Krvodariteli.bogoslovi.jpg

Скопје, 12 март, лето Господово 2013- МПБ „ Св. Климент Охридски“

Krvodariteli.bogoslovi.jpg

Krvodariteli.bogoslovi.jpg

 Со децении наназад во просториите на Македонска православна богословија “Св. Климент Охридски“, во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина се организираат акции за дарување крв. Учениците и професорите со молитви  за оздравување  на болните и повредените, редовно земаат учество во оваа акција. Генерации на ученици кои матурирале во Богословијата, и во текот на своите студии на Теолошкиот факултет и вон тие рамки, постојано се учесници во акциите за дарување крв. Љубовта и грижата за ближниот и за секој човек се преточува од нивните топли хумани срца во даруваната крв.

Krvodariteli.bogoslovi.jpg

Krvodariteli.bogoslovi.jpg

Krvodariteli.bogoslovi.jpg

Krvodariteli.bogoslovi.jpg

Krvodariteli.bogoslovi.jpg

Горан Цветковиќ, 5.г. Богословија „Св. Климент Охридски“, Скопје: „Верата без добри дела е мртва. Ние како православни христијани чувствуваме потреба да чиниме  добри дела онака како што не поучува нашиот Спасител Господ Исус Христос за доброто на ближните свои, дури и за нашите непријатели.“

 

Krvodariteli.bogoslovi.jpg

Васко Костов, 5.г. Богословија „Св. Климент Охридски“, Скопје:

„Божјата љубов кон нас и нашата љубов кон Него како вистински православни христијани ни ги облагородува срцата и душите со љубов и грижа и за ближните свои и за сите наши браќа и сестри. Дарувањето крв е само еден момент од тоа наше живеење. Го чувствувам тој повик во срцето, денес трет пат дарувам крв и ќе го следам тој повик и натаму. Му благодарам на Бога што еве денес сме учесници со моите браќа во оваа крводарителна акција - изјави еден од учесниците.“

Krvodariteli.bogoslovi.jpg

Krvodariteli.bogoslovi.jpg

Krvodariteli.bogoslovi.jpg

Професорот Антонио Апостолоски, заедно со своите 16 ученици учествуваше во оваа крводарителна акција. Радосно беше да се биде со нив. А во параклисот на Богословијата каде се приклучиа учениците од останатите години, потоа, сите заедно, отслужиа прекрасна Вечерна богослужба во чест на утрешниот празник.

Krvodariteli.bogoslovi.jpg

 Krvodariteli.bogoslovi.jpg

Krvodariteli.bogoslovi.jpg

Krvodariteli.bogoslovi.jpg

 Бог по молитвите на св. Агатангел Битолски и преподобен Прокопиј Декаполит, чиј спомен денес го чевствуваме, нека им дарува исцеление на душите и телата на сите оние кои боледуваат и страдаат и на сите наши браќа и сестри здравје и спасение.

Упатуваме честитки од учениците, професорите, екипата од ИТМ и ЦК и редакцијата на Преминпортал, за именденот на Неговото Високопреосвештенство , Митрополитот Повардарски.г. Агатангел.

На многаја лета Владико свет!

Krvodariteli.bogoslovi.jpg

12 март, лето Господово 2013

Krvodariteli.bogoslovi.jpg

Преминпортал (д.б./к.т.)