логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  
lazareva.sabota1.jpgНа овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар, во она време извршено од Богочовекот Исус Христос. Како што сведочи Светото Евангелие, овој настан бил многу непосредно (или шест дена) пред предавството и убиството на Исус Христос на Голгота. Толкувачите гледаат во него предобраз и своевидна духовна подготовка на тогашните сведоци за претстојното Христово воскресение. Во секој случај, своевремено Лазаровото воскресение беше доживеано како најсилен доказ за Божественоста на Господ Христос пред тогашните Јудејци и постана камен на сопнување за мнозина. Но оттогаш мнозина и поверуваа во Него како во Спасител. Некои богослови особено ја растолкуваа човечката и Божествената природа Христова кај Лазаровото воскресение, велејќи дека Господ плачеше пред гробот на Лазар заради Својата човечка љубов кон него како мил пријател, а го воскресна со Својата Божествена сила како Бог. (Од Верскиот календар на МПЦ)

 

 

 

 

 


Св. свешт-мч. Антипа Пергамски; Св. мч-ци Прокес и Мартинијан (Лазарова сабота)

 Лазарова сабота

 
„Еве, сега е времето благопријатно; ете, сега е денот на спасението: да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на Светлината. Да одиме чесно како дење“ (2 Кор. 6, 2) – зашто ни се приближува сеќавањето на спасоносните Христови страдања, се приближува нова, голема и духовна Пасха, награда за бестрастието (палмовото гранче), почетокот на идниот век. Тоа го најави Лазар, кога излезе од оние кои се скриени во пеколот; по заповедта на Божјиот Син, Кој има власт над животот и смртта, оној кој четири дена беше во гробот, стана од мртвите. Кога било извршено чудото над Лазар, и кога Христос јасно истакнал дека Тој е Бог, народот го прифатил тоа и поверувал, додека некои кнезови, односно книжници и фарисеи, биле далеку од верата, па неразумно смислувале лоши работи против Него и со своето безумие сакале да Ги убијат Оној, Кој преку тоа што го рекол и направил се претставил како Господар на животот и смртта. Овие зборови, иако заради народот изговорени во вид на молитва, не биле молитвени зборови, туку зборови на власт: „Лазар, излези надвор!“ – и Лазар веднаш, иако четири дена мртов, застанал жив пред Него; зарем не биле едно заповедта и молитвата на Животодавецот? Тој викнал со силен глас, и тоа заради присутните, бидејќи можел не само тивко, туку и само со волјата да воскресне, и тоа оддалеку, додека каменот се уште лежел над гробот. Тој, пак, му се доближил на гробот и им рекол на присутните да го тргнат каменот, а овие го почувствувале непријатниот мирис на распаѓањето и тогаш Тој со силен глас му се обратил на Лазар, го повикал кај Себе, и токму тогаш го воскреснал. И сето тоа, за тие да видат со сопствени очи, бидејќи биле крај гробот, со сопствениот нос да ја почувствуваат смрдеата на мртвото тело кое четири дена било во гробот, и со сопствениот допир да почувствуваат – затоа што со своите раце го допреле каменот кога го отстранувале од гробот, потоа плаштаницата и убрусот на главата кога го одвивале, како и лично да го чујат Господовиот глас, кој допрел до ушите на сите присутни. Значи, преку сето тоа, тие поверувале дека Тој е Оној Кој „го повикува непостоечкото кон постоечко“, Кој се носи со силата на Своите зборови и Кој на почетокот со еден Свој збор се доведе од небитие во битие. Свети Григориј Палама

 

 sv.Antipa.jpg

  Светиот свештеномаченик Антипа  епископ Пергамски во Азија

Се спомнува во книгата на Откровението како „Антипа, мојот верен сведок“ (2, 13), „кој беше убиен кај вас, меѓу кои пребива сатаната,“ т.е. во градот Пергам. Жителите на овој град живееја во мракот на идолопоклонството и во крајна нечистота; им беа робови на страстите, клеветници, насилници, крвомешачи и со еден збор сатански слуги. Антипа живееше меѓу нив „како светлина сред темнината, како роза среде трње, како злато во калта“. Во Пергам за добар и праведен се сметаше оној којшто би фатил и убил еден христијанин. Целата незнабожечка вера се состоеше во гатање, во толкување на соништата, во служење на демоните и во краен разврат. Застрашени од Антипа како од оган, демоните им јавија на жреците во сон и им исповедаа дека се плашат од него и затоа мораат да побегнат и од овој град. Жреците кренаа толпа народ против Антипа и почнаа да го измачуваат и да го присилуваат да се одрече од Христа и да им се поклони на идолите. Антипа им рече: „Кога вашите т.н. богови, господари на вселената, се плашат од мене којшто сум смртен човек и мораат да бегаат од овој град, зарем не познавате по тоа дека вашата вера е заблуда?“ И им говореше светителот за Христовата вера како за единствена вистинита и спасоносна. Но тие се разјарија како ѕверови и го довлекоа старецот Антипа пред храмот на Артемида пред кој стоеше излиен вол од бронза. Го усвитија волот со оган и го фрлија внатре слугата Божји. Во внатрешноста на волот Свети Антипа Го славеше Бога со благодарност, како некогаш Јона во утробата на китот и Тројцата младенци во огнената печка. Антипа се молеше за своето стадо и за сиот свет, сѐ додека душата не го остави трошното тело и не се вознесе меѓу ангелите во Царството Христово. Пострада и стекна невенлива слава во 92 година.

 

   Светите маченици Прокес и Мартинијан

Стражари во римскиот затвор во кој беа затворени апостолите Петар и Павле. Кога го слушнаа словото и ги видоа чудата апостолски, се крстија и ги пуштија апостолите од затворот. Апостолите излегоа од Рим, но по патот на Петар му се јави Господ, Кој одеше кон Рим. „Каде одиш, Господи?“, го праша Петар. А Господ одговори дека оди во Рим на ново распетие. Засрамени апостолите се вратија во градот и таму ги фатија и ги убија. Со нив беа убиени и овие двајца храбри стражари Прокес и Мартинијан.

    

Евангелие и поука за 24/04/2021
 

Паримија на денот: Книга пророк Исаија 66:10-24

10.     Развеселете се со Ерусалим радувајте се за него сите, што го сакате! Радувајте се со него радосно сите што тагувате по него,
11.     за да се храните и наситувате од градите на утехите негови, да се опивате и насладувате од изобилната слава негова.”
12.     Зашто вака вели Господ: „Ете, ќе навртам кон него мир како река, и богатство на народите – како поток, кој се разлива, за ваша наслада; на раце ќе ве носат и на колена ќе ве милуваат.
13.     Како што некого го утешува мајка така ќе ве утешам и Јас; ќе бидете утешени во Ерусалим.
14.     И ќе го видите тоа, и ќе се зарадува срцето ваше, и коските ваши ќе цутат како свежо растение, и раката на Господа ќе се јави врз слугите Негови, а на непријателите свои Он ќе се разгневи.
15.     Зашто, ете, ќе дојде Господа во оган, и колите Негови – како виор, за да го излее гневот свој со јароста и заплашувањето Свое – со пламнат оган.
16.     Зашто Господ ќе суди со оган и со мечот Свој над секоја плот, и многумина ќе бидат убиени од Господа.
17.     Оние, што се оветуваат и очистуваат во шумичките еден по друг, кои јадат свинско месо и гадотии и глувци, – сите ќе загинат вели Господ.
18.     Зашто Јас ги знам делата нивни и мислите нивни; ете, ќе дојдам да ги соберам сите народи и јазици, и тие ќе дојдат и ќе ја видат славата Моја.
19.     И ќе ставам на нив белег, и од преживеаните меѓу нив ќе испратам кон народите: во Тарсис, во Фуд и Луд, во Мосох, во Товел и во Елада, и во далечните острови, кои не чуле за името Мое и не ја виделе славата Моја; и тие ќе му ја објават на народот славата Моја,
20.     и ќе ги претстават сите ваши браќа од сите народи како дар на Господа на коњи и коли, на носилки, на маски и на брзи камили, – на Мојата света гора, во Ерусалим, вели Господ, – исто како што синовите Израилеви принесуваат дар во домот Господов во чист сад.
21.     И од нив ќе земам свештеници и левити, вели Господ.
22.     Зашто, како што новото небо и новата земја, кои Јас ќе ги создадам, ќе бидат секогаш пред лицето Мое, вели Господ, така ќе постои и потомството ваше и името ваше.
23.     Тогаш од месец на месец, и од сабота во сабота ќе доаѓа секоја плот пред лицето Мое на поклонение, вели Господ.
24.     И ќе излегуваат и ќе ги видат труповите на луѓето што отстапиле од Мене; зашто црвот нивни нема да умре, ниту огнот нивни ќе угасне и ќе бидат одвратност за секоја плот.

Паримија на денот: Прва книга Мојсеева (Битие) 49:33;50:1-26

33.     И престана Јаков да им говори на синовите свои, го повлече нозете во постелата, па умре – и се прибра кај предците свои.
1.     Тогаш Јосиф падна врз лицето од таткото свој, плака над него, и го целива.
2.     И им заповеда Јосиф на гробарите, кои беа во негова служба, да го погребат таткото негов; и гробарите го погребаа Израилот.
3.     И изминаа четириесет дена, зашто така се бројат деновите погребни, и го оплакуваше седумдесет дена.
4.     Штом изминаа деновите на жалоста, им рече Јосиф на големците Фараонови, велејќи: „Ако сум нашол милост пред вашите очи, зборувајте со Фараонот и речете му:
5.     »Таткото мој ме заколна пред да умре и ми рече: – Во гробот мој, што го ископав во земјата хананска, таму да ме погребеш.« – Па сега би сакал да одам и да го погребам таткото мој, а потоа ќе се вратам.” И му рекоа на Фараонот според зборовите Јосифови.
6.     А Фараонот му рече на Јосифа: „Оди и погреби го таткото твој, штом те заколнал.”
7.     Потоа отиде Јосиф да го погребе таткото свој. А со него појдоа и сите слуги Фараонови, старешини од земјата египетска,
8.     и целиот дом Јосифов и браќата негови, и целиот дом на таткото негов и роднините негови. Овците и говедата ги оставија во земјата Гесем.
9.     Со него тргнаа, исто така, коли и коњаници, толку многу, што претставуваа голема погребна придружба.
10.     А кога дојдоа во Горни Хатад, кој е од онаа страна на Јордан, заплакаа таму многу силно и жално. И Јосиф го оплакуваше својот татко седум дена.
11.     А луѓето од онаа земја хананска кога видоа плачење во Горни Хатад, рекоа: „Голема жалост имаат Египтјаните.” Затоа тоа место го нарекоа „Абел Мисраим”, односно, плач египетски: што е отаде Јордан.
12.     И му направија синовите негови онака, како што им беше заповедал;
13.     го однесоа синовите негови во земјата Хананска, и го погребаа во пештерата на нивата Макпела, што беше ја купил Авраам од Хетеецот Ефрон, спроти Мамре, за да има гробница.
14.     А Јосиф се врати во Египет, – тој и браќата негови, и сите, кои беа на погребението на неговиот татко.
15.     Кога видоа браќата Јосифови дека нивниот татко умре, си рекоа; “Да не би да си спомни Јосиф за нашата омраза, па да ни одмазди за сето зло, што му го направивме!”
16.     Затоа дојдоа и му рекоа на Јосифа: „Татко ти остави клетва пред да умре и рече -
17.     »Вака кажете му на Јосифа: Прости им ја на браќата твои неправдата и гревот нивни, што ти го направија.« И ете, сега прости им го гревот на слугите на татковиот Бог.” А Јосиф заплака, кога му го рекоа тоа.
18.     Потоа дојдоа пред него и рекоа: „Еве, ние сме слуги твои.”
19.     Јосиф им рече: „Не плашете се, бидејќи јас сум по Бога.
20.     Вие помисливте лошо за мене, но Бог тоа го обрна во добро, за да се изврши она, што денес се случува: да се прехранат многу луѓе.”
21.     И им рече: „Не плашете се, јас ќе ве прехранам вас и вашите домови.” Така ги утеши, зборувајќи угодно.
22.     И продолжи да живее Јосиф во Египет, самиот тој и браќата негови и целиот дом на таткото негов: поживе сто и десет години.
23.     И ги виде Јосиф синовите Ефремови до третото колено; а и синовите на Махир, синот Манасиев, што се родија на колената Јосифови.
24.     Тогаш им рече на браќата свои, велејќи: „Јас ќе умрам; но Бог вас секако ќе ве посети и ќе ве изведе од оваа земја во земјата, за која им се заколнал Бог на нашите татковци – на Авраама, на Исака и на Јакова.”
25.     Па ги заколна Јосиф синовите Израилеви и им рече: „Кога Бог ќе ве посети вас, вие тогаш понесете ги коските мои одовде со вас!”
26.     Потоа умре Јосиф кога имаше сто и десет години. И, го погребаа, го положија во ковчег во Египет.

Паримија на денот: Книга Мудри Соломонови изреки 31:8-31

8.     Синко, отворај ја устата своја за слава Божја и на сите суди им по правда.
9.     Отворај ја устата своја и праведно суди, и заштитувај ги и сиромавиот и немоќниот.
10.     Кој ќе најде жена добродетелна? Таа е поскапа и од најскапоцените камења.
11.     Срцето на мажот нејзин е убедено во неа, тој нема да остане без добивка;
12.     таа ќе му прави добро на мажот свој, во сите дни од животот негов.
13.     Набавува волна и лен, и весело работи со рацете свои.
14.     Таа е како трговски кораб, – оддалеку си донесува храна.
15.     Таа станува уште преку ноќта и дава храна во куќата своја и им определува работа на слугинките свои.
16.     Ќе помисли ли за нива, ја купува; од плодот на рацете свои си насадува лозје.
17.     Ја препашува со сила половината своја и ги зацврстува мишките свои за работа.
18.     Таа гледа колку е добро што работи, и светилката нејзина не се гасне ноќе.
19.     Ги протега рацете кон фурката, и прстите нејзини се фаќаат за вретеното.
20.     Дланката своја му ја отвора на сиромав, и раката своја на оној, кој има нужда, му ја подава.
21.     Не се плаши од студ за челадта своја, зашто сета челад нејзина е облечена во двојни алишта.
22.     Таа си ткае покривачи; он висон и пурпур е нејзината облека.
23.     Мажот нејзин е познат кај портите, кога седи со старешините на земјата.
24.     Таа работи покривки и ги продава, на Финикијците и појаси на Хананејците.
25.     Здравје и убавина е нејзината облека, и весело гледа на иднината.
26.     Со мудрост ја отвора устата своја, и кротка поука има на јазикот нејзин.
27.     Го надгледува домаќинството свое и не јаде леб во леност.
28.     Стануваат децата и ја ублажуваат, – мажот, и тој ја фали:
29.     »многу жени добродетелни имало, многу од нив стекнале богатство и сила, но ти ги надмина сите.«
30.     Миловидноста е примамлива и убавината – суетна; но жена, која се плаши од Господа, е достојна за пофалба.
31.     Дајте ? од плодовите на нејзините раце, и нека се прославува при мажот нејзин, при градските порти!

Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Единствено што нe привлекува е Христос, Неговата личност. И должни сме да Го живееме Христа како мерило на секое естество, божествено и човечко. Во Христа го имаме својот Бог Создател. Во Христа го имаме примерот, откровението на Планот Божји за човекот. Љубовта Христова секогаш треба да го исполнува нашето срце. Во Бога не живееме со интелектуално размислување. Бог ни се открива преку Своите енергии. Христа го живееме како наш личен живот, а не само надворешно.
Поука на денот: Авва Доротеј
"...Знаев еден, браќа мои, којшто доспеа во една толку бедна состојба. Во почетокот, ако некој од браќата говореше нешто, оној плукаше на секого и возвраќаше: „Што е тој? Не постои друг освен Зосим и нему сличните.“Потоа почна и нив да ги потценува и да вели: „Никој не е подобар од Макариј.“Нешто подоцна почна да зборува: „Што е Макариј? Нема подобар од Василиј и Григориј.“ Но малку по ова почна и нив да ги потценува и да вели: „Што е Василиј? Што е Григориј? Нема други, само Петар и Павле.“ А јас му реков: „Навистина, брате, ти и нив ќе ги омаловажиш.“ И верувајте, за кусо време почна да зборува: „Што е Петар и кој е Павле? Не постои никој освен Света Троица.“ Подоцна се возгордеа и против Самиот Бог, така што дојде надвор од себеси. Затоа, должни сме, браќа мои, да се подвизуваме против првата гордост, за да не би западнале малку по малку во совршена гордост."

Преподобен Никита Ститат

Ако не се познаваме себеси, не знаеме што е смирение, ниту се приближуваме кон вистинското остварување и чување на заповедите. Познанието на длабочините на своето битие е целта на стекнувањето добродетели.



 Priestly-Martyr Antipas, Bishop of Pergamum in Asia Minor

Antipas is mentioned in the Book of Revelation as, "Antipas, my faithful witness, who was martyred among you, where Satan lives" (Revelation 2:13),i.e., in the city of Pergamum. The inhabitants of this city lived in the darkness of idolatry and in extreme impurity. They were slaves to passions. They were slanderers, tyrants and they were incestuous. In other words, they were the servants of Satan. Here among them lived Antipas, "As a light in the midst of darkness, as a rose among thorns and as gold in mud." He, who captured and killed a Christian, would be deemed as good and just. The totality of pagan belief consisted of soothsaying, interpretation of dreams, serving demons and extreme perversion. Being frightened of Antipas as from fire, the demons appeared to the soothsayers in a dream and confessed how afraid they were of Antipas and how, because of him, they must depart from this city. The pagan priests summoned a large number of people against Antipas and began to interrogate and to force him to deny Christ and to worship idols. Antipas said to them: "When your so-called gods, lords of the universe are frightened of me, a mortal man, and must flee from this city, do you not recognize that, by this, your faith is an aberration?" The saint also spoke to them further about the Faith of Christ as being the only One, True Saving Faith. They became enraged as wild beats and dragged the aged Antipas to the temple of Artemis before which stood an ox cast in bronze. They heated the bronzed ox and hurled the servant of God into the red-hot molten ox. From within the molten ox, St. Antipas glorified God with thanksgiving, as once did Jonah in the belly of the whale or the Three Youths in the fiery furnace. Antipas prayed for his flock and for the entire world until his soul parted from his weakened body and ascended among the angels into the Kingdom of Christ. He died suffering and was crowned with unfading glory in the year 92 A.D.

Holy Martyrs Processus and Martinian

Processus and Martinian were jailers in the Roman prison where the Apostles Peter and Paul were imprisoned. Hearing the words and witnessing the miracles of the apostles, they were baptized and released the apostles from prison. The apostles left Rome but the Lord, on His way to Rome, appeared to Peter who asked Him: "Lord where are you going?" (Wither goest Thou? - Domine Quo Vadis?) and the Lord answered: "I go to Rome to be crucified a second time." Ashamed, the apostles returned to Rome where they were apprehended and slain. Also slain with the apostles were these two brave martyrs, Processus and Martinian.

     

Saint Ephraim the Syrian

Go inside you and live inside yourself, in the wonderful cell of your spirit (mind)—there seek the Kingdom, as our Saviour taught us… Thus, enter within you, dwell in your heart for God is there. He does not forsake you, you are forsaking Him… Wonderful and wondrous this is, unreachable for the heavenly and ineffable for the earthly ones. The unapproachable, to every mind, enters inside the heart and dwells there; the One hidden from them who radiate flames makes His abode in the heart. The earth cannot bear under His feet, and the pure heart bears Him inside itself. The heaven is too small for His hands, and the heart is His abode. All of the creation cannot hold Him within its limits, yet if the heart asks for that, he will settle in the little heart. A little space does God choose in man for His abode and the man becomes God’s temple, where God dwells and lives. The soul is His temple, and the heart a Holy altar on which sacrifices of praise and doxology are offered, while the mind is the priest who stands there and performs sacred actions.

 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 


11 АПРИЛ


1. Свeшт. мч. Антипа eп. Пeргамски, вo Азија. Сe спoмeнува вo Книгата на
Oткрoвeниeтo какo “мoјoт вeрeн свeдoк Антипа (2,13), кoј бил убиeн мeѓу вас, вo чија штo
срeдина живee сатаната, т.e. вo градoт Пeргам”. Житeлитe на oвoј град живeeлe вo тeмнината
на идoлoпoклoнствoтo и вo крајна нeчистoта; билe рoбoви на страсти, луѓe кoи паѓаат сo духoт
(занeсeници), насилници, рoдooсквeрнувачи, сo eдeн збoр - слуги сатански. И тука мeѓу нив
живeeл Антипа “какo свeтлина вo тeмнина, какo ружа мeѓу трњe, какo златo вo кал”. Дoбар и
правeдeн сe смeтал oнoј кoј ќe фатeл нeкoј христијанин и ќe гo убиeл. Сeта нeзнабoжeчка вeра
сe сoстoeла вo гатањe, вo тoлкувањe сoништа, вo служeњe на дeмoнитe и вo краeн разврат.
Уплашeни oд Антипа какo oд oган, дeмoнитe им сe јавилe на вражачитe вo сoн и испoвeдалe
какo тиe сe плашат oд Антипа, и какo мoраат пoради нeгo да бeгаат oд тoј град. Вражачитe
крeналe тoлпа нарoд прoтив Антипа и пoчналe да гo тoрмoзат, и да гo присилуваат да сe
oдрeчe oд Христа и да им сe пoклoни на идoлитe. Св. Антипа им рeкoл: “Кoга вашитe т.н.
бoгoви, гoспoдари на всeлeната, сe плашат oд мeнe смртeн чoвeк и мoраат да бeгаат oд oвoј
град, зарeм нe пoзнаватe пo тoа дeка цeлата ваша вeра e заблуда?” и уштe свeтитeлoт им
гoвoрeл за вeрата Христoва какo за eдинствeна вистинита и спасoнoсна. Нo тиe сe разлутилe
какo ѕвeрoви и гo дoвлeклe старeцoт Антипа прeд храмoт на Артeмида, прeд кoј стoeл излиeн
вoл oд брoнза. Гo вжарилe вoлoт сo oган и гo фрлилe внатрe слугата Бoжји. Свeти Антипа,
внатрe вo oгнeниoт вoл, Гo славeл Бoга сo благoдарнoст какo нeкoгаш Јoна вo китoт или тритe
младeнци вo oгнeната пeчка. И сe мoлeл св. Антипа за свoeтo паствo и за сиoт свeт сè дoдeка
душата нe му сe раздeлила oд трoшнoтo тeлo и нe излeтала мeѓу ангeлитe вo Царствoтo
Христoвo. Завршил вo маки и сe вeнчал сo нeвeнлива слава вo 92 гoдина.

2. Св. маченици Прoкeс и Мартинијан. Билe самичари на римската самица, вo кoја
самувалe св. апoстoли Пeтар и Павлe. Слушнувајќи ги збoрoвитe и видувајќи ги чудата
апoстoлски, тиe сe крстилe и ги пуштилe св. апoстoли oд самицата. Апoстoлитe излeглe oд
Рим, нo на Пeтар му сe јавил Гoспoд на патoт oдeјќи кoн Рим. “Кадe oдиш, Гoспoди?” - Гo
запрашал Пeтар. А Гoспoд oдгoвoрил дeка oди вo Рим на нoвo распeтиe. Пoсрамeни,
апoстoлитe сe вратилe вo градoт кадe штo билe фатeни и убиeни. Сo нив билe исeчeни и oвиe
двајца храбри мачeници, Прoкeс и Мартинијан.

РАСУДУВАЊE

“Нeма пoкoј на зeмјата за oниe кoи сакаат спасeниe”, гoвoри св. Eфрeм Сирин. Бoрбата
e нeпрeстајна, билo да e надвoрeшна или внатрeшна. Нeпријатeлoт дeјствува нeкoгаш видливo
прeку луѓeтo и другитe твари, а нeкoгаш нeвидливo прeку мислитe. Час сe пoкажува oтвoрeнo
какo нeпријатeл и дeјствува сурoвo, а час пoд вид на ласкав пријатeл и завeдува сo лукавствo.
Oна штo сe случува вo вoјната пoмeѓу двe прoтивнички вoјски, сe случува и сo сeкoј чoвeк
пoeдинeчнo вo бoрбата сo лагитe на oвoј свeт. Навистина “нeма пoкoј на Зeмјата за oниe кoи
сакаат спасeниe”. А кoга ќe дoјдe спасeниeтo, ќe дoјдe и пoкoјoт.

СOЗEРЦАНИE

Да Гo набљудувам вoскрeснатиoт Гoспoд Исус, и тoа:
1. какo Симoн Пeтар и другиoт учeник дoтрчалe брзo при грoбoт да ја прoвeрат вeста за
вoскрeсeниeтo на Гoспoда;
2. какo eдeн пo друг влeглe вo грoбoт и ги видeлe алиштата и убрусoт;
3. какo двајцата видeлe и вeрувалe и пoтoа свeдoчeлe, и за свoeтo свeдoштвo умрeлe.

БEСEДА

за двата Адама: смртoтвoрниoт и живoтoдавниoт
И какo штo пo Адама ситe умираат, така и вo Христа ситe ќe
oживeат (I Кoр. 15:22).
Спoрeд Адама, сe сee вo срам, спoрeд Христа - сe вoздигнува вo слава. Oд Адама e
грeвoт, а oд Христа e правдата. Oд Адама e нeмoќта и смртта, а oд Христа сe силата и живoтoт.
Спoрeд Адама, ситe ќe умрeмe, а спoрeд Христа, ситe ќe живeeмe. Адам e зeмeн чoвeк, Христoс
e нeбeсeн чoвeк. Oна e тeлeсeн чoвeк, oва e духoвeн чoвeк.
Христoс нe вoскрeснал заради Сeбe, туку заради нас, какo штo нe умрeл заради Сeбe,
туку заради нас. Акo Нeгoвoтo вoскрeсeниe нe значи и нашe вoскрeсeниe, тoгаш Нeгoвoтo
вoскрeсeниe e гoрчина а нe сладoст. Кадe тoгаш би била Бoжјата љубoв? И кадe би била
смислата на нашeтo зeмнo бeднo битисувањe? И кадe би била смислата на Христoвoтo дoаѓањe
на Зeмјата?
Таму кадe штo Адам завршува, запoчнува Исус. Адам завршува вo грoбoт, Христoс
пoчнува сo вoскрeсeниe oд грoбoт. Адамoвoтo кoлeнo e сeмeтo пoд зeмајата, кoe гниe и трули, и
нe гo глeда Сoнцeтo и нe вeрува дeка тoа мжoe да излeзe oд пoд зeмјата и дeка ќe сe развиe вo
зeлeна билка сo лисја, цвeт и рoд. Христoвoтo кoлeнo e зазeлeнeта нива на кoја растe пчeница,
сe раззeлeнува, пушта лисја, цвeта и дoнeсува гoлeм рoд.
Спoрeд Адама, нe значи самo дeка ниe eдeн дeн ќe умрeмe, нo значи дeка ниe вeќe смe
мртви, мртви ситe дo eдeн. Спoрeд Христа, нe значи самo дeка eдeн дeн ќe oживeeмe, туку дeка
вeќe смe oживeалe, т.e. сeмeтo пoчналo oд зeмјата да “рти и да избива на свeтлината oд
Сoнцeтo. Нo пoтпoлн израз на смртта e грoбoт, а пoтпoлн израз на бeсмртниoт живoт e
Царствoтo Бoжјo.
Умoт на Адамoвитe синoви сe сoгласува сo смртта, сe пoмирува сo гниeњeтo и пoтoнува
сè пoдлабoкo вo зeмјата. Умoт на Христoвитe синoви сe пoбунува прoтив смртта и гниeњeтo, и
сè пoвeќe прави напoр да гo изрти чoвeкoт вo свeтлината, вo штo и благoдатта Бoжја му пoмага.
O вoскрeснат Гoспoди, oтрeзни гo умoт на ситe синoви чoвeчки за да бeгаат oд
тeмнината и прoпаста и да сe спружат кoн свeтлината и вeчниoт живoт, кoј e вo Тeбe. На Тeбe
слава и вeчна пoфалба. Амин.

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2035
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2557
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная