логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Едиција „Библиски настани“ бр. 9 
26.11.2012.  
 

Излезе од печат деветиот број од илустрираната едиција „Библиски Настани“, со работен наслов Роден за да биде цар , во кој е обработен расказот за Раѓањето на Господ Исус Христос.


Илустрираната едиција „Библиски Настани“ содржи 14 изданија, кои ќе се печатат во тираж од 10.000 броја, а ќе излегуваат од печат во определен временски интервал. Вакво илустрирано библиско издание се печати за првпат во историјата на издаваштво на Македонската Православна Црква, а досега не се испечатени слични изданија ниту во останатите православни цркви на Балканот.
 

 

Предговор за стрипот „Роден за да биде цар“ 
26.11.2012. 
Предговор на стрипот за раѓањето на Господ Исус Христос

Доаѓањето на Спасителот, Месијата на Израилот, Кој требаше да го избави народот од последиците на првородниот грев, да го помири народот со Бога, беше најавено уште во првата книга Мојсеева. Преку непослушноста и падот во грев на Адама, падна и отпадна од Бога целото човештво, сите адамови наследници. Бог Го испрати Својот еднороден Син да прими човечка природа, да стане совршен човек, како што беше и совршен Бог, и да ја обнови човечката природа, да му даде можност на секој човек да стане подобен на Бога. Голема улога според Божјиот домострој на спасението одигра избраната и пречиста девојка Марија, која цело детство го помина посветена на Бога во храмот, и стана достојна да Го прими Оној, Кого ни небесата не можат да го опфатат – Спасителот наш Господ Исус Христос. Иако можел да се роди во раскошни палати, со злато и сребро, со секакви удобности, Он се понижи Себеси и се роди во пештера, со камења и слама, каде што го чувале добитокот. Веднаш ангелите ја објавиле веста за Неговото раѓање со зборовите: „Слава на Бога во висините, и на земјата мир, меѓу луѓето добра волја“, а пастирите кои први ја чуле оваа несекојдневна и страшна вест, поитале кон пештерата за да Му се поклонат на новороденчето – Спасителот на светот. Потоа ѕвездата водилка ги довела таму и тројцата мудреци-цареви Мелхиор, Гаспар и Валтазар, кои, во името на целото човештво, на сите раси, Му принеле скапоцени дарови: злато, ливан и смирна. Воедно тие се сметаат и за први верници од бројот на незнабошците.
Мелхиор, белокосиот и долгобрад старец Му принел на Господа злато, како на Цар, кое е символ на верата, а ја крие својата слава и блесок во темните длабочини на земјата. Тоа е еден вид на преобразена земја, откровение на темните длабини. Со тежок труд и упорно трпение, на ситни парчиња се извлекува златото, додека да се собере во таква количина, за да може да заблеска со својата златна светлина. Такви се и длабочините на човечкиот дух, во кои и од кои човекот со своето творештво ја извлекува духовната убавина и со неа го разубавува светот. Тоа злато Му припаѓа на Царот на славата, и луѓето треба да Му ја принесуваат Нему од Него дадената наша слава, од Него дадените дарови на Светиот Дух. Секој човек има свој дар од Светиот Дух, своја сокриена во него слава, свое злато, и тој треба да си го пронајде во себе, за да не се случи со празни раце да влезе во храмот. Да Му го принесеме творечкиот порив на нашиот дух и неговите плодови.
Гаспар, млад, голобрад и руменолик, му принел ливан, символ на разумот. Тоа е ароматична смола, темјан, скапоцена во тоа време, која се користела за укажување на почест кон одредена личност. Благомиризливиот темјан, кој се издигнува кон небото, е како човечката душа, која се искачува кон својата небесна татковина. Душата е крилеста, таа е блиска со ангелските воинства, кои на небесата ја воспеваа славата на Бога во висините, таа се вивнува кон престолот Божји во своите молитви и размислувања за Бога. Ангелската природа на човечкиот дух е тој ливан на душата, скриен во неговото срце. Човекот не знае, какви богатства има, какви ризници му се дадени, додека самиот не ги изнесе, не ги принесе пред Христа – Богомладенецот. Очите на Младенецот, кои гледаат во очите на нашата душа, во неа ни откриваат, и таа се разгорува со побожна љубов, како кадило пред Господа. Но, треба да се разбудиме од сонот, во кој пребиваме, треба да тргнеме на далечен пат, трагајќи по Христос, и поклонувајќи Му се, да Му го принесеме својот ливан. И секоја душа е повикана да биде тоа кадило благомирисно, секоја душа има своја молитва, го знае својот пат до свештениот храм на срцето. А срцето, иако е мало, пак го собира Христос, само доволно е ние да му ги отвориме вратите, за Он да влезе.
Валтазар, средовечен маж, со долга брада, му принел смирна, како на Човек, која е символ на нашите дела, а која се користела и како погребно миро на љубовта, принесувано со љубов, од душите – мироносици, кои итаат да Го погребат возљубениот Господ Христос, и самите умирајќи со Него, за со Него и да воскреснат во срцата свои. Да, и ние треба да Му го принесеме не само својот живот, туку и својата смрт, да соумираме со Него, за со Него и да совоскреснеме. Мудрите цареви сфатиле дека раѓањето Христово е почеток на смртниот пат кон Голгота, и дека јаслите се символ на гробот, во кој Христос ќе биде погребан. Патот на љубовта е жртва, а цена за жртвата е смртта. Он бил роден на земјата за да умре, и сиот Негов живот е жртвено колење. Но и нашиот пат не е поинаков, и ние треба да Му ја принесеме на Бога својата смрт, своето умирање со Него, својата подготвеност да одиме и во смрт заради Него и да воскреснеме со Него. Љубовта е силна како смрт, зашто љубовта е и смрт, смрт на нашето себељубиво, празно и умртвено „Јас“. А смртта во Христа е живот и воскресение со Него и во Него.
Овие свети дарови – златото, ливанот и смирната се чувале во ризницата на византиските императори, а во XV век, по смртта на својот сопруг Мурат II (1541 година), принцезата Мара, ќерката на српскиот деспот Ѓорѓи Бранкович, ги зела овие свети подароци од Цариград, и свечено самата ги донела на Света Гора. Но таму се појавила Пресвета Богородица и ја укорила за нејзиното влегување на Света Гора, па таа таму ги предала подароците од мудреците, и се вратила назад. Денес тие се чуваат во манастирот на „Свети Павле“, како најголема скапоценост.
А тројцата цареви-мудреци откако си заминале од кај Младенецот, отишле во своите земји да ја проповедаат радосната вест за раѓањето Христово, а според некои сведоштва се смета дека апостолот Тома ги ракоположил за епископи. Се смета дека се упокоиле во исто време и дека на исто место биле погребани. Царицата Елена ги нашла нивните свети мошти и ги пренела во Цариград, а во V век биле однесени во Милано. Во 1164 година, по желба на императорот Фридрих I Барбароса моштите биле однесени во Германија, во градот Келн кај архиепископот Рејналд, каде што на 24 јули бил востановен празникот на „Тројцата кралеви“. Денес се чуваат во Келнската катедрала посветена на Пресвета Богородица и на апостолот Петар. Во XIII век Марко Поло сведочи за постоење на гробница на тројцата мудреци во персискиот град Сава (југозападно од Техеран).
Да ни даде Бог сила и желба да Го побараме Христос во нашиот живот, да Го најдеме во своето срце, да Му се поклониме, и наместо материјални предмети, да Му се принесме себеси, како најскапоцен дар.

Митрополит Повардарски
+Агатангел 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

19/04/2025 - сабота


Велигденски пости;
(строг пост)

Велика Сабота; +Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април   2025

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април 2025

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Манастирски посни рецепти

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная