Со мал подвиг на послушание, човекот навлегува во беспочетното битие Божјо. Послушанието е неопходно за вечното спасение! Подгответе го вашето срце и вашиот ум! Задржете позитивен внатрешен став! Да бидеме според образ Божји! Не можеме да стигнеме до ова, освен преку послушание, слично на послушанието Христово, на Богородичиното, и на сите оние што ги следеа нивните стапки. (Старец Софрониј )
Скопје, 13-ти .12 .2012 год. - манастирска црква на св.вмч.Ѓеорѓиј, Криви дол , на празникот на светиот апостол Андреј Првоповиканиот и свети Фрументиј, просветител на Абисинија
На 13-ти декември 2012 година, во дваесет и седмата недела по Педесетница кога светата Црква молитвено го прославува споменот на светиот апостол Андреј Првоповиканиот и свети Фрументиј, просветител на Абисинија , во манастирскиот храм посветен на св. вмч. Ѓеоргиј во Криви Дол, во Скопје, отец Горан Тасески во сослужение на ѓаконот Игор Настоски, отслужи Божествена Литургија . На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни .
Преминпортал (к.т.)
Лето Господоо 2012