Скопје, 27.02.2013- год.- Соборен храм на св. Климент Охридски
На 27-ми февруари 2013 година, кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на† Упокоение на св. Кирил Солунски, преподобен Исакиј, затворник Печерски и преподобен Авксентиј , во Соборниот храм на св.Климент Охридски, во Скопје,отец Зоран Копчаревски во сослужение на ѓаконот Игор Миланов, отслужи Божествена Литургија.
Старец Паисиј Светогорец
Колку човекот станува подуховен толку помалку права има во овој живот. Должен е да трпи, да ја прима неправдата, да ги прима лошите зборови од другите. Еден никаквец (расипан човек) којшто е далеку од Бог има многу повеќе права: да напаѓа и да вика и да постапува неправедно. Нашите права Господ ни ги задржува за другиот живот. Иако го знаеме тоа, ние сепак често си ги бараме своите права овде. Ајде да не ги нарушуваме нештата ни малку. Ако некој нешто ни рече, веднаш му кажуваме што е право. А потоа мислиме дека веруваме во Бог. Тоа е вистинска смешка. Човечката правда на духовниот човек не му значи ништо, а има големо значење за една изопачена личност…
Преминпортал (к.т.)
27-ми февруари, лето Господово 2013