Скопје, н. Драчево, 04.12.2012 год.- храм Свети Спас
На 04.12. 2012 година, во дваесет и шесттата недела по Педесетница, кога Православната црква во своите молитви благодарејќи се потсетува на Воведение на Пресвета Богородица ,храмот Свети Спас, во скопската населба Драчево, се отслужи Божествена Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
ВИДЕО
Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бога, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување - ‘безмолвие на умот', оддалеченост од светот, заборав на сè земно и стремење кон Божествените откровенија, избор на ‘подобриот дел'. Открива дека ако умот не се расејува кон земните работи, би можел да се оддаде на подобро и повозвишено дејствување, што значи да се сврти кон самиот себеси: единственото дејствување преку коешто би можел да се соедини со Бога. …Пресветата Дева престојувајќи во храмот се ослободи од сите тварни окови и ги отфрли сите врски, истовремено воздигнувајќи се над сожалувањето кон сопственото тело и собирајќи го умот во сосредоточеност кон него самиот, со внимание и во непрестајна молитва. И преку неа (молитвата), Таа целата Своја стана и се воздигна над разнородното мноштво помисли, воспостави нов и неискажлив пат кон Небото, којшто јас ќе го наречам ‘молчание на умот'. И предавајќи го Својот ум на ова молчание ја наткрили сета твар, и подобро од Мојсеј ја виде славата Божја и беше посветена во Божествената благодат, којашто никако не е подложна на силата на чувствата, туку претставува прекрасно и свештено созерцание, својствено за непорочните души и умови. Бидејќи причесна на ова созерцание, Пречистата, како што пеат црковните химни, стана светлоносен облак на навистина Живата вода, зора на таинствениот ден и огнена кочија на Логосот. ...Оние кои така чинат, кои со свештено тихување ги очистиле срцата и на неискажлив начин Му се приближиле на Оној Којшто Е над секое чувство и мисла, во себе како во огледало Го гледаат Бога. Тихувањето е значи брз и директен патеводител, успешен и соединувачки со Бога, особено за оние коишто во сè и потполно го практикуваат. А што да кажеме за Богородица, Која од детството престојуваше во исихија? Молитвено тихувајќи натприродно, од најраните години, Таа токму затоа - не знаејќи за маж - и ја стекна благодатта да Го роди Богочовекот Христос.- Свети Григориј Палама
Преминпортал (к.т.)
Лето Господово 2012