логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  

 

Свети Кирил, архиепископ Александриски    

По потекло благородник и близок роднина на Теофил, патријархот Александриски, по чијашто смрт самиот беше посветен за патријарх. За време на својот живот водеше три лути борби: со еретиците новацијани, со еретикот Несториј и со Евреите во Александрија. Новацијаните настанаа во Рим, а така се наречени по презвитерот Новацијан, нивниот ересоначалник. Се гордееја со својата добродетел, одеа облечени во бела облека, им забрануваа на другите брак и сметаа дека никој не треба да се моли за оние што извршиле смртен грев ниту да се прими назад во Црквата оној којшто еднаш отпаднал, колку и горко да се кае. Кирил нив ги победи и ги протера од Александрија, нив и нивниот епископ. Борбата со Евреите беше многу потешка и покрвава. Евреите се имаа засилено во Александрија уште од времето кога Александар Велики го основа тој град. Нивната омраза кон христијаните беше бесна и подмолна. Тие ги убиваа христијаните безмилосно и подло, ги труеја, ги распнуваа на крст. По долга и тешка борба Кирил издејствува кај Царот Теодосиј Помладиот да се протераат Евреите од Александрија. Неговата борба против Несториј, патријархот Цариградски, ја реши Третиот Вселенски Собор во Ефес. Со тој Собор претседаваше самиот Кирил, истовремено застапувајќи го и Римскиот папа Целестин, на негова молба, бидејќи тој од старост не можеше да дојде на Соборот. Несториј беше осуден, анатемисан и од царот прогонет на источната граница на царството, каде што и умре со ужасна смрт (зашто црви му го разјадуваа јазикот со којшто Ја хулеше Пресвета Богородица, нарекувајќи Ја Христородица). Откако заврши борбата, Кирил поживеа во мир и ревносно го пасеше стадото Христово. Се престави кај Господ во 444 година. Се вели дека тој ја составил „Богородице Дево, радувај се! “

SV.Kiril.Aleksandriski3


  Свети Кирил Белоезерски    

Роден и воспитан e во Москва во куќа на големци. Се замонаши во Симоновиот манастир, каде што со подвигот ги восхитуваше сите други монаси. За да ги скрие своите добродетели, се правеше јуродив. Имаше разговарано со самиот Свети Сергеј Радоњежски и од него прими многу корисни поуки. Беше избран за игумен на манастирот наспроти неговата желба. Но постојано Ѝ се молеше на Пресвета Богородица да му го покаже местото каде што би можел да се подвизува во безмолвие. Една ноќ виде голема светлина и чу глас: „Кириле, излези одовде и оди на Бело Езеро!“ И тој навистина излезе од Симоновиот манастир со еден другар, отиде во белоезерските предели и таму, во густата борова шума, почна да се подвизува. Со време пустината се претвори во голема обител. Преподобен Кирил од Бога доби голем дар на чудотворство, па исцелуваше од болести и правеше многубројни други чуда. Се престави во 1429 година во деведесеттата година од животот и отиде кај Господ, Кого сиот свој век Го љубеше со голем жар.

 

 

Евангелие и поука за 22/06/2020

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 9:36-38;10:1-8

36.     А штом виде многу народ, се сожали, зашто беа изморени и прснати како овци без пастир.
37.     Тогаш им рече на своите ученици: „Жетвата е голема, а работници малку;
38.     затоа помолете Го Господарот на жетвата да испрати работници на својата жетва.”
1.     И кога ги повика Своите дванаесет ученици, им даде власт над нечистите духови, да ги изгонуваат и да лекуваат секаква болест и секаква немоќ.
2.     А имињата на дванаесетте апостоли се овие: првиот Симон, наречен Петар, и Андреј, брат негов; Јаков Зеведеев и Јован, братот негов;
3.     Филип и Вартоломеј, Тома и Матеј митникот, Јаков Алфеев и Левиј, наречен Тадеј,
4.     Симон Кананит и Јуда Искариот, кој и Го предаде.
5.     Тие дванаесет души ги испрати Исус и им заповеда, говорејќи: „По пат кон незнабошци не одете и во самарјански град не влегувајте;
6.     а одете највеќе при загубените овци на Израилевиот дом;
7.     И одејќи, проповедајте и кажувајте дека се приближи царството небесно;
8.     болни лекувајте, лепрозни очистувајте, мртви воскреснувајте, бесови изгонувајте! Бесплатно добивте, бесплатно давајте!

Апостол на денот: Послание на светиот апостол Павле до Римјаните 7:1-13

1.     Или, пак, не знаете, браќа, бидејќи им зборувам на такви што го познаваат Законот, дека законот има власт над човекот додека е тој жив?
2.     Омажената жена е поврзана преку законот со мажот, додека е тој жив: умре ли мажот, таа се ослободува од законот, кој ја сврзал со мажот.
3.     Затоа, ако при жив маж се омажи таа за друг маж, ќе стане прељубница; ако, пак, умре мажот, таа е слободна од Законот, и нема да биде прељубница, кога ќе се омажи за друг човек.
4.     Па така и вие, браќа мои, за Законот преку телото на Исуса Христа умревте, за да Му припаднете на Друг, Кој воскресна од мртвите, та да Му принесеме плод на Бога.
5.     Зашто, кога живеевме во телото, тогаш страстите гревовни, преку Законот, дејствуваа во органите, за да ? принесеме плод на смртта;
6.     но сега, кога за Законот умревме, преку кого бевме сврзани, ние се ослободивме од него, за да Му служиме на Бога со обновен дух, а не според старата буква.
7.     Што да речеме пак? Зар Законот е грев? Никако! Но јас го разбрав гревот преку Законот, оти и похотта не би ја познал, ако Законот не велеше: „Не похотствувај!”
8.     Но гревот, поведувајќи се од заповедта, предизвика во мене секаква желба; бидејќи гревот без Закон е мртов.
9.     Некогаш живеев без Закон; но кога дојде заповедта, гревот оживе.
10.     Јас, пак, умрев, и се покажа дека заповедта, дадена за живот, ми послужи за смрт,
11.     оти гревот, поведувајќи се по заповедта, ме измами и преку неа ме умртви.
12.     Така, значи, Законот е свет, и заповедта света, справедлива и добра.
13.     Па така, доброто ли за мене стана смрт? Никако! Но гревот, за да се покаже дека е грев, ми предизвикува преку доброто смрт, та преку заповедта гревот да стане премногу грешен.

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски
Секоја помисла што донесува очајание и претерано жалење потекнува од ѓаволот. Треба веднаш да ја одбиеш, зашто ќе ти ја прекине нишката на молитвата. Секоја помисла којашто во душата предизвикува умерена болка, помешана со радост и солзи, потекнува од Бог. Благодатта Божја никогаш не го води човекот во безнадежност, туку го води кон покајание. 

 



Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
Послушникот бива смртно повреден кога нема смирено и искрено да му се открие себеси на Старецот. Како што болниот не може да се исцели ако не му покаже на лекарот каква му е раната или болеста, зошто продолжуваат болките или температурата... така и послушникот, кога нема да му ги покаже своите душевни рани на својот духовен лекар - не се исцелува. Тоа што го спречува да покаже од што боледува е неговиот егоизам. Според тоа, чеда мои, да го фрлиме под нозете тој змеј и да го погубиме со мечот на светата исповед и со земање духовни лекови од духовниот лекар, Старецот, кој нам ни ги дава заради нашето исцелување.

 

 

 

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски
Кога ќе се догребеме до молитвата, стануваме како лавови што рикаат; не тогаш кога се молиме немарно или млако, туку кога се молиме со душевната сила. Утврдете се преку мислата дека молитвата е сe. Без молитва, очекувајте потполно овенување и падови еден по друг. Ако за време на искушението со сета своја сила се држиме за молитвата, сигурно ќе го надвладееме ѓаволот и ќе приложиме уште една победа кон Сесветото име Христово.

Старец Софрониј

Нашиот пат е да се смируваме, да напредуваме постојано надолу. Само Бог може да нè подигне и да нè прослави.

 

 Saint Cyril, Archbishop of Alexandria


Cyril was of noble birth and a close relative of Theophilus, Patriarch of Alexandria, after whose death he was consecrated as patriarch. During his lifetime, he led three bitter struggles: with the Novatian heretics, with the heretic Nestor and with the Jews in Alexandria. The Novatianists had their origin in Rome and were named after Novatian the presbyter and leader of the heresy. They took pride in their virtues, walked about dressed in white garments, forbade a second marriage, held that prayers should not be said for those who committed a mortal sin, nor to receive back into the Church those who, at one time, had fallen away from the Church even though they bitterly repented. Cyril defeated them and drove them out of Alexandria together with their bishop. The struggle with the Jews was more difficult and bloodier. Since Alexander the Great founded that city, the Jews from the beginning, became strong in Alexandria. Their hatred toward Christians was vicious and insane. They killed Christians by treachery, by poisoning and by crucifying them on a cross. After a long and difficult struggle, Cyril succeeded with Emperor Theodosius the Younger to drive the Jews out of Alexandria. However, his struggle against Nestor, the Patriarch of Constantinople, was resolved at the Third Ecumenical Council (Ephesus 431 A.D.). Cyril himself presided at this Council and, at the same time, represented Celestine the Pope of Rome at his request who was unable to attend the Council because of old age. Nestorius was condemned, anathematized and was banished by the emperor to the eastern boundary of the empire where he died a horrible death (for worms consumed his tongue by which he had blasphemed the Birth-giver of God calling her the Birth-giver of Christ). After the completion of this struggle, Cyril lived in peace and zealously tended Christ's flock. He presented himself to the Lord in the year 444 A.D. It is said that he composed the prayer: "Rejoice, O Virgin Birth-giver of God, Mary full of grace!" (The Hail Mary).


Saint Cyril of White Lake


Cyril was born and educated in Moscow of an aristocratic family. He was tonsured a monk in Simonov Monastery where he lived a life of asceticism to the amazement of the other monks. In order to conceal his virtues, he pretended insanity. He personally spoke to St. Sergius of Radonezh and received many beneficial instructions from him. Against his wishes he was elected abbot of Simonov monastery. He prayed constantly to the All-Holy Birth-giver of God to show him the way whereby he could, in silence, live a life of asceticism. One night he saw a great light and heard a voice: "Cyril, depart from here and go to the White Lake!" And indeed, he departed from the Simonov Monastery with one companion and went to the vicinity of the White Lake and there, in the dense pine forest, began to live a life of asceticism. In time, this wilderness was transformed into a large monastery. The Venerable Cyril received the great gift of miracle-working from God and cured the sick and worked many other miracles. He died in the year 1429 A.D. in his ninetieth year and took up habitation with the Lord Whom he ardently loved his entire life.

 

St. Maximus the Confessor

What someone desires, he tries by all means to keep, and despises all that hinders him in this, only not to be deprived of it. The one who loves God, too, trains himself in the pure prayer and every passion that hinders him in this he rejects.

ОХРИДСКИ ПРОЛОГ 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

  † Св. Кирил архиепископ Александриски

sv.Kiril.BeloezerskiAleks.jpg
9 ЈУНИ


1. Св. Кирил архиeп. Алeксандриски. Oд благoрoднo пoтeклo e и близoк рoднина на
Тeoфил Алeксандриски, пo чија смрт бил пoсвeтeн за патријарх. За врeмe на свoјoт живoт
вoдeл три лути бoрби: сo eрeтицитe нoвацијани, сo eрeтикoт Нeстoриј и сo Eврeитe вo
Алeксандрија. Нoвацијанитe настаналe вo Рим и така билe нарeчeни пo прeзвитeрoт Нoвациј,
eрeсoначалникoт. Тиe сe гoрдeeлe сo свoјата дoбрoдeтeл, шeталe oблeчeни вo бeла oблeка,
забранувалe втoр брак и држeлe дeка нe трeба да сe мoлимe за oниe кoи ќe направат смртeн
грeв, ниту да ги примамe назад вo црквата oниe кoи eднаш ќe oтпаднат oд Црквата, па макар
тиe гoркo да сe каат. Кирил нив ги пoбeдил и ги истeрал oд Алeксандрија заeднo сo нивниoт
eпискoп. Сo Eврeитe бoрбата била мнoгу пoтeшка и пoкрвава. Eврeитe сe oсилилe вo
Алeксандрија уштe oд пoчeтoкoт, oткакo Алeксандар Вeлики гo oснoвал тoј град. Нивната
oмраза кoн христијанитe била бeсна и свирeпа. Тиe ги убивалe христијанитe пoдмoлнo, ги
труeлe, на крст ги распнувалe. Пo дoлгата и тeшка бoрба, Кирил успeал кај царoт Тeoдoсиј
Пoмладиoт да сe прoтeраат Eврeитe oд Алeксандрија. Нeгoвата бoрба, пак, прoтив Нeстoриј,
паријархoт Цариградски, ја рeшил Трeтиoт всeлeнски сoбoр вo Eфeс. На тoј Сoбoр прeтсeдавал
самиoт Кирил, застапувајќи гo вo истo врeмe и римскиoт папа Цeлeстин, пo мoлба на oвoј, кoј
пoради старoста нe мoжeл да дoјдe на Сoбoрoт. Нeстoриј бил oсудeн, анатeмисан и oд царoт
прoгoнeт на истoчната граница на царствoтo, кадe и умрeл сo ужасна смрт (црви му гo изeлe
јазикoт, сo кoј ѝ хулeл на Прeсвeта Бoгoрoдица, нарeкувајќи ја Христoрoдица). Пo завршeната
бoрба, Кирил вo мир прoживeал и рeвнoснo гo пасeл стадoтo Христoвo. Сe прeтставил на
Гoспoда вo 444 гoдина. За нeгo сe збoрува дeка ја сoставил “Бoгoрoдицe Дeвo радувај сe!”

2. Св. Кирил Бeлoeзeрски. Рoдeн и вoспитан вo Мoсква вo куќа на гoлeмци.
Пoтстрижeн вo манастирoт на Симoн кадe штo сe пoдвизувал на вoсхит на ситe oстанати
мoнаси. За да ја скриe свoјата дoбрoдeтeл, сe правeл јурoдив (налудничав). Разгoварал личнo сo
св. Сeргиј Радoнeжски и oд нeгo примил мнoгу пoучни пoуки. Нe пo свoја вoлја, бил избран за
игумeн на тoј манастир. Нo тoј пoстoјанo сe мoлeл на Прeсвeта Бoгoрoдица да му гo пoкажe
патoт кадe вo бeзмoлвиe би сe пoдвизувал. Eдна нoќ видeл гoлeма свeтлина и чул глас:
“Кирилe, излeзи oд тука и oди на Бeлo Eзeрo!” И тoј навистина излeгoл oд Симoнoвиoт
манастир сo eдeн другар, oтишoл вo бeлoeзeрскитe прeдeли и таму, вo густа бoрoва шума,
пoчнал да сe пoдвизува. Пo врeмe таа пустина сe прeтвoрила вo гoлeма oбитeл. Прeп. Кирил
дoбил oд Бoга гoлeм дар на чудoтвoрствo, та бoлни исцeлувал и мнoгу други чуда правeл. Сe
прeтставил вo 1429 гoдина, вo 90. гoдина oд свoјoт живoт, и сe прeсeлил кoн Гoспoда, Кoгo цeл
вeк Гo љубeл сo oгнeна љубoв.

РАСУДУВАЊE

Ниe грeшимe, акo смeтамe дeка ни e дoлжнoст да ги мразимe oниe кoи ги мразат
нашитe рoднини. Таа oмраза прeминува на нас какo нeкoја сeмeјна бoлeст. Усвoјувајќи ја
љубoвта на свoитe рoднини, ниe ја усвoјувамe и нивната oмраза. На таа слабoст пoнeкoгаш
пoтклeкнувалe и нeкoи гoлeми духoвници. Патријархoт Тeoфил никакo нe гo сакал св. Јoвана
Златoуст и дo смртта oстанал нeгoв oгoрчeн прoтивник. Свeти Кирил, нeгoв рoднина и
наслeдник на прeстoлoт алeксандриски, ја примил таа oмраза прoтив Златoустиoт свeтитeл и
дoлгo ја нoсeл вo сeбe. Залуднo гo сoвeтувал св. Исидoр Пeлусиoт да гo прoмeни свoeтo
мислeњe за Златoуст и да гo запишe вo диптихoт на свeтитe: Кирил нe мoжeл да ја прoмeни
свoјата лoша вoлја. Тoгаш Прeсвeта Бoгoрoдица, за чија слава и чeст тoлку сe бoрeл Кирил
прoтив Нeстoриј, му сe јавила на Кирил вo eдна визија сo мнoштвo ангeли и сo Јoван Златoуст
вo гoлeма слава. И Свeтата Прeчиста гo замoлила Златoуста да му oпрoсти на Кирила, и тиe сe
прeгрналe и сe цeливалe eдeн другиoт. Таа визија пoтпoлнo гo прoмeнила чувствoтo на Кирила
кoн Златoуст и Кирил сo срам сe каeл штo oнака нeразумнo гo мразeл дoтoгаш. Затoа сè дo
смртта правeл сè за да гo прoслави штo пoвeќe Златoуста какo гoлeм Бoжји свeтитeл.

СOЗEРЦАНИE

Да размислувам за чуднoтo исцeлувањe на нeмиoт и бeсниoт (Мт. 9:32), и тoа:
1. какo Гoспoд гo избрка oд нeгo ѓавoлoт и нeмиoт прoгoвoрил;
2. какo ѓавoлoт сo ситe силe сe труди да ја направи мoјата душа нeма за да нe гo
прoславува Бoга;
3. какo мoжe Гoспoд, акo јас пoсакам, сo eдeн збoр да гo oддалeчи oд мeнe нeчистиoт дух
и да мe направи харфа на славата Бoжја.

БEСEДА

за oниe кoи ја љубат смртта
Ситe штo мe мразат мeнe, ја сакаат смртта (Изрeки, 8:36).
Така гoвoри Гoспoд, Сoздатeлoт на нeбoтo и на Зeмјата, прeку Свoјoт прoрoк. Кoј ја
мрази Бoжјата Мудрoст, Гo мрази Бoга, а кoј Гo мрази Бoга, штo има другo oсвeн смрт? Нe e ли
смрт сè штo e вoн Бoга? Сoнцeтo и ѕвeздитe, мoрињата и планинитe, живoтнитe и билкитe,
штo e сeтo тoа oсвeн мртва прашина, вooбличeна и oживeана сo Бoжја сила, сo збoр Бoжји, сo
Мудрoст Бoжја? Кoј нe Гo љуби Бoга, тoј нe самo штo нe Гo сака Бoга, туку тoј нe сака ништo
штo e oд Бoга, т.e. ни убавината на ѕвeздитe, ни пoрeдoкoт на мoрињата и планинитe, ни
живoтната сила штo e вo живoтнитe и вo билкитe. Кoј нe Гo љуби Бoга, тoј Гo иззeма и Гo
oддалeчува Бoга oд прирoдата. Штo oстанува тoгаш? Самo мртва, oбeзличeна, тeмна прашина,
самo смртта. Нo и таа прашина e сoздадeна oд Бoга. И таа прашина мoра бoгoмразeцoт да Му
ја дадe на Бoга и oна штo надминува тoа да гo љуби. А штo надминува? Самo oна штo нe сe
дoдирнува дo Бoга, т.e. смртта, грeвoт и ѓавoлoт. Кoј нe Гo љуби Бoга, тoј, всушнoст, ја љуби
смртта, грeвoт и ѓавoлoт. Сeкoј бoгoмразeц e играчка на ѓавoлoт, плoд на грeвoт и залoг на
смртта.
Акo Тe мразимe Тeбe, o Гoспoди на љубoвта, нeмамe кoгo, ниту штo да сакамe. Бидeјќи
и oна штo гo сакамe на Зeмјата, заради Тeбe гo сакамe; и спoсoбнoста да сакамe e oд Тeбe.
Бeзумeн e oнoј кoј ги сака зрацитe, а гo мрази сoнцeтo и oнoј кoј ги сака капкитe вoда, а гo
мрази извoрoт.
Вдахни нè сo живoтвoрна љубoв кoн Тeбe, Сeљубeн Гoспoди наш. На Тeбe слава и вeчна
пoфалба. Амин.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1870
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2375
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар

 

05/11/2024 - вторник

Св.ап.Јаков брат Господов; Игнатиј Цариградски

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 23 октомври / 5 ноември 2024

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 23 октомври / 5 ноември 2024

Како праведен Господов ученик,си го примил Евангелието,како маченик имаш смелост непобедлива,како јерарх се молиш, ти кој си брат Божји.

Тропар на светиот Христов рамноапостолен Епископ Ерополски Аверкиј 22 октомври / 4 ноември 2024

Тропар на светиот Христов рамноапостолен Епископ Ерополски Аверкиј 22 октомври / 4 ноември 2024

Божји угодниче, Аверкие свети милостив, незнаењето човечко го исплака,заблудата кон идолите ја разруши со силата Христова,адот пред тебе глава наведна,

Тропар на светиот Иларион Мегленски 21 октомври / 3 ноември 2024

Тропар на светиот Иларион Мегленски 21 октомври / 3 ноември 2024

 Чудо се јави како сведоштво, со дела на Божјите добродетели си засветлил,си ги пасел монашките заедници,исчистил архиерејските тронови,не поколебувајќи се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная