Скопје,9 -ти .12 .2012 год. - манастирска црква на св.вмч.Ѓеорѓиј, Криви дол , на празникот на Преподобен Алимпиј Столпник и Светиот великомаченик Георгиј
На 9-ти декември 2012 година, во дваесет и седмата недела по Педесетница кога светата Црква молитвено го прославува споменот на Преподобен Алимпиј Столпник и Светиот великомаченик Георгиј, во манастирскиот храм посветен на св. вмч. Ѓеоргиј во Криви Дол, во Скопје, Епископот Велички г. Јосиф во сослужение на игуменот Агатон, отец Горан Тасески и ѓаконот Игор Настоски, отслужи Божествена Литургија . На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни .
Светиот Апостол Петар за царското свештенство вели, дека може да биде остварено со нашето учество во Светата Литургија. Верно, плашете се да одите од навика на Литургија. Потрудете се секогаш подлабоко да го живеете она што го живееше Христос за време на Тајната Вечера, кога ја востанови оваа голема тајна, Божествената Евхаристија. Тогаш, Литургијата ќе се покаже спасителна не само за вас, туку и за сите што учествуваат во неа. Не им припаѓа само на свештениците да ги живеат во своите срца страданијата Христови за спасение на светот, кој пак е жртва на гревот и на смртта! Старец Софрониј
Преминпортал (р.т.)
Лето Господово 2012