Скопје, 17-ти декември 2012 год.- храм на св.вмч. Димитриј , на празникот на светата великомаченичка Варвара и свети Јован Дамаскин
На 17-ти декември 2012 година, кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на светата великомаченичка Варвара и свети Јован Дамаскин , во овој храм на св.вмч. Димитриј, во Скопје, каде фреските и понатаму сведочат за присуството на дарот на Светиот дух, отец Диме одслужи Божествена Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 100)
Рече Господ во приказна: „Еден човек насади лозје и го предаде на лозари, па си отиде на подолго време. А подоцна испрати кај лозарите еден слуга, за да му дадат од плодовите на лозјето; но лозарите го натепаа и го пуштија празен. И прати одново друг слуга: но тие и него го натепаа и го понизија, па го испратија празен. Испрати и трет, а тие и него го ранија и го испадија. Тогаш господарот на лозјето рече: ,Што да направам? Ќе го испратам својот сакан син; можеби, кога ќе го видат, ќе се засрамат.’ Но лозарите, штом го видоа, си размислуваа меѓу себе, велејќи: ,Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и наследството ќе биде наше!’ И кога го изведоа надвор од лозјето, го убија. Што ќе им направи, пак, господарот на лозјето? Ќе дојде и ќе ги погуби овие лозари, а лозјето ќе го предаде на други.“ А оние, што слушаа, рекоа: „Да не даде Бог!“ Но Он, кога ги погледна, им рече: „Што значи тогаш напишаното: ,Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот?’ Секој што падне врз тој камен, ќе се разбие; а врз кого тој падне, ќе го здроби.“
Преминпортал (к.т)
Лето Господово 2012