребни неколку месеци да ја сфатат нејзината појава и да се присетат на пророштвото на Валам, синот Веоров.
 „Го гледам, ама не сега; го гледам, ама не од блиску; ќе излезе ѕвезда од Јакова и че се крене палката од Израиља, која ќе ги разбие кнезовите Моавски и ќе ги разори сите синови Ситови“ (Бр 24, 17)
 и на претскажувањето на Еритрејската сибила дека во Израел ќе се роди  Господ и Царот на вселената.
Патот траел шест-седум месеци и во Ерусалим стигнале набрзо по Раѓањето. Тогаш ѕвездата се сокрила, па биле принудени во Ерусалим да се распрашаат за новородениот цар; така веста стигнала до Ирод.

Ирод во Ерусалим ги задржал некое време, додека книжниците и првосвештениците укажале на Витлеем како место на раѓање на Месијата. Тргнувајќи од Ерусалим за Витлеем, ѕвездата повторно се појавила и ги одвела до пештерата, каде што на Христос му се поклонија и му врачија дарови.
Евангелистот вака го опишува учеството на мудреците во космичкиот настан на Христовото раѓање (Мт 2, 1-12):
 А кога Исус се роди во Витлеем Јудејски, во дните на цар Ирод, ете, мудреци од исток пристигнаа во Ерусалим, и рекоа: „Каде е Тој кој се родил, Царот на Јудејците? Зашто ја видовме Неговата ѕвезда на исток и дојдовме да Му се поклониме.” Кога го чу тоа, царот Ирод се вознемири, и целиот Ерусалим со него. И ги собра сите главни свештеници и народните книжници и ги распрашуваше каде треба да се роди Христос. А тие му рекоа: „Во Витлеем Јудејски, зашто пророкот напиша така: ’И ти, Витлееме, земјо Јудина, никако не си помал меѓу Јудините првенци, зашто од тебе ќе излезе Владетел, Кој ќе го пасе Мојот народ Израел.’
Тогаш Ирод ги повика тајно мудреците и внимателно го научи од нив времето, кога се појавила ѕвездата, и испраќајќи ги во Витлеем им рече: „Отидете и распрашајте се точно за Детето, и кога ќе Го најдете, јавете ми, за да дојдам и јас да Му се поклонам.” Тие, откако го ислушаа царот, тргнаа, и ете, ѕвездата, што ја видоа на исток, одеше пред нив додека не дојде и не застана над местото каде беше Детето. И кога ја видоа ѕвездата, се зарадуваа со многу голема радост. И кога влегоа во куќата, го видоа Детето со Неговата мајка Марија, и паднаа ничкум и Му се поклонија; ги отворија своите сокровишта и Му принесоа дарови: злато, темјан и смирна. И откако беа предупредени од Бога во сон, да не се враќаат при Ирода, заминаа по друг пат за својата земја.
¬¬¬¬¬¬¬¬¬¬¬¬¬¬¬¬¬¬¬¬¬¬¬¬¬¬¬Дарувањето на Новородениот Спасител, псамопеецот одамна го најавил:

 Царевите на Тарсис и островјаните дарови ќе му принесуваат; и царевите на Арабија ид Саба, дарови ќе Му донесуваат“ (Пс. 71,10).
 18.. Српскиот превод на Евангелскиот тескт, дародавците ги претставува како мудреци,  а словенскиот како магови (волхв, волсви).

Евангелието не ги споменува нивните имиња ниту нивната татковина. Традицијата пак говори дека тоа биле Мелихор, Гашпар и Валтазар, сите тројца од различни страни: Персија, Арабија и Етиопија.
Биле од незнабожечката црква  која на свој начин сепак, Го очекувала и Го проповедала Христовото доаѓање и чии членови го примија Светото Крштение од Христовите ученици со што постанале членови на Христовата, новозаветна црква.

По традиција ги крштевал   Апостол Тома, а тие не останале анонимни  кај својот народ, напротив, се разбрало за нивниот пат во Ерусалим и Витлеем. Нивните мошти подоцна се пренесени во Константинополис (Цариград), па во Медиолан (Милано) и на крајот во Колонија (Келн).

Богослужбените текстови им посветиле доста простор на мудреците. Говорејќи дека  "волсви от восток в Витлејем дари приносит",117  поетот ја објаснува символиката на даровите:
 "злато, јако царју вјеков; ливан, јако Богу всјех; јако тридневному же мертвецу, смирну безсмертному".118

Во тропарот на Рожеството се констатира парадоксот: мудреците кои што на ѕвездите им служеле од ѕвездите и учеле.
Даровите кои што мудреците му ги врачија на витлеемскиот Богомладенец, Мајката Божја ги сочувала, а покасно ги чувале и апостолите и епископите на Ерусалим.
Царот Аркадија (395- 408) ги пренел во Цариград, а кога турците го превзедоа Цариград (1453) станале  во сопственост на султанијата Царицата Маре, ќерка  на деспотот Ѓурѓа која 1470. година ги предаде на монасите на Светогорскиот манастир Свети Павле  каде што и денес се чуваат со огромна почит.
Споменот   на Пренесувањето на даровите , Црквата го ставила во календарот на вториот ден од Христовото раѓање (25 декември).

Споменот на мудреците нема посебен тропар и кондак, но се споменува во тропарот Рождество.  Во иконографијата на трите мудреци тие се сликаат во царска ориентална облека со долги стапови во рацете вообичаени за тогашните патници , како на коњи патуваат со ковчежината со дарови, или во пештерата за време на поклонението и дарувањето.
Мелихор, стар и  белоокос му го врачува златото на Царот и Господарот;
 Гашпарм  руменолик, млад и голобрад,  му го врачува темјанот на Бога  и Валтазар, црномурест со густа брада, кој што ја врачува смирната на смртниот Син Човечки.

Свети праведен Јосиф Свршеникот 

Другиот ден од Раѓањето Христово, црквата го ставила споменот  на праведниот Свети Јосиф, свршеникот на Светата Дева Марија, за кој што евангелистот кажува  дека беше „маж праведен“ (Мт.  1,19).
Со својата праведност и светост ги надминал и старозаветните праотци и патријарсите, затоа и како на осудесетгодишник му била доверена  Пречистата Дева Марија. Работејќи како дрводелец ја издржуваше Пресветата Богородица и малиот Исус. Се упокои во длабока старост, по традиција во стои десетата година, што значи, некаде во времето на Христовото полнолетставо и пред почетокот на Неговата јавна работа.
-----------
 2 Стравот на Ерусалимците почивал  на познавањето на карактерот на Ирод кој што од страв за престолот ќе убива  се по ред по Ерусалим.  Секој национално - месијански покрет крваво ќе го загуши.
 3 Пророштвото Михеја (5,2)  членовите на Синедрионот   го цитираат доста слободно, зашто не го наведуваат ниту по Еврески, ниту по грчки текст.
 4 Ѕвездата била видлива затоа што  патувале ноќе.
 5 Не мора да значи вистинска куќа . може да биде и пештера, кошара, или било какво скривалиште.
 6 На Оријентот  пред царот не смеело да се излезе без дарови.  Златото, миризливиот темјан и смирната, биле најскапите дарови, царски дарови.
 7 Враќајки се по другиот пат во своите куќи, мудреците не го осуетиле туку  само до некаде го одложиле планот на Ирод. Од друга страна, мудреците избегнале макар и нескајќи да бидат учесници во Иродовиот кртвав план.

--------------------------------------

Rozdestvo.Izra.jpg
Бекство на светото семејство во Египет 

Кога се навршија деновите на исчистувањето на родилката,  Јосиф и Марија го одведоа младенецот во ерусалимскиот храм за да го посветат на Бога, па се вратија во Назарет (три дена пешачење).
Во Назарет, ангелот им јавува за престојната опасност и го  упатува светото семејство во Египет со што е осуетен  Иродовиот план за  масакрот на децата  за да го убие  и Христа, сметајќи Го за претендент на Еврејскиот престол. Во Египет, кој што беше римска провинција  беше вон дофатот на крволочниот цар.
Евангелистот, заминувањето на светото семејство и враќањето од таму, вака го опишува: (Мт. 2,13-15. 19-23):
А кога си отидоа тие, ете, Господов ангел му се јави на Јосифа во сон и му рече: „Стани, земи Го Детето, и Неговата мајка, и бегај во Египет, и остани таму додека не ти кажам, зашто Ирод ќе Го бара Детето за да Го погуби.”  И тој стана, Го зеде Детето и Неговата мајка, ноќе, и отиде во Египет;  А кога умре Ирод, ете, Господов ангел му се јави на Јосифа во сон, во Египет,  и му рече: „Стани, земи Го Детето и Неговата мајка и оди во земјата Израелева, зашто умреа оние, кои ја бараа душата на Детето.” И тој стана, го зеде Детето и Неговата мајка, и дојде во земјата Израелева.  Но кога чу дека во Јудеја царува Архелај, место татка си Ирода, се уплаши да отиде таму; туку предупреден од Бога во сон отиде во пределите Галилејски;  и откако дојде се насели во градот наречен Назарет, за да се исполни реченото од пророците дека ќе се нарече Назареец. и  таму беше до Иродовата смрт; за да се исполни реченото од Господа преку пророкот кој вели: „Од Египет Го повикав Својот Син.”
По традиција со светото семејство  тргнал и  Јаков синот Јосифов од првиот брак. Во бекството за Египет, Црквата гледа порака дека треба да се бега  од гневот,  јароста човечка, а не со гордост  ним да им  се  спротивставува.
Од друга страна, требало Египет да се очисти од идолите согласно на најавата на пророкот:
„ Ќе ги искрши спомениците на капиштето на Сонцето што е во Хелиопол, а капиштата на египетските богови ќе ги изгори со оган.“

Во свештената историја , спасувањето на Египет зазема посебно место, зашто без Египет не можело да се подготви Тајната на Пресветата Жртва.

По традиција, светото семејство се сместило во селото Натареа кај Хелиополиса во северен Египет. Не е познато колку Марија и Јосиф останале во Египет па се вратиле во Назарет, зашто евангелистот кажува „до смрта Иродова“ (Мт. 2,15) проценките се движат од три до седум години.
 Споменот  на бегството на светото семејство во Египет, Црквата го ставила  на вториот ден на Рожеството, на 26. декември.


Витлеемските младенци - први маченици 
Богослужбените песни на празникот на Христовото раѓање, ги споменуваат најавуваат Неговите маки и страдања,  а случувањата кои што го следеле го најавиле страдањето на Неговите блиски луѓе.
Јосиф мораше со Марија и малиот Исус да бега во Египет.
Многу деца во Витлеем  се убиени, пострада Захарија, таткото на Јован Крстител, Јован порасна во пустињата.

Христос почнува да страда како доенче за да се учи на страдањето, за на Велики Петок лесно да ги поднесе најтешките страдања. Животот човечки полн е со тегоби, па од младоста треба да се  создава навика  на јуначки подвизи.

Мудреците од Исток обавестени од Бога не му го јавија на Ирода местото каде што го пронашле  новородениот Спасител.
Ирод, гневен на мудреците затоа што го изневерија и на новородениот Цар, зашто не можеше да го пронајде  ги испрати војниците во Витлеем и во неговата околина за да ги убијат сите деца до двегодишна старост, со надеж дека меѓу убиените ќе биде и Спасителот.

Две години, беа временската ориентација во таа смисла затоа   што мудреците ја виделе ѕвездата од денот на историската Благавест, а до раѓањето поминале  девет месеци, до Сретението , уште  месец и половина и веројатно чекал и после  заминувањето на мудреците некое време, рачунајќи дека  сеуште го бараат новородениот Цар.
Чекањето го прекинал дознавајќи за случувањата во ерусалимскиот храм за кои што света Ана пророчицата разгласила по Ерусалим (Лк. 2, 38) .

Вкупно било околу една година. Ирод потоа неколку месеци браше и се распрашуваше за детето, потоа мораше да патува за Рим по некоја работа, што беше уште неколку месеци во случај мудреците да не ја забележале веднаш ѕвездата. Затоа го нареди масакрот на децата до две години.

Според старата традиција убиени биле околу 14000 машки деца, што е веројатно преголем број за Витлеем и неколкуте села.

Празничното сеќавање на овие први маченици за Христа Црквата ги сместила на 29. декмври.
Евангелистот вака ги опишува случувањата (Мт 2,16-18)

Тогаш Ирод, кога виде дека мудреците го измамија, се разгневи многу, па испрати да бидат погубени, во Витлеем и во целата негова околина, сите машки деца од две години и помали, според времето што го дозна точно од мудреците.  Тогаш се исполни реченото од пророкот Еремија кога рече:  ”Глас се чу во Рама, плач и ридање големо; Рахил ги оплакува своите деца, и не сака да се утеши, зашто ги нема„ 24

24Јосиф Флавиј не го спомнува ова Иродово злосторство, но тоа е можно бидејќи Ирод убивал и должни и недолжни, па дури и своите три сина. Отаму настанала римската поговорка: „Подобро да бидеш Иродова свиња, отколку негов син“.
-------------------------------------------------
Во богослужбените текстови се констатира
 "лик младенцев приведесја мученическоју кровију",  и да у страдању за Христа "перваја жертва бист младенци",  и то "дјетоубиство, мерзскаго убијенија јего ради: и чиста дјетеј жертва",  али "Во уши Господа Саваота вниде закољеније ваше".
 Познати се само некои од писателите на богослужбените текстови: Андреј Критски , монах Јован и Кипријан.

Тропар, гл. 1: Бољезними свјатих, имиже о Тебје пострадаша, умољен буди, Господи, и всја наша бољезни исцјели, Человјекољубче, молимсја.
Кондак, гл. 4: Звјезда волхви посла к Рождшемусја, и Ирод неправедноје војинство посла љуто, убити мња во јаслех, јако Младенца лежашча.
Лит: прокимен гл. 6: Хвалите отроци Господа, хвалите имја Господње; ап зч 180 (2. Кор 5,15-21), ев Мтзч 4 (2,13-23); причастен Радујтесја праведни.

 Во иконографијата се прикажува Рахила која што во болка ги подига рацете кон небото, а околу неа се телата на убиените деца.
С у б о т а по Рођењу Христовом: прокимен Помјану имја meoje eo всјаком родје и родје; ап зч 288 (1. Тим 6,11-16), ев Мт  46 (12,15-21); причастен Чашу спасенија прииму.

 

Преведе: Мирјана Даниловска Мина

Друго: ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ (1)

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3131
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7607
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

18/11/2024 - понеделник

Преподобните маченици Галактион и Епистима; Светите апостоли Патров, Ерма, Лин, Гај и Филолог; Свети Јона, архиепископ Новгородски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Вера имајќи повредна од животот земен,дарувана ви беше о Галактионе и Епистимо, времето дадено за преумување мудро го употребивте поучени...

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная