Во последната седмица од оваа година на празникот на св. пророк Даниел и трите момчиња во соборниот храм во Малме се отслужи Архиерејска Божествена Литургија на која чиноначалствуваше надлежниот митрополит Пимен во сослужение со парохискиот свештеник о. Блажо Кожарски.
Толкувајќи го денешното евангелие за богатиот млад човек кој и покрај својот труд и желба за сецело следење на Бога не можел да се избори со страста на среброљубието, за да укаже на насушната потреба од борбата со оваа страст која ни ги затвора вратите на Царството Небесно, митрополитот посочи сличните поуки од Христа за не врзувањето со материјалното богатство: „каде е вашето богатство таму е и вашето срце“ , „не можете да му служите на двајца господари“ ...
Потоа ги повика сите верници на оваа парохија и во следната година да бидат активни во завршните подготовки за осветување на храмот во годината во која Црквата Божја слави 1700 години од Миланскиот едикт а Црковата опшина 40 години од своето формирање.
На крај отец Блажо Кожарски од името на верниот народ на неговата парохија и на целата епархија му го честита 15 годишниот јубилеј на својот архиереј од неговото замонашување.
За Преминпортал:
о. Блажо Кожарски
Лето Господово 2012