Crown Point, Indiana - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов кој деновиве престојува во Чикаго каде ќе се одржи Самитот на НАТО, синоќа ја посети црковната општина “Свети Петар и Павле“ во сојузната држава Индијана.
Делегацијата на Претседателот беше пречекана од надлежниот епархиски архиереј Неговото Високопреосвештенство митрополитот Американско-канадски Методиј како и од мноштво верници од македонската дијаспора и по тој повод беше отслужен молебен.
Извор: АКПМЕ