Во годината има неколку денови кога луѓето се спремни да заборават на своите овоземни грижи и вперувајќи го својот поглед во евангелските случувања да се сеќаваат на својот највозвишен призив за вечен живот, да се потсетуваат дека на небото постои Бог, дека на земјата, меѓу нив, постои невидливо присутниот Христос, дека постои вистината, дека постои добродетелта.
Во овие малубројни денови, каков што е и Божиќ, нам, о пастири на Црквата, нам ни се враќаат нашите овци расеани по карпите и долините на светот!
Тие тогаш не гледаат и го бараат Христа во нашите зборови, молитви и дела . „Каде Хростос се раѓа?“
Од каде да земеме такви духовни дарови за да го исползуваме овој момент на блесок во нашата темнина и да го возвишиме религиозното расположение на деновите во кои Христос, постепено проникнува во сиот живот на нашето општество и народ?
Но пред било кој да стигне да го изусти одговорот, ќе се чуе од сите страни:
„ Ве молам, за какво возвишување на религиозниот живот може да се зборува пред владата да ги подобри условите на нашиот секојдневен живот, да ни обезбеди издржување, да не осигура од грубите упади на светските власти, пред да не ослободи од светската зависност итн.“
Што да се каже на овие аргументи?
Да речеме дека се тие точни, да речеме дека надворешните услови на пастирството кај нас се неповолни,
но сепак, зошто да ги одбиваме средствата за исполнување на нашата должност и заклетва, кои ни се достапни во секое време и во сите услови од нашиот секојдневен живот и државна положба?
Овие средства се состојат во просветување на нашите сопствени срца со оние вистини на откровението кои што во некои денови од годината сепак, го возвишуваат духот на целиот народ, над светот и неговата злоба.
Ако се загледаме во таква вистина, која нам ни ја откриле настаните на Христовото Раѓање, ќе најдеме во нив јасно укажување на основните и суштински правила на пастирскиот живот и дејности, така што денот на раѓањето на Искупителот, Велик и Свет за сите христијани, има посебно значење за пастирската свест , зашто, Оној Кој се роди e Пастироначалник и Пастирот добар, Кој што дојде во светот за да го спаси пропаднатото, и да ги просвети оние кои седат во мрак и во сенка смртна.
„Се откри нова тајна “ вели Свети Григориј Богословов, нова тајна се откри: Божјиот човекољубив домострој за паднатиот низ непослушанието.
Заради ова е раѓањето и Дева, заради ова се јаслите и Витлеем“. А какви вистини на пастирството можеме да зафатиме во оваа нова тајна , во јаслите и Витлеем?
Овде гледаме соединување на небесната слава и земната ништожност, ја гледаме пештерата но и Ангелите што пеат ги созерцуваме,
јаслите пред себе ги гледаме, но над себе, патеводното небесно светило.|