0д 14.08 до 28.08.2012 год.
0д 14.08 до 28.08.2012 год.
Овој пост е востановен во чест на Христовото Преображение и Успението на Пресвета Богородица и телесно се пости на следниов начин: во понеделник до петок не се јаде со масло.
Масло се употребува само во сабота и недела. Риба се разрешува на Преображение.
Лето Господово 2012
„Сигурни сведоштва за оформувањето на Богородичниот пост најнапред наоѓаме во списите на Теодор Студит (IX век), а тој е конечно утврден од Светата Црква на Цариградскиот собор во 1166 година, иако верните уште многу векови порано пребивале во пост исчекувајќи го денот посветен на Успението на Богородица.
И покрај постоењето на ориентирни правила во однос на позволените и забранети продукти за исхрана, никогаш не смее да се заборави дека сржта на православната антропологија е во тоа дека од човекот не треба да се стори проста маса, туку секој е и треба да остане конкретна личност, Оттаму, „строгоста“ на личното применување на физичката страна на постот зависи од личносниот совет од духовниот отец кон своето духовно чедо.
Константата, пак, која треба да се следи во секој повеќедневен пост, а која никако не се „разблажнува“ е духовната страна на постењето. Духовниот пост секогаш подразбира одрекување од сите облици на грешни и зли мисли, желби и дела, додека телесниот пост е само неопходно помошно средство за успешна духовна борба против страстите.
Дните на Богородични пост да ни минат во чистота на срцето, добромислие и доброделие!“- Скопска епахија