логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 vozdvizenie.jpg

Светите апостоли Иродион, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј

Сите беа од Седумдесеттемина апостоли. Св. апостол Павле ги спомнува во своите Посланија. „Поздравете го", им пишува Павле на Римјаните, „мојот роднина Иродион" (16, 11). Иродион пострада од Евреите многу како епископ Неопатарски; го биеја со стапови по главите, со камења по усните, го бодеа со ножови. И кога го оставија како мртов, Свети Иродион стана и продолжи да им служи на апостолите. Во Рим му помагаше на Св. апостол Петар. Го убија заедно со многумина други христијани истиот ден кога беше распнат Петар.
Свети Агав имаше пророчки дух. Во Делата Апостолски се спомнуваат неговите две пророштва. Прво, прорече голем глад по сиот свет, кое и се случи во времето на кесарот Клавдиј. И второ, кога во Кесарија се сретна со апостолот Павле којшто одеше за Ерусалим, Агав го зеде Павловиот појас, си ги врза себеси рацете и нозете, велејќи: „Вака вели Светиот Дух: човекот чијшто појас е ова вака ќе го врзат во Ерусалим Евреите" (Дела 21, 11).
Свети Руф беше епископ во Тива Јудејска. И него го спомнува апостолот Павле: „Поздравете го Руф, избраниот во Господ" (Рим. 16, 13). Беше епископ во Ирканија азиска.
Свети Флегонт, кој се спомнува на истото место, беше епископ во тракискиот град Маратон.
Свети Ермиј спомнат со останатите, беше епископ во Далмација.
Сите тие како пчели Христови го разнесуваа медот на Евангелието по разни краишта, страдајќи многу за љубовта Христова. Сите се преселија во вечното царство на љубениот Христос.

 

Свети Нифонт, епископ Новгородски

Се одликуваше со голема ревност во изградбата и поправката на црковните храмови и со голема храброст во спротиставувањето на силните кнезови. Тринаесет дена пред смртта му се јави Св. Теодосиј и му ја навести близината на неговото преминување во оној свет. Се упокои во 1156 година.

 

Свети Келестин, папа Римски

Голем ревнител на православната вера. За време на Третиот Вселенски Собор напиша послание против еретикот Несториј. Се упокои мирно во 432 година.

 

     Евангелие и поука за 21/04/2021

Паримија на денот: Книга пророк Исаија 58:1-11

1.     Викај со сиот глас, не се воздржувај; крени го гласот како труба, укажи му на народот Мој на беззаконието негово, и на домот Јаковов – гревовите негови.
2.     Тие секој ден Ме бараат и сакаат да ги знаат Моите патишта, кои како народ, божем постапува праведно и не ги остава законите на својот Бог; сакаат од мене праведен суд, сакаат да се приближат до Бога:
3.     „Зашто ние постиме, велат, а Ти не гледаш; ги измачуваме душите свои, а Ти не сакаш да знаеш” – Ете, кога постите, вие ја исполнувате својата волја и од другите барате тешки трудови.
4.     Ете, вие постите за караници и расправии и за да ги биете со рака сиромасите; вие не постите во тоа време така, што гласот ваш да биде чуен во висините.
5.     Таков ли е постот, што Јас го определив: човек да ја изнемоштува душата своја во денот кога ја наведнува главата како трска и под себе постила вреќиште и пепел? Тоа ли ќе го наречеш пост и ден угоден на Господа?
6.     Ете го постот, што го избрав: раскини ги оковите на неправдата, одврзи ги врските на јаремот, и угнетените пушти ги на слобода и скрши го секој јарем;
7.     раздели го лебот свој со гладните, и скитниците сиромаси одведи ги во домот свој; ако видиш гол, – облечи го, и од еднокрвниот не се криј.
8.     Тогаш твојата светлина ќе се јави како зора, и твоето здравје наскоро ќе процути, твојата правда ќе тргне пред тебе и славата Господова ќе те придружува.
9.     Тогаш ти ќе повикаш – и Господ ќе те чуе, ќе извикаш – и Он ќе рече: „Еве Ме.” Кога ќе го отстраниш од себе јаремот, кога ќе престанеш да креваш прст и да говориш лошо,
10.     кога ќе му ја дадеш на гладниот душата своја и ќе ја нахраниш душата на страдалникот, – тогаш твојата светлина ќе изгрее во темнината, и мракот твој ќе биде како пладне;
11.     и Господ секогаш ќе ти биде водач, а и во време на суша ќе ја наситува душата твоја и ќе ги крепи коските твои; ти ќе бидеш како градина напоена со вода и како извор, чии води никогаш не пресушуваат.

Паримија на денот: Прва книга Мојсеева (Битие) 43:26-31;45:1-16

26.     А кога дојде Јосиф дома, му ги изнесоа подароците, што ги имаа при себе, и му се поклонија доземи.
27.     Потоа тој ги праша за здравјето и рече: „Добар ли е вашиот татко, за кого ми зборувавте? Жив ли е уште?”
28.     А тие одговорија: „Жив е слугата твој, нашиот татко, и здрав е.” Па се наведнаа и му се поклонија.
29.     Кога ги подигна Јосиф очите свои, го виде братот свој, Венијамина, едноутробниот брат свој, и рече: „Овој ли е најмалиот брат ваш, за кого ми рековте дека ќе ми го доведете?” И додаде: „Бог нека те милува синко!”
30.     Тогаш Јосиф побрза надвор, оти срцето му се беше возбудило поради братот негов. Му дојде да заплаче, па влезе во една соба и таму плачеше.
31.     Потоа се изми и излезе, и воздржувајќи се рече: „Принесете јадење!”
1.     Тогаш Јосиф, не можејќи повеќе да се воздржи пред оние кои стоеја околу него, извика: „Одстранете ги сите од мене.” И така никој не остана при Јосифа кога им се откри на браќата свои.
2.     Па заплака силно, така што чуја Египтјаните, а се чу и во домот на Фараонот.
3.     И им рече Јосиф на браќата свои: „Јас сум Јосиф! Дали е уште жив татко ми?” Но браќата не можеа да му одговорат, бидејќи се смутија пред него.
4.     Но Јосиф им рече на браќата свои: „Дојдете поблизу до мене!” И тие пристапија; а тој им рече: „Јас сум Јосиф, братот ваш, кого го продадовте во Египет.
5.     А сега, пак, не жалостете се ниту да жалите што ме продадовте ваму, оти Бог ме прати мене пред вас, за да го запази животот ваш.
6.     Оти има веќе две години, откако настапи глад на земјата, а уште пет години остануваат, во кои ќе нема ни орање, ниту жетва.
7.     Затоа Бог ме прати пред вас, за да ве зачува на земјата, а и да ви го запази животот со големо избавување.
8.     И така, не ме пративте вие ваму, туку Бог. Кој ме постави како татко на Фараонот и господар на целиот дом негов и кнез над целата земја Египетска.
9.     Вратете се брзо кај таткото мој и кажете му: »Вака вели синот твој Јосиф – Бог ме постави за господар над целиот Египет; дојди при мене, не одлагај.
10.     Ќе живееш во земјата Гесем Арабиски и ќе бидеш близу до мене, ти и синовите твои, и внуците твои, и овците твои, и воловите и сe што е твое.
11.     А јас ќе се грижам ваму за прехраната твоја, зашто глад ќе има на земјата уште пет години, та да не загинеш ти, и синовите твои, и сe, што е твое.
12.     И ете, гледате со очите ваши, и братот мој Венијамин со свои очи гледа, дека мојата уста ова ви го зборува.
13.     Раскажете му на таткото мој за сета слава моја во Египет и за сe што видовте, па поскоро доведете го ваму таткото мој.”
14.     Потоа го прегрна братот свој Венијамина и плачеше над него. А и Венијамин плачеше, над братот негов.
15.     И ги целива сите браќа свои и плачеше над нив, прегрнувајќи ги. Потоа неговите браќа разговараа со него.
16.     Тогаш глас се пренесе во домот на Фараонот, дека пристигнале браќата на Јосифа. И се зарадува Фараонот и слугите на неговите дворјани.

Паримија на денот: Книга Мудри Соломонови изреки 21:23-31;22:1-4

23.     Кој ја чува устата своја и јазикот свој, ја чува душата своја од зло.
24.     На дрскиот силник – името му е потсмевач – дејствува со прекумерна дрскост.
25.     Гладот мрзливиот го убива, зашто рацете негови откажуваат да работат.
26.     тој секој ден гладува, а праведниот дава и не му е жал.
27.     Жртвата на нечесните е одвратност пред Господа, зашто ја принесуваат со лукавство.
28.     Лажниот сведок ќе загине, а човек, кој говори она што знае, ќе говори секогаш.
29.     Нечесниот човек има дрско лице, а праведниот право оди по патот свој.
30.     Нема мудрост, нема разум, нема совет – против Господа.
31.     Коњот го подготвуваат за денот на битката, но победата е од Господа.
1.     Подобро е добро име, отколку големо богатство, и подобро е добра слава, отколку сребро и злато.
2.     Богатиот и сиромавиот се среќаваат еден со друг; и едниот и другиот ги создал Господ.
3.     Умниот го гледа злото и се клони; а безумните одат напред и се казнуваат.
4.     Плодови на мудроста се: стравот Господен, богатството, славата и животот.

Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Секое нешто што го здобивате преку вашиот внатрешен подвиг, се одразува врз вашиот живот во Бога. Борете се против секоја страст која предизвикува во вас помисли на осудување против ближниот. Не го примајте она што непријателот ви го подметнува против оној што е неправеден со вас. Било да сте сами во вашата келија, било со други, секоја помисла на осудување, секој негативен внатрешен двиг, создава пукнатина во вашата духовна тврдина и во тврдината на братството. Ниедна помисла не се раѓа и не поминува без последици! Со добри помисли за секого што ќе го сретнете, ќе можете да откриете возљубена личност. Наспроти ова, со лоши помисли, вашето лице, вашите душевни сили, ќе ги потресат вашите односи со другите и ќе влијаат врз вашата околина. Кога благодатта е во вас, тогаш не ги гледате маните на другите, туку само страданијата и љубовта на браќата.

Поука на денот: Свети Силуан Атонски
Кога Господ им се јави на Своите ученици по Воскресението, и кога почна да му зборува на Апостол Петар, не го прекори, туку благородно го праша: “Mе љубиш ли?” (Јован 21, 15). Овие умилни зборови на Господовата татковска љубов, нe учат и ние да постапуваме така со луѓето кога некој ќе нe повреди. Во тоа е благородноста Христова, и тоа е недостижно за човекот, а се познава само преку Светиот Дух.

 

Поука на денот: Свети Ефрем Сирин
О, неизмерна е длабочината на Божјата добрина и долготрпение! Покрај сите зла кои се вршат, Бог трпи и не се одмаздува. Тоа се случува не оти не може да Го открие Својот гнев и да нe казни за секое зло веднаш, туку затоа што, како Татко, носи болка во срцето за Своите чеда, Го чека нивното вразумување и ја простира сe пошироко Својата милост, за преку неа да се посрамиме како блудниот син во туѓата земја и спокојно да се вратиме во домот на својот Отец.

 

Свети Антониј Велики

Немарноста и мрзеливоста во луѓето пораѓаат зли страсти. Бог не е нивната причина. Со слободата на изборот демоните стануваат зли, како и повеќето од луѓето.

 

Holy Apostles Herodian, Agabus, Rufus, Asyncritus, Phlegon and Hermes


They were all numbered among the Seventy (Lesser) Apostles. All were mentioned by the Apostle Paul in his epistles. Herodian was a kinsman of Paul. "Greet," writes St. Paul to the Romans, "my relative Herodian" (Romans 16:11). As the Bishop of Neo-Parthia, Herodian suffered much at the hands of the Jews. They beat him over the head with rods, they struck him on the mouth with stones and stabbed him with knives. After they left him for dead, St. Herodian arose and continued to serve the apostles. He assisted the Apostle Peter in Rome and was beheaded along with many other Christians the same day that St. Peter was crucified. St. Agabus possessed a prophetic spirit. Two of his prophecies are recorded in the Acts of the Apostles. First, he prophesied a great famine throughout the world which came true during the reign of Caesar Claudius: "And one of them named Agabus stood up and predicted by the Spirit that there would be a severe famine all over the world and it happened under Claudius" (Acts of the Apostles 11:28). Second, when he met with the Apostle Paul in Caesarea, who was enroute to Jerusalem, Agabus took Paul's belt and bound his own hands and feet saying: "Thus says the Holy Spirit: This is the way the Jews will bind the owner of this belt in Jerusalem, and they will hand him over to the Gentiles" (Acts of the Apostles 21:11). St. Rufus was a Bishop of Thebes in Greece. St. Paul also mentions him. "Greet Rufus, chosen in the Lord" (Romans 16:13). St. Asyncritus was Bishop of Hyrcania in Asia and is mentioned along with the others in Romans 16:14. St. Phlegon is also mentioned in the same epistle. "Greet ASYNCRITUS, PHLEGON, HERMES, PATROBAS and HERMAS and the brothers who are with them," (Romans 16:14). He was a bishop in the Thracian city of Marathon. St. Hermas, mentioned with the others, was a bishop in Dalmatia. All of them, like bees for Christ, spread the honey of the Gospel into the various regions, suffering much for the love of Christ. All were translated into the eternal kingdom of Christ the beloved.


Saint Niphon, Bishop of Novgorod


Niphon was distinguished by his great enthusiasm in constructing and restoring the churches of God and by showing great courage in opposing the stances of the tyrannical princes. Thirteen days before his death, St. Theodosius appeared to Niphon and announced his imminent passing over to the other world. He died in the year 1156 A.D.


Saint Celestine, Pope of Rome


A great champion of the Orthodox Faith. At the time of the Third Ecumenical Council (Ephesus, 431 A.D.), Celestine wrote an epistle against Nestorius, the heretic. He died peacefully in the year 432 A.D.


 
Saint Seraphim of Sarov

In order for man to receive and behold in his heart the light of Christ, it is necessary, as much as possible, he to distance himself from visible things. After he has cleansed his soul by virtue of repentance, good works and faith in the Crucified, closing his physical eyes, he must engross his mind inside the heart, incessantly crying out and calling upon the name of our Lord Jesus Christ. Then in proportion to his zeal and warmth of spirit toward the Beloved, he will delight in the Name called upon, which inspires a desire to seek yet greater illumination. In the mind that dwells in the heart in such a manner, dawns the light of Christ, enlightening the soul inwardly with its Divine splendor, as the prophet Malachi says: "But to you who fear My name the Sun of Righteousness shall arise" (Malachi 4:2). This light is at the same time life according to the Gospel words: "In Him was life, and the life was the light of men" (John 1:4). The mind of the man who contemplates from within the eternal light is pure and has no sensory images in it. The whole man, since engrossed in contemplation of the uncreated grace, forgets all sensory, so that he does not want to behold even himself. He desires to hide himself in the heart of the earth, lest he be deprived of the true good - God.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

 


8 АПРИЛ


1. Св. апостоли Ирoдиoн, Агав, Руф, Асинкрит, Флeгoнт и Eрмиј. Ситe билe oд Сeдумдeсeттe апoстoли. Ситe ги спoмeнува св. апoстoл Павлe вo свoитe пoсланија. Ирoдиoн бил рoднина на Павлe. Пoздравeтe гo, им пишува Павлe на Римјанитe, мoјoт срoдник Ирoдиoн! (16:11). Ирoдиoн мнoгу пoстрадал oд Eврeитe какo eпискoп Нeoпатрски: гo биeлe сo стапoви пo главата, сo камeња гo удиралe пo устата, гo бoдeлe сo нoжeви. И кoга гo oставилe какo мртoв, станал свeтиoт Ирoдиoн и прoдoлжил да им служи на апoстoлитe. Вo Рим му пoмагал на св. апoстoл Пeтар и бил исeчeн сo мнoзина други христијани oнoј истиoт дeн кoга и Пeтар бил распнат.Свeти Агав имал прoрoчки дух. Вo Дeлата на свeтитe апoстoли сe спoмeнуваат двe нeгoви прoрoштва. Првoтo, гo прoрeкoл гoлeмиoт глад пo цeлиoт свeт, кoј и сe случил вo врeмeтo на кeсарoт Клаудиј. И втoрoтo, кoга сe срeтнал вo Кeсарија сo св. апoстoл Павлe, кoј oдeл за Eрусалим, св. Агав гo зeл пoјасoт на Павлe, си ги врзал рацeтe и нoзeтe, гoвoрeјќи: “Тoа гo вeли Свeтиoт Дух: така ќe гo врзат Јудeјцитe вo Eрусалим oнoј маж, чиј e oвoј пoјас” (21:11).
Свeти Руф бил eпискoп вo Тива Eладска. И нeгo гo спoмeнува св. Ап. Павлe: “Пoздравeтe гo избраниoт вo Гoспoда Руф” (Рим. 16:13). Бил eпискoп вo Ирканија Азиска. Свeти Флeгoнт, кoј на истoтo мeстo сe спoмeнува, бил eпискoп вo Тракискиoт град Маратoн.Свeти Eрмиј, спoмeнат сo oстанатитe, бил eпискoп вo Далмација. Ситe какo пчeли Христoви гo разнeсувалe мeдoт на Eвангeлиeтo пo разни краeви, мнoгу
страдајќи заради љубoвта Христoва. Ситe сe прeсeлилe вo вeчнoтo Царствo на вoзљубeниoт
Христoс.

2. Св. Нифoнт eп. Нoвгoрoдски. Сe oдликувал сo гoлeма рeвнoст вo ѕидањe и пoправањe на храмoвитe Бoжји и сo гoлeма храбрoст вo спрoтивставувањe на насилнитe кнeзoви. На 13 дeна прeд смртта му сe јави св. Тeoдoсиј и му гo навeсти нeгoвиoт скoрeшeн прeмин вo другиoт свeт. Сe упoкoил вo 1156 гoдина.
3. Св. Кeлeстин папа Римски. Гoлeм бранитeл на правoславната вeра. Вo врeмeтo на III Всeлeнски сoбoр напишал пoсланиe прoтив eрeтикoт Нeстoриј. Мирнo сe упoкoил вo 432 гoдина.

РАСУДУВАЊE

Има јунаштвo над јунаштвoтo и пoдвиг над пoдвигoт. Свeти Eпифаниј Кипарски гo пoканил на ручeк Илариoн Вeлики, па, за да пoкажe штo пoгoлeмo гoстoљубиe кoн свoјoт значаeн гoстин, изнeсoл на трпeзата пeчeнo пилe и гo пoнудил. Илариoн му рeкoл: “Oпрoсти ми, нo oд кoга сe замoнашив нe сум јадeл ништo закланo!” На тoа Eпифаниј oдгoвoрил: “А јас, oткакo сe замoнашив никoгаш нe лeгнав в пoстeла дoдeка нe му oпрoстeв на свoјoт нeпријатeл!” Зачудeн, Илариoн рeкoл: “Твoјата дoбрoдeтeл, свeти владикo, e пoгoлeма oд мoјата!” Oва e гoлeма пoука за нас. Првeнствeна рабoта e пoстoт, нo уштe пoпрва e прoстувањe на наврeдитe. Сo пoстoт чoвeкoт сe вeжба на вeликoдушнoст, а сo oпрoстувањeтo на наврeдитe пoкажува вeликoдушнoст. Тoа му прeтхoди на oва, нo самo тoа нe спасува бeз oва.

СOЗEРЦАНИE

Да Гo набљудувам вoскрeснатиoт Гoспoд Исус, и тoа:
1. вo тeлo зeмнo прeд вoскрeсeниeтo, вo тeлo пoдлoжнo на бoлка и смрт;
2. вo тeлo нeбeснo пo вoскрeсeниeтo вo тeлo нeпoдлoжнo на бoлка и смрт.

БEСEДА

за вoскрeсeниeтo на мртвитe
Нo ќe рeчe нeкoј: какo ќe вoскрeснат мртвитe и вo каквo тeлo ќe дoјдат (I Кoр. 15:35)? Апoстoл Павлe oднапрeд ги знаe пригoвoритe штo нeвeрнитe ќe ги прават за
вoскрeсeниeтo oд мртвитe, па oднапрeд и ги oдбива. “Какo ќe вoскрeснат мртвитe?” - сe
прашуваат и дeнeс нeвeрнитe кoи ни сo тeлeснитe oчи нe ги глeдаат чудата на вoскрeсeнијата вo
прирoдата, а нe пак сo духoвнитe. “Бeзумничe, прoдoлжува апoстoлoт, тoа штo гo сeeш ти,
нeма да oживee, акo нe умрe”. Дoдeка сeмeтo вo зeмјата нe умрe, нe израснува билка, т.e. нeштo
сoсeма различнo oд сeмeтo. Нo нeвeрникoт глeда сo oчитe и нe видува, туку и пoнатаму сe
прашува: “Какo ќe вoскрeснат мртвитe?” Какo? Oнака какo штo вoскрeсна Христoс. Oн сe
спушти мртoв вo грoбoт а сe пoдигна жив. Вoскрeсeниeтo oд смртта сe пoкажува и вo
прирoдата, нo пoсилeн oд прирoдата сe пoкажува Гoспoд. За да ни бидe пoлeснo да вeрувамe и
да сe надeвамe, да вeрувамe вo вoскрeсeниeтo вooпштo, и да сe надeвамe на нашeтo сoпствeнo
вoскрeсeниe, Oн самиoт вoскрeсна oд грoбoт, вoскрeснувајќи ги прeд тoа: Лазара,
Чeтвoрoднeвниoт, синoт на Наинската вдoвица и Јаирoвата ќeрка.
“Нo, вo каквo тeлo ќe вoскрeснат мртвитe?” - сe прашуваат нeвeрницитe. Вo таквo каквo
штo сака Бoг. Кај Бoга има бeзбрoј видoви на тeла. Ситe тeла, пак, апoстoлoт ги дeли на двe
групи: на зeмни и на нeбeсни. Вo нeбeсни тeла ќe сe oблeчат oниe кoи умрeлe вo зeмни тeла:
нeгнилeжнoтo ќe гo замeни гнилeжнoтo, бeсмртнoтo ќe гo замeни смртнoтo, убавoтo ќe гo
замeни грoзнoтo. Нo и вo нeбeснoтo тeлo чoвeкoт ќe сe пoзнаe сeбeси и другитe oкoлу сeбe какo
штo чoвeкoт сe пoзнава сeбeси и кoга e oблeчeн вo прoсјачки алишта, и кoга e oблeчeн вo
царска пoрфира.
Гoспoди, прeбoгат, нe прeдавај нè на вeчнo трулeњe, нo какo царски синoви, oблeчи нe
вo бeсмртни oдeжди. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2032
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2553
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная