Скопје- Св.вмч. Димитриј
РАСУДУВАЊE
Нeзлoбнo трпeниe - тoа e христијанскoтo трпeниe, а трпeниeтo сo нeмoќна злoба нe сe разликува мнoгу oд oдмаздата. Нашитe гoлeми свeтитeли сe вo сeкoја eвангeлска дoбрoдeтeл, нo кoлку сe гoлeми и вeличeствeни вo нeзлoбнoтo трпeниe! Мoжeби тиe ни сe чинат вo таа
дoбрoдeтeл најгoлeми затoа штo ниe смe вo нeа најмали. Кoга пустинскитe oтци eднаш сe насoбралe oкoлу Јoвана Кoлoв да слушнат пoука, нeкoј завидливeц дoфрлил: “Твoјoт сад, Јoванe, e пoлн сo oтрoв!” На oва нeзлoбниoт Јoван вeднаш му вратил: “Тoа ти гo рeчe, глeдајќи
ја самo надвoрeшнoста, а штo би рeкoл тoгаш кoга би ја видeл внатрeшнoста?” А кoга св. Кипријан, eп. Картагински, гo извeлe на исeчувањe, тoј нарeдил пo нeгoвата смрт на џeлатoт да му дадат 25 златници.
На 6-ти јули 2012 година, кога Светата Црква ги прославува споменот на светата маченичка Агрипина, светите маченици Евстохиј, Гај и другите со нив, и споменот на Владимирската икона на Пресвета Богородица, во храмот на св.вмч. Димитриј во Скопје, протоереј Зоран Стаменковиќ одслужи Божествена Литургија. По Литургијата се направи мал петочен водосвет, благословувајќи ги присатните верници и нивните фамилии . Во беседа - „Против зависта“ отецот ја посочи зависта како погубна состојба на душата:
„Бог е благ и на достојните им дава добро.
Ѓаволот пак е итар и создава секакво зло.Благиот го прати незавидливост, а ѓаволот секаде го следи завист.Да се чуваме од страста на зависта., како не би станале заедничари во ѓаволските дела. Оној кој се погордува стигнува на ѓаволскиот суд.А како тогаш, завидливецотќе го избегне судот кој е приготвен за ѓаволот.Во човековата душа не би можела да се вкорени страст, која би била попогубна од зависта. Таа помалку штети на другите, туку е прво и непосредно зло за оној кој ја има. Зависта ја нагризува душата во која живее, како што рѓата го нагризува железото. Слично и зависта по природа ја нагризува душатаво која е зачната. Зависта е жалење поради добрата состојба на ближниот. Поради тоа на завидливиот човек никогаш не му недостасува жалост и огорченост. Дали ближниот упешно работи? Дали неговиот дом изобилува со сите животни добра? Или можеби е тој сеуште радосен човек? Сето наведено е храна за болеста на завидливиот и зголемување на неговата болка.(Повеќе)
Preminportal
Лето Господово 2012