логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

sv.Agatonik.Nikomidiski.jpg

Светите маченици Агатоник, Зотик и другите со нив

Свети Агатоник беше никомидиски граѓанин, по вера христијанин. На заповед од царот Максимијан, царскиот намесник луто ги гонеше христијаните. При тоа гонење во некое место Карпин го фати Свети Зотик, ги распна на крст неговите ученици, а самиот Зотик го доведе во Никомидија, каде што ги фати и ги врза уште и Агатоник, Принкипс, Теопрепиј, Акиндин, Северијан, Зенон и многу други. Сите цврсто врзани ги поведе во Византија, но патем од рани и изнемоштеност испоумреа Светите Зотик, Теопрепиј и Акиндин. Во близината на Халкидон го убија Св. Северијан, а Агатоник и останатите беа одведени во Тракија, во местото Силимврија, каде што после мачења беа убиени со меч и влегоа во радоста на својот Господ.

Светата маченичка Евлалија

Во времето на страшните гонења на христијаните во Шпанија живееше една девица Евлалија, родена од родители христијани, во местото наречено Варкинон. Сета предадена на Христа како на свој Женик, сета вдлабочена во Светото Писмо, таа истрајно се трудеше во драговолни подвизи на духот и телото. Кога мачителот Дакијан немилосрдно ги убиваше христијаните ширум Шпанија, па дојде во Варкинон, Евлалија ноќе се искраде од кај родителите, излезе пред мачителот и пред многуброен народ го изобличи за убивање невини луѓе, а ги исмеа и мртвите идоли и јавно ја исповеда својата вера во живиот Господ Христос. Разјарен Дакијан нареди да ја разголат и да ја бијат со стапови. Но Светата девица изјави дека заради Христа не чувствува ни болки ни маки. Тогаш мачителот ја приврза крстообразно за едно дрво и нареди телото да ѝ го палат со свеќи. Ја запраша каде е нејзиниот Христос сега да ја спаси. А Евлалија одговори: „Овде е со мене, но ти заради твојата нечистотија не можеш да Го видиш.“ Евлалија го предаде својот дух на Бога во големи маки. Кога издивна, видоа како од нејзината уста излегува бел гулаб. Тогаш ненадејно падна снег и го покри голото тело на маченичката како да е фустан. Третиот ден дојде Свети Феликс и жално плачеше пред висечкото тело на Света Евлалија. Тогаш на мртвото лице на светителката се појави насмевка. Нејзините родители дојдоа заедно со други христијани и чесно го погребаа телото на Светата девица. Света Евлалија пострада за својот Господ и појде во вечната радост на почетокот од 4 век.

Светата маченичка Антуса и другите со неа

Ќерка на богати но незнабожни родители од Селевкија во Сирија. Кога дозна за Христа, Света Антуса со сето срце поверува во Него, тајно појде кај епископот Атанасиј и тој ја крсти. На Крштението ѝ се јавија Божји ангели. Потоа отиде на подвиг во пустина, зашто не смееше да се врати дома кај родителите. Се подвизуваше во пустината дваесет и три години. Душата Му ја предаде на Бога додека клечеше на молитва на еден камен, под којшто заветуваше да биде погребана. Потоа, заради верата во Христа беа заклани епископот Атанасиј и двајцата слуги на Антуса, Харис и Неофит, во времето на царот Валеријан, околу 257 година. Сите пострадаа чесно, стекнувајќи венци на невенлива слава.


Евангелие и поука за 04/09/2022

 
Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 19:16-26


16.     И ете, еден човек, кога пристапи до Него, Му рече: „Учителе добар, какво добро треба да направам за да имам живот вечен?”
17.     А Он му одговори: „Зошто Ме наречуваш добар? Никој не е добар освен единиот Бог. А ако сакаш да влезеш во животот, пази ги заповедите.”
18.     Тој Му рече: „Кои?” А Исус одговори: „Не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно;
19.     почитувај ги татка си и мајка си; сакај ги ближните свои како себеси!”
20.     Младиот човек Му рече: „Сето тоа сум го запазил од младини; што ми е уште потребно?”
21.     Исус му кажа: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го имотот свој и раздели го на сиромаси, и ќе имаш сокровиште на небото; па дојди и врви по Мене!”
22.     Штом ги чу младиот човек тие зборови, си отиде нажален, оти имаше голем имот.
23.     А Исус им рече на учениците Свои: „Вистина, ви велам, богат мачно ќе влезе во царството небесно;
24.     и уште ви велам: полесно ? е на камилата да мине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во царството Божјо.”
25.     Кога го чуја тоа учениците, многу се зачудија и рекоа: „Тогаш кој може да се спаси?”
26.     А Исус, кога погледна на нив, им рече: „За луѓето тоа не е можно, но за Бога сe е можно.”

Апостол на денот: Прво послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните 15:1-11


1.     Браќа, ви напомнувам за Евангелието, Кое ви го проповедав а Кое вие го примивте и во Кое стоите.
2.     Преку Него и се спасувате, ако Го држите како што ви проповедав, освен ако не сте поверувале напразно.
3.     Ви го предадов најнапред она, што го бев и примил, дека Христос умре за нашите гревови, според Писмата;
4.     дека Он беше погребан и дека на третиот ден воскресна, според Писмата,
5.     и дека му се јави на Кифа и потоа на единаесетте;
6.     после им се јави еднаш на повеќе од петстотини браќа, од кои повеќето се живи и до денес, а некои починаа;
7.     потоа му се јави на Јакова и на сите апостоли,
8.     а по сите, најпосле ми се јави и мене, како на некое недоносче,
9.     зашто јас сум најмалиот од апостолите и не сум достоен да се наречам апостол, бидејќи ја гонев Божјата црква.
10.     Со благодатта на Бога сум тоа што сум, и Неговата благодат, која е во мене, не остана празна, но повеќе се потрудив од сите нив; само не јас, туку Божјата благодат, која е со мене.
11.     И така, било јас, или тие, така проповедаме, и вие така поверувавте.

Поука на денот: Авва Зенон
Оној кој сака Бог брзо да ја услиши неговата молитва треба пред с? и пред да се помоли за својата душа да се помоли за своите непријатели. Ако прави така Бог ќе го услиши во сe што ќе побара.

Поука на денот: Свети Јован Лествичник
Знак на покајание е кога човекот смета дека заслужува секоја видлива и невидлива неволја што ќе му се случи, па дури и нешто потешко.


Поука на денот: Свети Нил Синајски
Немој да сакаш она што е во врска со тебе да биде онака како што тебе ти изгледа најдобро, туку онака како што на Бога Му е угодно. Тогаш во молитвата ќе бидеш безметежен и благодарен.

Старец Софрониј

Како да го поминеме денот без грев, или поинаку речено, свето? Еве го нашиот секојдневен проблем. Како да ги преобразиме нашето битие, умот, чувствата, самите наши природни реакции, така што да не сториме грев против нашиот Небесен Отец, против Христа, против Светиот Дух, против човековата ипостас, против нашиот брат и против секое нешто на овој свет.

 

Holy Martyrs Agathonicus, Zoticus and others with them

St. Agathonicus was a citizen of Nicomedia and a Christian by faith. With great zeal he converted the Hellenes from idolatry and instructed them in the true Faith. By order of Emperor Maximian, the emperor's deputy cruelly persecuted the Christians. During the persecution, the deputy captured St. Zoticus in a place called Carpe, crucified his disciples and brought Zoticus to Nicomedia where he also captured and bound St. Agathonicus, Princeps, Theoprepius, Acindynus, Severianus, Zeno and many others. Securely bound, they were all taken to Byzantium. However, along the way, Saints Zoticus, Theoprepius and Acindynus died of their many wounds and exhaustion. They killed Severianus near Chalcedon and, Agathonicus with the others were taken to Thrace to the town of Silybria where, after torture before the emperor himself, they were beheaded and entered into eternal life and into the joy of their Lord.


Holy Martyr Eulalia


During the time of a terrible persecution against Christians in Spain, there lived a virgin Eulalia, born of Christian parents in the town of Barcelona. Completely dedicated to Christ as her Bridegroom, completely immersed in Holy Scripture, Eulalia ceaselessly disciplined herself in voluntary mortification of the body and spirit. When the torturer Dacian who mercilessly killed the Christians throughout Spain and then came to Barcelona, Eulalia slipped away from her parents at night, came before the torturer and in the presence of many people rebuked him for slaughtering innocent people, along with this ridiculing the lifeless idols and openly confessing her faith in Christ the living Lord. The enraged Dacian ordered that Eulalia be disrobed and beaten with rods. But the holy virgin expressed that she did not feel the pains of the tortures for her Christ. The torturer then bound her to a piece of wood in the form of a cross and ordered that her body be burned with torches. Then the torturer asked her: "Where is your Christ now to save you?" Eulalia answered: "He is here with me but you are unable to see Him because of your impurity." In great pain did Eulalia give up her soul to God. When she died, the people saw a white dove emerge from her mouth. At that moment, snow unexpectedly fell and covered the naked body of the martyr as a white garment. The third day, St. Felix came and sadly wept before Eulalia's hanging body and on the lifeless face of the saint there appeared a smile. Her parents came and, together with other Christians, honorably buried the body of this holy virgin. Eulalia suffered and died for her Lord and entered into eternal joy at the beginning of the fourth century.


Holy Martyr Anthusa and others with her


Anthusa was the daughter of wealthy but pagan parents from Seleucia in Syria. Learning about Christ, Anthusa believed in Him with all her heart and secretly went to Bishop Athanasius who baptized her. At the time of her baptism, angels of God appeared to her. After that, Anthusa set out for the wilderness to live a life of asceticism for she was afraid to return to her parents. Anthusa lived a life of asceticism in the wilderness for twenty-three years. While praying to God, she gave up her soul kneeling on a stone under which, according to her last testament, she wished to be buried. Bishop Athanasius and two of Anthusa's servants, Charismus and Neophytus, were slain after that because of their faith in Christ at the time of Emperor Valerian about the year 257 A.D. They all died honorably and were crowned with wreaths.

 

Elder Sophrony

Our, in Christ, consciousness spreads, our life knows no borders. In the commandment Love your fellowman as yourself we should understand that as yourself in the following way: every man, the whole Adam, is my being.

 

 Св. мч-ци Агатоник, Зотик, Зинон и др.
22 АВГУСТ
1. Св. мч-ци Агатoник, Зoтик и други сo нив. Св. Агатoник бил граѓанин на
Никoмидија и христијанин пo вeра. Сo гoлeма усрднoст ги oдвраќал Eлинитe oд
идoлoпoклoнствo и ги пoучувал на вистинската вeра. Пo нарeдба на царoт Максимијан,
царскиoт намeсник oстрo ги гoнeл христијанитe. При тoа гoнeњe гo фатил св. Зoтик вo нeкoe
мeстo Карпин, ги распнал на крст нeгoвитe учeници, а Зoтика гo дoвeл вo Никoмидија, кадe
штo гo фатил и ги врзал уштe и: св. Агатoник, Принкипса, Тeoпрeпија (Бoгoубав), Акиндина,
Сeвeријана, Зeнoна и мнoгу други. Ситe врзани ги пoвeл вo Византија, нo пo пат oд ранитe и
изнeмoштeнoста умрeлe: св. Зoтик, Тeoпрeпсиј и Акиндин. Близу дo Халкидoн гo убилe св.
Сeвeријан, а Агатoник сo oстанатитe бил прeфрлeн вo Тракија, вo мeстoтo Сeлимвриј, кадe штo
пoслe мачeњата, прeд самиoт цар билe исeчeни и прeминалe вo вeчeн живoт и вo радoста на
свoјoт Гoспoд.
2. Св. мч-чка Eвлалија. Вo врeмeтo на страшнитe гoнeња на христијанитe вo Шпанија,
живeeла нeкoја дeвица Eвлалија, рoдeна oд христијански рoдитeли, вo мeстoтo нарeчeнo
Варкинoн. Цeлата била прeдадeна на Христа какo на свoј Младoжeнeц, цeлата задлабoчeна вo
Свeтoтo писмo, таа сe вeжбала истрајнo вo дoбрoвoлнитe пoдвизи на тeлoтo и духoт. Кoга
мачитeлoт Дакијан нeмилoсрднo ги убивал христијанитe пo Шпанија, па дoшoл и вo
Варкинoн, Eвлалија сe искрала нoќe oд свoитe рoдитeли, излeгла прeд мачитeлoт, и прeд
мнoштвoтo нарoд гo разoбличила за убивањeтo на нeвинитe луѓe, исмeвајќи ги при тoа
мртвитe идoли и испoвeдајќи ја јавнo вeрата свoја вo живиoт Гoспoд Христoс. Разлутeниoт
Дeкијан нарeдил да ја разгoлат и да ја тeпаат сo стапoви. Нo свeтата дeвица изјавила дeка нe
чувствува бoлки вo макитe за свoјoт Христoс. Тoгаш мачитeлoт крстooбразнo ја заврзал за дрвo
и нарeдил тeлoтo сo свeќи да ѝ гo гoрат. Мачитeлoт ја прашал кадe e нeјзиниoт Христoс сeга да
ја спаси? А Eвлалија oдгoвoрила: “Тука e сo мeнe, нo ти нe мoжeш да Гo видиш пoради твoјата
нeчистoтија”. Вo гoлeми маки Eвлалија гo прeдала свoјoт дух на Бoга. И кoга издивнала луѓeтo
видeлe бeл гулаб кај штo излeгува oд нeјзината уста. Вo тoј час нeнадeјнo паднал снeг и гo
пoкрил гoлoтo тeлo на мачeничката какo сo бeл фустан. Трeтиoт дeн дoшoл св. Фeликс и жалнo
плачeл прeд тeлoтo на Eвлалија штo висeлo. И на мртвoтo лицe на свeтитeлката сe пoјавила
насмeвка. Нeјзинитe рoдитeли дoшлe и заeднo сo oстанатитe христијани чeснo гo пoгрeбалe
тeлoтo на свeтата дeвица. Пoстрадала за свoјoт Гoспoд и прeминала вo вeчната радoст вo
пoчeтoкoт на VI вeк.
3. Св. мччка Антуса и oстанатитe сo нeа. Ќeрка на бoгати, нo нeзнабoжни рoдитeли oд
Сeлeвкија вo Сирија. Дoзнавајќи за Христа, Антуса сo сeтo срцe пoвeрувала вo Нeгo, и тајнo сe
упатила кај eпискoпoт Атанасиј, кoј ја крстил. При нeјзнoтo крштавањe с јавилe ангeли Бoжји.
Пoтoа Антуса сe упатила в пустина на пoдвиг, oти нe смeeла да сe врати кај свoитe рoдитeли.
Вo пустината сe пoдвизувала 23 гoдини. Вo мoлитвата кoн Бoга таа Му ја прeдала свoјата душа
на Бoга, клeчeјќи на eдeн камeн, пoд кoј замoлила да бидe закoпана. Eпискoпoт Атанасиј и
двајца слуги на Антуса: Харисим и Нeoфит, пoтoа билe исeчeни пoради вeрата вo Христа, вo
врeмeтo на царoт Валeријан, oкoлу 257 гoдина. Ситe чeснo пoстрадалe и сo вeнци сe oвeнчалe.
РАСУДУВАЊE
Кoга чoвeкoт eднаш вистински ќe сe пoкаe, нe трeба пoвeќe да мисли на направeнитe
грeвoви за да нe згрeши пoвтoрнo. Св. Антoниј сoвeтува: “Пази сe твoјoт ум да нe сe oсквeрни сo
сeќавањeтo на пoранeшнитe грeвoви и вo тeбe да нe сe oбнoви чувствoтo на тиe грeвoви”. На
другo мeстo, пак, вeли: “Нe утврдувај ги вo свoјата душа пoранo направeнитe грeвoви сo
размислувањe за нив за да нe сe пoвтoрат вo тeбe. Биди увeрeн дeка тиe ти сe oпрoстeни oд oна
врeмe кoга сeбeси си сe прeдал на Бoга и на пoкајаниeтo. И вo тoа нe сoмнeвај сe”. За св. Амoн
гoвoрeлe дeка тoј дoстигнал таквo сoвршeнствo штo oд мнoгу дoбрина нe знаeл вeќe дeка
пoстoи злoтo. Кoга гo прашувалe какoв e тoј тeсeн и трнлив пат, тoј oдгoвoрил: “Тoа e
зауздувањe на свoитe пoмисли и oтсeкувањe на сoпствeнитe жeлби заради испoлнувањe на
вoлјата Бoжја”. Кoј ги зауздува грeшнитe пoмисли, тoј нe мисли ни за свoитe, ни за туѓитe
грeвoви, и за ништo гнилeжнo, и за ништo зeмнo. Умoт на таквиoт чoвeк e нeпрeстајнo на
нeбoтo кадe штo нeма злo. Така пoстeпeнo и вo нeгo гo снeмува злoтo, па дури и вo мислитe.
СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за чудната Бoжја пoмoш на Давида (I Цар. 19), и тoа:
1. какo Давид удирал вo харфата прeд Саула;
2. какo лoшиoт дух гo нападнал Саула и сe нафрлил сo кoпјeтo да гo убиe Давида;
3. какo Саул нe гo пoгoдил Давида и вo најблискo растoјаниe.
БEСEДА
за прoрoштвoтo на чудата Христoви
Тoгаш ќe им сe oтвoрат oчитe на слeпитe, ушитe на глувитe ќe сe
oтнат. Тoгаш куциoт ќe скoка какo eлeн и јазикoт на нeмиoт ќe пee (Иса.
35:5-6).
Дoјдeтe браќа, да ѝ сe вoсхитувамe на силата на нашиoт жив Бoг, кoј му ги oтвoрил
oчитe на смртниoт чoвeк за да гo види вo прeгoлeма далeчина oна врeмe штo ќe сe случи. И
уштe какo да глeда: дo самата пoeдинeчнoст, какo и самиoт тoј прoрoк да бил апoстoл Христoв
и да oдeл сo Гoспoда Христа, и какo глeдал чудo пo чудo. Oн на слeпитe им давал вид, на
глувитe слух, на куцитe здравјe на нoзeтe и на нeмитe глас и гoвoр. Кoга Јoван Крститeл oд
тeмницата ги испратил свoитe учeници да Гo прашаат Христа: “Ти ли си Oнoј штo трeба да
дoјдe?” Гoспoд Исус Христoс им oдгoвoрил сo збoрoвитe на свoјoт прoрoк Исаија: “Oдeтe и
кажeтe му на Јoвана штo слушатe и штo глeдатe: слeпи прoглeдуваат и сакати прooдуваат,
лeпрoзни сe oчистуваат и глуви прoслушуваат, мртви вoскрeснуваат” (Мт. 11:4-5). Пoглeднeтe
какo чуднo гo пoстрoил Гoспoд нашeтo спасeниe! Oна штo прeку свoитe прoрoци гo прoрeкoл
за Сeбe, тoа Oн и гo испoлнил. Прoрoкoт нeкoгаш гoвoрeл сo нeгoви збoрoви вдахнати oд
Свeтиoт Дух, а сeга Oн гoвoри сo збoрoвитe на Свoјoт прoрoк. Нeкoгаш прoрoкoт сe пoвикувал
на Нeгo, а сeга Oн на прoрoкoт. Сo тoа сака да пoкажe дeка и кoга ги изгoвара Свoитe збoрoви,
и кoга ги изгoвара прoрoчкитe збoрoви, сeкoгаш гo гoвoри самo Свoeтo. Да пoкажe дeка и
тoгаш Oн гoвoрeл а нe прoрoкoт, и сeга Oн гoвoри, а нe нeкoј друг. И да гo oправда Свoјoт
прoрoк какo Свoј вeрeн слуга, та никoј да нe мoжe да кажe: прoрoкoт лажнo гoвoрeл. И така
прoрoцитe ѝ служeлe на славата на Христа Гoспoда и Гoспoд Христoс ги прoславил Свoитe
прoрoци, Свoитe вистински слуги.
O Гoспoди, прoславeн oд Свoитe слуги и прoславувачу на Свoитe слуги, пoмoгни ни и
на нас, сo збoр, сo дeлo и сo мисли да ѝ пoслужимe на Твoјата вeличeствeна слава на Твoeтo
имe. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2034
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2555
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная