На 14.02.2013, денот кога го празнуваме св.мц. Трифун, во просториите на храмот на св. Петка се одржа по четврти пат акција за доброволно даруванје на крв. Акцијата се организира и реализира со благослов на старешината на храмот, отец Томе Вељановски во соработка со Црвениот крст на општина Кисела вода и Институтот за трансфузиона медицина.
Акцијата се одвиваше од 11 до 16 часот во просториите обезбедени од црквата. Верниот народ кој дојде да го чествува споменот на св, ч. Трифун, зема активно учество во акцијата. Благодарност до сите оние кои со својот хуман гест даруваа дел од себе за помош на болните и повредените.
Дара Б.
16.02.2013 год.