На 23. септември 2012 г. кога Македонската православна црква ги прославува Светите маченички Минодора, Митродора и Нимфодора, во храмот на светиот Архангел Михаил во населбата Автокоманда во Скопје се одслужи Божествена Литургија. На Литургијата која ја предводеше отец Иван Гошевски. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Ангелите нè застапуваат пред Бога, молејќи се за нас и со нас. Затоа би требале почесто да размислуваме за нив и колку можеме да си ги приближиме нивните значења. Но не како некои пеперутки кои леткаат околу нас туку како духовни суштества со кои можеме духовно да комуницираме. Создателот е апсолутен и безграничен па ние ограничени и кусогледи не можеме да Го осознаеме. Затоа ни се важни ангелите како посредници.Архангел Михаил е споменат во Откровението (12:7); во Стариот Завет Михаил е споменат по име во Книгата на Даниел. Представен е како заповедник (војвода) на Господовата војска. По талмудските преданија неговото име значи „како Ил (Бог)“ или „Иловиден“, „Илолик“ („Боговиден“, „Боголик“). Неговото име било борбен извик на ангелите на небесата во борбата против Сатаната и неговите следбеници. Архангел Гаврил се смета дека служи како гласник на Бога и еден од големите Седум архангели кои претстојат пред престолот Божји. Тој е пренесувач на Радосната вест на Девојката Марија.
Архангел Рафаил (хебр. „Бог исцели“, „Бог исцелува“, „Боже исцели“) е архангел кој врши најразлични исцелувања (лечења). Името на архангелот Рафаил се јавува само во Книгата на Тобиј. За време на авантуристичкото патување на Тобиј, заштитното влијание на ангелот се гледа на повеќе наврати. По враќањето и го лекува слепилото на постариот Тобиј така што му вели на Тобиј да фати риба, па потоа го користи меурот за да му ги излечи очите. Многу чудна терапија која ја истакнува важноста на послушанието кон Божјите благовестители.
За Преминпортал:
Ратислав Кардалев