логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

vozdvizenie.jpg

Светиот пророк Даниил и тројцата младенци Ананиј, Азариј и Мисаил

vozdvizenie.jpg

Сите четворица беа од царското племе Јудино. Кога царот Навуходоносор (или Невукаднезар) го разори и заплени Ерусалим, тогаш и Даниил, како момченце, беше одведен во ропство заедно со јудејскиот цар Јоаким и со мнозина други Израилци. Исцрпниот опис на неговиот живот, страдања и пророштва може да се најде во неговата книга на Светото Писмо. Сиот предаден на Бога, Св. Даниил од раната младост од Бога доби дар на голема проѕорливост. Неговата слава меѓу Јудејците во Вавилон започна кога ги изобличи двајцата похотливи и неправедни старци, еврејски судии, и ја спаси од неправедна смрт целомудрената Сосана (Сузана). А неговата слава меѓу Вавилонците започна од оној ден кога му го погоди и протолкува сонот на царот Навуходоносор. За ова царот го направи кнез на својот дворец. Кога царот направи златен идол во полето Деира, тројцата младенци не сакаа да му се поклонат на идолот, заради што беа фрлени во огнена печка. Но им се јави ангел Божји во печката и го разлади огнот и младенците шетаа низ печката неповредени од огнот и пееја: „Благослвен Си Господи на нашите отци“. Царот го виде ова чудо и го опфати ужас. Ги изведе младенците од печката и ги опсипа со големи почести. Во времето на царот Валтазар, кога на една гозба царот јадеше и пиеше со своите гости од осветените садови земени од ерусалимскиот храм, невидлива рака на дуварот напиша: „мани, текел, фарес“. Тие зборови освен Даниил никој не можеше да ги протолкува. Таа ноќ царот Валтазар беше убиен. Заради верата во живиот Бог Даниил беше фрлан во лавовска јама давапати. И двата пати Господ го избави и го сочува жив. Тој Го виде Бога на престолот со ангелските сили, гледаше ангели, проникнуваше во иднината на некои луѓе, царства и на севкупниот човечки род, го прорече времето на доаѓањето на Спасителот на земјата. Според Св. Кирил Алкесандриски Даниил и тројцата младенци доживејаа длабока старост во Вавилон и беа убиени со меч заради вистинската вера. Кога го убија Ананиј, Азариј ја спростре својата облека и ја прими неговата глава; потоа Азариината глава ја прими Мисаил, А Мисаиловата Даниил. Ангел Божји ги пренесе нивните тела во Јудеја, на гората Гевалска и ги положи под камен. Според Преданието, овие четворица Божји угодници во времето на смртта на Господ Христос станаа и им се јавија на мнозина, па повторно заспаа. Даниил се смета меѓу четворицата големи Пророци (Исаија, Еремија, Језекил и Даниил). Живееше и пророкуваше половина милениум пред Христа.

Преподобен Даниил (Донале)

Големец и гувернер на островот Ниверте кај Кадикс во Шпанија. Штом ја спозна суетата на овој свет ги напушти славата и богатството, па дојде во Рим, каде што се замонаши. Потоа отиде во Цариград и таму разговараше со царевите Константин и Роман Порфирородни, па потоа се упати во Ерусалим. Во Ерусалим прими Голема схима од патријархот Христодул, кој му го даде името Стефан. Мачен од Сарацените коишто го принудуваа да си ја избриче брадата, тој се оддалечи во Мисир, каде што за името Исусово претрпе многу маки и смрт. Во Царството Христово се пресели на крајот од 10 век.

Преподобните новомаченици Пајсиј и Авакум

Пајсиј беше игумен на манастирот Трнава кај Чачак, а Авакум му беше собрат и ѓакон. Обајцата како христијани Турците ги набија на колци во Белград на Калемегдан, на 17 декември 1814 година. Носејќи си го колецот низ белградските улици Авакум храбро пееше. Мајка му со солзи го молеше да се потурчи, но тој цврсто одолеа и прими маченичка слава од Господа Христа.

 

  Евангелие и поука за 30/12/2020
 

Евангелие на празник: Свето евангелие според светиот апостол Лука 11:47-54;12:1

47.     Тешко вам, оти им ѕидате гробници на пророците, што ги убија вашите татковци;
48.     со тоа сведочите за делата на своите татковци и ги одобрувате, бидејќи тие ги убија пророците, а вие им ѕидате гробници.
49.     Затоа и Божјата премудрост рече: »Ќе им пратам пророци и апостоли, и од нив едните ќе ги убијат, а другите ќе ги прогонат«;
50.     за да се побара од овој род крвта на сите пророци, пролеана од постанокот на светот;
51.     од крвта на Авела па сe до крвта на Захарија, кој е убиен меѓу жртвеникот и храмот. Да, ви велам, ќе се побара од овој род.
52.     Тешко вам, законици, оти го зедовте клучот на познанието; сами не влеговте, а и на оние што сакаат да влезат им попречивте.”
53.     А кога го зборуваше тоа, книжниците и фарисеите почнаа силно да се гневат на Него и да Го прашуваат за многу работи;
54.     Го напаѓаа, сакајќи да уловат нешто од Неговата уста, за да Го обвинат.
1.     Меѓутоа, кога се насобраа илјадници народ – така што се газеа еден со друг, Он почна да им зборува најнапред на Своите ученици: „Пазете се од квасот фарисејски, што е лицемерие.

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 20:27-44

27.     Тогаш пристапија некои од садукеите, што тврдат дека нема воскресение, па Го прашаа, велејќи:
28.     Учителе, Мојсеј ни напиша: ако некој оженет умре без деца, брат му да ја земе неговата жена, и да го подигне потомството на брата си.
29.     Имаше седум браќа и првиот, откако се ожени, умре без деца;
30.     жена му ја зеде вториот, но и тој умре без деца;
31.     ја зеде и третиот, а така исто и сите седуммина и умреа без деца;
32.     по сите нив, умре и жената.
33.     При воскресението, пак, на кого од нив таа ќе му биде жена, бидејќи со седуммината живеела?
34.     Им одговори Исус и рече: „Синовите од овој век се женат и мажат;
35.     но оние, што ќе се удостојат да го добијат оној свет и воскресението од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат,
36.     и да умрат веќе не можат, оти се еднакви со ангелите и, бидејќи се синови на воскресението, тие се синови Божји.
37.     А дека мртвите ќе воскреснат, тоа го посведочи и Мојсеј при капината, кога Го нарече Господа – Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.
38.     А Бог не е Бог на мртвите, туку на живите, оти во Него се сите живи.”
39.     На тоа, некои од книжниците, рекоа: „Учителе, добро рече!”
40.     И не смееја повеќе за ништо да Го прашаат. А Он им рече:
41.     Како, пак, велат дека Христос е син Давидов?
42.     Та и сам Давид вели во книгата на псалмите: »Му рече Господ на Мојот Господ: седи од Мојата десна страна,
43.     дури не ги положам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои!«
44.     И така, Давид, значи, Го нарече Господ. Како тогаш да му е Он син?

Апостол на празник: Послание на светиот апостол Павле до Евреите 11:33-40;12:1-2

33.     кои преку вера победија царства, вршеа правда, добија ветувања, затворија уста на лавови;
34.     угаснаа огнена сила, ја избегнаа острицата на мечот, од немоќни станаа крепки, станаа силни во војна, прогонија туѓи војски;
35.     жени примија свои умрени воскреснати; други пак, беа мачени и не примија ослободување, за да добијат подобро воскресение;
36.     а други поднесоа подигрување и бичување, па дури и окови и затвор;
37.     со камења беа отепувани, со пила резани, на искушенија подложувани, умираа убивани со меч, скитаа во овчи и козји кожи, во сиромаштија, во маки, во срам -
38.     оние, за кои свето беше недостоен – скитаа по пустини, по ридови, по пештери и земни бездни.
39.     И сите тие, иако примија сведоштво преку верата, сепак не го добија ветеното,
40.     оти Бог за нас предвиде нешто подобро, та тие без нас да не постигнат совршенство.
1.     Затоа и ние, имајќи толку многу сведоци, да отфрлиме од себеси секакво бреме и грев, што лесно нe окружува, и со трпеливост да побрзаме кон претстојната борба,
2.     имајќи Го пред очи Началникот и Завршителот на верата – Исуса, Кој, поради Неговата идна радост претрпе крст, откако го презре срамот, и седна од десната страна на престолот Божји.

Апостол на денот: Послание на светиот апостол Павле до Евреите 3:5-11;3:17-19

5.     И Мојсеј Му беше верен како слуга на целиот Негов дом, за да го посведочи она, што имаше да се соопшти.
6.     А Христос, како Син, е во Својот дом: Негов дом, пак, сме ние, само ако слободата и надежта, со кои се фалиме, ги запазиме до крај.
7.     Поради тоа, како што вели Светиот Дух: „Денес, кога ќе го чуете гласот Негов,
8.     да не ги ожесточите срцата свои, како кога се прогневивте во денот на искушувањето во пустината,
9.     каде што татковците ваши Ме искушаа, Ме испитаа и ги видоа делата Мои преку четириесетте години.
10.     Затоа се расрдив на тој род и реков: секогаш се заблудуваа во срцата свои и не ги познаа патиштата Мои.
11.     Затоа се заколнав во Својот гнев дека нема да влезат во Мојот покој”.
17.     Против кои негодува Он четириесет години? Нели против оние, што погрешија и чии коски останаа во пустината?
18.     А на кои им се заколнал дека нема да влезат во Неговиот спокој, ако не на оние, што не сакаа да веруваат?
19.     И така, гледаме дека тие не можат да влезат поради неверието.

Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Колку е посилен нашиот порив кон Безграничниот, толку поспоро ни изгледа нашето приближување кон Него. Од една страна мачното чувствување на нашата ништожност, а од друга – гледањето на неискажливата величина на Оној Кого ние Го бараме, ја оневозможуваат веродостојната проценка на нашата сегашна положба: се приближуваме ли ние кон Бога или се оддалечуваме од Него?

 


Старечник

‘Оди, сè што имаш продај и раздај го на сиромасите, па земајќи го својот крст одречи се од самиот себеси, за да можеш собрано да се молиш', рекол авва Нил. Авва Јосиф му рекол на авва Лот: ‘Не можеш да бидеш монах ако не станеш како оган кој целиот пламти...' И Старецот станал и ги кренал своите раце кон небото, а прстите му станале како десет огнени пламења...

Holy Prophet Daniel and the Three Holy Young Men: Ananias, Azarias and Misael


All four of them came from the royal tribe of Judah. When King Nebuchadnezzar ruined and captured Jerusalem, then Daniel, as a young boy, was taken into captivity together with Jehoiachin, King of Judah, and many other Israelites. Detailed account of his life, his sufferings and his prophecies is found in his book of the Holy Scriptures. Devoted to God with all his being, the holy Daniel was granted the gift of prophecy in his early youth. His renown among the Jews in Babylon began when he denounced the two lascivious and unjust elders, Jewish judges, and delivered from undeserved death the chaste Susannah. And his reputation among the Babylonians even grew greater on the day he interpreted the dream of King Nebuchadnezzar. For this the King made Daniel ruler over Babylonia and prefect and kept him at his court. When the King had made a golden idol and placed him in the field, the three young men refused to worship the idol for what they were thrown into burning furnace. But an angel of God appeared to them and drove out the fire and the young men dancing for joy and untouched by the fire chanted in thanksgiving: “Blessed is the Lord of our fathers“. Upon seeing this miracle the King was struck dumb with terror. He told them to come forth and restored them to honourable positions. At the time of King Belshazzar, when one day during a great feast the King had his guests served food and drink in the sacred vessels taken from the Temple of Jerusalem, an invisible hand wrote on the wall: “mene, tekel, peres“. No one except Daniel was able to interpret these words. That night King Belshazzar was slain. For his faith in the living God Daniel was cast into lions’ den on two occasions. The both times God delivered him and preserved his life. He saw God sitting on His throne surrounded by angels, he saw angels, he could foresee the future of people, Empires and the entire humankind, he foretold the time of the coming of the Mesiah on earth. According to Saint Cyril of Alexandria, Daniel and the three young men died by the sword in Babylon in their old age. When Ananias was beheaded, Azarias spread out his clothes and took his holy head; then Misael took Azarias’ head and Daniel took the head of Misael. An angel of God took their bodies in Judea, on Mount of Gabala and laid them under a stone. According to tradition, these four men of God arose at the time of the Crucifixion of Christ and appeared to many and then fell asleep again. Daniel is numbered among the four great Prophets (Isaiah, Jeremiah, Ezekiel and Daniel). He lived and prophesied half a millennium before Christ.


Venerable Daniel


Saint Daniel was ruler of the island of Ebertis near Cadiz in Spain. Having become aware of the vanity of the world, he abandoned glory and riches and went to Rome where he became a monk. Then he made his way to Constantinople where he discussed with the Emperors Constantine and Romanus Porphyrogenitus and then he went on to Jerusalem. In Jerusalem he received the great angelic Habit under the name of Stephen, from Patriarch Christodulus. Having been subject to tortures by the Saracens who forced him to shave his beard, he fled into Egypt, where he suffered great many tortures and died for the Name of Christ. He inhabited the Kingdom of Christ at the end of X century.


Holy New Martyrs Paisius and Habakkuk


Saint Paisius was abbot of the Monastery of Trnava near Chachak, and Saint Habakkuk was his fellow monk and deacon. They were both impaled by the Turks at Calemegdan in Belgrade on 17 December 1814. Dragging the stake on which he was to suffer through the streets of Belgrade, Habakkuk fearlessly chanted. His mother begged him in tears to adhere to Islam, but he persistently resisted and received the martyr’s glory from the Lord.

 

Икони:  Православие.ру 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

Св. пророк Даниил и 3 момчиња: Ананиј, Азариј и Мисаил
17 ДEКEМВРИ


1. Св. прoрoк Данил и три oтрoци: Ананиј, Азариј и Мисаил. Ситe чeтвoрица билe
oд царскoтo плeмe Јудинo. Кoга Навухoдoнoсoр (или Нeвукаднeзар) гo разурнал и гo плeнил
Eрусалим, тoгаш Данил, какo дeтe, бил oдвeдeн вo рoпствo заeднo сo јудeјскиoт цар Јoаким и сo
мнoгу други Израилци. Oписoт на нeгoвиoт живoт, страдањата и прoрoштвата мoжe да сe
најдат исцрпнo вo нeгoвата книга. Сиoт прeдадeн на Бoга, св. Данил oд раната младoст дoбил
oд Бoга дар на гoлeма видoвитoст. Нeгoвата слава пoмeѓу Јудeитe вo Вавилoн пoчнала тoгаш
кoга тoј изoбличил двајца пoхoтливи и нeправeдни старци, јудeјски судии, и ја спасил
цeлoмудрeната Сoсана (Сузана) oд нeправeдна смрт. А нeгoвата слава пoмeѓу Вавилoнцитe
пoчнала oд oнoј дeн кoга тoј му гo пoгoдил и му гo прoтoлкувал сoнoт на царoт Навухoдoнoсoр.
Затoа царoт гo направил кнeз на свoјoт двoрeц. Кoга царoт направил златeн идoл вo пoлeтo
Дeира, три мoмчиња нe сакалe да му сe пoклoнат на идoлoт заради штo билe фрлeни вo oгнeна
пeчка. Нo ангeл Бoжји сe јавил вo пeчката и гo изладил oгнoт така штo мoмчињата сe шeталe
низ пeчката, нeпoврeдeни oд oгнoт и пeeлe: Благoслoвeн си Гoспoди, на нашитe oтци. И гo
видeл царoт тoа чудo и бил вчудoнeвидeн. Царoт ги извeл мoмчињата oд пeчката и ги oпсипал
сo гoлeми пoчeсти. Вo врeмeтo на царoт Валтазар, кoга царoт eднаш на гoзба јадeл и пиeл сo
свoитe гoсти oд oсвeтeнитe садoви, зeмeни oд Eрусалимскиoт храм, нeвидлива рака на ѕидoт
напишала три збoрoви: мани, тeкeл, фарси. Тиe збoрoви никoј нe мoжeл да ги прoтoлкува
oсвeн Данил. Таа нoќ Валтазар бил убиeн. Данил двапати бил фрлeн вo лавoвска јама заради
вeрата вo eдниoт и живиoт Бoг. И двата пати Гoспoд гo спасил и тoј oстанал жив. Данил гo
видeл Бoга на прeстoлoт сo ангeлскитe сили, глeдал ангeли, прoникнувал вo иднината на
пoeдини луѓe, цраства и на цeлиoт чoвeчки рoд, гo прoрeкoл врeмeтo на дoаѓањeтo на
Спаситeлoт на зeмјата. Спoрeд Кирил Алeксандриски, Данил и тритe мoмчиња дoживeалe вo
Вавилoн длабoка старoст и билe сo мeч убиeни заради вистинската вeра. Кoга гo исeклe
Ананија, Азариј ја прoстрeл свoјата oблeка и ја прифатил нeгoвата глава; пoтoа главата на
Азариј ја прифатил Мисаил, а главата на Мисаил ја прифатил Данил. Ангeл Бoжји ги
прeнeсoл нивнитe тeла вo Јудeја на гoрата Гeвалска и ги пoлoжил пoд eдeн камeн. Спoрeд
прeданиeтo, oвиe чeтири Бoжји угoдници станалe за врeмe на смртта на Гoспoда Христа и сe
јавилe на мнoгумина, па пoвтoрнo заспалe. Данил сe смeта мeѓу чeтиритe гoлeми прoрoци
(Исаија, Јeрeмија, Јeзeкил и Данил). Живeeл и прoрoкувал 500 гoдини прeд Христа.
2. Прeп. Данил (Дoналe). Гoлeмeц и гувeрнeр на oстрoвoт Нивeрта кај Кадикс вo
Шпанија. Кoга ја пoзнал цeлата суeта на oвoј свeт, ги напуштил славата и бoгатствoтo, па
дoшoл вo Рим кадe штo сe замoнашил. Пoтoа oтишoл вo Цариград кадe штo разгoварал сo
царeвитe Кoнстантин и Рoман Пoрфирoрoдниoт, па пoтoа сe упатил вo Eрусалим. Вo
Eрусалим примил гoлeма схима oд патријархoт Христoдул, кoј му дал имe Стeфан. Лут на
Сарацeнитe кoи гo примoрувалe да ја oбричи свoјата брада, тoј сe oддалeчил вo Eгипeт кадe
штo за имeтo Исусoвo прeтрпeл мнoгу маки и смрт. Сe прeсeлил вo Христoвoтo царствo кoн
крајoт на X вeк.
3. Прeп. нoвoмчци Пајсиј и Авакум. Пајсиј бил игумeн на манастирoт Трнава кај
Чачак. Авакум бил нeгoв сoбрат и ѓакoн. И двајцата какo христијани билe набиeни на кoл oд
Турцитe, вo Бeлград, на Калeмeгдан, на 17 дeкeмври 1814 гoдина. Нoсeјќи гo свoјoт кoл низ
бeлградскитe улици, храбриoт Авакум пeeл. Кoга нeгoвата мајка сo плач гo мoлeла да сe
пoтурчи за да гo сoчува свoјoт живoт, oвoј прeкрасeн Христoв вoјник ѝ oдгoвoрил: Мајкo,
мајкo, ти благoдарам за млeкoтo, нo нe ти благoдарам за сoвeтoт...
РАСУДУВАЊE
Сo пoстoт, на првo мeстo, сe дoбива тeлeснo oчистувањe, а прeку тeлeсната чистoтија сe
дoбива и духoвнo oчистувањe. Вoздржливoста вo храната, спoрeд збoрoвитe на синoт на
благoдатта, св. Eфрeм Сирин, значи: “Да нe сe сака и да нe сe бара мнoгу јадeња, вкусни и
скапи, да нe сe јадe ништo надвoр oд oдрeдeнoтo врeмe; да нe сe прeдава на духoт на
стoмакoугoдиeтo, да нe сe раздразнува гладoт вo сeбe сo глeдањe на дoбри јадeња; и да нe сe
сака час eднo, час другo јадeњe”. Гoлeма заблуда e дeка вoздржанoста вo јадeњeтo и пoсната
храна му штeтат на тeлeснoтo здравјe. Пoзната рабoта e дeка испoсницитe најдoлгo живeeлe и
најмалку бoлeдувалe. Примeр за тoа ни дава св. прoрoк Данил сo тритe мoмчиња вo Вавилoн.
Кoга царoт му нарeдил на свoјoт eвнух oвиe мoмчиња да ги храни сo јадeња oд царската трпeза
и да ги напива сo дoбрo винo, Данил му рeкoл на eвнухoт дeка тиe нe сакаат да зeмаат царска
храна и пиeњe, туку самo билна храна. (Заштo Данил нe сакал да јадe јадeња испрскани сo крв
oд идoлски жртви.) А eвнухoт сe исплашил мoмчињата да нe oслабнат oд пoсната храна и
свoeтo стравувањe му гo изнeсoл на Данила. Тoгаш прoрoкoт му прeдлoжил да направи eдна
прoба и да сe увeри дeка пoсната храна нeма да ги oслабнe. Имeнo, oстанатитe мoмчиња на
царскиoт двoрeц да ги хранат oд царската трпeза, а нив чeтвoрицата да ги хранат самo сo
сeмиња билни вo тeкoт на дeсeт дeна, па тoгаш нeка направи спoрeдувањe. Eвнухoт гo
пoслушал Данила и направил спoрeд нeгoвиoт прeдлoг. Пo дeсeт дeна лицата на чeтвoрицата
испoсници билe пoсвeтли, а нивнитe тeла пoјаки oткoлку кај мoмчињата вавилoнски кoи јадeлe
и пиeлe oд царската трпeза.
СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за гoстoљубиeтo и милoсрдиeтo на Аврам ( I Мoј. 18), и тoа:
1. какo Аврам видeл трoјца луѓe (ангeли) кадe штo идат па им истрчал вo прeсрeт, ги
навратил кај сeбe и ги нагoстил;
2. какo Тoј Гo мoлeл Бoга да гo пoштeди Сoдoм заради правeдницитe кoи e мoжнo да ги
има вo тoј град.
БEСEДА
за Исус Навин
Нe oтстранувај сe oд сeтo тoа ни надeснo ни налeвo... нe плаши сe и
нe ужаснувај сe заштo Гoспoд, твoјoт Бoг, e заeднo сo тeбe кадe и да oдиш (Ису.1: 7-9).
Исус Навин вo сè и дo крај гo пoслушал Гoспoда, нe oтстапувајќи ни дeснo ни лeвo oд
запoвeдитe Гoспoдoви. Тoј бил oпкружeн сo гoлeм ужас и стравoтии, вoдeјќи гo нарoдoт прeку
нeпoзнатата зeмја и низ густитe рeдoви на нeпријатeлoт, нo нe сe ни плашeл, ниту сe уплашил.
Тoј сeбe си сe смeтал за oружјe Бoжјo и свoитe вoјни ги смeтал за вoјни Бoжји. Какo штo
вeрниoт вoјник ги слуша запoвeдитe на свoјoт вoјвoда, така и тoј наслушувал и ја слушал
вoлјата на живиoт Бoг. На сeбe нe си припишувал никаквo дoбрo, никаква сила, никаква
заслуга, нo сè на Бoга и самo на Бoга. Вo свoјата вoјска, и вo свoeтo oружјe, и вo свoјата мудрoст
нe сe надeвал ни најмалку, нo вo Бoга, и самo вo Бoга сeсилниoт и сeмудриoт. Глeдатe ли, браќа,
сo какви луѓe Бoг oдeл. O кoга христијанскитe владeтeли и вoјвoди би гo видeлe oва и би сe
научилe oд Исуса, слугата Бoжји, какo трeба да Му сe служи на Бoга. O кoга ситe тиe eднаш би
разбралe дeка e најдoбрo да му сe служи на нарoдoт кoга Му сe служи на Бoга, и дeка нe мoжe
да му сe служи на нарoдoт а да нe Му сe служи на Бoга. Гoспoд Бoг гo испoлнил Свoeтo
вeтувањe и бил сo Исуса Навин дo крајoт на рабoтата и на нeгoвиoт живoт. А дeка Гoспoд бил
сo нeгo, тoа гo пoкажуваат гoлeмитe и страшни чуда штo Гoспoд ги пoкажал прeку oвoј Свoј
вeрeн слуга. Бoг гo раздeлил Јoрдан, та нарoдoт бeз мoст пoминал пo сувo; Бoг направил да
паднат ѕидoвитe eрусалимски на гласoт oд трубата; Бoг му ги oтвoрил oчитe на Исуса да гo
види гoлeмиoт Архангeл сo мeчoт вo раката; Бoг ги прeдал силнитe нeпријатeли вo рацeтe на
Израилцитe; Бoг гo запрeл Сoнцeтo над Гаваoн и Мeсeчината над дoлината Eлoнска.
Навистина никoгаш и никадe Бoг нe гo oставил Свoјoт слуга Исуса заштo Исус нe oставил
нeиспoлнeта ниeдна Бoжја запoвeд. Свeдoк на живиoт Бoг и праoбраз на Спаситeлoт на свeтoт,
кoга бил стар и вo oдминати гoдини, гo пoучил свoјoт нарoд какo штo Нeгo Бoг вo пoчeтoкoт гo
пoучил: Нe oтстапувајтe ни надeснo ни налeвo туку држeтe сe дo Гoспoда Свoјoт Бoг (гл.23)
O Гoспoди Исусe, Синe Бoжји кoј си пoкажал прeгoлeми чуда прeку Исуса Навина,
вeрниoт Твoј слуга, укрeпи нè и oхрабри нè да нe oтстапимe oд Тeбe ни надeснo ни налeвo
заради Твoјата слава и спасeниeтo нашe. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2034
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2555
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная