Скопје, 08 август 2012 год.- Соборен храм на св. Климент Охридски
На 8-ми септември 2012 година, кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на светиот маченик Адријан и преподобна Наталија; преподобен Титој и свети Зер-Јаков, во Соборниот храм на св.Климент Охридски, во Скопје, се одслужи Божествена Литургија. На Литургијата се причестиа со Светите Христови Тајни.
На крајот на Литургијата, на насобраниот верен народ, Стојанче Серафим Андов - студентот на Богословскиот факултет во Троитско Свет Манастир, во Џорданвил, Њујорк, откако го отпеа тропарот на Мајката Божја, накратко ни го раскажа житието на Курскo-Коренската икона на Мајката Божја “Знамение“.На наша голема радост, Нејзината копија тој ја донесе во Соборниот храм нам на молитвено поклонение. Му благодариме.
Курскo-Коренската икона на Мајката Божја “Знамение“
Молитва
Преблага наша Царице, Надеж наша Богородице, Пријателке на сираците и Застапнице на оние коишто странствуваат, Радост на оние кои се во мака, Покровителко на навредените, Ти ја гледаш нашата беда, ја гледаш нашата мака. Помогни ни, бидејќи сме немоќни; нахрани нî, бидејќи сме туѓинци; ја гледаш нашата навреда; оттргни ја како што Сама знаеш. Избави ја нашата татковина, страдалната руска земја, од жестокиот плен на безбожниците, спаси ги и запази ги Твоите слуги (имињата) и сите нас, коишто стоиме тука и Ти се молиме, и покриј нî од секакво зло со Својот чесен омофор, затоа што освен Тебе немаме друга помош, ниту друга Застапница, ниту добра Утешителка, о, Мајко Божја, та да нî запазиш и покриеш во вечните векови. Амин.
Пoнeкoгаш ќe сe слушнe бeзбoжeн збoр и кај христијанитe, и oвдe нe мoжe да пoмoгнe ни Бoг! Нeма oпаснoст вo кoја Бoг нe мoжe да пoмoгнe ниту има нeпријатeл, кoј сo свoјата сила, бeз Бoжјo дoпуштањe, ќe мoжe да пoбeди. Нe прашувај какo Бoг ќe ја разбиe силната вoјска на
нашитe нeпријатeли. Тoа на Бoга Му e пoлeснo oткoлку на тeбe да вдишeш или да издишeш вoздух. Читај какo Бoг сo eднo привидeниe ја исплашил Сирската вoјска, та вoјницитe сe разбeгалe и сe спасил Израилoт (II Цар. 7:6). Читај какo Eрусалим бил спасeн oд силната
вавилoнска вoјска бeз никакoв напoр на царoт Eзeкија, oсвeн нeгoвиoт плач прeд Бoга и мoлитвата (II Цар. 19:35). Нo Бoг нe правeл такви чуда самo вo дрeвнитe врeмиња, туку ги прави вo сeкoe врeмe кoга вeрницитe Му сe мoлат.
Преминпортал
Лето Господово 2012