На празникот на Вознесението Христово, во храмот „Св. Спас“ во Гевгелија беше отслужена Света Архиерејска Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештеници од гевгелиското намесништво на епархијата. Голем број верници молитвено ја проследија Литургијата, а потоа беа прекршени славските лебови. Во предвечерејто на празникот Митрополитот Агатангел присуствуваше на вечерната богослужба во храмот посветен на овој празник во Велес.
Извор: Повардарска епархија