логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ГЛАВА II

Од Стариот до Новиот завет

А) ЗЛАТНОТО ТЕЛЕ

Кога Мојсеј ги објави зборовите на Бога и го потврди Заветот со крвта на жртвата, народот го остави со Арона и повторно се искачи на Синај на чиј врв стоеше „темниот облак". Тој остана таму четириесет дена и четириесет ноќи. Таму прими две каменнитаблици на кои „прстот Божји" беше ги напишал десетте Заповеди. Овие таблици ги викаат: Таблици на заветот или Таблици на Законот.
Но за тоа време плашливиот и колеблив народ, мислејќи дека е напуштен од Мојсеја, го заборави својот договор со Бога и посака да си направи идол. Арон, притискан од сите страни, отстапи пред желбата на толпата. Тој нареди да се стопи сето злато од насобраните накити и направи статуа од теле.
Народот се развесели и принесе жртви на олтарот што беше изграден пред статуата. Тоа е историјата на Златното теле. Евреите кои пред малку време беа изд игнати до славата на народ Божји, на тој начин повторно се враќаа на нивните првобитни нагони и се поклонуваа пред идолите, оние на нивните поранешни египетски господари, обожувачи на бикот Апис. На тој начин се јавува мошне јасно назадување на совеста на народот, која е несомнено се уште непостојана.
Наши златнителиња можатда бидат желбата за пари, за добивка, за власт. Ние вршиме предавство на Бога исто како и Евреите на Синај и честопати наоѓаме мошне реални идоли кога бараме утеха и помош во различните суеверија: хороскопи, претскажување со карти или со гатање и магии. Сето ова не привлекува, бидејќи ни се чини дека е ова лекот против страдањата, бегање пред искушението, додека Бог е сосема близу како што беше близу на светата гора кога му зборуваше на Мојсеја, откривајќи се на неговиот народ. Никогаш Бог не бил поблизу до својот народ, и токму во оној момент децата Израилеви беа го заборавиле Неговото присуство и се посомневале во Неговото постоење, правејќи го Златното теле.
Оваа историја ни покажува исто така колку е тешко да се прескокне прагот кој прави да минеме од суеверната набожност кон обожувањето на Оној Кој надминува секакво човечко претставување и дека, дури и ако го прескокнеме, лесно можеме да се вратиме назад, да се одвратиме од живиот Бог и да се поклонуваме пред идолите. Да се потсетиме и на зборовите Исусови: „Оној што ја ставил раката своја на ралото и гледа назад, не е достоен за Царството Божјо" (Лука 9,62).
Известен за она што се случуваше, Мојсеј веднаш слезе: тој, кој пред малку ја гледаше неискажливата слава на живиот Бог, беше обземен од голем и свет гнев кога го виде народот како игра пред една безживотна статуа. Тој ги фрли Таблиците на Законот што ги држеше в рака и ги направи на парчиња. Ја уништи статуата и нареди на Левиевото племе да ги убие оние што се оддале на идолопоклонството. И навистина, настана мала граѓанска војна по која бројот на Евреите беше намален. И покрај својот гнев, Мојсеј почувствува и големо сожалување. Тој Го помоли Бога да го поштеди „овој непокорлив народ". Молитвата негова беше услишена и престана убивањето (види Излез 32,11 и натаму).


Б) ЗАВЕТОТ БОЖЈИ МОЖЕ ЛИ ДА СЕ РАСКИНЕ?

Стариот завет е една долга историја на сојуз кој е изневеруван со неверности кои се повторувани и секогаш опростувани. Сојузот со Бога не е автоматски. Кога народот е неверен, Бог ја повлекува Својата благосклоност. Во секое време должност на пророците била да го потсетува народот на можниот гнев Божји. Зашто, ако човекот не го исполнува пропишаниот закон, ако е неправичен, ако со своите дела ја гази клетвата, Сојузот се раскинува. Да ја прочитаме 7 глава од Еремиј: пророкот е јасен, тој потсетува на условите за сојузот (стиховите 3 до 7: живеење според Законот и според прописите). Но народот се покажува недостоен, бидејќи не престанува да краде, да убива. да прави прељуба, да Го измамува Бога со своите дарови на Ваал, со неговото служење на лажните божества.
Потоа, со мирна совест и со увереност, како ништо да не било, истиот овој народ, нечист со своите смртоносни дела и со обожувањето на идолите, доаѓа да бара засолниште во Храмот, кој е место Божјо: „Еве не безбедни"!, велат тие; но Бог не е слеп и Ја гледа измамата. Еве го пророшгвото Господово: „Ќе ве отфрлам од лицето свое" (Еремија 7,15).
Многубројни пророци станувале против надворешниот култ кој е вршен само со усните, и со подмолно срце. Амос ги пренесува овие страшни зборови на Бога: „Ги мразам, ги презирам вашите празници, кон вашите свечености чувствувам само одвратност... вашите утоени животни не ги гледам; оддалечи ја од мене вревата на твоите песни, да не го чујам свирењето на твоите харфи..." (Амос 5,21 —23; види и Осија 7,13).
И Исаија пророкува: „Овој народ ме почитува со усните, но неговото срце е далеку од мене...; учењата што ги предавзат се само човечки заповеди" (Исаија 29,13). Кај Матеј, зборовите на Исаиј силно одекнуваат за нас, зашто ги приведува Самиот Исус за да ги засрами фариссите и книжниците (Матеј 15,1-9).
Што значат овие страшни пророштва, полни со горчливост? Може ли Бог навистина да ги отфрли своите деца? Што може да има полошо од тоа да се биде отфрлен од Бога?


Детето: Како Бог може да го повлече својот Сојуз (Завет)? Тоа не е праведно! Дали е тоа навистина Бог на љубовта за Кој ми зборуваш толку често? Зар Бог би можел да биде строг и злобен татко, полн со гнев и одмаздз? Зар е Он на страната на казнувањето?
Родителот: Пророците, под вдахновение од Светиот Дух, сакаат Сојузот на Бога со Својот народ да го споредуваат со бракот. Бог е Младоженецот, Неговиот народ е невестата, која постојано прави прељуба. Еврејскиот закон пропишува да се отпушти неверната, затоа Осија гневот Божји го изразуза со овие зборови:

„Обвинувајте ја мајка ви, обвинувајте ја!
зашто таа повеќе не ми е жена
и јас повеќе не сум нејзин маж"... (Осија 2,1)
Осија ни ја опишува прељубницата која се обесчестува, срамно трча по своите љубовници, ги заборава добрините на својот маж: „Таа не знае дека сум јас оној што и дава жито, вино, свежо масло..." (Осија2,8).
Жената прељубница која ги бара задоволствата, најпосле завршува во пустињата, во потполна осаменост и тогаш си спомнува за својот маж, за својата љубов. Исмејаниот маж не се одмаздува, тој чека трпеливо и неговото срце не се изменило кон неговата жена. По нејзиното враќање, тој не и префрлува за нејзината неверност, не и прави забелешка дека таа се враќа од интерес, лишена од се, гладна и обесчестена. Тој и го враќа нејзиното поранешно место крај себе:

Ќе те свршам за себе засекогаш,
ќе те свршам во правда и суд,
во нежност и во љубов;
ќе те свршам за себе во верност
и ти ќе Го познаеш Господа (Осија 2,19 — 20).

Тоа е одговорот на Бога! Он неуморно го чека враќањето, покајанието на Својот народ. Ако народот застранува често, ако лута далеку од својот Господ во осаменост и заборав, Он, Бог, останува неизменет, без промени и секогаш е верен.

Си спомнуваш ли за овој псалм:
Тие ќе минат, Ти ќе останеш;
како облека тие ќе оветвеат....
Но Ти си Тој, истиот и годините Твои нема да изминат
(Псалм 101,26-27).

Чуј ја и оваа молитва што Му ја упатуваме на Бога, заедно со свештеникот, во текот на Божествената литургија: „Ти си Бог неискажлив, неразбирлив, невидлив, несфатлив, Кој секогаш постоиш и секогаш си сличенна Самиотсебе."
Можно е човек да биде неверен на својата жена, на својата религија, на своите политички должности. Тој може да биде неверен на Бога и на самиот себе. Да, човекот, за жал, се менува често според бранувањето на својата психологија: било да старее, или да го менува своето мислење или под влијание на мислења што се на мода или од луѓе посилни од него. Но Бог не се менува, Он е како камен Неговото ветување не може да се измени и Неговата верност е секогаш постојана: „Он е Каменот, Неговото дело е совршено, зашто Неговите патишта се прави, Он е Бог верен и без неправда, Он е Правда и Вистина" (Второзаконие 32,4).
Но Он го создал човекот слободен и Неговиот Сојуз е сојуз на љубов. Никој никого не може да присили да сака. Можам да те принудам да ме слушаш и, како што рече пред малку, да употребам сила, казна; но не можам во никој случај да те присилам да ме сакаш, тоа е неможно. Исто така и Бог бара од секој од нас љубов и верност, но ние можеме да одбиеме. Тоа беше вистина во времето на Стариот завет (сојуз), тоа е вистина и денес: сфати го ед наш ова: Бог секогаш ни ја остава слободата да не Го примиме. Затоа е страшна таа слобода за којатолку се зборува. Слободата не прави одговорни за одбивањето, за раскинатиот сојуз меѓу Бога и нас, бидејќи Он секогаш доаѓа кај нас, како најтивок гостин, најскромно за да не не присили. Он неуморно ни ја предлага Својата како камен непоколеблива верност; но најчесто меѓу своите Он наоѓа тврдо срце и рамнодушност, кои раѓаат неверност, а понекогаш и предавство.


В) ПРЕТСКАЖУВАЊЕТО НА НОВИОТ ЗАВЕТ

Затоа, преку устата на својот пророк Еремија, Бог вели за Својот народ, народот еврејски: „Тие го раскинаа Мојот завет што го направив со нивните татковци, кога ги изведов од Египет; нотогаш и Јас ги занемарив, вели Господ" (Еремија 31,32).
Но овој раскин сепак не е конечен и пророкот додава: „Еве доаѓаат денови, вели Господ, кога со домот Израилев и со домот Јудин ќе склучам нов завет... Еве го заветот што ќе го склучам со домот Израилев по оние денови, вели Господ: Својот завет ќе го ставам во мислите нивни и ќе го врежам во нивните срца и ќе им бидам Бог итие ќе ми бидат народ" (Еремија 31,33).

Каков ќе биде, значи, овој Сојуз нов? Овој завет нов или поскоро овој Нов завет што Бог ќе го склучи со својот народ ?

 

 

gakon.Goran.A.jpg

 Извор: БОГ Е ЖИВ

 

ВЕРОУЧЕНИЕ (КАТИХИЗИС) ЗА СЕМЕЈСТВАТА

Издавач: Преспанско- пелагониска епархија, Битола, 1983

Превод: прф. Јован Таковски 

Друго:

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (3)

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (2)

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (1)

 

 

 Бог е жив- Месијанското очекување (2)

Бог е жив- Месијанското очекување(1)

http://preminportal.com.mk/content/view/4440/1/

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3133
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7607
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/11/2024 - вторник

Свети Павле Исповедник, патријарх Цариградски; Преподобен Варлам Хутински ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Вера имајќи повредна од животот земен,дарувана ви беше о Галактионе и Епистимо, времето дадено за преумување мудро го употребивте поучени...

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная