логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Светиот маченик Теодот и седум маченички девици: Текуса, Александра, Клавдија, Фаина, Ефрасија, Матрона и Јулија

Теодот беше оженет и беше крчмар во Анкира во времето на Диоклецијан. Но иако беше оженет, живееше според словото апостолско: оние што имаат жени да бидат како да ги немаат (1 Кор. 7, 29). А крчмарот сметаше дека би можел, без некој да се посомнева, колку што може подобро да им помага на христијаните. Неговата крчма им беше засолниште на гонетите верници. Теодот тајно им испраќаше помош на разбеганите бегалци по планините и тајно ги прибираше телата на загинатите и ги погребуваше. Во тоа време беа изведени на суд и мачени за Христа седум девојки: беа мачени, исмеани и најпосле удавени во езерото. Едната од нив, Света Текуса, му се јави во сон на Теодот и му рече да ги извади нивните тела од езерото и да ги закопа. Ноќе, во темница, појде Теодот со еден другар да ја исполни волјата на маченичката и воден од ангел Божји успеа и ги најде сите седум тела и ги погреба. Но оној другарот го издаде кај судијата и судијата го стави на тешки маки. Сите маки Теодот ги трпеше како во туѓо тело, бидејќи умот му беше вдлабочен во Господ. Кога целото тело му го претвори во рани и забите му ги раздроби со камења, мачителот нареди да го убијат со меч. А кога го изведоа на губилиште, многумина христијани плачеа по него, но Свети Теодот им велеше: „Не плачете по мене, браќа, туку прославете Го нашиот Господ Исус Христос, Кој ми помогна да го завршам подвигот и да го победам непријателот“. Го рече тоа и ја положи главата на трупецот под меч и му ја отсекоа, во 303 година. Телото на маченикот беше чесно погребано од некој свештеник, на една височинка надвор од градот.

Светите маченици Петар, Дионисиј, Андреј, Павле и Христина

Петар - прекрасно момче, Дионисиј - маж угледен, Андреј и Павле - војници и Христина - шеснаесетгодишна девица, сите Го исповедаа храбро Господ Христос и за Неговото име претрпеа маки и смрт. Некој Никомах, којшто беше мачен заедно со нив, се одрече од Христа насред маките и одеднаш слезе од умот, па како бесен го гризеше своето тело и исфрлаше пена на усните додека не издивна. Ова се случи во 250 година.

Светите маченици Ираклиј, Павлин и Венедим

Беа Атињани. Пострадаа за верата во времето на Декиј. За името Христово беа изгорени во огнена печка.

 

bogorodica.k.dol.jpg

 

Евангелие и поука за 31/05/2020
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Јован 17:1-3

1.     Ова го кажа Исус, па ги подигна очите Свои кон небото и рече: „Оче, дојде часот: прослави Го Својот Син, за да Те прослави и Синот Твој,
2.     како шт си Му дал власт над секое тело, та преку сe што си Му дал, да им даде живот вечен.
3.     А животот вечен е тоа, да Те познаат Тебе Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исуса Христа.

Апостол на денот: Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука 20:16-18;20:28-36

16.     Во оние дни Павле реши да помине покрај Ефес, та да не се задржи многу во Азија, зашто брзаше, ако му биде можно во Ерусалим да се најде за денот на Педесетница.
17.     Но од Милит прати во Ефес покани до свештениците црковни.
18.     И кога дојдоа при него, тој им рече: „Вие знаете дека од првиот ден, кога стапив во Азија, постојано бев со вас,
28.     Пазете, пак, на себе и на целото стадо, меѓу кое Духот Свети ве постави за епископи, за да ја пасете црквата на Господа и Бога, која ја придоби Он со Својата крв.
29.     Бидејќи знам дека по моето заминување ќе се втурнат помеѓу вас лути волци, кои нема да го штедат стадото;
30.     а и од вас самите ќе станат луѓе, што ќе зборуваат изопачено, за да ги одвратуваат учениците заедно со себеси.
31.     Затоа бидете будни и помнете, дека цели три години дење и ноќе не престанував со солзи да поучувам секого од вас.
32.     А сега, браќа, ве предавам на Бога и на словото на Неговата благодат; Он може да ве унапреди подобро и да ви даде наследство меѓу сите осветени.
33.     Од никого не побарав ни сребро, ни злато, ниту, пак, облека;
34.     сами знаете, дека за потребите мои и на оние што беа со мене, ми послужија овие мои раце.
35.     Со сe ви покажав, дека така треба да се трудите и да им помагате на немоќните, а исто така и да ги помните зборовите на Господа Исуса, зашто Сам Он рече: »Поблажено е да се дава, отколку да се зема«.”
36.     Кога го рече тоа, падна на колена и се помоли заедно со нив.

Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
Никој не може да ? наштети на човековата душа, освен самиот тој. Искушенијата што Бог ги допушта, човекот го ставаат во искушение, така што тој самиот ја проверува својата духовна зрелост и бидува принуден да се смири. Потоа, Бог му дава благодат, откако смирено и радосно ги прима искушенијата, како лек за неговата душа и тој трпеливо Го слави Бог и Му благодари. Добро е што милостивиот Бог дозволува да бидеме искушани, бидејќи ќе имавме скриени страсти и бесмислени побарувања на Судниот ден. Но, и тоа да ни го прогледаше низ прсти, дури и такви какви што сме да нe примеше во Рајот, и таму ќе создававме проблеми. Затоа допушта овде да нe стресат искушенијата, за да се очисти нашата душа со жалости и плач, та да бидеме принудени да го најдеме нашиот Спасител, т.е. да прибегнеме кон Бог.



Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
Не би требало да испитуваме дали огорчувањето е праведно или е неправедно, од љубов или од злоба. Дали сме виновни или воопшто не сме. Но, духовната добивка што ни ја причинува секоја неправда треба да ја примаме радосно, да им бидеме благодарни на оние што ни нанесуваат неправда и постојано да Го славиме Бог.

 

 

 

Преподобен Мојсеј Мурин

Не биди во непријателство со ниту еден човек и не го задржувај непријателството во срцето свое. Тоа е мир.

 

freska.svod.jpg

Holy Martyr Theodotus and the Seven Maiden Martyrs:
Thecusa, Alexandra, Claudia, Falina, Euphrasia, Matrona and Julia


Theodotus was married and an innkeeper in Ancyra during the reign of Diocletian. Although married, he lived according to the word of the apostle: "Let those having wives act as not having them" (1 Corinthians 7:29). He maintained the inn in order to help Christians unsuspected. His inn was a shelter of the persecuted faithful. Theodotus secretly sent help to those Christians who fled to the mountains and secretly gathered the bodies of those who died and buried them. At that time, seven maidens were brought to trial and tortured for Christ, ridiculed and finally drowned in a lake. One of them, St. Thecusa appeared in a dream to Theodotus and told to him to remove their bodies from the lake and bury them. In the darkness of night, Theodotus, with a companion, went out to fulfill the wish of the martyr and, led by an angel of God, succeeded to locate all seven bodies and bury them. But this companion betrayed Theodotus to the judge and the judge subjected him to cruel tortures. Theodotus endured all sufferings as though he were in someone else's body keeping his whole mind engrossed in the Lord. When the torturer transformed his entire body into wounds and knocked out his teeth with a stone, he ordered him to be beheaded. When he was led to the scaffold, many Christians wept for him and St. Theodotus said to them: "Brethren, do not weep for me but glorify our Lord Jesus Christ Who helped me to complete this mortification and to overcome my enemy." Having said this, he placed his head on the block under the sword and was beheaded in the year 303 A.D. A priest honorably buried this martyr's body on a hill outside the town. Later on, a church was built on this spot in the name of St. Theodotus.


Holy Martyrs Peter, Dionysius, Andrew, Paul and Christina


Peter, a handsome young man; Dionysius, a distinguished man; Andrew and Paul, soldiers; and Christina, a sixteen year old virgin, all courageously confessed Christ the Lord and endured sufferings and death for His Name. Nicomachus, who along with them was tortured, denied Christ in the middle of his tortures and, instantly lost his mind and, as a mad man, bit his body and threw up foam from his mouth until he died. This occurred in the year 250 A.D.


Holy Martyrs Heraclius, Paulinus and Benedimus


All three were Athenians. They suffered for the Faith during the reign of Decius. For the Name of Christ, they were burned in a fiery furnace.

Elder Paisios

Elder Zacharias used to say at the hut of the Transfiguration in new Skete, the fathers would say the Jesus Prayer out loud. Once, the demons had gathered, engaged, and one of them shouted: “They are saying the Jesus Prayer out loud. The prayer has no power!” One of the largest demons then said: “The jesus Prayer has power, whether they say it aloud or in their hearts, since there is nothing we can do about it.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

Св. мч. Теодот Анкирски; св. мч-ци Петар, Дионисиј и др.

18 МАЈ

1. Св. мч. Тeoдoт и сeдум дeвoјки мачeнички: Тeкуса, Алeксандра, Клавдија, Фаина,
Eфрасиjа, Матрoна и Јулија. Тeoдoт бил oжeнeт и бил гoстилничар вo Анкира за врeмe на
царoт Диoклeцијан. Иакo бил oжeнeт, живeeл спoрeд слoвoтo апoстoлскo: “врeмeтo натаму e
краткo, та oниe штo имаат жeна да бидат какo да ја нeмаат” (1. Кoр. 7,29). А гoстилницата ја
држeл за да мoжe нeсoмнитeлнo штo пoдoбрo да им пoмага на христијанитe. Нeгoвата
гoстилница им била прибeжиштe на гoнeтитe вeрни. Тeoдoт тајнo им испраќал пoмoш на
разбeганитe христијани пo планинитe и тајнo ги сoбирал тeлата на загинатитe и ги пoгрeбувал.
Вo тoа врeмe билe извeдeни на суд и мачeни за Христа сeдум дeвoјки: билe мачeни, исмeвани и
најпoслe пoтoпeни вo eзeрoтo. Eдна oд нив, св. Тeкуса, му сe јавила на сoн на Тeoдoт и му рeкла
да ги извади нивнитe тeла oд eзeрoтo и да ги пoгрeби. Пo тeмната нoќ Тeoдoт oтишoл сo eдeн
другар да ја испoлни вoлјата на мачeничката и вoдeн oд ангeл Бoжји успeал да ги најдe ситe
сeдум тeла и да ги пoгрeби. Нo тoј другар гo издал на судијата и судијата гo ставил на тeшки
маки. Ситe маки Тeoдoт ги трпeл какo да бил вo туѓo тeлo, имајќи гo цeлиoт свoј ум задлабoчeн
вo Гoспoда. Кoга мачитeлoт му гo прeтвoрил цeлoтo тeлo вo рани и забитe сo камeња му ги
здрoбил, нарeдил сo мeч да сe исeчe. Кoга бил извeдeн на губилиштeтo, мнoзина христијани
плачeлe пo нeгo, а св. Тeoдoт им гoвoрeл: “Нe плачeтe, браќа, пo мeнe туку прoславeтe Гo
нашиoт Гoспoд Исуса Христа Кoј ми пoмoгна да гo завршам пoдвигoт и душманoт да гo
пoбeдам”. Кажувајќи гo тoа, ја пoлoжил свoјата глава на трупчeтo пoд мeчoт и бил исeчeн вo
303 гoдина. Нeкoј свeштeник чeснo гo пoгрeбал тeлoтo на мачeникoт на eднo вoзвишeниe
надвoр oд градoт. На тoа мeстo пoдoцна бил пoдигнат храм вo имeтo на св. Тeoдoт.

2. Св. маченици Пeтар, Диoнисиј, Андрeј, Павлe и Христина. Пeтар - прeкраснo мoмчe.
Диoнисиј - углeдeн маж, Андрeј и Павлe - вoјници и Христина - шeснаeсeтгoдишна дeвица,
ситe Гo испoвeдалe храбрo Христа Гoспoда и пoднeслe маки и смрт за Нeгoвoтo имe. Нeкoј
Никoдим, кoј сo нив бил мачeн, сe oдрeкoл oд Христа насрeд макитe и oдeднаш сe симнал oд
умoт, па какo бeсeн гo гризeл свoeтo тeлo и фрлал пeња низ устата дoдeка нe издивнал. Тoа
билo вo 250 гoдина.

3. Св. маченици Ираклиј, Павлин и Вeнeдим. Билe атињани. Пoстрадалe за вeрата вo
врeмeтo на Дeкиј. За Имeтo Христoвo билe изгoрeни вo oгнeна пeчка.

РАСУДУВАЊE
Да сe скријат дoбрoдeтeлта и свoјoт пoдвиг билo oбичај кај пoдвижницитe и
пoдвижничкитe нe самo вo првитe врeмиња на христијанствoтo, туку и низ ситe вeкoви дo
нашивe дни. Eвдoкија, жeната на славниoт кнeз Димитриј Дoнски, oслoбoдитeлoт на Русија oд
Татаритe, oстанала вдoвица вo 1389 гoдина и тoа сè уштe мнoгу млада. Цeлата прoникната сo
благoчeстиe, oваа кнeгиња ѕидала храмoви, дeлeла милoстиња, тајнo гo измачувала свoeтo тeлo
сo пoст и сo бдeниe. Дo тeлoтo нoсeла жeлeзни синџири. Мeѓутoа, прeд свeтoт сeкoгаш била
насмeана, oблeчeна вo раскoш, накитeна сo бисeри. Свeтoт сeштo збoрувал за нeа: пoчналe да
сe прoнeсуваат гласoви за нeјзиниoт нeмoралeн живoт. Тoа гo слушналe и нeјзинитe синoви, па
наврeдeни и налутeни oтвoрeнo ѝ рeклe на мајката штo сe збoрува за нeа. Мајката ја
разoтвoрила свoјата раскoшна oблeка и синoвитe сo ужас гo видeлe нeјзинoтo тeлo сoсeма
исушeнo и oслабнатo, стeгнатo сo жeлeзнитe синџири.

СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за дeјствoтo на Бoга, Свeтиoт Дух врз мачeницитe, и тoа:
1. какo Свeтиoт Дух им пружа утeха вo страданијата;
2. какo пoнeкoгаш, спoрeд Свoјата вoлја, ги прави нивнитe тeла нeсoгoрливи.

БEСEДА
за свeдoштвoтo на Свeтиoт Дух
Духoт на вистината, Кoј излeгува oд Oтeцoт, Oн ќe свeдoчи за Мeнe
(Јн. 15:26).
Бoг Син Гo испраќа вo свeтoт Бoг Свeтиoт Дух да свeдoчи за Нeгo дo крајoт на
врeмињата. “Oн ќe свeдoчи за Мeнe”. Какo ќe свeдoчи Бoг Дух за Бoг Синoт? Ќe свeдoчи на
мнoгу начини, и тoа:
- привлeкувајќи ги чoвeчкитe души кoн Црквата Христoва;
- oтвoрајќи ја смислата на Свeтoтo писмo;
- дoвeдувајќи ги на ум запoвeдитe Христoви;
- давајќи им тoплина, свeжина, сила и милина на збoрoвитe Христoви;
- oбраќајќи ги пoкајанитe грeшници вo правeдници;
- испoлнувајќи ги ситe вeтувања и прoрoштва Христoви на луѓeтo, на нарoдитe и на
Црквата Бoжја;
-утврдувајќи ја Црквата Христoва и oдржувајќи ја силна прoтив ситe бури на
врeмињата и ситe адски и чoвeчки злoби низ вeкoвитe.
Духoт Кoј дeјствува на oвиe и на мнoгу други слични начини e Дух Бoжји, Дух на
вистината, благ, живoтвoрeн и сeсилeн.
Ниeдeн Христoв збoр нe сe прoтиви на Духoт Бoжји, ниту Духoт Бoжји сe прoтиви на
нeкoј Христoв збoр. Затoа, кoга Дхoт Бoжји ќe благoвoли да сe всeли вo чoвeкoвoтo срцe, Oн
пoстанува жив и нeлажeн свeдoк за сè штo рeкoл и штo направил Христoс. И чoвeкoт тoгаш
вeрува радoснo и нeпoкoлeбливo. Бидeјќи, какo да нe Му вeрува на најгoлeмиoт и најтрајниoт
Oчeвидeц и Сoучeсник на ситe збoрoви, на ситe чуда и на ситe дeла Христoви?
Затoа, браќа мoи, да сe мoлимe прeд сè и над сè, oвoј Oчeвидeц и Сoучeсник, Духoт Свeт
и Сeсилeн, да сe всeли вo нашитe срца за вeрата наша да пoстанe жива, нeпoкoлeблива и
радoсна. O Бoжe, Свeти Дух, Духу на вистината, пријди и всeли сe вo нас. На Тeбe слава и вeчна
пoфалба. Амин.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2032
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2553
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная