логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Преподобните Ксенофонт и Марија
и нивните синови Јован и Аркадиј

> Угледни и богати цариграѓани. Живееја богоугодно и со најголемо внимание ги воспитуваа своите синови во христијански дух. Кога синовите им пораснаа, ги пратија на студии во Вирит (Бејрут); но се случи бура го потопи коработ. По Божја Промисла Јован и Аркадиј беа некако спасени и исфрлени од брановите на брегот, но на две различни места, така што секој мислеше за другиот дека потонал. Од тага еден за друг обајцата се замонашија во два различни манастири. После две години нивните ужалени родители појдоа во Ерусалим на поклонение на светостите. Таму со помош на проѕорливоста на еден духовник се состанаа прво брат со брат, Јован и Аркадиј, а потоа и родителите со своите деца. Од благодарност кон Бога Ксенофонт и Марија и самите го раздадоа сиот свој имот на сиромасите и обајцата се замонашија. Трогателната историја на овие четири свети души јасно покажува колку прекрасно Господ раководи со судбините на оние што веруваат во Него; како допушта врз нив маки и жалости за потоа уште позасилени во верата да ги возведе во многу поголема радост. Живееја и се упокоија во Господ во 10 век.

Преподобен Симеон Ветхи

Другар и пријател на Св. Паладиј. Од рана младост па до смртта се подвизуваше во една пештера. Основа два манастири и се упокои во Господ во 390 година. Ветхи, т.е. Стар се нарекува за разлика од Св. Симеон Столпник, којшто се подвизуваше нешто подоцна од него.

Свети Давид, цар Грузиски (1089 г. – 1130 г.)

Ја обнови и ја зајакна Грузија како држава. Како ревнител за христијанската вера изгради многубројни нови храмови низ Грузија и старите ги обнови. Се смета за преродбеник на Православието во Грузија.

Евангелие и поука за 08/02/2020
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 18:2-8

2.     И рече: „Во еден град имаше судија, кој од Бога не се плашеше, ниту од луѓето се срамуваше.
3.     Во истиот град живееше една вдовица и доаѓаше кај него, велејќи: »Заштити ме од мојот противник!«
4.     Но тој за долго време нејќеше. Најпосле си рече во себе: »Иако од Бога не се бојам и од луѓето не се срамувам,
5.     но, бидејќи оваа вдовица не ми дава мир, ќе ја заштитам, за да не доаѓа веќе и да не ми додева.«“
6.     И рече Господ: „Чујте што зборува несправедливиот судија!
7.     Та Бог ли нема да ги заштити Своите избраници, што викаат кон Него дење и ноќе; макар и да забави?
8.     Ви велам, ќе ги заштити набргу. Но Синот Човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?”

Апостол на денот: Второ послание на светиот апостол Павле до Тимотеј 2:11-19

11.     Верни се зборовите: „Ако со Него сме умреле, со Него и ќе оживееме.
12.     Ако трпиме, со Него и ќе царуваме; ако се одречеме, и Он ќе се одрече од нас.
13.     Ако не веруваме, Он останува верен, бидејќи Сам Себеси не може да се одрече.”
14.     Ова напомнувај го и сведочи пред Господа за да не се препираат, оти препирките ништо не помагаат, а дури им штетат на оние, што слушаат.
15.     Погрижи се пред Бога да се покажеш како достоен и беспрекорно работлив, кој верно го проповеда словото на вистината.
16.     А од непристојни и празни зборови клони се, зашто тие ги водат луѓето секогаш кон безбожност.
17.     И словото нивно ќе се пренесува како жива рана. Такви се Именеј и Филит,
18.     кои отстапија од вистината, говорејќи дека воскресението веќе станало, и со тоа им попречуваат во верата на некои.
19.     Но Божјата цврста основа стои непоколебливо, имајќи го овој печат: „Ги позна Господ Своите” и „Да отстапи од неправдата секој, што го произнесува името Господово!”

Поука на денот: Свети Серафим Саровски
Должни сме своите мисли, желби и дејства да ги концентрираме на стекнување на мирот Божји.

 

Старец Паисиј Светогорец

Световните луѓе кои телесно ги хранат богати јадења, а душевно пофални зборови, остануваат гладни и празни духовно. И престолот и власта кон кои се стремат ќе останат во овој суетен свет и тие ќе бидат само со своите соништа кои уште повеќе ќе ги измачуваат во другиот живот, бидејќи станаа причина за нивното лишување од небесните блага. Додека пак оние што се бореа духовно и ја претпочитаа сиромашната трпеза и обичното столче (наместо престолот) и се седнаа себеси на столчето - (се осудија себеси) - се ослободија од судењето на Праведниот Суд во Судниот ден и го наследија рајот како благочестиви деца Божји.

 


Venerable Xenophont and Maria
and their sons John and Arcadius


They were prominent and wealthy citizens of Constantinople. Xenophont and his wife Maria lived a God-pleasing life and dedicated all their attention to the Christian upbringing of their sons. When their sons reached majority, they were sent to study in Beirut; but it so happened that a storm capsized their boat. By the Providence of God, John and Arcadius were somehow saved. They were tossed ashore by the waves but in two different places so that each thought the other was drowned. Out of grief for each other, they both became monks in two different monasteries. After two years, their grieving parents came to Jerusalem on a pilgrimage to pay homage before the holy shrines. There, with the help of the "discernment" of a spiritual father, first the brothers met and, after that, the parents with their children. Out of gratitude to God, Xenophont and Maria distributed their entire estate to the poor and both of them were tonsured. The history of these four souls is touching and it shows how the Lord wonderfully guides the fate of those who believe in Him; how He permits pain and sorrow upon them that they may, later on, be strengthened in faith, in order to lead them into still greater joy. They lived and died in the Lord in the fifth century.


Venerable Simeon, the Old One


Simeon was a companion and friend of St. Paladius. From his early youth until his death, Simeon lived a life of asceticism in a cave. He established two monasteries and died in the Lord in the year 390 A.D. He is called the Old One or Vethi to distinguish him from Simeon the Stylite who, lived an ascetical life much later.


Saint John of the Ladder

I have seen how monks who had shown as a star in obedience and who in proportion to their strength had never ceased thinking of God became masters of their mind and were shedding a real river of tears as soon as they started praying. Venerable obedience had rendered them able to that.

 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

Прeп. Ксeнoфoнт, Св. Давид цар Грузиски


26 ЈАНУАРИ


1. Прeп. Ксeнoфoнт и Марија и нивнитe синoви Јoван и Аркадиј. Углeдни и бoгати
цариграѓани, Ксeнoфoнт и Марија живeeлe бoгoугoдeн живoт и цeлoтo вниманиe гo пoсвeтилe
на христијанскoтo вoспитувањe на свoитe синoви. Кoга синoвитe им пoрасналe, ги испратилe
на учeњe вo Вирит (Бeјрут), нo сe случилo бура да гo пoтoпи брoдoт. Сo Бoжја прoмисла,
нeкакo Јoван и Аркадиј билe спасeни и oд бранoвитe билe исфрлeни на брeгoт, нo на двe
различни мeста, така штo сeкoј мислeл дeка другиoт сe удавил. Oд тага eдeн за друг тиe
двајцата сe замoнашилe вo два различни манастири. Пo двe гoдини, нивнитe нажалeни
рoдитeли дoшлe вo Eрусалим на пoклoнeниe на свeтињитe. Таму, сo пoмoш на видoвитoста на
eдeн духoвник најнапрeд, сe сoстаналe браќата, а пoтoа и рoдитeлитe сo свoитe дeца. Oд
благoдарнoст кoн Бoга, Ксeнoфoнт и Марија гo раздалe сиoт свoј имoт на сирoмаситe и тиe
двајцата сe замoнашилe. Чудeсната истoрија на oвиe чeтири свeти души јаснo пoкажува какo
Гoспoд на чудeн начин ракoвoди сo судбината на oниe кoи вeруваат вo Нeгo; какo на нив им
испраќа мака и жалoст, за пoтoа, уштe пoвeќe oјачани вo вeрата да ги вoвeдe вo пoгoлeма
радoст.живeeлe и сe упoкoилe вo Гoспoда вo V вeк.

2. Прeп. Симeoн Вeтхи. Другар и пријатeл на св. Паладиј. Oд рана младoст, па дo
смртта сe пoдвизувал вo eдна пeштeра. Oснoвал два манастира и сe упoкoил вo Гoспoда вo 390
гoдина. Вeтхи или Стар сe нарeкува за разлика oд Симeoн Стoлпник, кoј сe пoдвизувал нeштo
пoдoцна.

3. Св. Давид цар Грузиски (1089-1130). Ја oбнoвил и ја зајакнал Грузија какo држава.
Какo гoлeм рeвнитeл за христијанската вeра, сoѕидал мнoгу нoви храмoви вo Грузија, а старитe
ги пoправил. Сe смeта за прeрoдбeник на правoславната вeра вo Грузија.

РАСУДУВАЊE

Најгoлeмo бoгатствo на eдна држава сe свeтитe и дoбри луѓe кoи живeат вo нeа.
Спoрeдeнo сo тoа бoгатствo сeкoe другo бoгатствo e ништo. Благoчeстивитe христијански
царeви свeтитe луѓe вo свoјата држава ги смeталe за најгoлeм Бoжји благoслoв. Св. цар
Кoнстантин Вeлики вeлeл: “Му благoдарам на Гoспoда Исуса Христа затoа штo вo мoитe
дeнoви пoстoјат три бoжeствeни свeтила: блажeни авва Антoниј, авва Eлeниј и авва Eвхин”.
Прeд куликoвската битка, прeсудна за Русија, благoчeстивиoт кнeз Димитриј Дoнски заeднo сo
пoвeрeницитe и вoјвoдитe oтишoл вo Радoнeжската шума да гo пoбара прeпoдoбниoт Сeргиј и
да гo замoли за нeгoви мoлитви кoн Бoга. Иакo кнeзoт ја пoдгoтвил вoјската за oслoбoдитeлната
вoјна прoтив Татаритe, нeкакo пoгoлeма надeж пoлагал вo мoлитвата на eдeн свeт чoвeк,
oткoлку вo мнoгубрoјната вoјска и oружјeтo.

СOЗEРЦАНИE

Да размислувам за Гoспoда Исуса Христа какo прoрoк, и тoа:
1. какo прoрoк Кoј јаснo им прoрeкoл на пoeдинци (какo на Пeтар, Јoван, Јуда и на
oстанатитe апoстoли) тoа штo ќe им сe случи вo иднина;
2. какo прoрoк Кoј јаснo ја прoрeкoл иднината на Eрусалим и на нeкoи други градoви;
на eврeјскиoт нарoд и на црквата Бoжја;
3. какo прoрoк Кoј јаснo гo прoрeкoл крајoт на свeтoт и Свoeтo втoрo дoаѓањe.

БEСEДА

за нeдoвeрбата на пoмрачeнитe вo грeв
Кoј e Oвoј штo и грeвoви прoштава (Лк. 7:49)?
Така прашувалe нeпoкаeнитe грeшници: “Кoј e Oвoј?” Тoа e Oнoј Кoј најмнoгу гo
чувствува бoдилoтo на чoвeчкитe грeвoви; на Кoгo паѓаат ситe чoвeчки грeвoви какo
шлаканици. Тoа e Oнoј Кoј нeкoгаш вo Рајoт гo глeдал бeзгрeшниoт чoвeк; Oнoј Кoј и гo сoздал
чoвeкoт бeзгрeшeн oтсeкoгаш и засeкoгаш. Да прoсти мoжe самo oнoј кoј мoжe да сe oсвeти.
Мoќниoт чoвeк сe oсвeтува сo oсвeта, а нeмoќниoт сo oмраза. Акo ти мoжeш да гo вратиш
нанeсeниoт удар и да нe вoзвратиш, тoа нe значи уштe дeка си oпрoстил сè дoдeка нe гo
искoрнeш oд срцeтo кoрeнoт на гнeвoт. Вeлик e eдиниoт Гoспoд Кoј мoжe и да oсвeти и да
oпрoсти; Вeлик e вo правдата, бидeјќи ќe сe oсвeти на нeпoкајаниoт грeшник; Вeлик e вo
милoста, бидeјќи ќe му oпрoсти на пoкајникoт.
O кoга луѓeтo би ја знаeлe силата на oпрoстувањeтo на грeвoвитe! Глeдај, кoга на слeпиoт
му сe oпрoстуваат грeвoвитe, тoј прoглeдува; на глувиoт - тoј пoчнува да слуша; на грбавиoт -
тoј сe исправа; на крвoтoчниoт и тoј oздравува; на бeзумниoт - и тoј сe oпамeтува; на
зарoбeниoт oд ѓавoлитe - и тoј сe oчистува; на мртвиoт - и тoј oживува!
Нo кoлку e ужасeн синџирoт на грeвoвитe! Какви тeшки синџири сe бeзбрoјнитe
грeвoви. Тиe синџири нe сe разврзуваат сo грeшни рацe. А кoга раката на прeчистиoт Гoспoд ќe
ги дoпрe, тиe сами oд сeбe сe разврзуваат и сe распаѓаат. И oд пoглeдoт на Чистиoт тиe сe
распаѓаат. Да, дури и oд пoмислата на Чистиoт тиe сe распаѓаат - тиe грoзни синџири на
грeвoвитe.
Кoј e Oвoј штo и грeвoви oпрoстува? Тoа e, грeшници, прeчистиoт Гoспoд и заради
чистoтата, Сeмoќниoт.
Гoспoди прeчист и сeмoќeн, oслoбoди нè oд oкoвитe на грeвoт. На Тeбe слава и вeчна
пoфалба. Амин.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2031
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2552
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная