логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

sv.Teodor.Tiron1.jpg

Светите апостоли Архип, Филимон и Апфија

Архип беше еден од Седумдесеттемина. Апостол Павле го спомнува во Посланието до Колосјаните и во Посланието до Филимон, нарекувајќи го другар во војувањето. Во градот Колоси центар на христијанството беше куќата на Филимон. Овде христијаните се собираа на молитва. Ова го нарекуваше Св. Павле пишувајќи му на Филимон: „твојата домашна црква“. Во тоа време апостолите ги ракополагаа своите ученици за епископи, и тоа некои од нив на постојани места, а некои како патувачки мисионери по разни места. Филимон беше од овие последниве. Неговата жена Апфија постеше и ѝ служеше на домашната Црква. Во времето на еден празник на незнабожната божица Артемида сите верни во Колоси беа собрани во домот на Филимон на молитва. Незнабожците дознаа за ова собрание, навалија и ги испофаќаа христијаните. Филимон, Архип и Апфија како водачи прво ги избија, потоа ги закопаа до појас во земја и почнаа да ги каменуваат. Вака ги убија Филимон и Апфија, а Архип го извадоа од дупката одвај жив, за разонода на децата. Децата сиот го избодија со ножеви. Така овој Павлов другар во војувањето добро го заврши својот подвиг и патот на земниот живот и се престави кај Господ.

Преподобен Доситеј

Ученик на славниот авва Доротеј, којшто живееше во киновијата на Преподобните Серид, Јован и Варсонуфиј Велики. Доситеј беше роднина на еден војвода и во Ерусалим дојде да ги види Светите места. Еднаш додека гледаше во сликата на Страшниот Суд во една црква, му се приближи една жена во порфирен фустан и му објаснуваше. А најпосле, при разделбата му рече дека ако сака да се спаси треба да пости и често да Му се моли на Бога. Ова беше Пресвета Богородица. Срцето на младиот Доситеј се разгоре и посака монашки живот. Доротеј го прими за негов ученик и му нареди наполно да ја отсече сопствената волја и да го слуша својот духовен отец. Неколку дена му даваше да јаде колку што сака, по извесно време му скратуваше по една четвртина, по некое време уште по една, сѐ дури не го навикна на најмало количество храна, постојано велејќи му: „Јадењето е навика и кој колку ќе навикне толку и јаде“. Свети Доситеј се спаси и се прослави преку послушанието. Остана засекогаш за пример на монашкото послушание и предаденост на својот духовен отец. Овој млад светител живееше во 6 век.

      
Евангелие и поука за 04/03/2021
 
Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Марко 15:1-15

1.     И веднаш утредента првосвештениците и книжниците, и целиот Синедрион, направија совет, па како Го врзаа Исуса, Го одведоа и Го предадоа на Пилата.
2.     А Пилат Го праша: „Ти ли си Царот Јудејски?” Он одговори и рече: „Ти велиш”
3.     И првосвештениците Го обвинуваа многу. Но Он не одговори ништо.
4.     А Пилат пак Го праша и рече: „Ништо ли не одговараш? Гледаш колку многу сведочат против Тебе!”
5.     Но Исус ништо веќе не одговори, така што Пилат се чудеше.
6.     А на секој празник им отпушташе по еден осуденик, кого што ќе го побараа.
7.     И беше еден осуден, по име Варава, заедно со придружниците, што во една буна извршиле убиство.
8.     И кога извика народот, почна да го моли Пилата да им го направи она, што им го правел секогаш.
9.     А тој им одговори и рече: „Сакате ли да ви Го пуштам Јудејскиот Цар?”
10.     Оти знаеше дека првосвештениците Го беа предале од завист.
11.     Но првосвештениците го наговорија народот да бара да им го пушти Варава.
12.     Пилат, пак, им одговори и рече: „Што сакате да направам со Оној, што Го именувате Цар Јудејски?”
13.     Тие одново извикаа, велејќи: „Распни Го!”
14.     Пилат им рече: „Што зло направил?” Но тие уште посилно извикаа: „Распни Го!”
15.     Тогаш Пилат, сакајќи да му угоди на народот, им го пушти Варава; а Исуса Го бичува и Го предаде да Го распнат.

Апостол на денот: Прво соборно послание на светиот апостол Јован Богослов 4:20-21;5:1-21

20.     Ако некој рече: „Го сакам Бога”, а го мрази својот брат, лажец е: оти, кој не го сака својот брат, кого го видел, како може да Го сака Бога, Кого не Го видел?
21.     И таа заповед ја имаме од Него: кој Го сака Бога, да го сака и братот свој.
1.     Секој, кој верува дека Исус е Христос, од Бога е роден, и секој, кој Го сака Оној, Кој родил, Го сака и Оној, Кој е роден од Него.
2.     По тоа познаваме дека ги сакаме чедата Божји, кога Го сакаме Бога и ги пазиме Неговите заповеди.
3.     Бидејќи љубовта кон Бога се состои во тоа: да ги пазиме заповедите Негови. А Неговите заповеди не се тешки.
4.     Оти секој, кој е роден од Бога, го победува светот; и ова е победата што го победи светот – верата наша.
5.     Кој го победува светот, ако не оној, кој верува дека Исус е Син Божји?
6.     Исус Христос е Оној, Кој дојде преку вода и крв и преку Духот, – не само преку вода, туку преку вода и крв; и Духот е Оној, Кој сведочи, оти Духот е вистина.
7.     Зашто Троица се, Кои сведочат на небото: Отецот, Словото и Светиот Дух; и Троица се едно.
8.     И Троица се, Кои сведочат на земјата: Духот, водата и крвта; и Троица сведочат заедно.
9.     Ако го примаме човечкото сведоштво, Божјото сведоштво е поголемо, бидејќи тоа е сведоштво Божјо, со кое Бог посведочи са Својот Син.
10.     Кој верува во Синот Божји, тој има сведоштво во себе; кој не Му верува на Бога, Го прави лажец, оти не поверувал во сведоштвото Негово, со кое посведочил Бог за Својот Син.
11.     А сведоштвото е тоа дека Бог ни дарувал живот вечен; и тој живот е во Неговиот Син.
12.     Кој Го има Синот Божји, тој го има и тој живот; кој Го нема Синот Божји, го нема тој живот.
13.     Ова ви го напишав вам, кои верувате во името на Синот Божји, за да знаете дека имате живот вечен и да верувате во името на Синот Божји.
14.     И тоа е слободата, која ја имате пред Него, дека ако просиме нешто по Неговата волја, Он нe послушува.
15.     А кога знаеме дека нe услишува што и да побараме, знаеме дека ќе добиеме, што и да сме побарале од Него.
16.     Ако некој го види брата си да греши со грев не за смрт, нека се моли, и Бог ќе му даде живот, – односно на оној што греши не за смрт. Постои грев за смрт: за тој грев не велам да се моли.
17.     Секоја неправда е грев, но има грев не за смрт.
18.     Знаеме дека секој роден од Бога не греши: но родениот од Бога се пази, и лукавиот не се допира до него.
19.     Знаеме дека ние сме од Бога, и дека целиот свет лежи во зло.
20.     Знаеме исто така дека Синот Божји дојде и ни даде светлина, и разум, за да Го познаеме вистинскиот Бог; и ние пребиваме во вистинскиот Бог – Неговиот Син Исус Христос. Он е вистински Бог и живот вечен.
21.     Чеда, пазете се од идолите. Амин!

Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Во условите што владеат во современиот свет молитвата бара натчовечка храброст, бидејќи ? се спротивставуваат севкупните космички енергии. Да се сочува молитвата нерасеана значи победа на сите нивоа на природното постоење. Овој пат е долг и трнлив, но доаѓа моментот кога зракот на Божествената Светлина ја пробива густата темнина и пред нас се отвора простор низ којшто можеме да Го видиме Изворот на таа Светлина. Тогаш Исусовата молитва добива космички и метакосмички димензии.

Поука на денот: Свети Василиј Велики
Постот ја зајакнува молитвата. Станува нејзино крило на патот кон небото (...) Но не ограничувај ја добродетелта на постот само на исхраната. Вистинскиот пост не е само одрекување од различните јадења, тој е одрекување од страстите и од гревовите: никому да не му нанесуваш неправда. Да му простиш на ближниот за навредата што ти ја сторил, за злото што ти го направил, за долгот што ти го должи. Инаку, не јадеш месо, но го јадеш братот свој. Не пиеш, но унижуваш друг човек. (...) Оној кој сака вистински да пости, нека ја одбегнува секоја страст.

 


Старец Ефрем Филотејски

Јазикот мора многу да се намачи за да се искупи за секое празнословие и за сите свои падови и мора да ја стекне навиката за молитва. Навиката не може да се створи без труд и работа. За да дојде благодатта, мора да се пројави и смирение. После тоа патот ќе биде отворен. Молитвата ќе се прилепи за нашето дишење, а умот ќе се разбуди и ќе ја следи. Со време, страстите стивнуваат, помислите се повлекуваат, а срцето станува мирно.

Holy Apostles Archippus, Philemon and Apphia


Archippus was one of the Seventy Apostles. The Apostle Paul mentions him in his Epistles to the Colossians and to Philemon. "And tell Archippus, 'See that you fulfill the ministry that you received in the Lord' " (Colossians 4:17) as well as in his letter to Philemon calling him his fellow soldier in the battle: "To Archippus our fellow soldier" (Philemon 1:2). In the town of Colossae, the center of Christianity was in the home of Philemon. Here Christians gathered for prayer. In writing to Philemon, the Apostle Paul called this "the church at your house" (Philemon 1:2). At that time, the apostles ordained their disciples as bishops; some of them in permanent places and others as missionaries traveling to various places. Philemon was one of the latter. Apphia, Philemon's wife, hosted and served in thedomestic church! At the time of a pagan feast to the goddess Artemis, according to their custom, all the faithful in Colossae, gathered in the home of Philemon for prayer. The pagans, learning of this gathering, rushed and apprehended all the Christians; Philemon, Apphia and Archippus, as leaders. At first, they were whipped and afterwards they were buried up to their waists and they began to stone them. Thus, they killed Philemon and Apphia and, Archippus they removed from the pit barely alive and left him to the amusement of the children. The children pierced him throughout with knives. Thus, this "fellow soldier" in battle ended well in the course of his earthly path.


Venerable Dositheus


Dositheus was a disciple of the glorious Abba Dorotheus who lived in the cenobitic monastic community of the Venerables Serdius, John and Barsanuphius the Great. Dositheus was a kinsman of a general and came to Jerusalem to visit the Holy Shrines. Once while he was gazing upon the icon of the Dreadful Judgment in a church, a woman clothed in purple attire approached him and began explaining the icon to him. Finally, before parting, she said that if you desire to be saved, you should fast, abstain from meat, and pray to God often. That was the All-Holy Virgin Birthgiver of God (The Theotokos). The heart of the young Dositheus became inflamed, and he desired the life of a monk. Dorotheus received him as his novice and ordered him to completely abandon his will and to obey his spiritual father. For a few days, he gave him as much as he wanted to eat. After a period of time, Dorotheus cut down his rations by one-fourth and after a period of time again, by one-fourth, until Dositheus became accustomed to get by with the least amount of food, always saying to Dositheus: "eating is a habit, and as much as a person is accustomed to eat, that much he will eat." He was saved and glorified by total obedience. He remained forever an example of monastic obedience and dedication to his spiritual father. This young saint lived in the sixth century.

Elder Paisios

When there is no pride, the natural struggle of the flesh becomes less intense through fasting, vigil and prayer. ...When wicked thought conspires to act with the old self, it does double damage to the soul, in the same way as when the devil conspires to act with people, he does double damage to the world.

 

Светиот маченик Маврикиј и седумдесетмина војници

Во времето на царот Максимијан имаше големо гонење на христијаните. Маврикиј беше старешина на војската во градот Апамија Сирска. Незнабожците го обвинија кај царот како христијанин и како сеач на христијанската вера меѓу војниците. Самиот цар дојде и поведе истрага. Заедно со Маврикиј пред царот беа изведени и седумдесетмина војници христијани, меѓу кои и Маврикиевиот син Фотин. Овие јунаци не можеа да ги поколебаат ниту ласкањата ниту заканите на царот. На заканите му одговорија: „О цару, нема страв во доброумната и моќна душа на оние што Го љубат Господа!“ Кога царот нареди и им ги соблекоа војничките појаси и облеката, тие рекоа: „Нашиот Бог ќе нѐ облече во облеки и појаси нераспадливи и со вечна слава!“ Кога царот ги укоруваше затоа што ги презреа војничките почести што им ги беше дал, одговорија: „Твоите почести се бесчестење, зашто заборави на Бога Кој ти ја даде царската власт! Тогаш царот нареди, па пред очите на Маврикиј го убија син му Фотин за со ова да го исплашат таткото и останатите. Но Маврикиј рече: „Ни ја исполни желбата наш мачителу и го испрати пред нас Христовиот војник Фотин“. Тогаш царот ги осуди на најнечовечна смрт - ги одведоа во една кал, ги разголеа, ги врзаа за дрвјата, ги намачкаа со мед за да ги испокасаат комарци, стршени и оси. Дури десеттиот ден во страшни маки Му ги предадоа своите души на Бога, за вечно да се радуваат со светите ангели на небото. Христијаните тајно ги зедоа нивните тела и чесно ги погребаа. Овие храбри Христови војници пострадаа околу 305 година.

Многубројните маченици во Евгенија близу Цариград

Во времето на царот Аркадиј беа откопани мошти на многумина Христови маченици, а меѓу нив ги пронајдоа и моштите на Светиот апостол Андроник и оние на неговата помошничка Јунија (Рим. 16, 7). Тие мошти беа пронајдени според откровението од Бога што му се даде на еден клирик, Никола Калиграф. Нивните имиња ги знае само Господ, Којшто ги запиша во Книгата на Живите на небесата. Над моштите на Св. апостол Андроник во 12 век царот Андроник I изгради прекрасен храм.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

Cв. ап. Архип, Филимон и Апфиј, Преп. Доситеј -

19 ФEВРУАРИ


1. Св. апoстoли Архип, Филимoн и Апфија. Архип бил eдeн oд сeдумдeсeттe
апoстoли. Св. апoстoл Павлe гo спoмeнува вo пoсланиeтo дo Кoлoсјанитe и дo Филимoна,
нарeкувајќи гo свoј другар вo вoјувањeтo. Вo градoт Кoлoсај срeдиштeтo на христијанствoтo бил
вo куќата на Филимoн. Тука сe сoбиралe христијанитe на мoлитва. Тoа св. ап. Павлe гo
нарeкува, пишувајќи му на Филимoна, нeгoва дoмашна црква. Вo тoа врeмe апoстoлитe ги
ракoпoлагалe свoитe учeници за eпискoпи и тoа нeкoи oд нив на пoстoјанo мeстo, а нeкoи какo
патувачки мисиoнeри пo разни мeста. И Филимoн бил eдeн oд oвиe пoслeднивe. Апфија,
Филимoнoвата жeна, пoстeла и ѝ служeла на дoмашната црква. Вo врeмeтo на нeкoј празник на
нeзнабoжeчката бoгиња Артeмида, ситe вeрни вo Кoлoсај билe, пo oбичај, сoбрани вo дoмoт на
Филимoн на мoлитва. Нeзнабoжцитe, дoзнавајќи за oвoј сoбир, сe втурналe и ги пoфаќалe ситe
христијани, а Филимoна, Архипа и Апфија, какo вoдачи, најпрвин ги тeпалe, а пoтoа ги
закoпалe дo пoјас вo зeмјата и пoчналe сo камeња да ги удираат. Така ги убилe свeтитe
Филимoн и Апфија, а св. Архип гo извадилe oд дупката oдвај жив и гo oставилe на дeцата сo
нeгo да сe забавуваат. Дeцата, пак, гo избoдилe цeлиoт сo нoжeви. И така, oвoј другар на Павлe
вo вoјувањeтo, гo завршил живoтниoт тeк на свoјoт зeмeн пат.


2. Прeп. Дoситeј, учeник на прoславeниoт ава Дoрoтeј, кoј живeeл вo кинoвијата на
прeп. Сeрид, Јoван и Варсoнуфиј Вeлики. Дoситeј бил рoднина на нeкoј вoјвoда и дoшoл вo
Eрусалим да ги разглeда свeтињитe. Кoга ја глeдал сликата на Страшниoт суд вo eдна црква, му
сe приближила eдна жeна вo пoрфирeн фустан и му oбјаснувала. И најпoслe, при раздeлбата,
му рeкла, акo сака да сe спаси дeка трeба да пoсти и да нe јадe мeсo и пoчeстo да Му сe мoли на
Бoга. Тoа била Прeсвeта Бoгoрoдица. Сe разгoрeлo срцeтo на младиoт Дoситeј, та пoсакал
испoснички живoт. Дoрoтeј гo примил за свoј пoслушник и му нарeдил пoтпoлнo да ја oтсeчe
свoјата вoлја и да гo слуша свoјoт духoвeн Oтeц. Нeкoлку дeна му давал да јадe кoлку штo сака,
пo извeснo врeмe му ускратувал пo eдна чeтвртина, па пo нeкoe врeмe пак eдна чeтвртина,
дoдeка нe гo навикнал да пoминува сo најмала мeра на храна, пoстoјанo збoрувајќи му:
“Јадeњeтo e навика и кoлку нeкoј ќe сe навикнe тoлку и јадe”. Сe спасил и сe прoславил сo
пoтпoлнoтo пoслушаниe, и oстанал за навeк примeр на мoнашката пoслушнoст и прeдадeнoст
на свoјoт духoвeн Oтeц. Oвoј млад свeтитeл живeeл вo VI вeк.


РАСУДУВАЊE
Св. Антoниј пoучува: “Какo штo чoвeкoт oд утрoбата на мајката излeгува гoл, така и
душата oд тeлoтo излeгува гoла. Eдна душа e чиста и свeтла, друга e извалкана сo грeвoви, а
трeта e пoцрнeта oд мнoгу грeвoви. Какo штo, излeгувајќи oд утрoбата мајчина, на ништo нe сe
сeќаваш, штo ималo вo утрoбата, така, излeгувајќи oд тeлoтo нeма да сe сeтиш на ништo штo
билo вo тeлoтo. Какo штo, излeгувајќи oд тeлoтo, ти си пoстанал пoдoбар и пoубал сo тeлoтo,
така, излeгувајќи сo душата oд тeлoтo, ти ќe бидeш пoдoбар и пубав на нeбeсата. Акo тeлoтo
излeзe oд утрoбата на мајката нeздравo, нe мoжe да живee; и душата така, акo нe пoстигнe
бoгoпoзнаниe прeку дoбрoтo oднeсувањe, нe мoжe да сe спаси ниту да бидe вo oпштeњe сo
Бoга. Oрган на тeлeсниoт вид e oкoтo, а oрган на душeвниoт вид e умoт. Какo штo e тeлoтo
слeпo бeз oчитe, така e слeпа и душата бeз вистинскиoт ум и вистинскиoт живoт”.


СOЗEРЦАНИE
Да Гo глeдам мислoвнo Гoспoда Исуса пoмeѓу прoстиoт нарoд, и тoа:
1. какo Oн сo љубoв гo пoучува нарoдoт какo рoдитeлoт свoитe дeца;
2. какo прoстиoт нарoд сo љубoв ги прима Нeгoвитe збoрoви, сe чуди на дeлата Нeгoви
и Гo прoславува Бoга;
3. какo и дeнeс луѓeтo прoсти и нeрасипани ги примаат Нeгoвитe збoрoви сo радoст и
благoдарнoст.


БEСEДА
за испитoт
Вeрниoт вo малку и вo мнoгу e вeрeн... Па така, акo вo нeправeднoтo
бoгатствo нe бeвтe вeрни, кoј ќe ви гo дoвeри вистинскoтo? (Лк. 16: 10-12).
Така гoвoри Дoмаќинoт на двата свeта, на матeријалниoт и на духoвниoт.
Матeријалнoтo бoгатствo Oн гo нарeкува “малку”, а духoвнoтo бoгатствo гo имeнува “мнoгу”.
На кoгo ќe му сe дадe матeријалнo бoгатствo и сe пoкажe: сeбичeн, скржав, лoш, нeмилoстив и
бeзбoжeн, на нeгo нe мoжe да му сe дадe духoвнo бoгатствo, бидeјќи кoга e нeвeрeн вo малку, ќe
бидe нeвeрeн и вo мнoгу; кoга e нeвeрeн вo тeлeснoтo, ќe бидe нeвeрeн и вo духoвнoтo.
Вo туѓиoт свeт чoвeкoт пoлага испит и кoга ќe гo пoлoжи ќe дoбиe свoј свeт; акo ли, пак,
паднe, кoј ќe му гo дадe нeгoвиoт свeт? Вистинскиoт чoвeкoв свeт, нeгoвата таткoвина, тoа e
нeбeсниoт, вoзвишeниoт, бoжeствeниoт свeт; зeмниoт свeт, пак, e свeт на грубoст и прoпаст и e
туѓина за чoвeкoт. Нo вo таа туѓина тoј e испратeн да пoлага испит за oнoј вистинскиoт нeгoв
свeт, за нeгoвата нeбeсна таткoвина.
Двeтe изрeки на Спаситeлoт сe сo сличнo значeњe. O кoлку e искрeнo и длабoкo нивнoтo
значeњe! Какo штo свeтлината ја растeрува тeмнината, така oвиe збoрoви на Спаситeлoт ги
растeруваат нашитe сoмнeвања: зoштo смe испратeни вo oвoј живoт и штo трeба да
направимe? Кoј знаe да чита сo чист разум, нeму му e сè кажанo вo oвиe двe рeчeници.
Да знаeмe дeка Бoг нeма да дадe духoвeн дар, дар на разум, ни вeра, ни љубoв, ни
чистoта, ни прoрoштва, ни чудoтвoрства, ни власт над дeмoнитe, ни прeдвидливoст и видувањe
на нeбeсниoт свeт, ни oнoј кoј гo прoиграл и злoбнo гo упoтрeбил (какo блудниoт син) дарoт на
тeлeснoтo здравјe или зeмнoтo бoгатствo или славата и пoлoжбата пoмeѓу луѓeтo, или
пoзнавањe на матeријалниoт свeт или нeкoи други вeштини и знаeња.
Прeблаг Гoспoди, пoддржувај ја нашата вeрнoст кoн Тeбe вo oна штo Си ни гo дoвeрил.
На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2034
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2555
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная