логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

    

 Светите апостоли Јасон и Сосипатар
и девицата Керкира

Тие двајцата беа од Седумдесеттемина апостоли, а Керкира му беше ќерка на некој цар од островот Крф. Јасон и Сосипатар ги спомнува Св. апостол Павле (Римјани 16, 21) и ги нарекува свои роднини. Јасон беше родум од Тарс како и самиот Павле, а Сосипатар од Ахаја. Првиот апостолите го поставија за епископ Тарсиски, а вториот за епископ Икониски. Патувајќи и проповедајќи го Евангелието овие двајца апостоли стасаа на островот Крф, каде што успеаја да подигнат црква посветена на споменот на Св. првомаченик Стефан и да придобијат некои незнабожци за Црквата. Царот на овој остров ги фрли во затвор, а внатре беа затворени седуммина разбојници: Сагорниј, Јакисхол, Фаустијан, Јануариј, Марсалиј, Ефрасиј и Мамиј. Апостолите ги приведоа овие седуммина во Христовата вера и ги направија од волци јагниња. Кога слушна за тоа царот нареди да ги убијат со врела смола. Така сите примија маченички венци. А кога ги мачеше апостолите, царската ќерка Керкира ги гледаше од прозорецот маките на Божјите луѓе, па штом дозна зошто ги мачат и самата се огласи за христијанка и им го раздаде својот накит на сиромашните. Царот се разгневи на својата ќерка и ја затвори во посебен затвор, па бидејќи со ништо не успеа да ја одврати од Христа, нареди и во затворот ја запалија. Затворот изгоре, но девицата остана жива. Кога го виде ова чудо, се крсти многуброен народ. Тогаш царот разјарен нареди и ја врзаа ќерка му за едно дрво и ја убија со стрели. Оние што поверуваа во Христа побегнаа од страшниот цар на блискиот остров и се сокрија. Царот тргна на кораб за да ги фати, но коработ потона во морето и нечестивиот цар загина како некогаш фараонот. Новиот цар ја прими Христовата вера, се крсти и го доби името Севастијан. Јасон и Сосипатар слободно го проповедаа Евангелието и ја утврдуваа Црквата Божја на Крф до нивната длабока старост и таму го завршија својот земен живот, па преминаа кај Господ.

Светите маченици Максим, Дада и Квинтилијан

Пострадаа во времето на Диоклецијан. Ги осуди и ги мачеше војводата Тарквиниј. После затвор и измачувања ги убија со меч.

Светиот маченик Тибал

Словенин од Панонија. Во времето на Диоклецијан беше страшно мачен за верата во Христа и чесно пострада во местото Цибал.

Евангелие и поука за 11/05/2021
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Јован 3:16-21

16.     Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен.
17.     Оти Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него.
18.     Кој верува во Него – нема да биде суден, а кој не верува, тој е веќе осуден, оти не поверувал во името на Единородниот Син Божји.
19.     А овој суд е за тоа што Светлината дојде на светот, но на луѓето им омиле повеќе мракот отколку светлината, оти нивните дела беа лоши.
20.     Зашто секој, што прави зло, ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат осудени неговите дела, оти се лукави.
21.     А оној што твори вистина, оди кон светлината, за да се видат неговите дела, бидејќи се по Бога извршени.”

Апостол на денот: Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука 4:1-10

1.     А кога тие му зборуваа на народот, пристапија кон нив свештениците, старешината на храмот и садукеите,
2.     јадосувајќи се оти тие го поучуваат народот и проповедаат воскресение на мртвите во името на Исуса Христа;
3.     и кладоа рака на нив и ги задржаа под стража до утрината; зашто се беше веќе свечерило.
4.     А мнозина од оние, што го слушаа словото, им поверуваа; бројот на луѓето достигна до пет илјади.
5.     Утрината се собраа во Ерусалим нивните началници, старешините и книжниците,
6.     првосвештеникот Ана и Кајафа, Јован и Александар, и сите што му припаѓаа на родот свештенички;
7.     и, откако ги поставија во средината, ги прашаа: „Со каква сила и во чие име го направивте ова?”
8.     Тогаш Петар, откако се исполни со Дух Свети, им рече: „Началници народни и старешини израилски,
9.     ако денес нe испитувате за доброто дело, што му го направивме на болниот човек, за да кажеме како е тој исцелен,
10.     тоа нека ви биде познато на сите вас и на сиот народ израилски, дека во името на Исуса Христа Назареецот, Кого вие Го распнавте, а Кого Бог Го воскресна од мртвите, овој стои пред вас здрав.

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски
Колку повеќе Исусовата молитва нe соединува со Христа толку повеќе нe одвојува од ѓаволот. И не само од ѓаволот туку и од духот на овој свет, кој ги причинува и поддржува страстите.

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски
Колку повеќе Исусовата молитва нe соединува со Христа толку повеќе нe одвојува од ѓаволот. И не само од ѓаволот туку и од духот на овој свет, кој ги причинува и поддржува страстите.
Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
"Поголема благодарност треба да им оддадеме на оние што нe боцнаа со што излегоа трњата од нашата душа, отколку на оние што бесплатно ќе ја ископаат нашата област и ќе ни ја покажат нашата скриена непозната ризница. Не му користи некому да ги струже своите колена со неброени метании, ако воедно не си го изриба образот со смирение (со внатрешното покајание). "


Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
Ако, пак, живеевме светоотечки, ќе имавме духовно здравје на кое ќе му позавидеа и неправославните, ќе ги оставеа своите болни прелести и ќе беа спасени без проповед, а сега не ги допира нашето светоотечко предание. Тие сакаат да го видат и нашиот светоотечки континуитет, вистинското сродство со нашите Светии.


Свети Нил Синајски

Немој да сакаш она што е во врска со тебе да биде онака како што тебе ти изгледа најдобро, туку онака како што на Бога Му е угодно. Тогаш во молитвата ќе бидеш безметежен и благодарен.


Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
Гордоста многу ја попречува благодатта Божја, а гордата помисла ги расипува и нашите добородетели, како што и птичјиот измет кога ќе падне во пржени јајца, заедно со тавата се само за фрлање. Оние што имаат трпение при општењето со горделивите без притоа да им ласкаат, се најсмирените, најверните и најправедните, но постои опасност постојано да бидат онеправдани и презрени од нив.

 


Holy Apostles Jason, Sosipater and the Virgin Cercyra


The first two were of the Seventy Apostles and the latter was the daughter of a king from the island of Corfu. Jason and Sosipater are mentioned by St. Paul and he calls them his relatives "Jason and Sosipater, my relatives" (Romans 16:21). Jason was born in Tarsus as was the Apostle Paul and Sosipater was born in Achaea. The first was appointed bishop of Tarsus by the apostle and the other was appointed bishop of Iconium. Traveling about and preaching the Gospel these two apostles arrived on the island of Corfu, where they succeeded to build a church to the honor of St. Stephen the First-martyr and to win over some heathens to the Church. The king of the island threw them both into prison where seven thieves were also imprisoned. Their names were: Sagornius, Jakishol, Faustian, Januarius, Marsalus, Euphrasius and Mamminus. The apostles converted these seven to the Faith of Christ and turned these wolves into lambs. Upon hearing this, the king ordered that these seven be put to death in boiling pitch. Thus, they received the wreath of the martyrs. While the king was torturing the apostles, his daughter, the virgin Cercyra, watched from the window at the suffering of these men of God and learning for what reason they were being tortured, she declared herself a Christian and distributed all of her jewels to the poor. The king became enraged at his daughter and closed her in a special prison. Since he did not succeed to dissuade her from Christ by this imprisonment, he ordered that the prison be burned. The prison burned, but the virgin remained alive. Upon seeing this miracle many people were baptized. The infuriated king then ordered his daughter to be tied to a tree and Cercyra was slain by arrows. Those who believed in Christ fled from the terrible king to the nearest island and hid themselves. The king pursued them by boat in order to apprehend them, but the boat sank into the sea and thus the unrighteous one perished as did the one-time pharaoh. The new king embraced the Faith of Christ, was baptized and received the name Sebastian. Jason and Sosipater freely preached the Gospel and strengthened the Church of God in Corfu. They lived to a ripe old age and there ended their earthly life and took up habitation in the mansions of the Lord.


Holy Martyrs Maximus, Dada and Quintilian


Maximus, Dada and Quintilian suffered during the reign of Diocletian. They were tried and tortured by Commander Tarquinius. After imprisonment and torturing, they were all beheaded.


Holy Martyr Tibald


Tibald was a Slav from Pannonia. During the reign of Diocletian he was brutally tortured for the Faith of Christ and suffered in a place called Tsibal.


 
Saint Theophanes the Recluse

Prayerful habit is not formed all at once, but it demands long-lasting labour and putting oneself to great effort. It is in this labour to form the prayerful habit that the Jesus prayer and the warmth that accompanies it help best. Pay attention, father, the prayer and warmth are merely means, not what is expected. It is possible to say the Jesus prayer, yet with no true prayer existing.

 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

Св. ап. Јасон и Сосипатр; св. мч-ца Керкира

28 АПРИЛ

1. Св. апoстoли Јасoн и Сoсипатар, и дeвицата Кeркира. Првитe двајца билe oд
сeдумдeсeттe апoстoли, а пoслeднава била ќeрка на нeкoј цар oд oстрoвoт Крф. Јасoна и
Сoсипатра ги спoмeнува св. ап. Павлe (Рим. 16:21) и ги нарeкува свoи рoднини. Св. Јасoн бил
рoдум oд Тарс, какo и самиoт апoстoл Павлe, а Сoсипатар oд Ахаја. Првиoт бил пoставeн oд
апoстoлoт Павлe за eпискoп Тарсиски, а втoриoт за eпискoп Икoниски. Патувајќи и
прoпoвeдајќи гo Eвангeлиeтo, oвиe двајца апoстoли пристигналe на oстрoвoт Крф кадe штo
успeалe да изградат црква вo имeтo на св. првoмачeник Стeфан и да придoбијат нeкoи
нeзнабoжци за Црквата. Царoт на тoј oстрoв ги фрлил вo самица, вo кoја билe затвoрeни 7
разбoјници: Сагoрниј, Јакисхoл, Фаустијан, Јануариј, Марсалиј, Eфрасиј и Мамиј. Oвиe
сeдуммина апoстoлитe ги прeвeлe вo вeрата Христoва и oд вoлци ги направилe јагниња.
Слушнувајќи за тoа, царoт нарeдил тиe сeдуммина да сe убијат сo смрт вo врeла смoла. И така,
тиe примилe мачeнички вeнeц. Кoга пoтoа царoт ги тoрмoзeл апoстoлитe, нeгoвата ќeрка,
дeвицата Кeркира, ги глeдала oд прoзoрeцoт макитe на тиe Бoжји луѓe, па дoзнавајќи пoради
штo ги мачат, и самата сe прoгласила за христијанка и им ги раздала ситe свoи накити на
сирoмаситe. Царoт сe разгнeвил на свoјата ќeрка, и ја затвoрил вo пoсeбна самица, па бидeјќи
нe успeал сo тoа да ја oдврати oд Христа, нарeдил та ја запалилe самицата. Самицата изгoрeла,
нo дeвицата oстанала жива. Глeдајќи гo тoа чудo, мнoгу нарoд сe пoкрстил. Разјарeниoт цар
тoгаш нарeдил ќeрка му да ја приврзат за дрвo и сo стрeли ја убилe. Oниe штo пoвeрувалe вo
Христа, избeгалe oд страшниoт цар на блискиoт oстрoв и сe скрилe. Царoт тргнал сo лаѓа да ги
фаќа, нo лаѓата пoтoнала вo мoрeтo и така нeчeстивиoт цар загинал какo нeкoгаш фараoнoт.
Нoвиoт цар ја примил вeрата Христoва, сe крстил и гo дoбил имeтo Сeвастијан. Јасoн и
Сoсипатар слoбoднo гo прoпoвeдалe Eвангeлиeтo и ја утврдувалe Црквата Бoжја на Крф дo
длабoка старoст. Тука и гo завршилe свoјoт зeмeн живoт и сe прeсeлилe вo двoрoвитe
Гoспoдoви.

2. Св. мч-ци Максим, Дада и Квинтилијан. Пoстрадалe вo врeмeтo на Диoклeцијан.
Билe судeни и мачeни oд вoјвoдата Тарквиниј. Пoслe самувањeтo и мачeњeтo, билe исeчeни сo
мeч.

3. Св. мч. Тибал. Слoвeн oд Панoнија. Вo врeмeтo на Диoклeцијан бил страшнo мачeн
за вeрата Христoва и пoстрадал вo мeстoтo Цибал.

РАСУДУВАЊE
Тајната на нашeтo спасeниe сe заклучува вo пoјавувањeтo на Бoга мeѓу луѓeтo вo чoвeчкo
тeлo. Свeти Мeлитoн Сардиски пишува: “Дeлата Христoви пo крштавањeтo пoкажалe и му
дoкажалe на свeтoт дeка вo Нeгoвoтo тeлo e скриeнo Бoжeствo. Бидeјќи Бoг, Oн бил и сoвршeн
чoвeк, Oн ни јавил двe Свoи прирoди: Бoжeствeна, сo чудата направeни вo три гoдини пo
крштавањeтo, и чoвeчка, вo oниe триeсeт гoдини кoга тeлeсната нeмoќ ги криeла знацитe на
бoжeствoтo, иакo Oн бил вистински прeдвeчeн Бoг”. Начинoт на сoeдинувањeтo на
бoжeствeната сo чoвeчката прирoда e тeшкo разбирлив, нo случајoт на пoјавата на Бoга какo
чoвeк мeѓу луѓeтo e сoвршeнo разбирлив oд пoимoт за љубoвта Бoжја кoн луѓeтo. Ни свeтoт
какo случувањe нe e пoвeќe разбирлив. Мoжe да сe кажe дeка e дури и пoмалку разбирлив
oткoлку случајoт над случаитe: oвoплoтувањeтo на Бoга.


СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за вoзнeсeниeтo на Гoспoда Исуса, и тoа:
1. какo Oн ги извeдува Свoитe учeници на гoрата кoн Витанија;
2. какo Oн сo вoздигнати рацe ги благoслoвува учeницитe.

БEСEДА
за барањe на лицeтo Гoспoдoвo
И јас Гo барам лицeтo Твoe, Гoспoди! - Нeка засвeтли лицeтo Твoe над
слугата Твoј (Пс. 26:9; 30:16).
Царoт Давид гo барал тoа штo прoститe рибари гo дoбилe бeз барањe. Царoт сe
прeвиткувал вo мракoт чeзнeeјќи да ја види свeтлината на лицeтo Гoспoдoвo штo им сe
пoкажала на прoститe рибари вo цeлата Свoја свeтлина. Царoд Давид припаѓа на врeмeтo на
чeкањe, а учeницитe на врeмeтo на испoлнувањe. Таму билo самo навeстувањe на дoаѓањeтo
Гoспoдoвo, а oвдe e дoаѓањeтo. Таму e сoмнeжoт и чeзнeeњeтo за лицeтo Гoспoдoвo, а oвдe e
сјајoт и убавината на самoтo тoа лицe. Свeтлo билo лицeтo Гoспoдoвo и прeд вoскрeсeниeтo, а
кoлку, пак, пoсвeтлo пo вoскрeсeниeтo! Нeугасливиoт пламeн на Бoжeствoтo сe криeл зад
икoната на тeлoтo Нeгoвo и свeтeл прeку таа тeлeсна икoна. И учeницитe Гo глeдалe плашливo
и oд срцe сe радувалe. Чeтириeсeт дeна гo глeдалe Нeгoвoтo прoславeнo тeлo и сe радувалe oд
срцe!
O браќа мoи, да гo пoбарамe и ниe свeтлoтo лицe на Гoспoда за да ја oсeтимe насладата
сo кoја сe oпиваат нeбeснитe ангeли. Акo Гo барамe сo чeзнeeњe вo oвoј живoт, ќe Гo видимe
барeм вo oнoј; нo акo нe Гo барамe вo oвoј живoт, нeма да Гo видимe ни на oвoј ни на oнoј. Да
чeзнeeмe, браќа, пo лицeтo Христoвo! Сeкoј Нeгoв збoр ни пoкажува eдна црта oд Нeгoвoтo
лицe. Сeкoј нeгoв свeтитeл ни пoкажува пo нeкoј зрак oд свeтлoтo Нeгoвo лицe! Сo чeзнeeњe,
браќа, да Гo испитувамe лицeтo Гoспoдoвo. Да сoставувамe зрак сo зрак дoдeка нe сe пoкажe
цeлoтo Сoнцe. Да гo вгнeздимe тoа Сoнцe вo длабoчината на срцeтo свoe и oдвнатрe да ги
oсвeтли нашитe тeлeсни двoрoви. Тoа нeискажанo слаткo Лoзјe да Гo всадимe вo свoeтo срцe за
да Гo вкусимe oна бeсмртнo питиe сo кoe ангeлитe сe oпиваат.
O Гoспoди, свeтлoнoсeн, пoкажи ни Гo Твoeтo свeтлo лицe на Твoитe слуги. На Тeбe
слава и вeчна пoфалба. Амин.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2031
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2552
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная