логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

ПОКРОВ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (14.10.2012) 

 


„Со нас се радуваат сите небески чинови, откако оформија единствен духовен хор, гледајќи ја Царицата и Господарка на сите, славена од толку имиња на верници; се радуваат и душите на праведниците, кои беа гледачи на тоа видение, како во воздухот молитвено ги шири своите сечесни раце, барајќи мир за светот и спасение за душите наши“ (стихира на Слава, и сега... на Господи повикав... на Вечерна служба на Покров на Пресвета Богородица).

Опкружувана од божествениот сјај на пророците и апостолите, Мајката Божја постојано го пружи својот омофор и нè заштитува од сите зла и неволји. Пречистата секогаш ги закрилува оние кои со искрена молитва и чисто срце се обраќаат кон неа. Тоа ни го сведочат безбројните спомени и чуда, што светата Црква низ текот на годината ги прославува. Едно од нив е и чудото во храмот во Влахерна, посведочено од светиот Андреј Јуродив и неговиот учител Епифаниј, познато во Црквата како Покров на Пресвета Богородица. По повод овој Богородичен празник, на ден 14.10.2012 година, во параклисот во митрополитската резиденција во Охрид, посветен на овој празник, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештеникот Горан Ставрески и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј им се обрати на присутните верници со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св.Дух!
Драги браќа и сестри!

Светата православна Црква денеска прославува еден од Богородичните празници, познат како Покров на нашата Владичица, Пресвета Богородица. Овој празник, воспоставен од православната Црква, почива врз основата на едно чудо што се случило во почетокот на 10 век, поточно во 910 година, кога Цариград бил нападнат од Сарацените. Тогашниот цар Лав Мудри немал никакви перспективи да ја одбрани оваа православна Византиска столица со реални овоземни сили. Непријателот бил поброен во секој поглед, поорганизиран, поснабден со оружје и на жителите на Цариград не им останувало ништо друго, туку да се обратат со молитва во храмот Влахерна и да молат спас на Царскиот град. Во истата црква со многубројниот народ се молел и Андреј Јуродиви, заедно со неговиот учител Епифаниј. За време на молебенот, што го извршувалo свештенството, јуродивиот Андреј го запрашал својот учител дали ја гледа Пресвета Богородица како го раширува својот небесен омофор над градот и народот, а самата, пак, блеска во сјај небесен што овоземните очи не можат да го гледаат? Учителот Епифаниј го потврдил истото видение, а утредента многуилјадната наоружана сараценска војска се растурила, како и никогаш да не била. Така, Пресвета Богородица ги избавила од страдања и од уништувања и градот и народот. Во чест на ова видение и чудо, светата Црква го воспоставила овој празник, познат како Покров на Пресвета Богородица.

Ние знаеме од Светото писмо дека нашиот Спасител, Господ Исус Христос, пред да биде издигнат и распнат на крстот, Својата Пресвета Мајка ја доверува на свети Јован Богослов со зборовите: „Жено, ете ти син“ (Јн. 19,26), а на него, пак, му вели „Ете ти мајка“ (Јн. 19,27). Преку овие зборови Самиот Спасител, Господ Исус Христос, нè учи дека Неговата мајка, која телесно ќе Го роди и ќе Го одгледа, е Мајка и на сите христијани, бидејќи нејзината улога е огромна и неспоредлива во спасителната мисија на човечкиот род. Првото чудо што Господ Христос ќе го направи додека го проповедал Евангелието и одел од град во град, од село во село, и го поучувал народот со дело и со збор, ќе биде на молба на неговата Мајка во Кана Галилејска. Таа ќе Му каже дека луѓето немаат вино, а Нејзиниот Син ќе ñ одговори „Уште не дошол Мојот час“ (Јн. 2,4). Но, Богородица ќе им рече на слугите: „Сè што ќе ви рече направете“ (Јн. 2,5). Тогаш Господ Исус Христос ќе ја претвори водата во вино и нема да дозволи свадбената радост да се намали, туку напротив уште повеќе ќе ја зголеми, благодарение на молбата и прозбата на Пресветата Богородица.

Ако светата Мајка Божја имаше сила и храброст да го моли својот Син и наш Бог, Господ Христос, за време на овоземниот живот, тогаш таа има уште поголема сила на небото и да моли, но и да бидат услишани нејзините прозби и молитви за луѓето. Затоа и на третиот ден по своето Успение, таа им се јавува на апостолите во воскресенска слава и им вели: „Радувајте се, јас сум со вас во сите дни“. Исто така, и од житијата на нашите свети угодници, имаме безброј сведоштва како света Богородица се јавува во небесна слава, придружувана од хорови на ангели и архангели, а следена од светите апостоли, светиот Јован Крстител, светиот Никола Мирликиски и други Божји угодници.

Во Влахерна имало многу луѓе кои нејзе и се молеле за личен спас и за спас на градот и земјата, но со нивните телесни очи не можеле да ја видат, а ја виделе само Андреј Јуродиви и неговиот учител Епифаниј, зашто тие биле очистени од секакви гревови и од секакви искушенија и живееле духовен, очистен, просветен и осветен живот. Затоа само овие двајца биле удостоени и со телесните очи да ја видат Богородица како го закрилува градот и народот и како го разбива непријателот кој го напаѓа Цариград. Преку овој пример и светата Црква нè поучува и нас дека не може секој што и  се обраќа со молитва да го има тоа видение и да ги слушне утешните зборови, бидејќи честопати ние од една страна ја молиме Богородица и Божјите угодници и бараме помош, но од друга страна не се откажуваме од нашите грешни и гревовни постапки и живеење, па затоа и ја немаме таа благодат и нашите духовни очи не се отворени во доволна мера, за да можеме да измолиме и да го испросиме тоа што го бараме. Пресветата Богородица помага и ги слуша сите молитви на секој верник, кој со искрена вера, надеж и љубов и  се обраќа за помош. Но, како услов, пред да бараме нејзина помош, таа чека од нас да го отсечеме гревот, да го отфрлиме злото, да се исповедаме со солзи покајни, та очистени и измиени да ñ се обратиме, ако сакаме нашите молби и прозби таа да ги претстави и да ги принесе пред нејзиниот Син, Господ Исус Христос.

Да го земеме и примерот со Мојсеј од Стариот завет, кој како претставник на еврејскиот народ бил удостоен да го види лицето Божјо на Синај и да ги добие десетте Божји заповеди. Но, кога народот се посомневал и почнал да прави идоли и златно теле и ним да им се клања наместо на Бога, Бог се оддалечил од Мојсеја и му рекол дека Неговиот гнев е врз нив. Преку овој пример светата Црква нè повикува и нè поучува како треба со цврста, непоколеблива и истрајна вера и надеж да се обраќаме во нашите молитви кон Бога и Богородица, ако сакаме нашите молитви и прозби да бидат услишани и исполнети за доброто на нашите души, на нашата света Црква и на нашата родна лулка. Да ñ се обратиме на Мајката Божја, таа да нè има под нејзин покров, да нè штити од секакво зло, да ни ја зацврстува верата и љубовта, та да можеме подостоинствено да го изодиме патот со правење на добри дела и да ги спасиме нашите души. Амин!

 

                                                                                         Покров на Прес. Богородица
14.10.2012 година
Параклис „Покров на Прес. Богородица“
Митрополитска Резиденција, Охрид

 

Подготвил:
о. Н.Х.

Извор: Дебарско- кичевска епархија

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

« »

Православен календар

 

17/01/2025 - петок

Собор на Светите Седумдесет aпостоли; Евнухот на царицата Кандакија; Преп. маченик Онуфриј Хилендарец;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христова девственица блажена Синклитикија 5 јануари / 18 јануари 2025

Тропар на св. Христова девственица блажена Синклитикија 5 јануари / 18 јануари 2025

Блажена, целомудрена мајко наша Синклитикио, смиреномудрието дишење ти стана, милосрдието – солза со којаги миеше душите на натажените,подвигот телесен ја...

Тропар на Соборот на Светите седумдесет Апостоли 4 јануари / 17 јануари  2025

Тропар на Соборот на Светите седумдесет Апостоли 4 јануари / 17 јануари 2025

Глас 3Апостоли свети, молете го Милостивиот Бог, да ни подари простување на нашите согрешенија.

Тропар на светата Геновева 3 јануари / 16 јануари 2025

Тропар на светата Геновева 3 јануари / 16 јануари 2025

Во вечниот ден Господов,лице в лице проповеда Апостолот да се видиме, а ти Пророче на Христовото доаѓање,со Ангелот вазден собеседеше, благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная