Скопје, 17 август лето Господово 2012 -храм на св.вмч. Димитриј
На 17-ти август 2012 година, кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на светите седуммина младенци во Ефес и светиот маченик Козма Рамноапостолен, во овој прекрасен храмот на св.вмч. Димитриј, во Скопје, каде фреските и понатаму сведочат за присуството на дарот на Светиот дух, старешината на храмот одслужи Божествена Литургија.На крајот на Литургијата ја прочита Молитвата на денот од св. Филарет Московски Како и секој петок, по Литургијата се направи мал петочен водосвет.
Свети Дијадох, епископ Фотикиски
Со разумното движење на душата, ние сме икона Божја. Телото, пак, претставува нејзино живеалиште. Но, со Адамовиот грев, не само што се осквернети цртите на оваа богосличност туку и нашето тело, малку по малку, паднало во тленост. Затоа се воплоти Словото Божјо, бидејќи Бог со Своето Крштевање ни ја даде водата на спасението заради преродба. Се преродуваме со вода и преку дејството на Светиот и Животворен Дух. Оттаму, се очистуваме и со телото и со духот – барем оние што се стремат кон Бог со целата своја волја – и тоа на тој начин што Светиот Дух се вселува во нас, а гревот бега од Него...
Преминпортал
Лето Господово 2012
Друго: