логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Цариградскиот химнограф напишал богослужба за наши светци

 

Ова е еден исклучително добар гест и сигнал од Цариградската патријаршија, чиј химограф направил дело за тројца преподобници кои ќе бидат канонизирани од МПЦ, вели архимандрит Партениј


Посебна црковна богослужба посветена на тројца свети преподобници, кои завчера ги прогласи Светиот синод на МПЦ-ОА, напишал официјален химнограф на Вселенската патријаршија од Цариград јеромонахот Атанасиј Симонопетрински. Ова е првпат химнографот на Цариградската патријаршија да напише богослужба за Македонската православна црква, која с` уште не е прифатена како автокефална црква од страна на семејството на православните цркви. Богослужбата првпат ќе биде изведена на денот на канонизацијата на тројцата преподобници - Евнувиј, Пајсиј и Аверикиј - кои како монаси на манастирот „Пресвета Богородица - Kичевска“ маченички пострадаа за христијанска вера во 1558 година. Освен ова, ќе се промовира и посебното житие посветено на овие нови светители. Во МПЦ-ОА наведуваат дека фактот што химнографот од Цариградската патријаршија добил дозвола и се нафатил да напише богослужба што ќе се изведува во нејзините духовни храмови на празникот кој ќе им биде посветен на тројцата преподобници.

Синодот на МПЦ-ОА реши да ги канонизира тројцата монаси поради исклучителната посветеност на христијанската вера заради која и ги жртвуваа своите животи во моментот кога познатиот кичевски манастир бил нападнат од страна на турската војска.

- Манастирот беше опколен од многубројна турска војска, која очигледно сакаше да го уништи и да ги утепа сите што биле внатре. Во него тогаш се одржувала богослужба на која имало петнаесетина монаси заедно со дојдените верници. Монахот Аверикиј забележал дека војската ќе нападне и веднаш им кажал на останатите дека безбожниците напаѓаат и дека оној што е подготвен да пострада за верата, нека остане со него. На крајот, со него останале уште монасите Пајсиј и Евнувиј, кои подоцна биле маченички погубени, а манастирот изгорен. Преданието за нивната посветеност на верата и ден-денеска се одржува во народната традиција. Затоа и тие заслужија да бидат канонизирани како преподобни маченици - објаснува дебарско-кичевскиот митрополит Тимотеј.

Преданието за овој настан било запишано на маргините на една книга која се чувала во манастирот и тоа е искористено како основа за да се напише житието, односно нивната биографија. Преку братството на манастирот „Свети Јован Бигорски“ бил воспоставен контакт со химнографот Атанасиј, кој е дел од монашкото братство на грчкиот манастир „Симонопетра“ кој се наоѓа на Света Гора, а е под јурисдикција на Вселенската патријаршија. Овој химнограф досега напишал богослужби и за други автокефални православни цркви, а неодама такво вредно дело направил и за еден нов светец, кој е прогласен од страна на Руската православна црква. Само мал број православни цркви имаат свои официјални химнографи.

- Ова е еден исклучително добар гест од страна на Цариградската патријаршија и ние сме многу благодарни за тоа. Делото изворно е напишано на старогрчки јазик, а ние сме го превеле на народен македонски јазик. Првпат ќе се изведе на вечерната богослужба која ќе се одржи по нивното канонизирање за преподобници - објаснува архимандрит Партениј од Бигорскиот манастир.

МПЦ-ОА одржува добри односи со Вселенската патријаршија, која досега се јавува како еден од факторите во процесите на решавањето на спорното прашање за признавањето на нашата црковна автокефалност од страна на српската православна црква.

- Ние не очекуваме дека останатите православни цркви ќе направат проблем за прогласувањето на тројцата преподобници бидејќи тие пострадале во периодот кога дејствувала автокефална Охридска архиепископија, што значи дека не може да се оспорува од некои други, сегашни, причини - наведува отец Партениј.

Познато е дека во рамките на МПЦ-ОА тече процесот за прогласување и на други светци при што сега во најтесен избор се свети Јоаникиј од Ракотинци и свети Гаврил Лесновски.

Бранко ЃорЃевски

 http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=133D3819C5F1C840B760ECE8DC2F5B6A

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

22/06/2026 - понеделник

Петровденски пости; (строг пост)

+Свети Кирил, архиепископ Александриски; Свети Кирил Белоезерски; Свети Алексеј Мечев;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ  22 јуни/ 9 јуни 2026

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ 22 јуни/ 9 јуни 2026

Оној кој солзи лее за вистината, се радува во небесната слобода,

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная