логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Вторник, 18 Декември 2012 15:26


Manu.Zvezdi.Knizevnost..jpg

 Во Македонската академија на науките и уметностите, денеска  беа промовирани нови 44 дела  од проектот „Ѕвезди на светската книжевност“.  Овој капитален проект кој содржи врвни дела од светското книжевно творештво, современи класици, познати бестселери, мемоари, избрани дела и творби на добитници на светски признанија, е крупен чекор во етаблирањето на Република Македонија како држава која ги почитува и афирмира светските книжевни вредности и нивниот придонес во општиот цивилизациски развој.

Manu.Zvezdi.Knizevnost..jpg

Премиерот Никола Груевски во своето обраќање пред присутните, рече дека пред неколку години започнале со подготовки на капиталниот проект, „Ѕвезди на светската книжевност“, кој, како што истакна, опфаќа систематизација, превод на македонски јазик и печатење во Македонија на 560 врвни дела на светската книжевност. 

 После голема макотрпна работа на поголем број писатели, академици, професори, преведувачи и лектори оваа година почнавме со поромоција на првите преведени и испечатени книги од овој проект. Во јули се промовираа првите 55 книги, а денес промовираме нови 44 книги од овој проект. Со тоа досегашниот број на испечатени и промовирани книги од овој серијал се искачува на 99, а во фаза на реализација се 234 дела. Останатиот дел од книгите ќе ги реализираме до крајот на 2014 година, како што и беше планирано“, посочи премиерот Груевски.

 

Manu.Zvezdi.Knizevnost..jpg

Министерката за култура  Елизабета Канческа-Милевска подвлече дека најголемиот дел од делата кои денеска се промовираат не се преведени на македонски јазик. Преку овој проект, посочи таа, ги надминуваме децениите на застој во македонската преведувачка и издавачка практика, а особено значајно е што овој капитален потфат ги афирмира изразните капацитети на македонскиот јазик и неговата богата лексика.  „Со денешната промоција на новите 44 книги до македонските библиотеки и другите научни установи ќе бидат достапни делата на многу автори, како што се Џозеф  Конрад, Тони Морисон, Џулијан Барнс, Кристофер Марлоу, Шодерло де Лакло, Том Волф, Лоренс Стерн...Наредната 2013 година според динамиката ќе бидат преведени уште 150 книги. Овие дела ќе бидат репер за натамошните развојни процеси на македонската литература и ќе отворат многу нови хоризонти за младите македонски автори“, истакна Канческа-Милевска.

 "Јазикот на кој успешно се преведени најзначајните дела на светската литература, никој никогаш не може да го оспори, а со тоа не може да го оспори ни народот што зборува на тој јазик, како ни државата во која тој народ живее", истакна академикот Митко Маџунков, претседател на комисијата што ја конципираше проектната програма за оваа едиција. Тој потенцираше дека со успешните преводи, самиот јазик на кој се преведени делата добиваат светска важност.

 

Повеќе

 

Преминпортал

Лето Господово 2012

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

« »

Најнови вести

Православен календар

 

08/07/2026 - среда

Петровденски пости; (строг пост)

Преподобната маченичка Февронија; Преподобен Дионисиј ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни  2026

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни 2026

 Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем...

Тропар на св. Христов преподобен Наум Охридски  3 јули/ 20 јуни 2026

Тропар на св. Христов преподобен Наум Охридски 3 јули/ 20 јуни 2026

    Соединувајќи се со Христа, си го оставил светот, живеејќи по Дух,

Тропар на св. Христов апостол Јуда 2 јули/19 јуни  2026

Тропар на св. Христов апостол Јуда 2 јули/19 јуни 2026

Како Христов сродник познавајки те о Јудо,и како храбар маченик свештено те восфалуваме,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная