Амбасадорот Тевдовски во Виндзор
Виндсор, Канада - Во неделата, на 19 август 2012 година, на денот кога го празнуваме празникот на Преображението Христово, во Македонската црковна општина Свети Никола во Виндзор, Канада, прото-ставрофор д-р Александар Мустеников отслужи Божествена Литургија на која како гостин присуствуваше амбасадорот на Република Македонија во Канада господинот Љубен Тевдовски.
По Богослужбата амбасадорот ги информира присутните за најновите реформи и достигнувања во татковината. Исто така исцрпно и стручно им одговареше на многуте поставени прашања. Почитуваниот гостин беше срдечно пречекан од Управниот одбор и стотина членови на оваа црковна заедница .
Известува: Г. С.