логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Sample Image 
Писмо до епископот Бачки, Иринеј
 
2.11.2012. 

 

Реакција по повод континуираните напади кон МПЦ од страна на епископот Бачки, Иринеј Буловиќ (Писмото е објавено во неделникот „Република“ од 02. 11. 2012 година)
  

„Знаењето возгордејува, а љубовта изградува.

Ако некој мисли дека нешто знае,

тој уште ништо не узнал, како што треба да знае“ (1.Кор. 8, 1-2)

 

Долго време ги следам вашите написи, вашите изјави во врска со спорот со нашата Света Македонска Православна Црква, и одамна сакав да ви одговорам. Но ете, сега, во овој период кога нашата Света црква слави и прославува, се радува и торжествува, во годината кога беа хиротонисани нови епископи, кога беа канонизирани светите пречистански и битолски маченици, како дел од прославата на 45-годишнината од возобновувањето на автокефалноста на нашата Света Црква, одлучив да ви одговорам, пред сé поради тоа што вие се дрзнавте, по кој знае кој пат, да ги попречите и оневозможите сите иницијативи за некакво помирување и зближување на Српската и Македонската православна црква.

Вашите писма и изјави ги ценам како контрадикторни политички памфлети, во кои вешто, но провидно, вметнувате теолошки термини. Зачудува фактот што секогаш кога ќе стане збор за спорот помеѓу МПЦ и СПЦ, вие сте тој кој прв реагирате од српска страна, додека пак, кога беше организирана геј парада и гнасна богохулна изложба на тлото на Р. Србија, вие не кажавте ниту збор? Зарем македонското прашање за вас е побитно, отколку јавното хулење на Бога? На кој бог вие му служите? Во една од последните изјави, во која ги анализиравте зборовите на г. Николиќ, вие се дрзнавте дури и да ѝ се заканите на нашата држава, со зборовите дека Србија во иднина немало веќе да молчи, ниту да биде пасивна доколку поинаку, надвор од македонските закони, не се третирале следбениците на т.н. ПОА. Како поинаку да ги сфатиме овие зборови, освен како дрско мешање во внатрешните работи на една држава и како поттикнување на меѓудржавен конфликт. На сличен начин постапувале и фашистите во триесеттите години од дваесеттиот век, кога се обидувале да се раскараат со цела Европа и со кои очигледно, вие се идентификувате.

Најпрво, писмата упатени од вас до почитуваниот владика Лаврентиј, едното на 7 декември 1972 година, а другото од 24 октомври 2012 година, а особено вашиот однос и непочитување, па дури и презир и омаловажување на еден од најстарите владици во СПЦ, покажуваат за каква личност станува збор. Во сета своја надменост и суета, уште на 25-годишна возраст, како млад јероѓакон, сте се дрзнале да укорувате и советувате владика, постар по години и по чин од вас. Какво смирение, каква послушност од ваша страна! Никому за пример! Патем, сличен случај имавме и ние, овде, со вашиот ученик, кој следејќи ве очигледно во сé, уште како лаик се дрзна јавно да пишува против нашиот најстар владика, митрополитот Кирил. Пред да биде избран за епископ лицемерно и без покајание побара прошка, но се виде дека сето тоа било лажно и подло.

Какво беззаконие, расколништво, омраза и зло гледате вие во прогласувањето на автокефалноста? Не смееше ли македонскиот православен народ да има своја Црква? Кога синот ќе почувствува дека му дошло време да се осамостои, да оформи и одгледа свое семејство, да живее и да работи самостојно, без притоа да ги наруши односите со своите родители – зарем тоа за вас е грев? Токму тоа го стори Македонската православна црква, а Српската, како посесивен родител, не се согласи на тоа осамостојување, и ги прекина сите контакти со нас, наместо да нé поддржи и да ни помогне. Но, и без вашата помош и поддршка, дури и со опструкции и подметнување на кукавички јајца од ваша страна, сепак, со Божја помош успеавме да ја обновиме нашата Света Црква, и да застанеме на здрави нозе во секој поглед од црковниот живот. Многу наши манастири секуларната власт ги обновуваше со цел да станат музеи, но ете, Бог ги преобрази повторно за вистинската намена, да станат живеалишта на христољубиви монаси и монахињи. Македонската православна црква денес во ништо не заостанува зад другите Помесни цркви, а во многу нешта дури е и во подобра положба. Токму вашите опструкции и немањето слух за потребите на овој народ се беззаконие, омраза и зло. Вие ги држите клучевите, и ниту сами влегувате, ниту на другите им дозволувате да влезат. Типично фарисејски и нечовечки! Зборувате дека сме ја отфрлиле братската љубов (веројатно понудена од вас), но јас не се сеќавам на такво нешто, односно, дека вие сте ни понудиле некаде и некогаш братска љубов. Доволно е да видиме како ѝ се обраќате на нашата земја Р. Македонија (како БЈРМ!), и веднаш ќе ни стане јасно колкава љубов имате и нудите вие. Веројатно не ни имате што да понудите, освен празни зборови, наменети за неупатените. Кажете ми, дали ќе го доживеете како израз на љубов тоа, ако, на пример, ве нарекувам или ви се обраќам со името владика Штерјо? Дали е тоа израз на љубов? Името под кое сме заведени во ОН е само привремено и принудно решение, а не наша желба и определба. Патем, вашата земја нé призна под уставното име - Република Македонија, но вие се однесувате како да сте некаков автокефален папа во Србија, па можете да не ги почитувате одлуките на државата.

