Новости од Македонската православна црковна општина “Успение на Пресвета Богородица” во Лос Ангелес
02.12.2012 год.- Лос Ангелес
Денес кога ја празнуваме 26 -та недела по Педестница, во нашата црковна општина имавме несекојдневен гостин. Во нашата црква на заедничка молитва присуствуваше и македонскиот Премиер г-дин Никола Груевски со неговата придружба. По Богослужбата, во чест на гостинот беше приреден посен ручек заедно со многубројното членство кои дојдоа да му посакаат топло добредојде на редкиот гостин.
Управниот одбор предводен од претседателот Мите Ристовски заедно со целокупното членство, на гостите им посакаа почесто да не посетуваат, а со тоа и да не зближуваат со нашата стара Татковина.
За Преминпортал
о. Ристо Ристовски
Лето Господово 2012