логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Рождество на Господ Исус Христос

Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не.

А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил Ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство.  Повеќе...


 

„Светлите подвизи на твојот пречесен спомен, како големо сонце кое светли, ги просветува лицата на тие што те слават, бесовите, пак, и секоја болест, ги изгонува. Заради тоа, доаѓајќи со љубов, верно да го прославиме“ (кондак на св. Наум Охридски).

Споменот на свети Наум Охридски Чудотворец насекаде во Македонија, а особено во Охрид, во градот каде овој наш светител, просветител, црноризец, подвижник и чудотворец живеел и поучувал, секоја година е торжествено прославуван. И оваа година, во манастирот на Белото Езеро, којшто самиот тој го изгради со своите пречисти раце, со големи свечености го воспеавме свети Наума. Празнувањето започна на 02.07.2012 година со празнична Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот, еромонасите Доситеј и Јосиф, свештениците Никола Христоски, Димче Азески и Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. На Вечерната присуствуваше и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој од владичкиот трон му вознесуваше молитви на светиот Охридски Чудотворец. По завршувањето на вечерната беше отпеано и петолебието, а Митрополитот Агатангел се обрати кон мноштвото верни со пригодно слово во кое ги повика сите луѓе да се вратат кон моралните норми, всадени од Господа во срцето на човекот. 

Прославата продолжи утредента, на 03.07.2012 година, кога беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитите Тимотеј и Агатангел, архимандритите Нектариј и Партениј, протоереј-ставрофор Тоди Јован од Албанската православна црква, еромонасите Доситеј и Јосиф, свештениците Никола Христоски и Димче Азески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. На овој прекрасен ден, еромонахот Јосиф беше произведен во чин игумен, а како знак на неговото игуменство му беа дадени надбедреник и граден крст. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Архиепископот Стефан се обрати кон паствата со пригодна беседа, која подолу ви ја пренесуваме во целост.

Навистина, прекрасна беше сликата да се видат илјадници верни, кои не штедејќи се себеси дојдоа од цела Македонија, но и од Албанија, да се поклонат на гробот на свети Наум и да ги испросат неговите молитви и неговото застапништво пред Бога. И ние го молиме светителот да „нè воведе во верата и да нè избави од сите искушенија. Амин!“ 

Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан

Собрани денес во овој свет храм за да го прославиме споменот на нашиот голем чудотворец и застапник пред Божјиот престол, светиот Наум Охридски, не можеме, а да не си спомнеме за големината на неговата личност, за неговиот подвиг, но и за неговата љубов и кон Бога и кон својот род.

Овој преблажен човек беше еден од учениците на великите браќа од Солун, просветителите на словенскиот и на македонскиот род, светите Кирил и Методиј. Од нив научи како да Му служи сеодано на Бога, како да го проповеда, но и да го живее Евангелието, како да им помага на луѓето во неволите, но и како да се велеси во радостите. По смртта на рамноапостолот свети Кирил (+869), неговиот брат и нивните ученици, од Рим дојдоа во Панонија, каде што почнаа да ја организираат првата словенска црква. Но набрзо, по упокојувањето на свети Методиј (+885), учениците, предводени од свети Климент и свети Наум, го почувствуваа непријателството на противниците на словенскиот јазик, и беа протерани од средноевропските словенски земји. Свое прибежиште и плодна почва за делување и проповед на Божјото име најдоа дома, на Балканот, односно во Македонија. Заедно со својот брат свети Климент, свети Наум почна опширна мисија за евангелизација на народот по македонската земја. За таа цел се пишуваа и препишуваа книги, се преведуваа текстови, се градеа манастири и цркви, а особено е за истакнување формирањето на првиот словенски универзитет, односно Охридската книжевна школа. Со своето знаење и со своето духовно искуство, свети Наум целосно се посвети на учителската дејност и на подготовката на потребните   кадри за свештеници, преведувачи и препишувачи. Подоцна се повлече на најјужниот дел од брегот на Охридското Езеро, токму овде, каде што го изгради манастирот посветен на Светите Архангели, и тука поживеа во големи подвизи, собирајќи околу себе многубројно братство, кое примарно се занимаваше со препишување на стари ракописи и, секако, со постојано служење на Бога и молење за новопросветениот народ. Откако добро Му послужи на Бога, овој голем светител од нашиот род се упокои во 910 година, преселувајќи се во Царството Божјо.

Возљубени, многу можеме да земеме и да последуваме од личноста на свети Наум. Па, еве, денес веќе прославуваме повеќе од 1100 години од упокојувањето на овој Божји угодник, што е меѓу личностите со најголем спомен во нашиот македонски род. И дали е тоа случајно? Не, но токму тоа ни укажува каков народ сме и за што сме избрани. Да се замислиме на кого се угледуваат нашите млади генерации, па и ние повозрасните. Поважни ни се личностите од најразлични професии од времено и минливо траење, личности кои не нè задоволуваат духовно, нè прават подобри и посовршени луѓе? Добро е да се радуваме на успехот на ближниот, но кога тој на пример го завршил потребното образование, кога добил работа, кога изградил дом, кога му се родило чедо итн. Но дали треба да се радуваме и да ни биде мотив минливото и пропадливото? Колку и да е тоа привлечно, тоа е туѓо за нас, и непотребно и неспасоносно. Затоа потребно е и денес да се запрашаме, што имаме во свети Наум што може да биде и наше? Има, тоа е – светоста! Ќе рече некој, па што корист имам од светоста? Од неа добиваме сè: и убав изглед, и богатство, овде на земјата и горе на небото, и слава и сè! Светоста треба да ни е цел на сите нас, зашто сме повикани да бидеме свети, како што ни вели Господ: Бидете свети, бидејќи Јас сум свет (3.Мој 11, 44).Светоста е надеж и здобивање на вечното и непропадливото. Светоста е радост за душата, тоа е релизирање на нас како луѓе и како личности. Но оваа слава, оваа убавина и ова богатство не се по мерката и разбирањето на земниот човек, туку се со карактеристики и квалитет што ѝ се доследни на нашата природа. Всушност, човекот со гревот ја изгубил светоста што ја имал, но и потенцијалот и чувството да го достигне нејзиниот максимум. Затоа почнал да се обидува на секој начин да го достигне тоа совршенство, иако со несовршени средства, иако привидно. Но дали земната може да се спореди со небесната слава, со онаа која Бог ја дарува? Таа слава е скромност, понизност, љубов, пожртвуваност и вечност. Земната слава е суета, завист, злоба, себичност и пропадливост. Житијата на светиите нè учат каков станува телесниот изглед на оние што ја стекнале светоста. Нивните ликови зрачеле со несокојдневна светлина, нивните тела мирисале благоухано... Човекот треба да прави сè за да го врати своето првобитно достоинство, дадено на нашите прародители во Рајот. Но, како и во сите работи, има вистински начин и правила за доаѓање до целта, но и начини кои, иако изгледаат полесни, сепак не нè водат до посакуваното, туку напротив, нè водат во уште поголема жалост и празнотија, нè водат во егзистенцијална пропаст.

Возљубени, ние христијаните имаме пример како се надминува гревот и неговите последици, и како се достигнува светоста. Тој пример ни го постави и даде Господ Исус Христос, а остварливоста на тоа се докажува преку светителите. Затоа, секој човек е повикан да биде светител, секој од нас го има потенцијалот во себе, но и благодатта на Бога. И затоа илјада и стогодишниот спомен на свети Наум е прослава на светоста, на тоа што навистина ни е потребно и суштинско за животот.

Од ова свето место и во ова време да повикаме - сите заедно, како народ и како земја – да се покаеме и да се вратиме на вистинските вредности, да се вратиме на патот што Бог ни го постави и оствари, патот кој врви низ Црквата во вечноста. Крајно време е, зашто реалноста воопшто не ни е добра. Наталитетот е во постојано намалување, меѓучовечките односи ни се на незавидно ниво, а за моралот како да заборавивме што беше тоа. Но кога светоста ќе стане наша животна и примарна цел, тогаш нашата природа ќе се навикне на доброто, ќе сака да го прави само полезното. Зашто, говори светиот апостол Павле, оние кои живеат по тело, копнеат за телесното, а кои живеат по дух - за духовното. Копнежот на телото е смрт, а копнежот на Духот - живот и мир. Ако, пак Христос е во вас, телото е мртво за грев, а духот живее поради праведност (Рим. 7/ 5, 6 и 10)...

Возљубени, во годината во која одбележуваме 45 години од возобновувањето на автокефалноста на нашата древна Света Црква, потребно е постојано да се потсетуваме на оние коишто ги поставија темелите, коишто го посеаја Евангелието по македонската земја, на оние коишто ја организираа нашата Помесна православна црква и на сите што се бореа за нејзино опстојување низ вековите, како и за оние коишто по двевековната забрана на нејзината дејност, по молитвите на светите Климент и Наум, со Божја помош ја воскреснаа нашата древна Охридска Архиепископија. Нека и се множат годините и вековите и нека ни е вечна нашата Света Црква!

Нека му е честит игуменскиот чин на о. Јосиф, идниот епископ на нашата Света Црква.

Нека ни е на многу години празникот, а Божествената Литургија нека ни е на здравје и спасение. Амин!

  

свети Наум Охридски Чудотворец

03.07.2012 година, ман. „Св. Наум Охридски“ Охрид

Извор: Дебарско- кичевска епархија

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

« »

Православен календар

 

10/01/2025 - петок

Св. Дваесет илјади никомидиски маченици; Преп. Симеон Мироточив; Светата маченичка Домна;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови четиринаесет илјади Витлеемски младенци 29 декември / 11 јануари 2025

Тропар на светите Христови четиринаесет илјади Витлеемски младенци 29 декември / 11 јануари 2025

Нема непријателот љубов во себе,затоа што самољубието во него е длабочина неизмерлива,о Господи прибери ги Твоите младенци од сите векови,и...

Тропар на светите Христови Дваесет илјади маченици во Никомидија 28 декември / 10 јануари 2025

Тропар на светите Христови Дваесет илјади маченици во Никомидија 28 декември / 10 јануари 2025

Како темјан благоухан, Црквата ги принесе молитвите, на дваесетте илјади маченицикон Тебе о Христе Боже,примајќи ги нивните души во рацете...

Тропар на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан 27 декември / 9 јануари 2025

Тропар на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан 27 декември / 9 јануари 2025

Со добар подвиг се подвизуваше, првомачениче Христов и апостоле, ја изобличи безбожноста на мачителите.  Каменуван од рацете на беззакониците,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная