„Утврди ги стапките мои според Твоето слово и не допушти со мене да овладее нинакво беззаконие“ (Пс. 118, 133). И за миг ќе застанеше на патот, ќе го исправеше малку неговото тело, и со нагласе шепот ќе речеше, „Избави ме од човечко клеветење и ќе ги пазам Твоите заповеди. Озари го Твојот слуга со светлината на лицето Твое, и научи ме на твоите заповеди“ (Пс. 118, 134-135).
„Нека се исполни устата моја со похвала, па со песна да ја величам славата Твоја, и цел ден да пеам за твоето велелепие“ (Пс. 70, 8). ..
Денес, за несреќа, секој секого клевети, затоа што молитвата и стравот Божји имаат исчезнато. Присно-памјатниот Јоаким Специерис, добро познат во наше време и познат по неговата добродетел, секогаш имаше обичај да ни каже дека, кога требало да оди некаде на гости, или по работа, пред да излезе надвор, тој ќе отидел пред иконата на Богородица и ќе ја прашал вака: „Благословено ли ми е, о Пресвета моја, да одам?“ И ако било благословено, неговата душа ќе се исполнела со согласност; а ако не требало, ќе го зафатело големо колебање.(Повеќе)