логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 vozdvizenie.jpg

Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец

vozdvizenie.jpg

Овој свет маж е наречен Богоносец затоа што постојано во срцето и на јазикот го носел името на живиот Бог. Преданието уште вели дека е наречен Богоносец и зашто него го зел на раце воплотениот Бог Исус Христос. Во времето кога Господ ги учеше своите ученици на духовен живот според евангелските заповеди, зеде едно дете, го постави меѓу нив и им рече: „Оној којшто ќе се смири и ќе стане како ова дете, тој е најголем во царството небесно“ (Матеј 18, 4). Тоа дете беше Игнатиј. Подоцна Игнатиј му беше ученик на Св. Јован Богослов, заедно со Поликарп, епископот Смирненски. Како Антиохиски епископ управуваше со Божјата Црква како добар пастир. Го воведе антифонскиот начин на пеење во Црквата, т.е. наизменично пеење на две певници. Овој начин на пеење му се откри на Св. Игнатиј меѓу ангелите на небесата. Кога царот Трајан минуваше низ Антиохија одејќи во војна против Персијанците, дозна за Игнатиј, го повика кај себе и почна да го советува да им принесе жртва на идолите за да биде од него поставен за сенатор. Бидејќи советите и заканите на царот останаа залудни, Свети Игнатиј го оковаа во железо и во придружба на десетмина најнемилосрдни војници го испратија во Рим, за да биде фрлен пред ѕверовите. Игнатиј му се радуваше на страдањето заради Господа и постојано Му се молеше на Бога ѕверовите да станат гроб за неговото тело и никој да не го попречи во таа смрт. По долго и тешко патување од Азија преку Тракија, Македонија и Епир, Игнатиј пристигна во Рим, каде што го фрлија пред лавовите во циркусот. Лавовите го растргнаа и го изедоа, оставија само неколку коски и срцето. Овој славен вљубеник во Господ Исус Христос пострада во 106 година во Рим, за време на христоборниот цар Трајан. Се има јавувано повеќепати, притекнувајќи им на помош на сите што го повикуваат со вера.

Свети Данило, архиепископ Српски

Син на богати и богољубиви родители. Во младоста беше добро воспитан. Кралот Милутин го зеде на својот дворец, но тој од голема љубов кон Бога побегна и се замонаши во Кончулскиот манастир покрај Ибар. Подоцна беше игумен на Хилендар и многу претрпе од латинските крстоносци. Беше епископ Бањски, потоа Хумски и најпосле архиепископ Српски. Беше строг подвижник за време на целиот монашки живот. Имаше особен дар на солзи. Крепко се бореше против Латините и богомилите. Под негов надѕор се изградени манастирите Бања и Дечани. Обнови и изгради многубројни цркви. Се упокои мирно во времето на цар Душан, ноќта меѓу 19 и 20 декември во 1338 година.

vozdvizenie.jpg

Свети праведен Јован Кронштатски


На 19 октомври 1829 година е родено детето Јован, син на Илја Сергиев и неговата сопруга Теодора, во најсеверната област на Архангелск, недалеку од Белото море, во сиромашната населба Сура, оскудната и мрачна околија Пинеги. Новороденчето изгледало толку слабо, што родителите се исплашиле за неговиот живот. Поради тоа веднаш, ноќта, го повикале свештеникот да го крсти. На детето му дале име Јован, во спомен на свети Јован Рилски. По крштевањето, неговата состојба брзо се поправила. Јован порасна во традиционално руско патријахално семејство. Повеќе од триста години неговите предци служеле како свештеници во поларната населба. Неговата мајка, длабоко побожна жена, својот син трпеливо го опсипуваше со љубов. Неговиот татко со својата мала плата требаше да ги издржува, покрај Јован и неговите две помлади сестри, и големото семејство. Од мали нозе Јован вредно им помагаше на родителите, посебно во полските работи. Во него од мал се развиваше сочувството со туѓото страдање. Тој порасна како сериозно, молчаливо момче. Ништо не го влечеше кон детските игри, а природата му беше многу блиска. Уште поблиски му беа Господ, Црквата и молитвата. Секојдневно влегуваше во домот Господов. Кога тргна на училиште, му се отвори непознат свет. И покрај сета трудољубивост, на Јован му недостигаше способност да сфаќа и памети. Со години не успеваше да го совлада барем читањето. На десетгодишна возраст Јован, при најтешки жртви од неговите родители стапи во единственото основно училиште во епархијата, во Архангелск. Како секое селско дете, тој живееше кај сиромашни луѓе, препуштен самиот на себе. Храната беше недоволна, но тој беше навикнат на гладување. Поради слабиот ум имаше големи маки. Ограниченоста во учењето му беше голем товар. Страдаше заради тоа што неговиот татко напразно го троши и својот последен грош за него. По цели денови залудно се трудеше, но неговиот ум остануваше запечатен. Немаше никој да му помогне. Молчаливото, просјачки сиромашно момче, покрај тоа и најлошиот ученик во училиштето, во тој град не наоѓаше никаква радост.

 vozdvizenie.jpg

Во својата неволја Јован сè повеќе прибегнуваше кон молитвата која му беше блиска. „Ноќе со задоволство се молев. Сите спијат, тишина е, никој не ми пречи. Најчесто се молев Господ, за утеха на моите родители, да ми го просветли разумот. И Господ ме послуша. Неговата светлина ме осветли. Еднаш, паметам како денес да се случило, сите во собата беа заспале. Само јас не можев. Сè уште едвај успевав по нешто да разберам од наставата и нешто да запамтам, тешко читајќи ги слоговите. Ме опфати голема жал. Клекнувам покрај својата постела на колена и почнувам најусрдно да се молам. Не знам колку долго траеше тоа. Одеднаш мојата внатрешност се потресе, и ми се стори како некое перде да падна од моите очи и умот да ми го отвори. Учителот, неговото предавање, сè што зборуваше наеднаш, јасно стоеше пред мене. Ведрина и радост ми ја исполнија душата. По таа молитва заспав мирно, како никогаш порано. Утрото скокнав од постелата, ја зедов книгата и о, среќа, можев да читам многу подобро, сè да разберам и дури на друг да пренесам. Од тоа време, мојот напредок во училиштето беше за сите очигледен. На крајот од годината, како еден од најдобрите ученици, бев упатен во Богословија.“ Следните десет години Јован ја посетуваше Богословијата и трудољубиво учеше. Јован Илич Сергиев во 1855 година ја заврши Академијата како кандидат за богословие. Малку пред тоа, што беше исклучок, тој учествуваше на еден општествен собир и ја запозна Елисавета Константинова, ќерка на свештеникот Несвицки од Кронштат. Со согласност на таткото, тие се венчаа веднаш по неговото завршување на Академијата. Со тоа беше исполнет и предусловот да стане православен парохиски свештеник. Јован Сергиев за свештеник го ракоположи Владиката Христофор, на 12 декември 1855 година, во Петроград. Потоа, тој премина кај својот дедо во Кронштат, да му помага во соборниот храм на свети Андреј, а подоцна од својот болен дедо ја презема и службата како најмлад свештеник. Од првиот ден во својата служба тој стапи во близок однос со својата паства. Отец Јован не пропушташе ниту една прилика да помогне. Во сиромашните куќи тој ги посетуваше болните, пропаднатите родители, гладните деца. Тој одеше по продавниците, купуваше храна, доведуваше лекар, набавуваше лекови. Со еден збор, тој се грижеше за несреќните семејства со топла присност и ја раздаваше до последен грош својата скромна плата. Секако, отец Јован не се ограничуваше само на економска помош. Пред сè, тој се трудеше околу духовно паднатите и бараше начин во нивниот живот да внесе светлина. Тој не им судеше, туку ги разбираше луѓето. Внатрешно неутврдениот човек, кого што го снаоѓа неволја, лесно прави компромиси со својата совест, лесно паѓа во порок, се оддава на алкохол да ја заборави својата неволја, достигнувајќи до пијанство. Отец Јован се грижеше и за децата на сиромашните и тие секогаш радосно го очекуваа. Им зборуваше за Бог, за Синот Божји и за Неговата добрина. Со време, успеа да отвори неделно училиште, основно училиште, дневен дом и читална, дом за сиромаси и работилница за чираци, каде што децата и младите можеа бесплатно да учат. Во 1857 година, со радост прифати да ја води верската настава во градското основно училиште, а веднаш потоа и во новооснованата гимназија. Отец Јован своите часови ги сфаќаше многу сериозно. Тој знаеше дека вероучителот ја носи главната одговорност за природниот развој на ученикот. Тој знаеше дека својата задача ја исполнил само ако ги загрее срцата на младите луѓе за Бог. Децата ги подучува и на молитвата: „Учете да се молите. Принудувајте се себеси на молитва. Во почетокот е тешко. Меѓутоа, колку повеќе ја засилувате, толку повеќе молитвата станува сè полесна. Што е молитвата? Тоа е свртеност на срцето и умот кон Бог. Молитвата е разговор на созданието со Творецот, со целосна стравопочит, а при најболната свест за сопствената слабост и ништожност, при најдлабоко покајание на срцето и цврста одлука да се измениме, со доверување во семоќната Божја помош. Оној што не се моли од сето срце, воопшто не се моли. Срцето мора да го почувствува она што го изговара, мора огнено да копнее по она за што се моли. Внимателната искрена молитва ве соединува со Бог и ве исполнува со неговите дарови: вистина, мир и радост, смирение и љубов.“ Односите се прошируваа и надвор од гимназијата. Многу ученици доброволно, пред часовите ги посетуваа неговите Свети Литургии. Неговите раскажувања за силата на молитвата навлегуваа длабоко во нивните срца и оставаа печат на нивното гледање на животот и светот. Повеќе од триесет години отец Јован предаваше во Кронштатската гимназија, во август 1889 година тој ја напушти таа должност. Отец Јоваш живееше за својот свештенички повик. Тој ги следеше заповедите Божји, секој ден доброволно вршеше богослужение, држеше веронаука и постојано им помагаше на оние што се во неволја. Но, секако имаше и искушенија. Многумина немаа разбирање за неговото дело па го исмејуваа или осудуваа. Градската управа, дури и другите свештенослужители (неговите собраќа) покажуваа и непријателство кон него. Кога отец Јован одеше да ги посетува сиромашните и болните, тие го обвинуваа дека своеволно ја напушта парохијата и ги занемарува своите редовни должности. Дури се приговараше и на неговиот начин на живот и му се префрлаше што контактира со пропаднати луѓе. Тој со болка се соочуваше со пишаните и усни клевети. Повремено се плашеше за своето дело, за довребата кон неговиот свештенички повик. Но, не си допушташе во себе да почувствува непријателство кон некого. Уште на почетокот на нивниот заеднички живот отец Јован ѝ рекол на сопругата Елисавета: „Лиса, среќни бракови има доволно и без нас. Прифати заеднички да Му служиме на Бог“. Отец Јован го одобруваше бракот, но за себе прифати слободно одрекување, така што тие живееја како брат и сестра. „Јас сум свештеник; тоа сè кажува. Не припаѓам на себеси, туку на другите.“ Елисавета самопрегорно му помагаше во исполнувањето на тој повик. Во 1874 година отец Јован основа друштво „Братството на свети Андреј“ за згрижување и помош на сиромасите. Отец Јован стануваше сѐ попознат во цела Русија и многумина со тешки болести и своите внатрешни кризи му се обраќаа со целосна доверба. За малку години Кронштат стана поклоничко место, каде што дневно доаѓаа на стотици, па и илјадници луѓе од цела Русија. Тој имаше голем углед во Русија заради многуте чуда, главно лечења и пророштва коишто безбројните сведоци им ги припишувале исклучиво на неговите молитви. Свети Јован Кронштатски очигледно беше поврзан со исихастичката традиција. На прво место, тој лично ја практикуваше Исусовата молитва, а потоа им ја препорачуваше и на другите: „Силна помош во духовната борба ни дава Исусовата молитва, која од почетокот на христијанството ги следи оние што Го бараат Бог. Оној што се моли непрестајно и од срце Му се обраќа на Христос: ‘Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот и подари ми ја Твојата милост која го преобразува битието’. Тој живее во постојано Божјо присуство, пред Него ја отвора својата внатрешност и ја осознава Божјата сесилна помош... Сите мои неволји се појавуваат во мојот невидлив разум и срце. Поради тоа ми е неопходен и еден невидлив Спасител, Кој го познава моето срце. Ако те мачи каква било наметлива фантазија или некое страсно движење (злоба, гнев, завист, омраза, малодушност, самољубие, самоволие или сетилни барања), бргу, во најболно самопознание обрати се кон Христос. Ако те покрива темнина, сомнеж или очај, од сесрце повикај го Неговото Име. Во Него ќе најдеш спознание, доверба и мир. А ако не сакаш да ги поднесуваш постојаните неспокојства од непријателот, секогаш во своето срце повторувај ја Исусовата молитва: ‘Господи Исусе Хрсте, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот’. При мојата искрена молитва Господ секогаш го прогонува искушувачот, кој само преку мојата сопствена изопаченост е силен. Против невидливиот непријател се подига невидливиот Бог, против силниот - Сесилниот. Затоа, секој момент обраќај се кон Христос и постојано мисли на Него; и ќе се спасиш и себеси и другите. Без Неговата благодатна помош ти не можеш да победиш ни една единствена страст, ни еден порок. Повикувај Го постојано. Тој дојде во светот за да нè засили во Светиот Дух, за да нè очисти и ослободи. Не губи надеж и прими го Божјиот збор во срцето: ‘Оној што доаѓа нема да го изгонам надвор’. Моли се без прекин, за душата твоја неочекувано да не падне во искушение. Вежбај се во постојаната молитва на срцето, сè додека таа не почне да работи во него дури и во сон.“ Отец Јован во деведестите години основа четири женски манастири. Царот Николај II стекна особена доверба во него. Архиереите на Црквата му ја признаа благодатната сила на духот. Безброј луѓе ја помагаа неговата општествена дејност, која се протегаше низ цела Русија. До 75-тата година отец Јован непрекинато ја извршуваше свештеничката служба. Света Литургија служеше речиси секој ден, секого го примаше, посетуваше болни, се грижеше за своите општествени установи, спроведуваше добротворни акции, пишуваше беседи и дневник. Децении спиеше еден до два часа на ден. Најпосле неговите телесни сили ослабнаа и тој се разболе. Наредните три години страдаше од постојани болки и треска. Се упокои мирно на 20 декември 1908 година после Светата Литургија, откако се причести со Светите Тело и Крв Христови. Отец Јован уште додека беше жив важеше за Божји човек. За ова сведочеше неговиот чист живот и неговата силна молитва, во стотици потврдени исцеленија. По неговата смрт се умножуваа сведоштвата за неговото благодатно дејствување. Врвните пастири на Руската Православна Црква беа согласни дека отец Јован е Божји праведник. Но, неговата канонизација не можеше да се изврши поради богоборниот режим во Русија. Единствено Архиепископот Андреј Ухтомски во деведесетите години кришум составил Акатист за неговото прославување. Сепак, Руската Задгранична Црква во 1964 година ја објави неговата канонизација.

 

 Евангелие и поука за 02/01/2023
 
Евангелие на празник: Свето евангелие според светиот апостол Марко 9:33-41

33.     И дојде во Капернаум; и кога беше дома, ги праша: „Што размислувавте меѓу себе патем?”
34.     Тие молчеа, зашто патем се препираа помеѓу себе, кој е поголем.
35.     Па, како седна, ги повика дванаесетте и им рече: „Која сака да биде прв, нека биде последен од сите, и на сите – слуга!”
36.     И кога зеде едно дете, го постави меѓу нив, го прегрна и им рече:
37.     Кој прими едно такво дете во Мое име, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, не Мене Ме прима, туку Оној, Кој Ме пратил.
38.     Тогаш Јован Му одговори и рече: „Учителе, видовме еден, кој во Твое име изгонува бесови, а не врви по нас; и му забранивме, оти не оди по нас.”
39.     А Исус рече: „Не бранете му, зашто никој, што прави чудо во Мое име, не ќе може наскоро да говори зло за Мене.
40.     Зашто, кој не е против вас, тој е со вас.
41.     И кој ве напои со чаша вода во Мое име, дека сте Христови, вистина ви велам, нема да ја загуби својата награда.

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Марко 8:11-21


11.     И излегоа фарисеите и почнаа да се препираат со Него, па искушувајќи Го, Му побараа чудо од небото.
12.     А Он воздивна длабоко и рече: „Зошто овој бара чудо? Вистина ви велам: нема да се даде чудо на овој род.”
13.     И кога ги остави, пак влезе во коработ и премина на другата страна.
14.     А тие, пак, беа заборавиле да земат леб и во коработ немаа со себе повеќе, освен еден леб.
15.     А Он им заповеда и рече: „Внимавајте, чувајте се од квасот фарисејски и од квасот Иродов!”
16.     И си размислуваа помеѓу себе, велејќи: „Тоа е што немаме леб.”
17.     А Исус, кога ги разбра, им рече: „Што мислите дека немате леб? Зар уште не знаете и не разбирате? Уште ли е скаменето вашето срце?
18.     Очи имате, не гледате ли? Уши имате, не слушате ли? И не помните ли?
19.     Кога ги раскршив петте лебови, за пет илјади души, колку полни кошеви со парчиња кренавте?” Му рекоа: „Дванаесет.”
20.     А седумте – за четири илјади, колку кошници со останати парчиња собравте? Тие одговорија: Седум.
21.     И им рече: „Па како тогаш не разбирате?”

Апостол на празник: Послание на светиот апостол Павле до Евреите 10:32-38

32.     Потсетувајте се на вашите поранешни денови, кога, откако се просветивте, поднесовте голема борба во страдањата,
33.     било што бевте изложувани на срам и маки, било што станавте соучесници на оние, кои исто така страдаа,
34.     зашто и на оковите мои се сожаливте и со радост позволивте вашиот имот да се разграби, знаејќи дека на небесата имате подобар и траен имот.
35.     И така, не напуштајте ја вашата слобода, за која имате голема награда.
36.     Најнапред ви е потребно трпение, па, откако ќе ја исполните волјата Божја, да го добиете ветеното;
37.     зашто уште малку, сосема малку и „Оној што иде, ќе дојде и нема да се забави.
38.     а праведниот преку верата ќе биде жив; а ако отстапи, нема да Ми биде по волјата Моја”.

Апостол на денот: Послание на светиот апостол Павле до Евреите 8:7-13

7.     Оти, ако првиот завет беше без недостаток, тогаш немаше да се бара место за втор.
8.     Но укорувајќи ги, вели: „Ете настапуваат деновите, вели Господ, и со домот Израилев и со домот Јудин ќе заклучам нов завет,
9.     но завет не таков, каков што заклучив со татковците нивни во денот, кога ги фатив за рака за да ги изведам од земјата Египетска – зашто тие не останаа во Мојот завет и Јас ги изоставив, вели Господ.
10.     Но овој е заветот, што ќе му го дадам на домот Израилев по оние дни, вели Господ: ќе ги вложам законите Свои во мислите нивни, и во срцата нивни ќе ги напишам, и ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат Мој народ.
11.     И ниеден нема да го учи својот ближен, и ниеден братот свој: познај Го Господа, зашто сите, од мал до голем меѓу нив, ќе Ме знаат,
12.     бидејќи ќе бидам милостив кон нивните неправди, а за гревовите и беззаконијата нивни нема веќе да се сеќавам.”
13.     А кога вели „нов”, првиот го направи ветов; а она, што е ветво и остарено, близу е до својот крај.

Поука на денот: Свети Григориј Синајски

Никој од почетниците никогаш не може да ја изгони помислата, ако Бог не ја оддалечи. Само на силните им е својствено да се борат со помислите и да ги изгонуваат. Но ни тие не ги изгонуваат сами од себе, туку Бог, бидејќи се облечени во Неговото сеоружје, ги поттикнува да им се спротивстават. Затоа тие, кога ќе дојдат помислите, непрестајно и ревносно Го повикуваат Господ Исус, и тогаш помислите бегаат, не поднесувајќи ја срдечната топлина која од молитвата исходи, и се распрснуваат како оган да ги изгорува. Бичувај ги непријателите со Името Исусово, зашто Бог е нашиот оган што ја истребува злобата...

Поука на денот: Свети Игнатиј Брјанчанинов
Пред Бога, на Неговите терезии, секое страдање, секоја тага ја губи тежината, зашто осенувајќи со Својата благодат Тој и најголемото страдање може да го претвори во најголема духовна сладост. Но, и најмалото искушение пред Бога има полна вредност, нималку помала од големите искушенија. С? зависи од Неговата благодат. Бог милостиво го прима од човекот секое страдање кое што тој со благодарност го поднел, покорно и славословејќи.

 

vozdvizenie.jpg

Holy Hieromartyr Ignatius the Godbearer

This holy man is called the God bearer because the Name of the living God was always in his heart and on his mouth. According to tradition he received this name as the incarnate God Jesus Christ took him in His arms. At the time when the Lord instructed his disciples in spiritual life according to the evangelic commandments, he took a child, placed it among them and said: “Whoever humbles himself as this little child is the greatest in the kingdom of heaven“ (Matthew 18, 4). This child was Saint Ignatius. Later he became the disciple of Saint John the Theologian, together with Polycarp, the Bishop of Smyrna. As the Bishop of Antioch he governed the Church as a good shepherd. He introduced the antiphonal religious chanting, i.e. alternate chanting on two chanters’ stands in worship. This way of chanting was revealed to Saint Ignatius by Angels of the heavens. When the Emperor Trajan was passing through Antioch in his campaign against the Persians, he heard about Ignatius, summoned him and offered him the position of a senator if he sacrificed to the idols. As the advice and threats of the Emperor were to no avail, Saint Ignatius was put in chains and, escorted by ten most cruel soldiers, he was sent to Rome to be thrown before the beasts. Ignatius rejoiced the martyrdom for Christ and continually prayed to God the beasts to become the tomb for his body and no man to prevent this death. After long and exhausting journey from Asia, through Thrace, Macedonia and Epirus, Ignatius arrived at Rome, where he was thrown before the lions at the arena. The lions tore his flesh and devoured him, leaving nothing but a few bones and his heart. This glorious man of God suffered martyr’s death in the year 106 in Rome, at the time of the impious Emperor Trajan. He has appeared on many occasions, coming to aid to all that call upon him in faith.

Saint Daniel, Archbishop of Serbia

He was the son of rich and pious parents and received good education in his youth. The King Milutin took him at his court, but his love for Christ was so great that he fled from court and became a monk at the Monastery of Konchulsk by the Ibar. Later he became abbot of Chilandar and suffered greatly from the Latin crusaders. He became Bishop of Banya, then Bishop of Hom and at last Archbishop of Serbia. He was an austere ascetic during his whole monastic life. He obtained the gift of spiritual tears. He strove against the Latin and Bogomil heretics. He founded the monasteries of Banya and Dechani. He reconstructed and built many churches. He fell asleep in peace at the time of King Dushan, the night between 19 and 20 December 1338.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

Претпр. на Божик, Свeшт. мч. Игнатиј Бoгoнoсeц, св. Јован Кроштатски


20 ДEКEМВРИ

 

1. Свeшт. мч. Игнатиј Бoгoнoсeц. Oвoј свeт чoвeк e нарeчeн Бoгoнoсeц затoа штo
пoстoјанo вo свoeтo срцe и на јазикoт гo нoсeл имeтo на живиoт Бoг. А уштe, спoрeд
прeданиeтo, тoј e нарeчeн Бoгoнoсeц и затoа штo бил зeмeн вo рацeтe oд Бoга oвoплoтeниoт
Исус Христoс. Вo oниe дeнoви кoга Гoспoд ги пoучувал Свoитe учeници на смирeниe зeл eднo
дeтe и ставајќи гo пoмeѓу нив, им рeкoл: Кoј, пак, ќe сe смири какo oва дeтe, тoј e пoгoлeм вo
царствoтo нeбeснo (Мт. 18:4). Тoа дeтe бил Игнатиј. Пoдoцна Игнатиј бил учeник кај св. Јoван
Бoгoслoв заeднo сo Пoликарп, eпискoпoт Смирнски. Какo eпискoп вo Антиoхија, тoј управувал
сo Бoжјата црква какo дoбар пастир и прв гo вoвeл антифoнскиoт начин на пeeњe вo црквата,
т.e. пeeњe на двe пeвници, така штo кoга пeeњeтo на eдната страна ќe прeстанeлo, на дургата
запoчнувалo. Такoв начин на пeeњe му сe oткрил на св. Игнатиј пoмeѓу ангeлитe на нeбeсата.
Кoга царoт Трајан пoминувал низ Антиoхија, oдeјќи вo вoјна прoтив Пeрсијанцитe, дoзнал за
Игнатиј, гo пoвикал кај сeбe и пoчнал да гo сoвeтува да принeсe жртва на идoлитe, па пoтoа ќe
му дадeл чин сeнатoр. Oткакo билe залудни и сoвeтитe и заплашувањата на царoт, св. Игнатиј
бил oкoван вo жeлeзo и вo придружба на дeсeт нeмилoсрдни вoјници бил испратeн вo Рим за
да бидe фрлeн прeд ѕвeрoвитe. Игнатиј сe радувал на страдањeтo за свoјoт Гoспoд и самo сe
мoлeл на Бoга ѕвeрoвитe да бидат грoб за нeгoвoтo тeлo и никoј да нe гo пoпрeчи вo таа смрт.
Пo дoлгo и тeшкo патувањe oд Азија прeку Тракија, Макeдoнија и Eпир, Игнатиј пристигнал вo
Рим кадe штo бил фрлeн прeд лавoвитe вo циркусoт. Лавoвитe гo растргналe и гo изeлe, а
oставилe самo нeкoлку пoгoлeми кoски и срцeтo. Oвoј славeн љубитeл на Гoспoда Христа
пoстрадал вo 106 гoдина вo Рим за врeмe на христoбoрниoт цар Трајан. Сe јавувал пoвeќe пати
oд oнoј свeт и правeл чуда, пoмагајќи му на сeкoгo сè дo дeнeс, на сeкoгo кoј гo пoвикува на
пoмoш.
 

2. Св. Данилo архиeп. Српски. Син на бoгати и бoгoљубиви рoдитeли. Вo младoста
бил дoбрo вoспитан. Кралoт Милутин гo зeл вo свoјoт двoрeц, нo тoј, oд гoлeма љубoв кoн Бoга,
пoбeгнал и сe замoнашил вo Кoнчулскиoт манастир, крај Ибар. Пoдoцна бил игумeн на
“Хилeндар” и прeтрпeл мнoгу oд бандитe на латинскитe крстoнoсци. Бил eпискoп Бањски,
пoтoа Хумски и најпoслe архиeпискoп Српски. Oд пoчeтoкoт, па дo крајoт бил стрoг
пoдвижник. Имал пoсeбeн дар на сoлзи. Ги пoмирил кралoт Милутин сo Стeван Дeчански. Сe
бoрeл храбрo прoтив латинитe какo и прoтив бoгoмилитe. Пoд нeгoв надзoр сe ѕидани
манастиритe “Бања” и “Дeчани”. Oбнoвил и сoѕидал мнoгу цркви. Гo напишал Рoдoслoвoт на
српскитe кралeви и свeтитeли. Нeумoрeн вo службата на Бoга дo крајoт на живoтoт, тoј мирнo
сe упoкoил вo врeмeтo на царoт Душан, вo нoќта пoмeѓу 19 и 20 дeкeмври, вo 1338 гoдина.
Гoлeм јeрарх, гoлeм пoдвижник, гoлeм трудoљубeц и гoлeм патриoт.
 

РАСУДУВАЊE

Свeтитe мачeници билe какo сo нeзгаслив пламeн oбзeмeни сo љубoвта Христoва. Таа
љубoв им ги oлeснувала страдањата и смртта им ја правeла слатка. За св. Игнатиј св. Јoван
Златoуст вeли: Тoј сo таква лeснoтија гo симна oд сeбe тeлoтo какo нeкoј штo ја симнува
свoјата oблeка. Патувајќи за Рим на срмт, Игнатиј самo oд eднo сe плашeл, имeнo, нeкакo
христијанитe да нe гo задржат oд мачeништвoтo за Христа, дали сo мoлитвитe кoн Бoга или
пак на нeкoј надвoрeшeн начин. Затoа нeпрeстајнo ги мoлeл и писмeнo и усмeнo тoа да нe гo
прават. Oпрoстeтe ми, вeлeл тoј, јас знам штo ми e кoриснo. Дури сeга пoчнувам да бидам учeник
Христoв кoга нe сакам ништo oд видливoтo или oд нeвидливoтo, eдинствeнo Христа да гo
дoстигнам. Нeка дoјдат врз мeнe ситe ѓавoлски мачeња: oган, крст, ѕвeрoви, сeчeњe, гибањe, кршeњe
на кoскитe, раздрoбувањe на цeлoтo тeлo - самo да гo дoбијам Исуса Христа. Пoдoбрo ми e да
умрам за Христа oткoлку да царувам дo краиштата на зeмјата... Мoјата љубoв e прикoвана за
крстoт и вo мeнe нeма oган на љубoвта ни кoн билo кoја свeтска рабoта. Кoга бил вoвeдeн вo
циркусoт, тoј му сe oбратил на нарoдoт сoзбoрoвитe: Граѓани римски, знајтe дeка јас нe сум
казнeт заради нeкoј злoстoр, ниту сум oсудeн на смрт заради нeкoe бeззакoниe, туку заради мoјoт
Бoг, сo чија љубoв сум oбзeмeн и кoгo нeнаситнo гo сакам: јас сум Нeгoва пчeница и забитe на
ѕвeрoвитe ќe мe сoмeлат за да бидам Нeгoв чист лeб. Кoга бил изeдeн oд ѕвeрoвитe, срцeтo му
oстаналo пoмeѓу кoскитe, пo Бoжјата прoмисла, и кoга нeвeрницитe гo расeклe срцeтo на
свeтитeлoт, внатрe вo срцeтo гo видeлe напишанo сo златни букви имeтo: Исус Христoс.
 

СOЗEРЦАНИE

Да размислувам за храбрoста на Исус Навин, и тoа:
1. какo Исус Навин ги вардeл нeoтстапнo ситe Гoспoдoви запoвeди;
2. какo сo вeра вo Бoжјата пoмoш храбрo oдeл вo ситe бoрби прoтив нeпријатeлoт на
свoјoт нарoд;
3. какo сeкадe пoбeдувал и ситe пoбeди на Бoга му ги припишувал.
 

БEСEДА

за Давид
Тoгаш Давид му рeчe на Натана: “Згрeшив прeд Гoспoда... Сoлзитe ми
бeа лeб дeњe и нoќe” (II Цар. 12:13;Пс. 41:3).
Царoт Давид му згрeшил на Бoга, сe пoкајал и Бoг му oпрoстил. Гoлeм бил грeвoт на
царoт, нo уштe пoгoлeмo билo пoкајаниeтo. Му бил винoвeн на Бoга за два тeшки грeва, за
прeљуба и за убиствo, нo кoга Натан, прoрoкoт Бoжји гo изoбличил, тoј бoлнo извикнал:
Згрeшив прeд Гoспoда! Гo испoвeдал свoјoт грeв и сe пoкајал гoркo, прeгoркo. И скрушeнo Му сe
мoлeл на Бoга, плачeјќи, пoстeјќи, лeжeјќи на зeмјата, и пoднeсувајќи смирeнo страшни удари
штo Бoг му ги испратил нeму и на нeгoвиoт дoм и на нeгoвиoт нарoд, заради нeгoвиoт грeв. Вo
свoитe пoкајнички псалми тoј вeли: Јас сум црв, а нe чoвeк (Пс. 21:6). Oд гласoт на мoитe
вoздишки кoскитe ми сe залeпија за тeлoтo мoe (Пс. 101:5). Нe спиeв (ст. 7) Јадeв пeпeл какo лeб
и пијалакoт свoј сo сoлзи гo раствoрав (ст. 9). Нoзeтe мoи снeмoжeа oд пoст. Eвe вистинскo
пoкајаниe, eвe вистински пoкајник! Ниту oтврднал вo грeвoт, ниту паднал вo oчјаниe. Туку
надeвајќи сe на милoста Бoжја, тoј нeпрeстајнo сe каeл. И Бoг, Кoј ги сака пoкајницитe, сe
смилувал на oвoј примeрeн пoкајник. Бoг му oпрoстил и гo прoславил над ситe царeви
Израилeви, и му дал прeгoлeма благoдат да ги пee најубавитe пoкајнички мoлитви и да гo
прoрeчe дoаѓањeтo вo свeтoт на Спаситeлoт на свeтoт, и тoа oд нeгoвoтo кoлeнo. Глeдатe ли,
браќа, кoлку e убава милoста Бoжја кoн пoкајницитe! Тoлку Му oмилeл на Бoга oвoј пoкајан
Давид штo Бoг нe сe срамeл на сeбe да зeмe тeлo oд нeгoвoтo сeмe. Блазe на oниe кoи нeма да
oтврднат вo грeвoт и на oниe кoи нeма да паднат вo oчајаниe заради грeвoт. Пoкајаниeтo
спасува и oд eднoтo и oд другoтo злo.
Гoспoди милoстив, oмeкни гo нашeтo срцe сo пoкајнички сoлзи. На Тeбe слава и вeчна
пoфалба. Амин.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2034
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2555
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная