Во Месопусната недела кога Православната Црква го прославува св. Тарасиј патријарх Цариградски, препод. Пафнутиј и др., Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на викарниот епископ Велички г. Јосиф ја освети црквичката „Св. вмч. Герогиј“ во н. Горно Лисиче. По осветувањето се отслужи Божествена Литургија на која беа присутни градноначалникот на град Скопје г. Коце Трајановски и градоначалникот на општина Аеродром г. Ивица Коневски.
Извор: Скопска епархија