логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Ivica.sv.Pankratij.jpg

Скопје, 22 јули 2012 год.-  храмот на св. Ѓорѓи Победоносец во н.Чаир во Скопје

Ivica.sv.Pankratij.jpg

На 22 јули 2012 г., кога Македонската Православна Црква го празнува споменот на свештено-мачителот Панкрат; во храмот на св. Ѓорѓи Победоносец во населбата Чаир во Скопје се одслужи Света Литургија предводена од презвитер Ивица Тодоров. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Ivica.sv.Pankratij.jpg

Денешното читање на Евангелието ни ја предочи нашата човечка дилема: како да ја исползуваме даруваната слобода – избор меѓу гревот или светоста.Нашето спасение можеме да го гледаме од два агла: вертикално – како соединување со Создателот; и хоризонтално – како љубов кон ближниот. Гревот започнува со свртувањето од Создателот и загледување во други идоли. Тогаш, одалечени од Светлото, во полутемнината на секојдневието „разумот“ (во случајов како РАЗ-идување-од-УМОТ) ќе ни подметне илјадници објасненија: што е грев, а што не е; па зар јас ќе живеам со крстот на чело; нели само еднаш се живее и сл. На оваа духовна состојба лесно се налепуваат и најтешки гревови.

Не ни забележуваме дека со одалечувањето од Чистиот Извор во нашиот дух се создаваат дупки како во швајцарско сирење. Во нас се намалува Битието (Добрина, Љубов, Вистина, Убавина) и почнуваат болести – духовни, психички и телесни. Да внимаваме, редоследот не е случаен и веќе не зборуваме за религија туку за Божји закони вградени во природата.

+++ (Провери:Ерик Кандел (Erik Kandel), лекар, неуролог, нобеловец: Само со нова наука за човечкиот дух можеме да продолжиме да го истражуваме човечкиот мозок.

Даниел Амен (Daniel G. Amen), лекар, неуролог – „Лекување на хардверот на душата“: Добрината го лекува, а злото го разорува мозокот.

Брус Липтон (Bruce Lipton), клеточен биолог – „Биологија на верувањето“: Клетките на човечкиот организам „натопени“ со духот и самите сознаваат и одлучуваат; и затоа судбината на човекот ја определуваат навиките, верата, а не гените.

Френсис Колинс (Francis Collins), лекар, генетичар, директор на американскиот институт за национално здравје – „Божји јазик“: ДНК записите се книга на животот напишана на Божји јазик.)

Сите го знаеме Божјиот закон – љуби ги блискиот како себе самиот. На прв поглед ништо тешко и се чини дека секојдневно го правиме. Во овој контекст, да направиме разлика меѓу сакањето и љубовта. Зошто, сакањето има себична конотација (МЕНЕ ми е убаво со некого или нешто) за разлика од љубовта која подразбира почит, безусловно давање и жртва.

Но, ајде да си поставиме неколку прашања за проверка дали себеси се сакаме или љубиме бидејќи ни е пишано дека ИСТО ТАКА треба да го љубиме ближниот за да можеме да дојдеме до  Бога.
Најпрво, која е смислата на мојот живот?
Дали има нешто или некој за кого сум подготвен да жртвувам нешто свое (малку добро јадење, летен одмор, слободно време)?
За исполнувањето на таа смисла – дали сум подготвен возљубено и со безусловно самопредавање да живеам со семејството, со соседите, со соработниците, во Црквата (и   да го сакаш целото човештво)?

Ivica.sv.Pankratij.jpg

 Ivica.sv.Pankratij.jpg

 Ivica.sv.Pankratij.jpg

Ivica.sv.Pankratij.jpg

Ivica.sv.Pankratij.jpg

Ivica.sv.Pankratij.jpg

Ivica.sv.Pankratij.jpg

Ivica.sv.Pankratij.jpg

Ivica.sv.Pankratij.jpg

Ivica.sv.Pankratij.jpg

Ivica.sv.Pankratij.jpg

Ivica.sv.Pankratij.jpg

  • - Ратислав Кардалев
  • - Преминпортал

Лето Господово 2012

 

 

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

18/06/2026 - четврток

Петровденски пости; (пост со масло)

Св. свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски; Преп. Теодор Пустиник; Преп. Анувиј; Блажениот Игор, кнез Черниговски и Киевски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная