Скопје, 29 август 2012 год.- храм на св. Петка на празникот на Неракотворната икона на Господ Исус Христос, светиот маченик Диомид и преподобен Јоаким Осоговски
На 29-ти август2012 година, кога Православната црква во своите молитви благодарејќи се потсетува на Неракотворната икона на Господ Исус Христос, светиот маченик Диомид и преподобен Јоаким Осоговски , во храмот на св.Петка во населбара Црниче, во Скопје, отец Боге отслужи Божествена Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Дарови.
Старец Софрониј
Што значи спасение? Дали навистина, смртта на телото е претпоставка за влезот во Царството Христово? Како можеме да ја развиеме нашата способност за да живееме согласно заповедите Христови, согласно Светиот Дух? Само едно е значајно: да го зачуваме интензитетот на молитвата и покајанието. Тогаш, смртта не ќе биде пад, туку премин во Царството, за кое ќе сме подготвени преку причестувањето со Телото и Крвта Христови, преку молитва и повикувајќи го Неговото Име: Господи Исусе Христе, Боже наш, помилуј нè нас и Твојот свет.
Преминпортал
Лето Господово 2012