Велите дека „сме чекале признавање“. Не е така, затоа што не чекавме и не чекаме, туку дејствуваме во интерес на напредокот на нашата Света Црква. Покрај регулирањето на административното работење на нашата Света Црква, отворањето на просветни богословски институции, превод на црковна литература, подготовка и ракополагање на идни пастири, изградба и обнова на цркви и манастири, посебно внимание посветивме на духовниот живот, на воцрковувањето на народот, формирањето на машки и женски обители – т.е. на целосна духовна преобразба и изградување на Црквата – Телото Христово.

Понатаму го споредувате образованието и знаењето на владиката Лаврентиј со знаењето и образованието на ученик од Богословија или на студент од прва година. Што повеќе да искоментирам за човек кој е помрачен и заслепен од себевосхитеност, себељубие и надменост? Колку ли треба да е човек духовно опустошен за да може јавно да му каже такво нешто на толку стар и искусен владика?

Во врска со изборот на новинарите, од кој владика да бараат изјава, јасно е дека тие ќе отидат кај оној кој умее срдечно, искрено и човечки да ги прими, да разговара, и да им одговори на прашањата. Затоа не чудете се што не се обраќаат кај било кој, а особено не кај вас „убогиот портпарол“, затоа што и обичниот народ препознава што е вистинско смирение, а што почетничко смиренословие, зад кое се крие огромна гордост. А „ветеранот“ во неуспешни преговори е посебна приказна, и не би се задржувал сега на таа тема.

Покрај анализата на писмото чувствувам потреба јавно да го кажам својот став во врска со некои нејасни прашања во меѓуцрковните односи.

СПЦSample Image (т.е. дел од архиереите) со својот суров и надмен однос, стана родилка на многу расколи и конфликти на Балканот (Американско-австралиски, Црногорски, Артемиев, Акакиев и др. – сетете се како вие се справувавте со вашите домашни бунтовници, како ги протерувавте монасите и монахињите од манастирите). Како тоа само вам ви се случуваат толку расколи, а не кај другите? Зошто само вие се мешате во соседните помесни цркви, а притоа сметате дека секогаш сте во право? МПЦ беше единствената Црква која немаше внатрешни поделби, но, благодарение на вашето крило во СПЦ, и кај нас се случи раскол, поддржан токму од вас. Какво фајде имаше формирањето на српско-грчкиот проект ПОА? На неканонски начин премина Вранишковски во СПЦ, без да има дозвола од Синодот на МПЦ. Беше сам „епископ“, без свој клир, со верници-роднини, а вие го прогласивте за егзарх. Потоа беше хиротонисан „епископот“ Марко, кој немаше возраст ни образование ниту за ѓакон, а не па за епископ, но затоа имаше добри примери во вас, за тоа, како се плука по сите кои не се согласуваат со нив. Потоа следеше неканонско, без канонски отпуст, преминување на четири манастири од МПЦ во групата на Вранишковски, од кои денес има едвај еден манастир. Останатите се размонашија, а некои заминаа во Америка и во Бугарија. Бројот на клирици и монаси кои си заминаа од ПОА, разочарани од тоталната дезориентираност и суета на нивниот лидер е над 20 луѓе. Секој нормален владика, кога би му се случило такво нешто, добро би размислил за својот живот, за своите постапки, а можеби и би се повлекол трајно во манастир, на покајание, но тоа не беше случај со младиот и возгордеан Вранишковски. И оние малкумина кои останаа кај него се луѓе со секташки менталитет, клеветници, озборувачи, кои се дрзнуваат пред цел народ да ги дискредитираат своите некогашни архиереи и духовници, нивните поранешни собраќа, сé со цел што повеќе да го отуѓат македонскиот православен народ од својата матична Македонска православна црква. И покрај тоа што ние архиереите, но пред сé архиепископот на МПЦ, јавно бевме навредувани, исмевани и плукани, сепак, како и секој родител кој има дете со температура, и кое не знае што прави, така и ние, не им вративме на нивните навреди, туку како родители се обидувавме и се обидуваме да им помогнеме, да излезат од таа болна состојба, и конечно да пораснат и да созреат. И покрај сé што сторија, пак сме отворени, како родители, да ги примиме назад, без никакви тортури и омаловажување. Следбениците на т.н. ПОА го препознаа тој болен озборувачко-клеветнички дух, и полека но сигурно почнаа да ја напуштаат оваа организација, така што сега т.н. ПОА е сведена на дваесетина следбеници. Посебна приказна е тоа што самите тие меѓу себе не сослужуваат, живеејќи во прикриен внатрешен раскол – факт што ни вам не ви е непознат. Па, ве прашувам, вредеше ли сето тоа, толку проблеми и неволји за да се создаде некоја болна религиозна група, која воопшто не личи на Црква? Ве допреа ли зборовите на блаженоупокоениот патријарх Московски и Серуски Алексеј, дека „формирањето паралелни цркви не е решение на спорот“? И Цариградскиот патријарх Вартоломеј на погребот на блаженоупокоениот патријарх Павле јасно му упати порака на новиот Српски патријарх, дека има задача да го реши „расколот во Скопје“, што значи дека ни тој не го признава формирањето на т.н. ПОА како решение за повеќедеценискиот спор.

Членовите на т.н. ПОА ниту еднаш не реагираа кога имаше провокации и разни навреди упатени кон Македонија и македонскиот народ, затоа што се плашеа дека ќе им биде укината „апанажата“ од Грција. Какви пастири се сметаат тие, кога го прекрстуваат и со тоа длабоко го навредуваат својот народ, којшто, имаат намера духовно да го раководат? Сето ова е реалниот резултат од вашиот проект, кој повеќе личи на некоја пародија, отколку на Православна Црква.

Во моментов има само две пречки за помирување помеѓу двете Цркви. Првата сте токму вие, господине Иринеј, заедно со вашите браќа архиереи – истомисленици, што сте под грчко влијание. Вие имате омраза кон македонскиот православен народ, го сметате за јужносрбијански, и затоа не сакате да дојде до помирување, за да им угодите на Грците. Токму вие имате намера, во стилот на Милошевиќ, да направите некаков мост, односно граница, помеѓу Србија и Грција, окупирајќи ја Македонија. Верниот народ во вашата епархија направи книга и филм против вас, истовремено молејќи ве да се повлечете од архиерејскиот трон, затоа што ја запустивте и Српската православна црква. Втора пречка е Вранишковски, кој е свесен дека народот не го сака, како што ни тој не го сака својот народ. Цела Македонија го препозна како лажен пастир и разбојник, и тој повторно би бил истеран од било која епархија, па затоа по секоја цена ги попречува преговорите, уживајќи во улогата на (псевдо)маченик – улога која вие му ја дадовте, а воедно и продолжувате да му давате широка логистичка поддршка во православниот свет.

И покрај сите усложнувања на односите помеѓу двете Цркви и народи, кои вие ги создадовте со вашиот проект наречен ПОА, сепак, сметаме и се надеваме дека сé уште има простор за надминување на сите конфликти, и за конечно помирување. Дијалогот треба да биде со отвореност, разбирање, искреност, а не со двојни намери, дволичност и несфаќање на соговорникот. Никој не смее да биде губитник, никој не смее да биде поразен, ни оштетен, туку сите треба да се радуваме на помирувањето на нашите Цркви, бидејќи тоа е радост и на небото и на земјата. На Московската патријаршија и Задграничната руска црква (којашто вие ја поддржувавте, но која сослужуваше со разни старокалендарски групи) им беа потребни 90 години за да се помират. Зарем на Христа не Му пееме: „Слава на Твоето снисходење Христе“, а не слава на Твојата строгост?

Во интерес на мирот помеѓу двете Цркви треба да се примени принципот на љубов и меѓусебно разбирање. Вие, господине Иринеј, и неколкумината слични архиереи во СПЦ треба да сфатите дека Македонската православна црква и македонскиот православен човек се реалност, и дека Македонците се најблиски и најдобри пријатели на Србите на Балканот. Тогаш кога им било најтешко на Србите, ние Македонците сме им подавале рака (сетете се на ембаргото во 1993 г., за тоа каква помош ви дававме, ризикувајќи да имаме меѓународен конфликт; сетете се на секојдневните анти-нато протести за време на бомбардирањето на Србија, или случувањата пред Американската амбасада во Македонија итн.)

Црквата треба да биде совест во општеството, да го сведочи мирот и љубовта Христова, а не да биде извор на конфликти и омраза. Зарем не вели Христос дека „по љубовта ќе нé препознаат дека сме Негови ученици“? Христос ни оставил мир, Он ни заповедал да бидеме согласни и еднодушни, ни заповедал неразрушливо и цврсто да ја чуваме поврзаноста во љубовта, па кој не ја сочувал братската љубов, тој не може да биде ни христијанин. Црквата е повикана да го преобразува и води светот, а не светот, со своите страсти и слабости, да ја изопачува Црквата.

 

Митрополит Повардарски

†Агатангел (Станковски)

 Извор: Повардарска епархија

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная